1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Македонски политичар :rofl:
     
    На Feminka22 и elimkd им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Да видев невеста немаше да се исплашам, не ќе бев единствена :D
     
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.350
    Пол:
    Женски
    Да де, сите ја гледаат па не е толку страшно, сепак е тоа само невеста која се појавува на автопат навечер, не прави ништо.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    друго е одма чувството
     
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.599
    Допаѓања:
    18.793
    Пол:
    Машки
    Пред скоро 10 тина години, јас тогаш 17тина ги имав, врнеше дожд многу памтам околу 3 саато сабајле беше. Почна на прозорецот од дневната шо е накај дворот да ми чука... и тоа туп туп туп, 10 тина секунди прекини, пак туп туп туп.... најпрвин си реков ај ветрот ама не че да беше ветрот... се исплашив со тивкото одам накај мајка ми, да ја разбудам и да и кажам шо се случува, таа испаничи скроз, и јас испаничив, оти ова се случуваше на интервали и 10 пати можеби беше, додека да соберам храброст итн, пред прозорецот немаше никого само чадор отворен...
     
    На ElenaOfRivendell, Angie1432, kikkki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Иначе, мој бифш (сеа читам на Кајгана исти вакви случки и ми текна да ви кажам), се има сликано надвор у Скопјево на едно место, навечер.Селфи е или ги сликал некој него и уште еден, и се било супер дур не ги разгледувале сликите и не приметиле нешто како ѓаволска фаца..
    Сакаше да ми ја прати сликата пошто не верував, ама ми рече да си се спремам да не спијам, плус школо е у прашање.
    Е сеа ме копка, ама нема шанса, таму имам седено сто пати.Неќам да ми влезе језа во кожа.
    Се надевам не ме лажел, нема зошто.А он ич не верува у такви работи и ептен се усрал кога видел.И после тоа дома се на лошо му идело

    @Stark ауу брат...јеботе.Иам прозор пред мене :?:
    среќа на шести сум, па само Мери Попинс може да ми искочи со чадор
     
    На buba4e89, Hellobeautiful, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Плс не наоѓајте рационални решенија за случкиве не е интересно тоа :D.

    Јас ви верувам на сите пошо и мене ми се исподесиле неколку пати ама у друга прилика ќе пишам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.599
    Допаѓања:
    18.793
    Пол:
    Машки
    Јас сам живеам скоро 3-4 години и често гледам хорор филмови, па еве ме здрав и жив реплицирам на фемина. :D
     
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    собери храброст и пиши, таман се собравме сите :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години зима-пролет период пошо немаше отворени прозори, седнав ноќта да учам. Седев на кревет а карши мене беше столот и обесени беа хеланки на потпирачот. И у сред учење кренав глава и една ногавица од хеланката си се нишаше. Мислам се телепортирав кај мајка ми со плачење.

    Имав ситуација, спратот го реновиравме ама едната соба остана нечепната и таму спиев со сестра ми. Моите на друг спрат. Отидов до вц сред ноќ и осетив како многу ладно ми доаѓа од една соба (таа со хеланките). Застанав пред вратата, значи камен ми беа стапалата некој ептен ладен воздух дуваше и одеднаш слушнав чекори како да трчаат накај мене. Прво мислев некој ни провалил у куќа низ прозор. Ни а ни б ја остаив сестра ми, ја летам кај моите и коа влеговме у собата прозорите беа затворени и плус спуштена ролетна од оние старите дрвени. Ама толку јасни и гласни чекори никад не сум чула.

    Сега кога се навраќам, дур ми беше детска таа соба, постојано имав кошмари, не можев да спијам, над мене секогаш глеав некоја темна сенка (знам дека звучи лудо ама јбг).

    Е сеа ваљда не му беше доволно на тоа што и да беше да ме мачи во таа соба па се префрли во новава и ми ги испоџитка сите книги од полиците летово :D.
     
    На ElenaOfRivendell, Ljubova, Youknow и 3 други им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Ова со хеланкиве богами језиво, ќе се пикнам кај и да е во креветчево на син ми со димензии 120 на 60
     
    На Youknow, Angie1432 и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    12.167
    Пол:
    Машки
    Во Битола има една куќа на Широк Сокак одма спорти Епинал, мислам дека над кафичот Пајтон. Таа куќа порано им припаѓала на многу богато семејство Данабаш. Шо како околу историјатот на фамилијата не знам, но викаат дека куќата е проколната и години така стои празна. Кога се врви по широк сокак можи да се забележи околу прозорците фасада нема или е нецелосна, викаат никако не фаќала фасадата во овој дел без разлика колку пати пробале да стават. Исто така, велат дека куќата стои празна поради тоа шо никој не успеал ниту една вечер да остане во неа, се слушале гласови, пискотници, врева од непознат правец дури и кога широк сокак е празен и кафичите се затворени.

    Друга случка од Битола, на местото каде што денес се наоѓа Енерџим(фитнес) во подрумот на Домот на Културата порано се наоѓаше ноќниот клуб Позитив. Една вечер, т.е. сабајле 4-5ч кога затворале, средувале и пребројувале вработените биле затекнати од силно тропање, кое буквално доаѓало од ѕидовите кои не граничат со соседни простории. Ептен се исплашиле и да ги нема, па повикале поп наредниот ден, а тој по неколку часовно осветување на просторот излегол жива вода од внатре и им кажале дека наводно имало некој војник од втората светска војна закопан во непосредна близина.

    Слична сличка со војник но, малку по језива на другарка баба и живее во населбата Карпош во Битола во куќа. Откако се вселија во куќата бабава нон-стоп нешто во сон ја давеше, ја гушеше, имаше кошмари со војни и војници. После неколку неуспешни обиди за осветување и отстранување на проблемот, комшија им кажал дека ова подрачје од градот било дел од некоја борба за време на втората светска војна. Фамилијата на другаркава се одлучи да го пребара дворот, цел го прекопаа и најдоа не едно, туку две тела од војници од ВСВ. Ги откопаа и ги погребаа со сите обреди и од тогаш на бабава и прекинаа сите кошмари, давњеа и сл.
     
    На poi, edna_malecka, kikkki и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Nokjva e neobichno tivka ]:) It's showtime.
     
    На Micka4 и elimkd им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    А некој има видено НЛО?
    Дека сакам јас да видам 8-|
     
    На Micka4 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Се возбудил војникот на плесачиците во Позитив :D
     
    На Billy Idol, butterfly6223, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Како се наежив на моментот со хеланката, поготово шо во собава сум сама моментално и учам?
    Ко воли нек изволи, ќе му даам да поучи, ќе му се стужи и нема да се врати
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    43.065
    Пол:
    Женски
    Еднаш сонвав дека во куќата на комшиите (не живееа тука, беше празна и не ги познавам) живеел маж, настана некоја кавга и се самоубил. Ама многу реално го сонвав и сабајлето го прераскажав на мајка ми. Ми кажа дека претходниот сопственик бил заглавен во долгови и се обесил. А никогаш ништо не сме зборале за ова па за да ми остани потсвесно. Многу крипи.
    Е сега имам сонвано и дека во дворот на истата куќа има големо богатство, треба да одам да проверам. :D
     
    На edna_malecka, Oneo, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    I saw something, sitting on your bed
    I saw something, touching your head
    And in the room when you sleep
    In the room when you sleep :music:
     
    На kikkki и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Ја на соновников на фемина му верувам, ти проверив шо значи сонов, али види си сама ако сакаш.Да не постирам може неќеш да знаеш.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Сто пати сум поминала на Стража ноќе , во 2-3-4 часот , во сите годишни времиња , и дефинитивно не бил дух она што си го видела . Еднаш бевме со југо до кај вујко ми ( носевме ствари , па југото ни беше како заморче за товарење :rofl: ) во М.Брод , и заглавивме баш касно , околу 1 часот бевме на Стража ( згора на тоа ни цркна некаков осигурач за светлата и се возевме " на слепо " ) и немаше ништо :^) .. Можеби бил некој коцкар , што рекоа поназад . Обично коцкарите се задолжуваат кај лихвари , па се тепани доколку не си го исплатат долгот :!: .
     
    На edna_malecka, Billy Idol, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.