Абе од кај да знам. Најпрвин помислив тролаш. Језиво е ова. А и ме чуди зошто уште ти стои мечето. Јас да сум со се партали ќе лета
Јас имам можеби преку 20-30 мечиња на син ми, и синоќа баш помислив на ова од @buba4e89 и ме фати језа.
Форумче језиво ми е, напишав погоре дека надбљудував што се дешава краткотрајно само и не запалив светло. Мене ова ми е втор пат не ми е прв пат. Повеќе се плашам кога ќе видам сенка на човечка фигура, што еднаш ја видов и срипав,ја запалив ламбата, срцето 300 ми беше. Јас си знам како ми е, немам што да тролам или не знам што,немам корист од тоа. Што вика Акрониа има нешто тука. Некоја виша сила, не знам. Пред некоја недела залетано трчав по бус да фатам, пред мене имаше споредна улица а од моја десна страна идеше кола, јас залетана не знаев дека колата ќе сврти баш на таа улица абе не знам што ме сопре ко у ѕид да се удрив некој за влакно можев да завршам фатално. Осетив болка во прстите доле,како кога ќе се удрите од маса. Едноставно на некои прашања немам одговор.
Sekogash koga odam vo kukata na dedo mi vo dvorot gledam prvo bela peperutka. Odam obichno vo prolet I leto zasto nikoj ne zivee tamu. Neznam moze nema nisto paranormalno tuka, no me potsetuvam Kako dedo koga me preceduvase na vrata, sekogash toj prvo ke izlezese.
Те молам немој да зборуваш глупости. Ако немаш соодветен аргумент воопшто не коментирај.Дрога не ни користам ниту ќе користам за да халуцинирам.
Јас кога прочитав дека на прозорецот видела жена со бебе не можев ноќеска да одам во кујната , оти немам ролетни таму и ми беше страв да не ми се појави и мене такво нешто Од кога почнаа вакви работи да ти се случуваат?
Има халуцинации тогаш, затоа на тоа ми текна. Иначе да, не можеш да мрдаш со телото. Всушност, ако успееш да мрднеш со раката ќе се разбудиш скроз и ќе престане тоа. Дали можеби престанало од ко ја мрдна раката?
Чејте ја не сфатив. Имала плишана играчка маче што рандом ја мрдало шепата или живо маче миленик што рандом луто удирало по плишана играчка? Оти и маче и мече прочитав. Мало сам збуњена, Мада мислам првото.
@buba4e89 дали некој од твоите блиски кои се веќе починати ( независно дали скоро или поодамна ) те штител секогаш и прекумерно додека бил жив ? Дедо , баба ? Можеби се лути на тебе за нешто ? Не знам како би го објаснила ова , за да ме разбереш подобро .. Штом те штити , веројатно тоа е твојот ангел чувар , те штител и кога бил жив .. ---------------‐------------------------------------------------------- Јас за себе знам дека имам ангел чувар , но не сум сигурна баш кој би можел да биде тоа . Можеби и е св. Никола , родена сум на 19ти декември , денот кога христијаните го празнуваат св. Никола , но околностите биле такви , што мајка ми се плашела да ми даде друго име ( докторот кој ја породувал се викал Никола , бабицата Николина , патем бабицата ме породуваше и мене со првотот дете кога се породував , кога ми ја виде здравствената ми вели " па јас и тебе те држев кога беше бебе , се сеќавам карлично се роди без царски затоа и сум го запамтила тој случај " , како и самиот ден св. Никола ..) Или можеби баба ми ( по мајка ) или дедо ми ( по татко ) , кои ме штителе многу и кога беа живи .. за жал дедо ми ( по мајка ) почина кога бев многу мала , и не се сеќавам дали ме штитеше како останатите а беше добар човек , да поживееше сигурна сум дека ќе беше многу добар дедо .
Баба ми ( од страна на мајка ми ) многу ме сакаше, за жал одамна е почината. Дедо ми ( од страна на татко м) исто така. И од двете страни одамна се починати.
Истото се случи и вчера, седиме во дневна и одеднаш падна капак за тенџере од сталажата каде што стоеше, од нигде никаде, си седиме, гледаме филм и само слушам бум, гледам капак од тенџере како паѓа доле.. Не можам да си го објаснам ова со шишето, а сега ни ова со капакот, не знам како да си го објаснам и збунета сум.. Како може да паѓаат така работи кога никој не ги допира?