Кај свекрва ми не престанува . Дури и кога е будна има визии . За сестра ми еднаш ми рече ( од чиста мира во 7 часот наутро , правејќи кафе ) : - " Сестра ти ќе се мажи без свадба . Ќе има само веселба со најблиските , свадба нема да има , иако се ќе биде испланирано и платено унапред " . Што се случи , сестра ми се омажи само во матично , бидејќи во октомври кога требаше да биде свадбата , Ковид веќе " косеше " , па пропадна се . Не знам дали би можела да ти помогне , бидејќи таа јасно ги гледа соновите ( кажуваше за маж ми кога го чувале цел ден како мал , сонувала дека искршил излог од дуќан во комшии и цело стакло паднало на него , по што завршил во болница ) , буквално истово се случило . Цел ден го чувале , не се случило ништо за во 22 часот маж ми да се пушти од раце и да се истрча кон дуќан во комшии , од чиста мира да го лупне стаклото со камен и целото стакло да падне над него ( имал 7 години тогаш ) , и нормално од тука директ у хирургија . Така и за син ми имаше сонувано , дека ќе падне од велосипед и ќе искрши рака . Цел ден не сме му дозволувале да вози велосипед . Среќа го спасивме , сонот не се оствари .
Секој човек сонува вакви сонови кои ни преткажуваат нешто т.е дека нешто лошо ќе се случи или пак добро, тоа не значи дека имаме ние некоја посебна способност, туку дека претчустуваме дека нешто ќе се случи во согласнот со моменталната ситуацијата во која се наоѓаме го очекуваме следниот исход, нашата потсвест не предупредува да бидеме внимателни.
Мислиш како претчувство/интуиција? Од каде би имала предчувство/интуиција за луѓе кои не ги знам? Еве конкретно колеги на мојот татко, никогаш во животот не сум ги сретнала во живо, ги знаев само од зборувањето на таткоми, кога ќе дојдеше од работа како секој човек, со Петко бев на смена, тоа и тоа правевме, зборувавме и сл. Плус луѓето беа здрави мислам починаа ненадејно. Ни тие ни фамилијата не знаеа дека се болни. Таткоми беше во шок кога дозна зошто буквално пред неколку часа зборуваше со колегата. И ден денес кога ќе го спомене плаче и неверува да такво нешто се случи. Не те напаѓам, само те прашувам да ми објасниш подетално, зошто и јас сама неможам да си објаснам што всушност е. А за посебна ама ич не сум.
Јас немам кажано на никој досега зашто намерно не придавам значење на вакви работи, ама исто во сон имам предвидено случувања од секојдневниот живот, но и настани од светот и Македонија. Мислам дека секому може да се случи.
Вака.. дечко ми ми кажуваше за една белегзија што ја има долго време подарок му е. Ми имаше кажано дека пред некоја година ја загинал надвор, и по 1 месец се појавила кај него на кревет од нигде никаде и од тогаш ја носи цело време на него. Денес белегзијата ја најдов кај мене дома на масата и го прашав дали е таа неговата белегзија, ми рече дека е негова и дека му ја немало неколку дена, мислел дека дома некаде му имала останато. Што мислите вие за ова?
Па првото е чудно да, а за второ може само ја заборавил кај тебе.Ти неколку дена не примети ништо на масата?
Изгледа само мисли дека му паѓа надвор, а белегзијата за среќа паѓа по дома. Исто така изгледа дека му е малку широка. Во ова не наоѓам ништо натприродно. Уствари, зошто мене вака не ми се појави изгубен предмет....сакам.
Neznam dali sum spodelila za ovaa kukja ama eve sega ke pisam. Moze nekoj ja znae, se naogja vo Skopje, blizu drzavnata bolnica vo ulickata kaj kafanata dal fufo ili kako i da se vikase...odma tuka e i medicinskiot fakultet i e dosta razdvizena ulicka. Sum pominala milion pati ama ne e nisto posebno na izgled, no imav sansa da vlezam koga bev student pred nekolku godini. Imav drugarka od drug grad pa taa prestojuvase tamu so nejziniot cimer i zaedno odevme so tocaci na fax i sekogas ja cekav pred dvorskata vrata i ne vleguvav, ama ednas ona se uspa pa ja budev i morav da vlezam i kako sto mi otvori vrata da ne ja cekam nadvor osetiv cuvstvo kako nekoj da e vo dnevnata ama ete nemase nikoj ama dobro pomisliv ete mi se pricinuva. Otidovme i posle nekoja nedela ete jas pak tamu posle fax ke izleguvame, taa trebase da se banja i jas ja cekav vo dnevnata i slusav muzika na laptopot i celo vreme bese istoto cuvstvo kako nekoj da e vo dnevnata i jas si sedam gledam sto muzika i odednas se otvori vratata od pretsobjeto pred mene i se gledase vrata od wc i do taa vrata imase uste edna i taa isto se otvori. Mislev deka izlegla od tus, viknav dali e gotova, nikoj ne mi odgovori. I odma me fati jeza i i cuknav na vratata i izleze. I kazav sto e rabotata i malce i nejze ja fati strav ama posle mi kaza deka navecer se otvarale vratite od pretsobjeto i edna od drvenite roletni vo dnevnata (kako prozori sto se). I se vrtam, normalno otvoren toj del od prozorot i tolku mi bese strav od taa kukja nemozam da objasnam. Imalo kameri i svetlo na senzor nadvor i toa samo se uklucuvalo navecer, normalno nemalo nisto na kamerata. Jas neznam zasto lugevo koga ke umre nekoj ne vikaat pop da go osveti, iscati mestoto kaj sto ziveel umreniot?! I kako mozat takvi mesta da izdavaat?! Inaku oni kako studenti mi kazaa ova bilo premija i deka oni dvajca znaat deka ne se bas sami i deka nekoi raboti gi ostavale takvi kako sto se. So otvoreni vrati i eden prozor otvoren. Od togas jas veke ne vlegov vo taa kukja.
Мене ми се изгуби вереничкиот прстен, бурмата на сопругот исто, а јас не ја носам бурмата дека ми е мала...ми се јавува некое чувство дека некој ми става прстен мислам енергетски...неописливо...ваше мислење?
Imame eden stan sto ni ostana od baba mi, dedo mi i vujkomi koj se sega mrtvi Vo toj grad kade sto e stanot koga nema kade da odam, odam tamu Ne se sekavam da se slucilo nesto loso dodeka sum tamu, no se sekavam deka dodeka bev vo ednata soba se koga ke se otvorese nekoja vrata jas mislev deka e nadvoresnata i otidov da vidam dali se otvorila (mada i ne bese vozmozno da se otvara i zatvara taka lesno bidejki bese zaklucena mnogu cvrstvo. Sto mislite, nekoj od komsiite gi otvaral nivnite vrati ili nesto nadrealno?
Znam deka mozebi izgledam deka sakam interesna da se pravam, no ova voopste ne e za peza. Cela sum pobrkana od toj den navamu... Sepak tamu idam cesto i idam sama... Po vasite komentari tolku se preplasiv i se plasam da odam tamu sama Izgledam kako da imam 4 godinki sigurno... Ni jas ne mozam da si poveruvam na mene vo sto veruvam Mnogu se sramam
И да има нешто, не можат ништо да ти направат. Не си ја уништувај психата за натприродни работи. Плус тука живееле твои блиски, зарем мислиш дека намерно би те плашеле доколку сеуште постои нивниот дух?