1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Тие не се проколнати , самото место каде што се убиени , и нивните души немат мир
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    Мислам дека психата си игра со нас во поголем дел од случаите, од толку мислење дека ќе се случи нешто, ни се привидува.. И секое лошо нешто кое ќе се случи на тоа место во близина, си го поврзуваме со тоа што наводно сме го виделе.. А реално, секаде се случуваат несреќи, на сите патишта.
     
    На Waverly Raven, Indiegurl, L.i.n.a.a и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека до негде и некогаш е до психата али не и секогаш , возеш гледаш на огледало на задно седиште седи некој а знаеш дека си сам у кола и потоа го снемува , некој работи не се до психата ,постојат едноставно
     
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Хмм, кога би видела некогаш вакво нешто, прво нешто што ќе ми падне на памет е дека полудувам и да секако би направила магнетна ;).
     
    На christinnn, poi, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    @Компир Манџа и јас ја знам приказната за невестата и за куќата од црниче, ама тоа е се што има на списокот во Скопје. Инаку првпат слушам за вакафски куќи па ме заинтересира да побарам. Успеав да најдам само еден натпис кој е многу штур со информации и не е баш добро напишан:
    https://skopjeinfo.mk/urbana-misterija-prokletstvoto-na-skopskite-vakafski-kukji-i-podzemnite-tuneli

    Инаку во светот постои dark tourism, односно наместо убавини посетуваат луѓето морничави места кои се познати по паранормални појави. Обично тоа се историски места каде што нешто негативно се случило или пак има сведоштва дека нешто се случува од областа на паранормалното или места каде што има некои природни аномалии па се мистериозни. Дебела пара се заработува на тоа. Луѓе букираат термини однапред и плаќаат многу за да преспијат или посетат некој таков објект. Прават истражувања и ги документираат додека се таму, а некои одат само за искуството. Некои, нормално и лажираат и местат докази за гледаност и слава. Има доста и музеи со проколнати работи како тој на Ед и Лорејн Ворен. Бизнис е реално. И да има некој реален доказ или видео неможе да докаже, зошто има хиперпродукција на такви содржини на интернет, технологијата дава можност за секакви измами. Има еден типец на јутуб што објаснува такви видеа и како да се види дека се лажни. Debunk им прави.
     
    На Waverly Raven, kikkki, Компир Манџа и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    4.411
    Пол:
    Машки
    Знам за dark tourism. На Балканот има многу такви места. За Вакафските куќи никој не знае ништо. ;(
     
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Незнам дали имам читано тука или некој ми кажувал. Ама мислам дека ми кажувал некој.

    Си бил некој човек, камионџија и на пола пат сретнал некоја баба и се качила се возеле заедно. Муабети едно друго. И едно време бабава му рекла "јас тука живеам, ќе одам кај децава на гости, ти оди заврши работа за враќање помини од тука на кафе и заедно да си одиме". И се симнала.
    Добро.
    И отишол дедово за враќање кај децава, и прашал "кај е бабава ми рече за враќање да ја соберам заедно да си идеме", објаснил дека се возеле прееска заедно.
    И децава му рекле " абе умрена е таа".

    Исто, си била некоја баба сонувала со комшиката кај што оделе некаде, и по пат сретнале некоја река. Комшикава ја поминала реката ама бабава не сакала. Другиот ден се дознава дека комшиката умрела сабајлето.

    На вујко ми баба му и дедо му имале две куќи. И отишол во првата на врата се слушале гласови некои и овој чукнал на врата, тишина.
    Отишол во втората куќа чукнал на врата му отвориле и прашал "не бевте таму?". И бабава му рекла "не".
    На вујко ми коса му се кренало.

    Бевме собрани навечер повеќе братучеди. Си седевме беше така темно. 8-9 саат лето.
    И има една напуштена куќа. Улични сијалици немаше.
    И од прозорот едно време се гледаше како свети во собата светло, и едно време угасна.
    Помина еден дедо што го знаеме, што е жив, и вика да не светеше од соседната куќа.
    Не. Значи немаше шанси никакви.
    Прашавме вујна ми, и вика можно е да биле секти.
    Знам многу приказни за секти.

    Толку ми текнува.
    Ако ми текне уште ќе ви пишам.
     
    На Cosmic Girl, CrazyGirl15, kikkki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Секти? Да не мислиш духови или нешто така?
     
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Не бе, постојат секти.
    Не е за верување али стварно постојат и во Македонија.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Candy.D

    Candy.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Многу верувам во вакви случки,да дека нешто е измислено и додавано некогаш,но после смртта мислам дека духот на човекот и тоа како е меѓу нас барем одреден период,без ние тоа да го видиме,само да го осетиме,многу пати после смртта на баба ми,ја сонував,како да сакаше да се испрати со мене во сонот,или мирисот некаде ќе и го осетев,психа е сепак,но ништо не се случува туку така,језиво…
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Можно е, мислев за она што го опишува... личи на духови, не на секти. Сектите се..живи луѓе :D
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Пишував еднаш одамна за искуството на маж ми со духови ( не е човек кој се плаши , ниту верува во паранормално ) . Ќе пишам повторно ме мрзи да барам :D .
    Лето 2014 - та , маж ми од касарна Велес , го пратија на едномесечна обука во касарна Тетово . И сега како што е редот " гуштерите " одат на стража , каде ќе ги пратат претпоставените , таму . Го пратиле на местото каде во 2001-ва биле убиени терористи .. Ќе речев измислува или психата си поиграла со него , ама тој не знае во тоа време дека на тоа место се убиени терористи ( патем , нивните мртви тела виселе на жицата неколку дена ) .. Ми вели , цитирам : " Седам ја на едно трупче и пушим цигара , кога одеднаш од хангарот со тенкови , слушам чекори , некој се движеше таму . Фрлив цигарата , станав и полека се доближив до хангарот , гледам на вратата - огромни катанци , заклучено е , нема шанса некој да провали .. Силно викнав стооој .. ништо , повторно слушам чекори и движење .. е мајката , стоојј .. застана . Таман сакав да прашам кој има таму , мислев заборавиле некој вработен таму , го заклучиле , па да пријавим на моторола да дојдат да му отворат , почна повторно влечење на нозе и движење .. А наспроти мене , село Порој и жица со огромни дупки на неа , си викам Бог да чува , да не е некое животно да ме распарчи .. ништо зедов заминав на соседното стражарско место и останав таму до смената . "

    Утрото на доручек , старешина раскажувал за 2001-ва , и раскажал дека на стражаркото место ( по број го кажал , ама не се сеќавам кој број беше ) каде што бил маж ми на стража , се случило убиство и тоа масовно , околу десетина луѓе ако не и повеќе , виселе на таа ограда , дупките биле од оружјето од кое се убиени истите тие луѓе . Кажал и дека никој од војниците не сака да оди на тоа место , бидејќи има духови , оние убиените шетаат ноќе врз хангарот со тенкови .

    Маж ми се стаписал . Не кажал на никој за да не го направат будала , ама знае што чул , не халуцинирал :worried: . Крипи :worried: .

    Неодамна поминавме од кај хангарот , и местото е јаезиво само однадвор , камо ли да седиш таму во 2-3 часот по полноќ :worried: .
     
    На Feminka22, kikkki, Cosmic Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    @WildMk

    Од каде ги спушти епизодите, превод на англиски каде може да најдам за The Outsider?
    Има сајтови со превод, меѓутоа ниту еден не е функционален. Линковите водат до глупави страници.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не знам.
    На ХБО ја гледав
     
  15. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Добро.
     
  16. Mommyysk

    Mommyysk Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Јас слично на твоето мислење имам слушнато. Колку е точно не знам..
    Камионџија си возел рута и го стопирала девојка облечена во бело. Била по кратко облечена и возачов и ја дал јакната. Му кажала да ја остави кај неа дома. После некое време му текнува, дека јакната ја заборавил и се враќа по нес. Зазвонел и излегла жена во црно (таа била мајката на девојчето) . Се претставил и ја побарал девојката,мајката му рекла она е почината пред 2 год во сообраќајка. Човеков не поверувал, отишле на гробот, ја нашол јакната оставена на нејзиниот гроб.

    Се наежив додека го пишав ова.
     
    На Cosmic Girl и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ае луѓе какви приказни има на интернет вакви, и сите се слични. Не се нешто wow или импресивни.
     
    На Dushica_soul му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Приказнава кружи со години во сто различни варијанти. :D
     
    На Cosmic Girl, Billy Idol и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Ова creepypasta e, не е нешто во земјава десено, буквално приказна измислена е, на англиски ја има на интернет.
     
    На Cosmic Girl, Billy Idol, Indiegurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас ја знам верзијата со таксистот,кај тунелот на смртта кај Велес.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.