Како што имам читано тоа се обично души што неможат да се оделат од овој свет и спокојно да ја напушти земјата нешто ги спречува. Дали тоа било насилна смрт во која несакал некој да умре или убиство или млада жена децата што си ги оставила и обично тие таквите духови станувале душата неможе така лесно да се помири и да го напушти овој свет. Не за џабе на места кај што имало масакар во куќи или убивста после тоа се кажува дека тие места имаат духови или се слушаат чудни звуци ...
Вчера го слушав Corey Taylor од Slipknot на гости на подкаст кај Mayim Bialik, раскажуваше ептен језиви паранормални дешавки, интересно е тоа што го зборува, еве ја епизодата: https://open.spotify.com/episode/5b...i=24Nspli1QwGyFZWPvwnRxw&utm_source=copy-link
Искрено не верувам дека постојат вакви работи,опседнати кукли, духови, паранорнални активности.... ама твоево е крипи бе ... Не знам, пробај со темјан, ама мене би ми било страв да спијам пак со нив околу мене
И јас имам читано за овие “phantom smells”, но обично се foul односно непријатни по природа. Доколку сте слушнале за познатиот филм Amityville horror и “вистинската” приказната врз која што е базиран. Во наводно опседнатата куќа луѓево се жалеле на непријатни миризби на скапано, расипано и сл.
Абре, остави ја мачката. Се случуваат такви работи, и мене језивата кукла што ми ја подари мајка ми почна сама да пее од затворениот плакар, а никој ја нема притиснато повеќе од 10 години и што сега? Требаше да ја запалам, фрлам? Не. Ене ја си стои, и не пее, се деси еднаш и толку. Ајде барем ти не си паничарка, и имаш повеќе духовно искуство од 90% тука на темава, нема вајда плишана играчка да те исплаши? Со темјан ако ја исчатиш ќе ја запалиш, затоа остај. Аман луѓе.
It's all fun and games додека не ги видиш со она кујнско ножиште или секира над тебе во 3 сабајле. Don't say we didn't warn you!
@buba4e89 аман бе анабел ли ја имаш дома? Океј озбилно сега, да не ти се причинило дека ја движи шепата со оглед на тоа што било сред ноќ и си се разбудила од сон? Делот кај што била преместена нема објаснување.
@buba4e89 сигурна ли си дека не си сонувала? Некогаш има толку реални соништа што и после долго време не можеш да разбереш дали било сон или јаве. Или пример ако реално се десило, зошто не ја запалиш одма ламбата во моментот кога го гледаш тоа. А ме интересира за првиот пат кога викаш дека расфрлало наоколу, дали после од кога стана беше стварно расфрлано?