Појавата, видувањето и искусување на паранормални активности е индивидуална работа. Легендите се често припишани на вистински настани, не на фантазија. Постои разлика меѓу тие два термини која ти очигледно не ја разбираш. Да се докажувам, па и да снимам не ми паѓа на памет, но, не затоа што не е вистина, туку затоа што имам попаметни работи во животот од тоа да "ловам духови" и да се доведувам себе во потенцијална опасност. Или пак да снимам за да покажам на тебе? Член кој не го познавам, и од некои непознати причини за мене има фрустрации поради невиден дух. Апсурд. Среди се малку, па после реплицирај.
У пм сакам и ја да идам да ја видам невестана ама реалната слика во моментов е дека сум пикната под ќебе од страв
Не ми се комуницира веќе со @Acronia , она едно кажува, вистината е друга и не се гледа крај на сагата. Ќе и попуштам, па кој сака, нека и верува. Додека јас го кажувам спротивното. Нејсе, освен во Скопје, проколнати куќи со чудни дешавки има и во Прилеп и Битола, па ако има некоја членка од таму, нека раскаже нешто околу тоа. А и би сакал некоја од Скопје доколку знае, да сподели повеќе инфо за Вакафските куќи.
Не е вистина дека постои дух во Волково на шините. Многу битна информација за членовите е релевантноста на моето субјективно искуство, мхм. Смешен си ми, сериозно, ама на интересен начин. И да, пази да не ти се појави баш кога најмалку очекуваш, на страна од заебанцииве. Зошто духовите не стојат таму цело време да чекаат вие да ги видите, не сум ни сигурна дека тоа функционира така. И не за друго, него да не се усереш после, зошто мене духови не ме плашат, а се надевам дека ист е случајот и со тебе.
Откако почина татко ми, многу сакам да има духови... Сакам да дојди и да си попрајме муабет и да се изгушкаме ко претходно... Ама не доаѓа, еве...
Ми се има случено ова повеќе пати, само вака конкретно не можам да се сетам. Се чекам со некого, гледам дека доаѓа, во меѓувреме ја наведнувам главата чачкам во мобилен, кревам глава- личноста ја нема. Тогаш не сум обрнувала внимание, ама језиво во секој случај. Умот си игра со нас.
Мене најчудното нешто што ми се десило е кога реков дека ќе идам на диета и истиот тој ден целото благо го снема..
Многу е језиво. Ми се има случено. Нели има нешто што велат кога ќе умре човек дека душата уште е тука. Видов одраз на огледало, се свртев видов исто покрај мене минува и осетив воедно една топлина како кога те гушка некој.
Дали сте запознаени со синдром на трет човек? Се однесува на верување дека има човек или дух околу вас кој ви дава утеха или подршка при трауматски искуства. Многу познати планинари го пријавиле и сведочат за ова искуство кога се на поларни експедиции.
Eve jas ke ti kazam prokolnat patt , patot shto e od kicevo za prilep , posle mk brod nekogashno selo Barbaras e na toa mesto isto mi ima izelzeno nevesta visoka so crna kosa i onaa te zastanuva navodnk bara prevoz zastanauvash ja nema , i bash isto na istotot mesto se pojavuvat dve devojcinja odat za vo shkoloo gi uzminav se vrativ gi nemashe , ova ne e haluscinacija , na toa mesto mnogu lugje se ubieni maskarirani i dushite nivni nemozat da pronajdat mir , isto pred prugata za prilep se vrakav od turcija noke beshe sat 4 polna mesecina svetlina vedro nebo vo eden moment se pojavuva magla prst pred oko ne se gledashe nekolku sekundi i ja snema , gledam od desna strana covek vo crn mantil crna kapa stoi , ovie raboti postojat samo shto povekete ne veruvat
A kaj nas vo kicevo ima dosta takvi mesta , vo sosednata ulica ima edna kugja ne zivee nikoj , bidejki sekoj shto ke ja kupi se vseluva ednash i ja napushta imalo duh