Точно е дека ластовиците не се враќаат кога еднаш ќе им срушите гнездо . Мојте ставаа фасада пред некоја година , и за жал мораше да ги срушат двете гнезда на двете тераси од куќата . Од тогаш , ниту една ластовичка не направи свое гнездо таму . До денешен ден нема направено ново гнездо . А доаѓаат до куќата , стојат и пејат на каблите за струја , на оградите од терасите , но никако да направат гнездо . Необјасниво е она што се случуваше по срушување на гнездата . Во куќата следуваа пеколни 2 - 3 години . Се тргна наопаку . Почина дедо ми , татко ми ја скрши ногата , јас забременив на 17 , сестра ми падна во депресија , мајка ми и баба ми постојано се расправаа итн .. Сега , работите се средуваат , полека но сигурно . Можеби , за некоја година повторно ќе направат гнездо , кој знае .
Sama sum doma momentalno si gi sreduvam alistata vo plakar i naednas nesto mnogu tivko pocna da mi tropka, ne mi padna cudno rekov moze zemjotres e nesto ili dole od komsiite. E koga na televizorot sama se smeni programata posle 2 sekundi, veke mi stana cudno.. Si se ukopav na stolica i mi e strav da mrdnam...
Знаете шо ми текна. Пред година дена.И мај негде 2020 мислам беше. Имам во соба мало часовниче.И нешто престана да работи, ама не забележав одма, и кога приметив не се испозамарав одма.И една вечер лежњв у соба си седев на телефон, штама беше дома и почнав да слушам дека работат стрелки од часовник.И бев као оокеј.И наредниот ден ја прашав мајка ми дали она му сменила батерии или нешто да не чепкала, ми рече не. А ни ја ништо не го фаќав. Шо може да е? И кај ми текна сега пред спиење Секогаш ова ми се дешава А тргнав да го оставам телефонот
Летото ми се случи ова. Бев дома, одмарав попладнето и така лежејќи во кревет гледав во екранот на телефонот и мислев на една личност што сакав да ја слушнам многу и се мислев дали јас да се јавам или не. Во тој момент ми заѕвоне телефонот и беше баш личноста за која размислував.
И јас викам телепатија Мене со тој шо го имам сакано ми се дешава ептен често Или го сонувам па ми ѕвони наредниот ден
Ili so drugarka koga kazete vo isto vreme ist zbor ili recenica, se slucuva mnogu pati, nisto cudno ne e
Тоа е поради често дружење.Има приметено, сите што ми биле најдобри другарки после неколку месеци секојдневно гледање сме мислеле исто, мислам дека тоа е бидејќи доволно време поминуваме заедно па веќе и почнуваме да мислиме исто.Слично на она ,,great minds think alike"
Мене нон стоп ми се случува да помислам на некого или нешто и после баш истото да се појави од некаде или да ја видам личноста.Некогаш сум пресреќна. Исто во последно време ми паѓаат рандом предмети по дома.Последно книга од 4-5 кг си падна сама од себе од полица.
Da ili ste mnogu slicni na karakter. Jas imam eden drugar i jas i on sme isti ama bukvalno isti. Veke i koga kazeme nesto isto ne ni e cudno tuku najnormalna rabota od sto sme naviknati na pojavata deka sme identicni vo psihata.
Баба ми почина пред неколку години, од тогаш секогаш вечерта пред Задушница кај неа дома почнува да свети струја навечер во собата кај што спиеше она а никој не ја уклучува.. Веќе неколку години по ред секое сабајле пред да одиме на гробишта на Задушница одиме да ја исклучиме струјата па одиме кај неа на гробишта. Таму не живее никој, и куќата е заклучена.