Па што знам... Можеби бидејќи тоа си беше нивен стан и нема да сакаат јас да стојам таму да не им ги чепкам работите, да не се служам јас со станот кога не сум вложила никаков труд таму
Зависи во какви односи сте биле , додека тие биле живи . Но , не верувам дека не би сакале некој кој им бил близок да престојува во нивниот стан , секако ти не одиш таму за да оштетиш нешто намерно .
Само што се зачудив: Околу 5 часот утрово го ставив телефонот да се полни. Пред тоа станав накратко и си легнав пак. Сега се будам, полначот изваден и од телефонот и од штекер, завиткан, оставен каде што си стои. Батеријата 75%. Никој не влезе во собата за да го извади полначот, а и зошто кога не беше наполнета батеријата. Јас од тогаш досега спиев. Се прашувам дали сум месечарела, навистина не ми е јасно. Исто така, кога го вадам телефонот од полнач, барем додека сум во кревет (штекерот ми е до кревет) или само го тргам од телефонот и го оставам во штекер вклучен или го вадам и од штекер ама го оставам тука најблиску и како ќе ми дојде, не завиткан.
Никогаш немам пишано во темава, или можда имам, не се сеќавам.... Завчера сонував сон, сме биле на море, и имало полно море делфини, потоа дошол кит орка, и убил неколку од делфините и цела вода стана крвава.... Пребарав на нет, делфин значело смрт, не го кажав сонот на никој, чекав да видам што ќе се случи. Сабајлево, мм ми кажа за трагедијата во Тетово а не е само еден сон.... понекогаш не сакам да сонувам....
Nema zasto da se sramis. Realno e deka lugeto sto ziveele tamu, mozebi im e tesko da si prodolzat ponatamu i se uste tamu. Moj sovet e da viknete otec od nekoja crkva i da go osveti mestoto, kakvo e takvo e, so se stvarite nivni i vidi sto ke se sluci. Kazete mu sto se slucuva vo stanot i koja e pricinata, ili samo kazete mu deka sakate nov pocetok vo toj stan.
здраво дечки ми се случи синоќа необјасниво нешто спиев и одеднаш се разбудив и се завртев накај ѕидот и коа гледам на ѕидот сенка од човек имаше и светлина а нема од кај да дојде излеа седеше на креветот бидејќи не се гледаше цела сенка и уште 1 татко ми излегол нешто до надвор а ја во тоа време сум станала да ставам дрва во огнот ама за да не палам струја со блицот светев и татко ми видел на ѕидот се оцртало као виножито инаку да не верувам во вакви бабини деветини
Мене често ми се остваруваат соновите. Читам дека има доста членки со слични искуства, повеќето се плашат да зборуваат за нив. Се плашат дека ќе бидат сметани за луди. Ако тоа толку е често, не гледам зошто да не се зборува и истражува отворено. Некогаш си викам дека е возможно научно да се објасни, дека некои информации кои биле потсвесни, недообјаснети, парцијално регистрирани во сонот ги елаборираме, доживуваме и разгледуваме ослободени од цензурата што ја прави мозокот кога сме будни и целосно свесни. Но некогаш мислам дека има и нешто повеќе. Мислам дека има нешто над нас, поголемо од нас, некоја колективна свест, некој базен на знаење и информации од кои некогаш можеме да повлечеме и осознаеме нешто особено кога спиеме. Порано мислев дека информациите ни доаѓаат во сонот, без наша воља и контрола, ама сега почнувам да мислам дека може и обратно да се одвива комуникацијата - на наша потреба да се добие потребната информација. Од остварените сонови, некои биле лично за мене, некои биле за настани кои не биле лични. Почнав да сонувам во пубертот вакви сонови. На пример кога сонувам дека носам бела облека, или дека земам бела облека набргу се разболувам. Мене белата ми е симбол за стерилност, безживотност, а во некои култури е боја на жалост (како кај нас што е црната). Еднаш пред испит многу се плашев дали ќе поминам добро, се сомневав во себе. Сонував дента сон во кој ми беше искушувана верата од дух на некој непознат починат, низок дебел чичко. Го прашувам у сонов лабаво духов- и, како е у задгробен живот? ми вика -нема такви глупости ко Господ, рај, ништо нема. Се е тоа лага. Аха викам. И се замислив и ко што беше низок, се поднаведнав да му се внесам во фаца и тивко му викам: а ти да не си ѓаволче што ме искушуваш? и пуф, го снема. Станав со таква самодоверба дента, знаев дека ќе положам. (и положив со висока оценка ама и учев да не се лажеме ). Имав симпатија ко девојче, еден тип со долга коса (ah, those 90s). Го сонував ишишан, и оп, дента го сретнувам скроз кратко шишан. Не беше ниту спомнато дека размислува да се шиша... Кога беше свекрва ми во болница во кома спиев вечерта на каучот во дневната соба. Каучот е спроти влезната врата од дневната и во правец на надворешната влезна врата. Тоа утро сонував сон многу реален, како да беше на јаве. Како дур спијам тоа утро на каучот, низ вратата влегува таа сама. Јас изненадена станувам да и помогнам, зошто изгледаше уморно и ја прашувам зар тебе те пуштија од болница, зар оздраве така брзо? Таа не ми одговори ништо, само нестрплива беше да седне, па седна одма на првите столици од трпезаријата. Јас продолжувам да ја прашувам, што и кажале докторите дали е сега оздравена, а таа не ми одговара, ама во погледот некако како да сака да ми каже нешто, нервозна. Зема шише пластично со вода, да се напие и откако се напи шишето го истури целото на падот. Јас брзо земав крпи да бришам да не се расипе паркетот, и и викам зошто вака направи? Не ми одговори. Толку беше, се разбудив, имав чуство како да беше вистина а не сон. Тоа попладне ни јавија дека починала. Постари жени ми рекоа подоцна дека вода е симбол за солзи и тогаш ми се разјасни што сакаше да ми каже. Ми најавуваше тага и плач. Пет минути пред да добиеме повик од болница дека починала, седев во дворот и го гледав залезот на сонцето. Додека го гледав, ме обзема чуство на крај, како да го гледам сонцето за последен пат, а потоа ме обви чуство дека тоа се е во ред, дека е светло, топло и спокојно. Свекрва ми ја сонував и пред да почине свекор ми, додека беше во болница тој. Средена, дотерана, нашминкана, се брза да излезе од дома. Ја прашував кај оди. Ми рече некакво апаратче бара за дишење, како пумпица, нешто итно да однесе. Не стигна да ми каже за кого и зашто, излезе бргу низ вратата. Кога се разбудив, знаев дека треба да очекувам лоши вести од болница. Мислам дека брзаше за да го пречека. Еве уште еден сон: Не беше личен. Пред некоја година имаше еден немил настан, незнам дали некој се сеќава. Кога останаа 12 момчиња и нивниот учител заробени во пештера во Тајланд цели 17 дена. Влегле да ја посетат пештерата, ама надвор почнал пороен дожд и пештерата се поплавила и им го затворила излезот. Беа заробени длабоко во неа, насобрани на некој брег кој останал сув, во темница и влага. Се поткрена интернационална спасувачка мисија, со нуркачи, со идеи, како да се извадат пред да им снема кислород. Дури и Е. Муск по итна постапка направи капсула, мини подморница во која би можело да се стави дете и да се изнесе под вода, низ карпи и им ја донираше. Не ја употребија, ги извадија со нуркање, етапно, сите живи и здрави. Никој не се удави од децата, иако постоеше таква опасност и еден нуркач им умре пред тоа. Како и да е, додека траеше сето тоа, пред да се спасат сонував како стојам во темница. Од темницата пред мене се појавува момче со азиско потекло и ми се приближува. Не зборува ништо, ја отвара устата и во устата има виолетов лотосов цвет, кој се отвара и цел расцутува. Тој исчезнува и се појавува друго момче и ова се повторува. И така и со третото, четвртото... Не знам дали сите 12 ми излегоа пред очи . После гуглав што значи лотус и што е симболиката на виолетовата и дознав дека тој е силен спиритуален симбол во многу религии. Во суштина значи повторно раѓање, и тоа повторно раѓање од матни води (зошто лотусот расте во таква вода). Им реков на домашните - сите ќе се спасат децава. Моиве само бледо ме погледнаа .
И мене често ми се исполнуваат соништата, најчесто што многу ми е безвезе и ме плаши сонувам сон кој значи дека некој ќе почине што го познавам. И после некое време дознавам дека некој близок или личност што познавам починала. Последен пат сонував како сите заби ме болат и ми се клатат за после некое време да ни јават дека блиска починала од проклетово корониште и остави две дечиња...наместо да се радуваме, тагувавме. Исто и пред тоа имам некое чудно чуство, како тежина некоја.
Глеам се разбираш па да те прашам случајно да не знаеш шо значи маслинки да си јадрш на сон. Абе како слатко си ги јадев една по една зелени беа. Ми остана уште во меморија до сега не сум сонувала како јадам тоа.
и јас многу често сонувам сон кој брзо потоа се случува. Дали за мене дали за некои друг.... Една вечер ја сонував мајка ми која брзо пред тоа почина. Појдов дома кај нив ја гледам неа и велам абе мамо ти не умре? Вика не, ме закопаа па среќа татко ти идеше секој ден и на третиот ден ме слушна ме откопа и ме изваде. Верувајте по тој сон многу сакав да појдам и да откопам све и да си ја извадам
Неодамна го реновиравме тоалетот, свекор ми бидејќи е мајстор тој го средуваше, пред да го рушиме во тоалетот имаше гнездо од ластовички кои долги години тука седело, бидејќи се менуваа плочки мораше да се урне гнездото, на неколку наврати човекот викаше дека се плаши да го растури гнездото бидејќи носело несреќа во домот, велеше ќе го фати грев, но немаше друго решение, го монтираа хоризонталниот бојлер, свекор ми чистејќи го бојлерот едната страна му падна на глава цел крв беше, среќа се избегна трагедија во семејството
@elimkd од постари ми е често кажувано тоа да не се растура гнездо на ластовички. Дури и поубаво е да се множат (колку и да пречат) отколку да останат без гнездо..
Сите знаевме дека е лошо и дека не се урива, башка што тоалетот стално беше во смет а и мораше нови плочки да се наредат баш кај што беше гнездото, ама потајно сите се плашевме
Не сте морале да и го срушете, кај нас многу гнезда сметаа па ги преместуваа со лим. И ластовиците среќни и на нас глава мирна
еве како беше Тоалетот беше во распад а под гнездото тоалет шољата и смет не можеш да замислиш се околу лом