Тоа со предметите е веројатно само силна интуиција. А како може ,,да направи една овца да се оддалечи од стадото" не разбрав баш. Се случува и јас да погодувам некои работи но видовита не сум, далеку од тоа. Ништо чудно, како што кажав, силна интуиција.
Wow, cool sposobnost e toa, no za sekoja darba ima i odgovornost. Ne sum sretnala nekoj so vakva darba, osven na onie koi sonuvaat nesto sto ke se sluci/slucuva. Spodeli iskustva ako znaes sto ponatamu
@Cecyska свекрва ми пак , има дарба да гледа на кафе , и не само на кафе , туку и онака да те погледне ќе ти каже каде имаш белег од операција ти или близок ( татко , мајка , брат итн . ) , порано дури и жени доаѓаа да им гледа специјално , но откано почина сестра и не гледа веќе на никој . А сеуште ја има таа дарба или проклетство , не знам ни јас како да го наречам веќе . Нејзината баба ја имала таа способност , и на смртна постела кога била и рекла на свекрва ми дека сите женски од фамилијата ќе ја нследат ( најблиската рода се надевам ) што и се потврдува со фактот дека двете ќерки од починатата сестра на свекрва ми имаат такви " предвидувања " , и погодуваат се кога гледаат на кафе ( иако не го практикуваат тоа ) , а и золва ми од пред неколку години се што сонува и се исполнува , и лошо и добро , на кафе не гледа , но ако успееш да ја натераш се ти погодува . Се надевам моиве ќерки нема да го наследат ова . Маж ми само соновите ги наследил , кога сонува мртов човек кој му кажува дека нешто ќе се случи , обавезно се исполнува до 7 дена . Мене страв ме фаќа . Еднаш ми велеа да ми гледа свекрва ми на кафе , ама скептик бев и реков дека не верувам во такви глупости . Кога гледаше пред мене на жена од друг град , што и свекрва ми не ја познаваше ( преку трето лице дознала жената за свекрва ми ) и кога на секое поставено прашање од страна на свекрва ми жената одговараше со да , се запрепастив . Јас мислам дека ова е проклетство повеќе од дарба . Не знам за татко ти , ама од свекрва ми се плашам . Кога гледаше порано на кафе на некој , после тоа легнува да спие , како запоседната да била , па се вратила во нормала , но телото и е исцрпено па и треба одмор , така ми делуваше . Што знам , језа низ кичма ми проаѓа кога ќе помислам дека можеби во тој момент не била со нашите , туку со оние другите ..
@CrazyGirl15 Кога ќе видам мислење од тебе на темава обавезно отварам. Поготово ако треба да работам навечер и не смеам да заспијам.
Јас кога бев мала пред спиење еднаш мајка ми беше во соба и излезе отиде во тоалет и јас подигнав глава накај вратата и видов некоја жена како ја тресе глсвата ама само раменици врат и глава видов и мн се исолашив којзнае што било. А ве читам за парализа во сон ми се случи минатото лето бев бремена и спиев и како се разбудив и осеќав како некој да има во собата и ме демне а не можев да видам кој не можев нид а се помрднам викав се дерев но глас не можев да испуштам како мммкање само незнам како да објаснам мноогу се потресов и се исплашив воопшто не можев да се помрднам и по некое време се ''разбудив" и видов дека всушност нема никој и дека е сред ноќ потоа ми беше страв да заспивам да не ми се случи истото за среќа не се повтори
Ох леле , мило ми е што те држам будна , ама навистина се случуваше ова до декември 2019 .. И јас не верував , ама се уверив .. Не гледа веќе , бидејќи ја предвиде смртта на сестра и во период кога и самата таа не знаеше дека има рак .. свекрва ми и рече да оди на дополнителни испитувања бидејќи имала такво предвидување , дека ќе почине . Кога се испостави дека сестра и има рак , свекрва ми престана да гледа , скроз ја поттиснува таа " способност " . Не дека ги нема оние видувања , ги има , и доаѓале жени што во минатото им помогнала , ама ги враќа . Можеби така е и подобро за неа , не знам што да кажам .
Парализа во сон не е нешто измислено па да не се верува , тоа е состојба која се случува додека спиеме.
Според мене такви работи се дешаваат кога скроз е темно во собата, така мислам бидејќи ми се има десено истото кога бев на одмор и немаше светилка запалена додека спиев, и од тогаш постојано спијам со мала светлина во собата.
Нема што да веруваш...или не. Нека ти се случи еднаш па ќе видиш. Мене прв пат ми се случи втор пат кога преспивав кај мм тогаш дм. Се чувствував како да ме дави некој сакав да фатам кај вратив нели да се одбранам ... Но не можам да подкренам рака... Пробав да станам не можам ,да викам отварам уста глас не се слуша...а збунета не знам ни кај сум... Ми беше страв да дојдам пак... Но среќа веќе не се повтори.
и мене ми се случило такво нешто. Пробувам да мрднам не можам. Кога ми стаса шпрала на телефон кој беше оставен до мене мрднав и забележав од мене нешто црно како се симнува и се пика под маса. Од тој момент бев "ослободена " и можев да мрдам
Парализа во сон е физичка појава која најчесто се случува при транзиција од будност во заспивање или при будење. Нема ништо паранормално или необјасниво.
За тоа си во право , ама језива е . Еднаш доживеав и тоа делумна ( телото не можев да го движам , само главата лево и десно можев ) пропратено со " привидувања " и .. знаете што ќе направев за малку . Среќа кратко траеше .
И мене ми се има случено, многу е језиво. Последно ми се случи да не можам очите да ги отворам, а будна сум, и кај мене кратко траеше ама ужасно е чувството.
@CrazyGirl15 ве прочитав и сакав да ве прашам, дали вашата свекрва точно сонува она што ќе се случи или знае да го протолкува. Зошто мислам дека и мене нешто слично ми се случува, незнам дали е интуиција или нешто друго. Сонувам доста често и некогаш кога ќе се разбудам сум како некој да ме претепал. Не знам како да објаснам и да го заборавам сонот, што понекогаш се случува, имам чувство на вознемиреност се додека не се исполне, а потоа ќе се сетам на сонот. Ќе ве замолам да ја прашате, затоа што понекогаш се плашам да заспијам затоа што знам дека ќе се разбудам поуморна и нервозна . Некогаш се морбидни сонишата ама не можам да ги разберам се додека не се случат.
Свекрва ми сонува само за лоши работи . Еднаш сонувала дека син ми ќе заврши на хирургија ( што и се случувало со маж ми кога бил мал , после нејзин сон завршувал на шиење ) па не предупреди да го чуваме цел ден , и сонот не се исполни за среќа . Не сонува често , но кога сонува или некој умира или се повредува од обични , секојдневни работи ( золва ми за малку ќе го изгубеше прстот сечејќи сирење за доручек , што секогаш го правела сама , не и беше прв пат , ама свекрва ми ја сонувала ноќта пред тоа ) . Инаку , ги толкува онака како што и е пренесено од нејзината баба , оваа " дарба " траела со години пред тоа , се пренесува на девојчињата од најблиската рода ( така ми е кажано мене , бабата не ја знам , одамна починала ) . Сестра и исто имаше " дарба " за гледање , но таа ја потиснуваше , не сакаше да гледа . Сега , золва ми и двете девојчиња од сестрата на свекрва ми , исто имаат " дарба " , но ниту една од нив не сака да гледа . А свекрва ми се откажа од тоа , откако почина сестра и .
Ти благодарам на одговорот, мојата прабаба имала ваква способност па сега јас. Јас сонувам и за убаво и за лошо, за се. Исто не баш често сонувам, но не секогаш се сеќавам кога ќе станам, односно ќе се сетам откако ќе се случи нештото. И моите сонови не се толку јасни зошто јас не знаам како да ги протолкувам. На пример пред неколку месеци сонував шума и девојки во бело како самовили што играат, а до нив дрвена куќа и ред со мажи, никој не ми зборуваше само еден се заврти и ми си извади 2 заба дрвени (само тие беа дрвени остантите ми рече здрави се). По неколку недели починаа 2ца колеги на татко ми на една недела разлика. Не би сакала да пишувам каде работе и што но се од сонот е поврзано. Пред неколку години сонував дека сум била на забава каде што имаше и мои соученици и другари потоа се вратив да спијам во мојот кревет, откако се разбудив излегувам низ врата, а над мене и куќата поминува воен хеликоптер, потоа истрчав во дворот пред портата, а пред неа стое млад војник со небесно сини очи во униформа, беретка и маска за покривање на лицето. Ја изваде маската и започна да крвари, од носот, очите, устата, се затетрави и падна. Јас плачев го молев да стане, ги бришев раните, а тој ми рече да не се мачам, загинал во војна. По нецела недела започна конфликтот, и тоа на денот на средношколската забава од моето школо. И многу други соништа, кои што не можам да ги кажам зошто се од лична природа. Ако вашата свекрва може да ми помогне да ги толкувам зошто ми е тешко сама, би и била благодарна. Ако не би ја разбрала. Не сакам јас воопшто вакви работи, и не сакав да верувам на почетокот, ама тоа е. Особено мразам ако сонот е лош, зошто знам дека нешто лошо ќе се случи. И да, дали некогаш престанува?