Темава ја читам од време на време случајно ако ми излезе и морам да кажам дека сум човек кој не верува во вакви ствари, не верувам ни во астрални проекции и слични глупости. Пред малку ми се случи нешто што ме замисли. Со брат ми седиме на горниот спрат кој иако е среден ни служи само за спиење и евентуално да гледаме филм во дневна. Храна и такви ствари немаме. Се е на долниот спрат. Седев сама горе и се симнав до доле кај моите на 10 минути. Се качувам горе и вратата од горниот спрат беше подотворена - не се сеќавам набрзина се симнав и може јас сум ја оставила. Ама прво влегување горе ми корне на лук, значи она апла лук смрди. Се сецнав прво, отворив прозор и си реков ајде нешто умислувам. Се качува мајка ми по мене и ми коментира што смрди на лук, јадеше ли лук? И сфаќам дека не умислувам туку дека стварно мириса, и мирисот доаѓа од внатре. Се превртов лук не најдов. Надвор не мириса на лук нити на било каква храна. Стварно не ми е јасно што се случи за тие 10 минути додека бев доле, затоа што пред да се симнам се си беше нормално никаква миризба ништо.
Јас така дома јадам чипс со лук ама не кажувам на никого затоа што ќе ми го изедат, ако ми остане го кријам..
Без намера да те плашам додатно, еве што знам од гледање хорор филмови и емисии за паранормални појави: Мирис од никаде велат дека е еден од начините на починатите да ни дадат знак за нивното присуство, да не потсетат на нив и да ни стават до знаење дека се покрај нас. Не е значи нешто негативно. Демек обично се работи за мириси кои недвосмислено ќе те асоцираат на нив, како некој омилен парфем на женста или мирис на цигари ако бил нон стоп со цигарче.. Е сега ако мирисот е на лук обиди се да се сетиш дали некој твој починат го сакал многу и јадел постојано и си мирисал на него. Сега смешно или не, може тоа е мирисот кој најлесно асоцира на тоа лице. И исто така има починати кои во животот биле за другите добро познати prankster-и или шаливџии па сакаат да даваат знак со гаднички мириси на прднато или на нешто вакво ко лук . Па така ќе знаеш дека мора да е тој/таа во прашање... Како и да е не се плаши. Може да е донесен и од некоја кујна мирисот, независно што не е блиску. Со ветер сега се шири лесно. И да е паранормална појава не треба да те плаши. Мене на пр.само мирис на скапано или на сулфур во три и триесет и три ноќе би ме подзаплашил . Во хорор филмови така се јавуваат демоните
Кога имав корона се вака ми мирисаше и од спиење некогаш се будев. Дали короната е демон? Прашање што ме мачи.
Ама сериозно и да ми бил некој близок што починал, сега што има да се плашам од моите блиски починати или од моите предци? Тие ниту лоши луѓе биле ниту лошо ми мислеле. А и помал е стравот од непознатото и необичноото ако имаш некакво објаснување за него, макар и мистично. Така најпрво започнала и религијата на крај на нештата..
Леле некад толку ми се смешни овие паранормалниве си викам која им е логикава бе ?! Еве и да верувам дека после смртта може да си останам дух што си се шета уште по земјава зошто би правела отвори-затвори на вратичка од шкаф или на нечија врата? Зошто воопшто би нервирала и плашела луѓе со сенешто кога би можела да отидам на пример кај што не сум била никогаш. Може да си одам на тропските предели, на највисоките планини, во најдлабоките океани..зошто ова да не го видам туку да си ја минувам вечноста во гледање некој си таму како си седи на шоља во вц или си крчи или си прави манџа?? Еве не знам стварно
Според твоиве образложенија и сцениве... ...доаѓам до заклучок дека и не ќе да е баш толку лошо да си и дух
Ми се случи нешто што на никој не сум го кажала, а и не сакам да верувам дека е нешто паранормално. Маж ми беше излезен, а јас и децата си легнавме. Едно време се будам и слушам ламинатот крцка исто како да оди некој по него. Си помислив дека си дошол мм, ама не беше тој. Исто и стрелките на часовникот ги слушав како отчукуваат, во исто време прекинува и крцкањето на ламинатот и стрелките на саатот. Наредниот ден видов дека саатот не работи, а не се ни сеќавам дали претходно работеше. Многу ми беше језиво во тој момент кога се случи ова, срцето ќе ми излезеше мислам. Исто така многу често ми се случува да слушам како некој го шепоти моето име. Имам читано нешто за ова ама не се сеќавам што како беше
Одговорот многу ти има логика . Имам братучед кој е починат млад, стрина ми збореше секогаш кога има некој проблем го осеќа неговиот мирис мајка ми не и веруваше си помисли на жената од жал и се причинува се до минатото лето кога исто имало некој проблем седат во двор никој не мрднал од место и одеднаш го осеќаат неговиот парфем.
Некогаш ако сме долго време затворени во една соба, шо ми се случува и мене понекогаш се навикнуваме на миризбата која ја има подолго време, од непроветрено, но ние не ја сеќаваме макар и 5 сати да седиме во собата, кога излегуваме на чист воздух и пак влегуваме е тогаш рецепторите за мирис се будат. Конкретно кај мене се имало истурено масло некое за масирање во несесер си стоело така цело време и сменило во миризба ко на лук, ко на лек не можев да опишам, а несесерот во фиока и пак мирисаше. Одвај открив од кај иди миризбата.
Сношти ми се деси нешто што и пред неколку вечери исто. Значи јас си легнав да спијам и по неколку минути или саати не знам се будам и го гледам мечето маче како нешто луто ми треска по наткасната. Имам три мечиња и сите се распоредени подалеку од креветот и како ова баш успеало до наткасната да стигне. Седам пет десет минути и свесно будна си викам леле ко ќе му кажам на овој утре пак ќе ме направи блесава. Исто така првиот пат ми викаше дм како сум гледала навечер, ама јас гледам и со изгасено светло гледам колку толку.
Како што кажав, храна на горниот спрат немаме. Цел ден бев сама горе. Проветрив и мирисот исчезна. А доаѓаше од внатре. После тоа не се чувствуваше миризбата. Да имало нешто, било што заборавено ќе продолжеше да мириса.
Wtf? Мачето само се движеше или лошо разбрав? За оние плишаните играчки мислиш? Морници ми поминаа брррр И да, очите се адаптираат ако долго време си во темно, па колку толку можеш да гледаш во темница.