1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам истата приказна слушнато.
    Дали верувам? Не.. И да.. Не знам..
    Порано бев опседната, по цело време само такви приказни читав по интернет, гледав видеа..
    Можеби има некои вистински настани, ама сметам дека повеќето се измислени.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    https://tinyzonetv.to/watch-tv/watch-the-outsider-2020-free-22674.5418940

    Повели :)
     
  3. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    И двата преводи не чинат? :|
    Ај види и на овој сајт: https://europixhd.pro/watch-online-...020-season-1-online-free-hd-streaming-europix

    Овде имаш малку реклами, ама имам гледано некои работи и на оваа страна, не е лоша.
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам уште еднаш, и се извинувам што те намачив. :hug:
     
  6. Dejanaaaa

    Dejanaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Ова и се случи на другарка.
    Да напоменам не ни излезе никој, никакви сенки и духови и слично. Бевме 4 другарки и за викенд бевме договорени да се тргнеме во село, да се одмориме од гужва. Ни текна во 10 часот навечер да прошетаме низ село ама малце залутавме по една тесна уличка каде што беше темна и немаше никој во тоа време, кога оддеднуш една од другаркиве истрча од нас и почна да вика на цел глас: Гледајте бе какво цвеќе! (Беше ставено до едно дрво, беше бело со црвени ленти, полу суво). Го допре другаркава и буквално неколку секунди не се помрдна ниту па кажа збор, додека ние во паника и викавме да се тргни и да не го допира повеќе, ја прашувавме што и е а таа не реагираше. После се сврти кон нас и ни рече дека цел живот би можела да го гледа ова цвеќе бидејки почувствувала спокој и некое убаво чувство во неа. Ај мислевме се зеза со нас сака да не плаши, ама одвај е тргнавме луѓе, така воодушевено го гледаше што вистина мислевме дека се работит за некоја магија. Заминавме дома, таа цела вечер не прекина да зборува за тоа цвеќе, ни кажа штом го видела како нешто да е натерало да дотрча и да го допре. Е теравме да ојт некој магијата да и ја тргнит (пошто бевме убедени дека имат нешто) и мајка е ја тераше, ама таа упорно кажа дека сега и е многу убаво и не сака да оди по такви работи дека можеби пак ќе биде несреќна. Почна да не загрижува искрено. Само после неколку месеци од оваа случка девојката се промени позитивно што сите не изненади, животот и нејзи и на нејзините им тргна во убава насока, можам да кажам дека вистина се среќни и средени луѓе сега. Во блиската нејзина фамилија имаше болен член што не му предвидуваа баш долга, убава иднина ама ете и тој оздрави и е добар. А што бидна со цвеќето, како бидна, прашувавме никој незнаеше кој го ставил и зошто ама можам да кажам дека толку ни е чудно и необјаснета случкава што нештово секогаш не замислува. Само знам дека една пријателка на мајка е кажа дека цвеќиња ставале така доколку на тоа место се десило некоја трагедија. :?:
     
    На Indiegurl и kikkki им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.162
    Пол:
    Машки
    Во зградата каде што живее баба ми, има еден празен стан и веќе 10 години никако да се издаде на подолг период/продаде. Кружат разни муабети зошто и ден денес тој стан е празен, иако реновиран. Имено, во тој стан пред повеќе од 10г живееа маж и жена кои доста се расправаа, викаа, фрлаа со предмети, многу големи кавгаџии. Се додека еден ден мажот ја застрела жената и потоа си го одзеде животот на ист начин.

    После случката тие шо го наследија станот, целосно го реновираа(по неколку години), но никој шо го изнајмил не останал подолго од 1 месец. Наводно, чувствувале некаква напнатост, немир и тежина, а воедно им било многу бучно од околните комшии иако баба ми вели дека зградата е доста мирна бидејќи во главно живеат пензионери. Околните комшии пак и кажуваа на баба ми дека од време на време се сведоци на бука и кавги во станот иако тој е празен, дури неколку пати била повикана полиција од страв дека некој провалил во станот, но тој бил празен.

    Јас кога одам/бегам од кај баба ми, бидејќи нема лифт во зградата, со трчање минувам покрај вратата од станот иако не сум бил сведок на нешто необјасниво до сега. :worried::lol:
     
    Последна измена: 27 јануари 2022
    На Kimberly11, Angie1432, GymGirl❤ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Многу е битен психолошкиот аспект, самата помисла дека нешто се случило на луѓето може да не им дава мир.
     
    На kikkki и Matotheja им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Втор пат ми снемува нешто од дома.Нит ми дошол некој на гости, нит го земал некој.
    Не сум до толку излапена да не знам кај ми се работите..
     
    На Cosmic Girl и Zhukov им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Кога нема да ти треба ќе го најдеш :lol:.
     
    На Kimberly11, christinnn, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    Ако тоа што го бараш е мотивација за учење во испитна сесија, не се грижи, нема да дојде за брзо..
     
    На simoncelicius, CrazyGirl15 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Ват да фак..само шо и` го кажав тоа на мајка ми
    среќа се` положив, сеа ако сака нека дое ако неќе нека си оди
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била сведок на паранормална појава, а би сакала.
    Ми имаат други раскажано па ќе ги пишам. Сите раскажувања се од мои ептен блиски луѓе, на кои им верувам и со кои имаме меѓусебна доверба. Значи на кои немам причина да не им верувам. Беа раскажани без зафрканции и без знаци дека лажат (добро проценувам кога некој лаже врз база на мимиката, говорот на телото и сл.), во сериозен муабет.
    Едниот ми раскажа како кога бил чувар во приватен хотел едно утро ја проверувале со колегата снимката од надзорната камера што снимала над влезот на хотелот. Не се сеќавам што точно било причината за вонреднава проверка, и враќањето на снимката, дали нешто имале забележано утринскава смена некое оштетување или нешто скршено кај влезот или нешто било отварано. Важно морале да проверат за натрапници. Кога ја вратиле снимката, забележале дека не било човек, туку бела фигура, како магла, прозирна, без јасни граници, си доаѓа по тротоарот се задржува околу влезот и влегува во хотелот. Не знаеле чувариве што да кажат. Со свои очи вика ја видов снимката, да ми раскажуваа други немаше да им поверувам.
    Вториов ми кажа дека додека возел кола и застанал на семафор погледнал кон небото и видел нешто што не можел да препознае што е. Дење било, денот убав ведар, без облаци и сл. сметњи. Вика стоеше како да лебди во воздух, многу светла топка, ама не како правилна топка, туку можел да примети дека е како некој полиедар, како да има ротирачки страни. Имал впечаток дека страните не мируваат туку се вртат зошто светкале т.е се менувал одразот на светлината. На сувозачко до него била и мајка му и ја прашал што е она, и таа не знела. Двајцата значи го виделе истото. За кратко брзо го снемало НЛО-во од видик. Случкава не е случена сега скоро, туку негде пред 20-ина години во време кога немаше толку дронови, така да му останало како необјаснето што било тоа што го видел.
    А и ова, пред неколку години пријателка, така подуплашена, ми раскажува како претходната вечер се враќала сама од град кон дома. Не било многу доцна пред полноќ ама веќе стемнето скроз. Живее во населба со куќи и на пат кон дома проаѓала покрај љуљашки од детско игралиште. Забележала дека едната од двете љуљашки се ниша. Се колнеше дека немало ветер. Извадила мобилен и ја снимала љуљашкава па ја видов снимката. Гледам на снимкава, стварно едната се ниша убаво и рамномерно, не малку да се клати, него од еден до друг крај, со чкрипење на ланците, згора на се. А другава љуљашка до неа не мрда. Жив човек нема наоколу освен неа, тврдеше дека немало животни или некои луѓе во нејзина близина или пред да снима. Јас и викам абе струење на воздухот е некое, само од тука поминувало, само еднава љуљашка ја фатило, за да ја смирам, да не се плаши.. ама реално многу беше creepy и мене ме уплаши само несакав да ја плашам дополнително. :D
     
    На CrazyGirl15, Kasiopaja221, GymGirl❤ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Интересни случки, само јас да бев на местото на пријателката немаше да ми текне да снимам :worried:, од паника немаше да знам кој крај да го фатам :lol:.
     
    На Cosmic Girl, CrazyGirl15 и GymGirl❤ им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.596
    Допаѓања:
    18.785
    Пол:
    Машки
    Се си мислам се е до психата.. кај мене во зграда имаше убиство и самоубиство. Одма до нас се со влезот, сопругата беше болна од алцхајмер нешто, забораваше и сопругот ја уби со пиштол потоа се фрли од тераса и почина на самото место, по само 20 минути сакав да си влезам во стан, гледам сето полиција итн, несакајќи го видов телото на мажот, но покриено беше...
     
    На kikkki и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Jas veruvam vo drugi svetovi, megjutoa smetam deka tie ne se dostapni i vidlivi so oko (ne sakam da obrazlozhuvam premnogu), taka shto, za mene ovie prikazni se proizvod na imaginacija.
     
    Последна измена: 11 февруари 2022
    На Dushica_soul, kikkki и Zhukov им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.348
    Пол:
    Женски
    Седевме со дечко ми кај него во дневна си слушавме музика, и едно време од кујната падна нешто, кога се свртев видов шише како се тркала по кујната, се тркала и паѓа доле, значи паднало од постолјето за садови на кујна и од таму видов кога падна доле.. Можеби саат ипол си седевме во дневна т.е никој не отиде во кујна, и немаше никој во станот освен нас, земјотрес немаше, проверивме. Леле луѓе, толку се немам исплашено одамна, а и уште не можеме да си ја објасиме таа случка, ДМ се зафркава дека се духови, од кога си отидов постојано ми пишува дека сум го оставила сама со духот, и он се исплаши многу..
     
    На kikkki, Cosmic Girl и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  18. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.251
    Пол:
    Женски
    Последно шо ми се има случено. Баба ми почина сеа скоро нема ни 40 дена.
    Јас, баба ми, мајка ми и тетка ми помеѓу нас си викавме Маре .
    На денот на погребот отидов да купам цвеќе. На лентата за последен поздрав на цвеќарката и кажувам од вкуката и моето име кое нема ни М од Маре. Жената почна да пишува и како шо пишува збори од внуката МАРЕ и ги напиша првите две букви МА.
    Јас во шок викам не туку моето име и жената зачудена вика како јас слушнав МАРЕ . Вујна ми беше со мене ја погледнав и само се насмеа.
    Се уште стои лентата со преправените букви од Ма. :l:
     
    На 1209, Safira26, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Da ne zivees vo Aerodrom?
     
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.596
    Допаѓања:
    18.785
    Пол:
    Машки
    Не.