1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53

    Искрено не верувам во такви работи или не сакам да верувам гледам да не ја оптеретувам психата.Знам дека у Зелениково има некој човек кој многу помага исцелува, за добро здавје, ти помага ако имаш некое лошо ти кажува за иднина...Не сум била но билска пријателка која се обидува 2 години да забремени, била кај него и и кажал дека ке има дечина, и дека левиот јаник и бил запушен , а она кутричката 2 годии се бавташе по болници по чуда по што не кај се не беше се утепа од пари давање и една недела пред да иди кај човекот снмките од реген и го кажале тоа значи цовекот без да ја знае или да му каже она било што и кажал на прво гледање она што по болници две години и го нашле.. ми кажуваше дека кај човекот одат многу луге само во недела мисалам дека прима луге од раните утрински часови иделе, знам дека верник е човекот имало многу икони и и кажал као во смисол да не се секира нема никаква магија дека се ке биде во ред и ке си имате 3 дечина.Пари не бара мислам, колку кему оставиш, толку.
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    и јас имам слушнато за тој од зелениково...Aма не знам кој ми зборел... инаку да да, на икони гледал,многу погодувал :)
    а имаше еден што паѓаше во несвест(во манастир живееше) и ќе падне во несвест, и по име и презиме те вика (а нити знае кој чека пред манастирот нити ништо) ама таму можеш да заглавиш 3 дена пред манастирот, од гужви :lol: додека да ти го кажел името, покрај толку луѓе!
    Aма за жал е починат!
    Kомшиката моја беше, вика растур прави!нити пари зимал, во манастир живееше.....
    едит---- доберман :D јез да беше страшно ова, ама хахахахаха, со тој струмичкиот дијалект е најзакон!
    посебно последната реченица---- никој од нас не е 100% нормален :D (или така нешто)
    инаку јас имам слушано за Cтрумица (по селана)
    дека повеќето се опседнати!
    па имам слушано не знам во кое село таму, мажот си го заклал цело семејство и се самоубил, ама нели мачка ако те прерипа ќе станеш ѓавол, и мачка ја прерипало жената, па до ден денес се слуша од куќата вриштење, и тропање на тенџериња!
    во друго село 3 голи жени шетале, и маѓии праеле!
    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------
    A не ми текнува како се викаше тоа местото кај нас, што беше опседнато со самовили!
    имам читано на нет до 10000 и 1 и назад од луше што биле на излет таму! никако не ми текнува на името, ама знам дека било многу проколнато со самовили, многу луѓе го имаат зборено тоа место
     
  3. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    леле бре од памет ме извадивте :o мене лично некоја многу чудна и страшна случка ми се нема десено, ама понекогаш, кога ќе легнам да спијам, не се осеќам баш пријатно во собата....тоа не се случува секогаш. не можам да објаснам, едноставно ме фаќа страв, вознемиреност (а не сум тип што се плаши да спие сама или од темница). Некогаш, кога го отварам очите у сред спиење, значи не сум расонета во тој момент, осеќам тежина врз мене, или едноставно се будам од што се тресам од студ, тој ужасен студ и во сон го осеќам. се трудам да не мислам на тоа многу зашто ако се опседнам со тоа, ќе почне и почесто да ми се случува :D
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073


    Стоп! По тапа прича немам прочитано, од кај ќе видиш дека е ова измислено...
    Да бе, јас нејќам да ја продадам, ама ај пошо многу сакавте со сила ми ја купивте работава, од кај знаеле они дека ја продава? Отишле и баш таа кола морам да ја купам готово крај, ама не ја продавам, абе ќе ти ја купам!
    Глупости живи, проколната кола! И тоа 101! :o
     
  5. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    А имате слушнато за гледач во с.Богородица? :) ..И тој работи со вакви магии и болести..
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е ова измислица или не, ама јас кога читав се наежив, вчера не можев да спијам како што треба.Денес пак на Кајгана читав и бетер имаше некои!
    Ако имате слабо срце не отварајте да читате, јас од памет се извадив. :worried:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    ммене ми се дешаваат мн необјаснливи случки али ке ви раскашам сеа една...беше мојот 18 род и рековме со мајка ми као веќе не славиме роденд мислам дома...само другарки и другари ќе си викам и толку и добро сеа идат навеќер гости и при крај више коа си разодидоа уште некои останаа и ј ао творивме вратат да се излувтира и слушам ѕвони никој упорно излгам никој се враќам пак исто еве и сеа додека го пишивам ова уште ме ваќа језа и страв незнам што беше тоа а ја се си мислам дека можеби е духот на такоми кој мн ме сакше и умре одма после мојот роденде а дотогош ми ги правеше најуваи родендените со мн гости просто ко свадба хехе со пиење музика итд....
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сигурно бил духот на татко ти, леле душичка сакал и тој да присуствува. Верувај дека бил присутен и дека бил многу среќен поради тебе.
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Не се плашам од духови, напротив. Се восхитувам на тоа колку природата е моќна и силна за да го воздигне човекот и после смртта. Ми се имаат случено неколку случки кои искрено не ме оставиле воопшто рамнодушна но фала богу сум жива и здрава без последици.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
     
  11. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Валерин некрстени денови се од Божик до Водици, а не до Велигден
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cinderella16

    Cinderella16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Ми се има случено два пати, а за една случка мајка ми, ми има раскажано, ама сепак...не верувам многу.
    Летово, бевме излезени во едно кафуле, со другарките и седевме на тарасата, а погледот не водеше и мене и другарка ми кон скалите кои водат кон Кичевското кале, и двете ги следевме луѓето што поминуваат(нели, сакавме да најдеме некој убав фраер за гледање) и одеднаш дечко во дуксер и фармерки со бел најлон помина преку скалите, имаше добар задник и го забележав и јас и таа, па го прокоментиравме, не помина ни цела минута, и од истото место, го забележавме истиот човек како се движи нагоре, и двете се здрвивме од глетката, значи немаше време да се врати назад, ни ден денес неможам да си опишам што се случи тогаш.
    Втора случка беше кога почина баба ми, со денови ја сонував како ми кажува дека и е ладно, дека неможе да го поднесе ладот, дека е преладена, и дека треба да оди во болница зошто се чуствува ужасно, јас тоа си го сфатив како сон-два три пати се исплашив зошто го сонував истото, но не ги заприметував знаците, а после еден месец, отидоа на гробница(беше некој празник не се сеќавам баш кој) и кога се вратија ги слушав како коментираа, дека прснал мермерот од гробот-се вкочанив, но не прокоментирав, само знам дека со денови неможев да спијам со изгасната сијалица.
    А тоа што мама ми го има раскажано е дефинитивно хорор филм, не сакам да верувам ама таа го доживеала премногу пати. Во малото каде што живеела, умрела некоја жена, живеела сама, и ја пронашле после неколку дена, дошол внукот од странство да ја закопа, се се случило и поминало тоа. Но од кога ја закопале, навечер се случувале чудни работи, се слушале на почетокот гласови-сите комшии го коментирале пискањето на жена, потоа почнале да тропаат прозорците навечер, како да чука некој на нив, а најпосле многу комшии кога ќе се разбуделе до себе ја гледале неа, како ги гледа немо, а кога ќе ја виделе, таа се оддалечувала, мајка ми една вечер си спиела заедно со братти, и почуствувала како нешто е врз неа кога се разбудила ја видела неа и почнала да вика, братти се исплашил станал и ја запалил сијалицата, и само се слушнало повторно тропање на прозорите...-кога и да раскажувам за ова целата се тресам, сакам да верувам дека било само привид од страв, што другите зборувале само за тоа по цели денови, ама нешто ми вика дека навистина се случило, зошто сето ова престанало тогаш кога викнале поп да ги испее сите куќи
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Можеби ова требаше да го ставам во темата „Месечарење“ но ете..
    Пред едно 3 години. Си легнав во детската соба, и негде навечер накај 4 часот мислам дека беше, се будам во дневна. :| И само се чудам што правам тука, и тоа покриена со ќебе. :| И само гледам напред, и сенката на сестра ми ја видов, поточно и ја загледав главата само, како се вртеше лево десно, лево десно. Како да кажува „не“. И јас си мислев дека е она, и прозборев нешто, но сенката се тргна. И само станувам (дневната е одма до спалната) и влегувам во спалната ги будам татко ми и мајка ми и им викам: Тато ти ме донесе? Они само ме гледааат. :^) И после тоа татко ми се премести во дневна, а јас спиев со мајка ми во спална. И после тоа ја прашав сестра ми, дали ме преместила она, таа зачудено ме гледаше. Всушност она и се зачудила кога видела дека не сум во детска. Ај за месечарење, може да се случи скоро на секој. Туку јас највеќе се зачудив на сенката што ја видов. (сестра ми како ја врти главата лево десно, онака само главата (сенката) и ја гледам на ѕидот во профил како се врти. :|
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Елена! Исти вакви работи ми се имаат случувано и тоа не еднаш туку сто пати! Ќе легнам на некое место ќе се разбудам на трето, ама мене ова и ме плаши саму нешто сум зборувала и само сум се отскривала додека спијам не знам дали е од стрес или нешто друго,но сепак... Мене ова ми е creepy |-) И уште една случка Бев кај другарка ми ама во маалото, времето беше убаво па не ни се седеше во домовите, блиску имаше една куќа ама недоградена половина беше само од некоја куќа(за да ме сфаите замислете си куќа ама без врати sидови нешто туку само со скали и на 3 спрата е и сега поделете ја на половина едната половина нека ја снема тоа е тоа ;) ) И ајде јас и таа со бујна фантазија да се заплашуваме нешто духови ова она и си викаме ајде да се качиме на покривот тој беше како со ќермади ама имаше да влезиш и одиме сега се качуваме таму во едно како црно ќебе завиткана старица!!! Јас и таа писнавме! Одма слегувавме скокавме да си одиме побрзо јас дури и паднав нејзе влечката и се заглави(лето беше) јас кога паднав таа ми подаде рака да ми помогне ама не можела како што ми објаснува некаква сенка се појавила ама јас станав некако ние во шок срцата 100000 на час ни чукаат , не знаевме што да правиме кога и да ја видам куќава морници ме лазат, ама чудното е што телото од старицата што го видовме беше легнато и завиткано во црно ќебе и само нозе се гледаа ама пак некако и двете во истовреме рековме кога се смиривме тоа имаше тело на старица! Ме разбирате како духот да го имавме видено страшно не се осмеливме да му кажеме на некој да викнеме полиција ниту пак да се доближиме до куќата.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cinderella16

    Cinderella16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Нешто не ми е јасно...сте виделе старица, значи била мртва, после тоа полиција дојде на местото? вероватно ако била мртва ќе се раширеле миризби за некој ден, и сигурно се појавила полиција...
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Хахахаха знам Celest. Ми кажа Wild после :lol: Јас и моите пресметки...Битно ги извадив од памет :!: :rofl:
     
  17. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Не работата е што видовме нешто што мислевме дека е тело завиткано, ама некако и двете помисливме дека е старица нз зошто дали во еден момент можеби сме виделе некаков дух(не ми се верува нз што е бидено). А да викнеме полиција не беше до толку работава луѓето од куќата веќе повеќе од 11 години се отселени, така да се исклучи шансата таму да е телото ама фактот што двете сами рековме дека видовме старица тоа е финтата како на еден момент да сме виделе дух на некоја...
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    па незнам дали се тоа стравови на човекот од непознатото па ваквите случки се јавуваат како резултат на тоа .........но би сакала да верувам дека навистина има нешто ...потребно ми е тоа
     
  19. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Многу ми се дешаваат такви работи
    Последно нешто што ми се случи беше во 3 навечер само со мама бев дома а јас се бањав и отидов во моја соба да се сушам а мама спиеше .... и одеднаш осетив како да ми се врти и како што гледав во коса погледнав во моите зеници беа цели црни и во нив видов човек позади а сама бев во собата нема шанса на запалено светло зениците да ми се отворат скроз .... се исплашив и ставив темјан на шпорет
    не дека верувам во нешто освен Бог , ама постојано гледам и чувствувам енергија и сенки ....
     
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Како? Како си гледала во косата и во зениците? Преку зениците си видела некој човек како?! :^)