Мене ми падна дуксер така пред некој ден, седи на третата полица у шкафов кај мене, а шкафот ми е до плафон, па не чепкаме таму.Си препишав на тоа дека со тек на време се лизгал од јорганот, и на крај му пукнал филм и паднал.. не ни сакам да мислам шо е пошто ќе се иселам. а иначе имам слушано како ми свири некој на уво, ама препишувам на дека е.Мада не бев толку однесена и не дувам од вчера за да не разликувам халуцинација од реалност.. и тоа нека седи така зашо ве читам бе интересно ми е, ама си викам ај ќути, да не не ти верува некој или да не се развлечат муабетите, и пак
Ако било ставено на сталажата неубаво, може да се лизгало постепено и да се откачило во еден момент. Јас верувам во паранормално ама и сум многу приземјена истовремено. Секогаш прво барам рационално објаснување и сакам да исклучам се пред нешто да речам дека е натприродно. И скоро секогаш се наоѓа рационално објаснување. Инаку паѓање, поместување на предмети и тропање и сл се нарекува poltergeist. Зборот е со германско потекло, кованица од два збора и значи бучен дух во буквален превод. Почнува обично со некој звук или со мали, неприметни промени, кои обично и да ги забележиш ќе ги отфрлиш како паранормални и ќе си најдеш објаснување. Но со тек на време може да се засилат така да не може да се игнорираат. Некои викаат дека обично има делови од денот кога се случува ваква активност, не мора да е ноќе, може да е и дење. Времето велат може да тоа што е зашто има симболика за духот, на пример тогаш умрел или нешто сл. Сум гледала милион видеа од овој тип на јутуб. Сите се фејк. Само за два канали/семејства сеуште не сум убедена дека се лажни..
Некои од "необјаснививе" случки можат да се објаснат. Пример, кога пред некоја вечер минував покрај гробишта и видов три силуети пред влезот за таму, баш се загледав да видам дали навистина луѓе поминаа, гледав дали излегоа накај правецот каде што се упатија ама ги снема, па објаснувањето е - може да ни се причиниле некои работи. Гледам заинтересираност, па ќе споделам една случка од пред неколку години, кога студирав. Гледам не сум ја споделила. Седев во студентски дом со една цимерка. Стив Наумов беше, тие новите бараки. Една вечер, цимерката се спреми и отиде на роденден. Јас зедов да читам книга. Во собите има и две сијалчки над креветите, па вечерта беа само тие пуштени, ако добро се сеќавам. И се' ок, си читам јас, кога одеднаш слушам шушка нешто позади мене (на стомак бев легната). Некоја кеса, таков беше звукот. Не обрнав внимание и продолжив да читам. По некоја минута, повторно шушкање. Пак не обрнав внимание. Трет пат, шушкање од бањата, таму кеса имавме во корпата за отпадоци. Тогаш веќе ми стана чудно и сомнително и го зедов телефонот, гледам саат - 03 и некоја минута. Е тука се здрвив. Истиот момент, нешто на бирото од цимерката, полно со шминки од што се спремаше, со чаши и некои дреболии, се помести нешто. Го слушнав звукот кога нешто преместуваш, ставаш на друго место, на површина кај што удира. Се јавив одма кај другарка од соседна барака дали спие, да појдам кај неа оти не можев веќе да останам тука сама. Среќа, не спиеше, одма излегов. За брзо си дојде цимерката и се вратив. Инаку, "демониве" ме оставија на мира откако се свртев кон верата, пост, молитва, такви работи. Значи, има нешто во ова.
Леле кај почнав да ја читам темава, кај се запустив, почнаа да ми се случуваат чудни работи. Сега се случи ова пред пола саат најпрво бев во маркет, и цело време слушав како некој шепот, или како некое викање низ шум на дете од позади рафтот, отидов таму нема ништо, и стојам и упорно слушам тоа, се вртам наоколу никој не реагира сите си пазарат, и си викам сама дај не се губи ќе помислат дека крадам, беља ќе си направам без потреба. Излегов и идам дома, седиме со детето во мојата соба го пресоблекувам и наеднаш ми се пушта музика во дневна, а нема никој во собата буквално, јас мислам да не е мајка ми, а ни она не беше таму, и се расправаме од прееска и објаснувам, ми вика детето сигурно го притиснало даљинското, а детето со мене беше во друга соба. Стварно не ми е јасно, језа ме фати ептен, си викам кај дојдов на гости што ми требаше. Ептен се нервирам сега.
Ми текна ова со шушкањево. Поодамна ми се случуваше навечер кога ќе изгасам светло неколку ноќи по ред да слушам шушкње на хартија и ќеса во собата. Имав книги и некои ќеси ама немаше прозор ништо за да шушка само. Дури почна гласно да станува, од памет ме вадеше, не можев да спијам. Ова само на темно. Све дур еднаш додека беше запалено го слушам звукот пак и гледам едно бубаче лета и само ми слетува по книгите и рандом места, од едно на друго. Си летало само кога ќе изгасам, ама тогаш се издаде. Го утепав (тоа е...) И од тогаш престана звукот.
Не е некоја хорор случка ама пак е weird. Бев излезена и на излегување носев штипка на косата, ама од тие така со средна големина, значи не ситни. Додека бев надвор ја тргнав штипката и ставив во џеб од јакна. По некое време седнав да јадам и ај да ја фатам косата да не ми смета, бркам во џеб и ја нема штипката. Пак проверувам сегде по џебовите од јакна, ташната, нема.Велам ај ми паднала некаде сигурно. Океј. Завршувам со јадење и на пат накај дома, рандом си ги ставам рацете во џеб и ја напипувам штипката во истиот џеб кај што ја стаив на почеток о.О. А пред да јадам убаво го испипав џебот и ја немаше
Овој тип на случки се дефинитивно најјаки, колку да те изнервираат. а стварно се чести, и мене лично многу пати ми се имаат десено вакви работи.
Пред некој ден слушам дома мачка како ми мјаучи а јас сама дома, одам низ куќа, нема ништо, ми мјаучи цел ден, збудалев веќе значи, сегде проверив од каде доаѓа звукот, кога, онаа апликација ја има една на телефон со мачка и кога нема да го нараниш Том тој мјаучи, епа малиов го ставил телефонот во фиока во кујна кај вилушките и лажиците и тоа ми мјаучело цел ден.. Земав и му ја избришав апликацијата после тоа..
Епа ако си 93 родена а немаш уште дете,сигурно Бок сака да ти порача оти треба да се фатиш за работа или да замрзниш јајце клетки.
здраво феминки. Вчера еден другар што бил во војска ми раскажуваше за касарната во Велес, дека во тој некој си таму тнр. Црвен павиљон секоја вечер се слушале гласови, крици, вратите сами се отварале и се затварале, дека ти се слушаат чекори како да доаѓа некој накај тебе а сето тоа е пропратено со други абнормални крици. Тој една вечер бил таму и само што се стемнило почнал да ги доживува и да ги слуша сите овие работи и цела ноќ ја преседел надвор пред павиљонот. Постоело некоја стара легенда за тој објект дека некогаш таму имало војник кој што барал отсуство од војска за да оди на погреб кај мајка му или брат му не знам. И кога не го пуштиле вечерта ги заклал сите што спиеле во објектот и затоа секоја ама секоја вечер се слушале вакви необјасниви појави. Мојот другар дојде преплашен. Цела ноќ ја преседол надвор. Би ве замолила ако некој знае нешто повеќе за оваа легенда или има кого да праша дали е тоа вистина да ми пише.
Vistina e toj bil bosanec od bosna go natepale i toj gi utepal site im se odmazdil i bela siluteta se spustala i se gledale faci niz zidovite i nekoj ato bil strazar koga go videl toa go mavnalo infarkt od tie jezivi krici i se pojavuvale senki od vojnicite toa e vistina taka imam slusnato.
Не знам за случката ама знам дека на стража секогаш се врти некоја ваква приказна, за мајтап, да уплашат некој и да му се смеат.