Гледав во косата и го спуштив погледот надолу во очите и цели ми беа темни црни а позади мене видов сенка на човек .....
Па не ми е јасно како си ги гледаше сопствените очи? На огледало ли? Зошто ако пишеше огледало, ќе пишеше дека си го видела и човекот на огледало, а ти пиша дека си го видела во сопствените зеници. Врти ги како сакаш очите без огледало нема да можеш да ги видиш
хахахаха мислев дека сфати.... во соба имам огледало и значи погледни во огледало во зениците и исто како на огледало можеш да видиш позади .... е така видов а кога се свртев позади без огледало знаши како што гледам сеа немаше никој се га јасно е ?
Месечарите, ништо посебно, од умор или нешто слично се случува. Мене ми се случи во прва година на факултет кога бев, макар што претходно не сум имала таков проблем, но долго немав спиено нормално, прилично многу читав и бев под стрес заради испитите и што ли не... и мене не ми беше јасно што е работата, се додека една вечер не сонував како со цимерката седиме на маса демек ручаме и таа ми вели подај ми ја крпата и јас нормално во сонот тргнувам да ја земам од шкафот и во истиот момент кога клекнувам да ја земам слушам, ШТО ПРАВИШ?!? Отварам очи ја гледам цимерката во кревет лежи и зјапа во мене ко да не сум токму, а јас насреде соба чучната пред шкафот со крпата во рака . И тоа е тоа. Ништо страшно, умот ми правел трикови дур си спијам.
Ако сте виделе нешто такво и двете не сте се подзамислиле дека е можеби стварно тело? Не мора полиција сте можеле да кажете на некого да провери. Баш затоа што 11 години не биле тука! Може била и баба Зумбула!
Денес на училиште носев кратки хеланки и на часот ја подигнав хеланката и некаде кај коленото ги напишав првите букви од имињата на моите три најдобри другарки (+мојата прва буква) и заборавив да ја симнам хеланката.Целата замислена и венесена во тоа што објаснува професорот нешто почна да ми ја тегне кожата таму каде што беа буквите и тоа почна да ме струга и да ги брише буквите и тие исчезнаа.Тоа што ме допираше беше нежно како дланка.Болката беше неопишлива.Молчев,ништо не кажав бидејќи ќе ме направеа лудача.А знам дека пред 3 месеци почина едно девојче од другото одделение
Некако не ми е јасно, како тоа беше нежно како дланка, а во исто време и болката беше неопишлива??? Навистина не ми е јасно и сега мастилото од пенкалото го снема од твојата нога, ти остана црвенило ли како лепенка се одлепи???
Мене лично немат ми се случено многу чудни работи на кои сум обратила посебно внимание, но сепак има се случено да слушам гласови, кои ми зборуваат нешто но не можам да ги разберам што сакат да кажат. Тоа се случуваше до пред 2 години од тогаш немат се појавено пак. Но, сега ке ви раскажам за една случка која им се случи на моите родители пред околу 20 години. Пред мене тие имале друга керка. Еден ден мајка ми била сама дома со сестра ми, татко ми на работа, и како да и се чуло нешто дека има пред вратата. Кога ја отворила внатре од никаде влегла една црна овца и отишла веднаш во спалната во креветчето на сестра ми и таму се измочала. Мајка ми не знаела чија е овцата и затоа ја заврзала пред зградата за едно дрво ако некој си ја препознае да си ја земе. Но овцата никој не ја зел. Се распрасувале низ комшии да не е нивна но никој не ја видел предходно. Другиот ден овцата не била пред зградата повеке. После многу кратко време (околу еден месец) сестра ми се разболела од леукемија и по два месеци починала. Кога отишле мајка ми во црква по немилиот настан му раскажале на попот што им се случило и тој им рекол дека всушност овцата била пратена од господ за да ја дадеме ку*бан на црквата, на некој начин да ја жрвуваат овцата за сестра ми. Тие не си земале многу здраво за готово кога тоа се случило бидејки не верувале во такви необични појави но сега се многу суверни за такви работи. Спојлер овој ист текст го напишав и на кајгана ако ви е познат од некаде да знаете од мене е напишан.
Па тоа го чуствував како да беше дланка,не ме галеше туку тегнеше [знаете какво е чуството кога сакаш да избришеш нешто од кожата пр. како во мојот случај - мастилото од пенкалото] а како тоа мастилото го нема на мојата нога тоа незнам.Болката навистина беше многу силна како некој да те штипа и тегне со сета сила за кожата.Инаку црвенкаста ми беше кожата некое време ама исчезна црвенилото.Затоа и оваа тема се вика Необјасниви случки.
Уауу... Морничаво... Не знам како да ти ја бојаснам ама ајде јас бидејќи верувам во духови ќе те прашам дали починатата девојка ти беше добра другарка?
Па знаеш коа ќе се видевме ќе се гушневме,ќе се бакневме во обравче и така често си разговаравме.Али на моменти беше многу нападна си мислиш ќе те убие со поглед.Имаше ептен многу проблеми девојчето,со семејство и дечковци и ретко со другарки.Мене некогаш ме навредуваше ама се извинуваше.Ама сеа.. нека и е лесна земјата.
Луѓе мене синоќа ми се случи нешто вакво,имено седев со сестра ми до кај 3 и 30 на компјутер и додека седевме нон стоп слушавме чекори во соседната соба ама не испаничивме пошто мислевме дека некој од родителите станале по вода и сл. Потоа сестра ми отиде до кујна кај што спијат моите по сок и виде дека цврсто спијат.Кога легнавме да спиеме легнавме заедно пошто ни беше страв.Чекорите по паркетот јасно ги слушавме цело време,таа целата почна да се тресе и да плаче,душиче,а признавам и мене ми беше многу страв и целата се стреснував кога слушав како некој гази.Дури и прекидачот за ламба како некој да го пушти,ама тогаш не се уплашив него помислив дека некој станал и станав да му кажам на моите за чекорите кога видов дека нема никој станато и уште толку испаничив. Ја пуштивме со сестра ми столната ламба и таа пет минути непрекинато трепереше и истовремено слушавме чекори по паркетот. Ги разбудивме моите во 4 сабајле целите уплакани и исплашени и цела вечер не сме спиени. Не знам што е работава,од сабајле цела се тресам кога ќе помислам и не сакам да се стемни и пак да морам да легнам. Многу сум исплашена...Што може да е ова...
Не се плаши Ако живееш во куќа, проучи малце што имало во минатото на тој простор. Доколку живееш во зграда, во стан, оди кај луѓе што навистина се разбираат од вакви работи, ќе ти кажат дали има нешто подметнато во станот или нешто на вас двете. Најверојатно во станот. Ќе ти каже што да сториш и послушај, доколку сакаш да се ослободиш од тоа. Секако, родителите нека бидат со вас Повторувам, немој да мислиш на тоа и да се плашиш
Торментед како да не се плашам кога јасно чувствувам чекори,а никој дома освен сестра ми не ми верува? Кај нас во зграда од починати луѓе има само еден дедо,тој лани почина и живееше на први кат,а јас сум на четврти. Во нашиот стан порано живеел еден човек со фамилијата од кој го купивме станот и нема никој починато овде,колку што знам јас,а мислам дека знам доволно. Можно ли е некој магија да ни има фрлено дома?Или нешто да не има проколнато? Обично не верувам многу во вакви работи,што знам...
И мене ми се имаат случувано некои чудни случки но не до толку како овие вашите што ги прочитав....Туку можам да предвидам нешто итн... Инаку јас лично не верувам во духови...
Јас тука ќе напишам две случки една пред 2 години еден ден по смртта на баба ми. А другата блиску... Баба ми почина ова беше еден ден после тоа. Ги облеков пижамите ја згаснав струјата и си легнав. Цела ноќ се превртував не можев да спијам и се разбудив имам проблем со спиењето и сонувањето кога сонувам нешто и кога се будам некако веднаш како да скокнувам од креветот... и така скокнав и погледнав во часовникот не се сеќавам точно иако случкава ја паметам во детали бидејќи смртно ме престраши и од многу епизоди гледани до Шептач на Духови мислев дека сум умрена... Во собата имаме врата која има како стакло и преку нејзе се влегува во балконот и преку тоа стакло на вратата се гледа што има и во 3 часот навечер така погледнав во вратата и таму од стаклото една неверојатно прекрасна,но и морничава светлина која некако беше толку... Не знам како да објаснам изгледаше натприродно не може да биде од автомобили или сијалици или сонце не ова беше нешто неверојатно! Прво си помислив дека баба ми преминува во светлина и оди во рајот не знам ако има нешто,но баба беше болна и умре во болница па не знам... Јас глупава не ја отворив не појдов туку се пикнав назад в кревет и со страв едвај успеав да заспијам... Втората случка: Беше нормална,вообичаена вечер. Како и секогаш воодушевена од полната месечина тидов на прозорец да ја набљудувам се загледав во нејзе,а пред мене се појави најпрекрасното нешто што го имам видено... Беше како бел чад од кој се правеа разни форми една беше како пеперутка,но не вообичаена туку беше како крилја ќе пробам да ви нацртам и ќе ставам слика и други форми кои не ми личеа на ништо,беше навистина воодушевувачки и упорно гледав за кратко време исчезнаа формите,но беа направени како од светлина од месечина навистина прекрасно,но неовјасниво...
По околу еден месец од свадбата ми се случи следнава случка. Утрото замина мажот ми на работа, а јас сеуште спиев. Во еден момент на сон видов едно животно слично на куче кое кога ме виде веднаш ме нападна. Во тој момент почуствував дека ме зграпчи за врат и започна да ме дави, но чувствував како ме дават човечки раце. Веднаш станав, рацете и во будна состојба ги чувствував на мене како ме дават. Околу една минута, а може и повеќе немав воздух и не можев да дишам. Додека така седев во постела, немав ни глас да викнам, ни ништо, со рацете се фатив за вратот постојано ги туркав, но како вистнски да ги допирав тие невидливи раце и ги чувствував, а никако не можев да се ослободам. Тогаш кога видов дека не можам да направам ништо само реков „ Господи помогни ми“ и во истиот момент рацете ме пуштија. Знам дека некој ќе рече тоа било сон, но она што го чувствував и допирав не може никој да ми каже дека не било вистина. По извесен период кога дојдов при себе ја разбрав ситуацијата. Пред свадбата секогаш носев ланче со дрвен крст. За свадбата го извадов (бидејќи нели се купува злато), а свекрва ми не ми купила крст туку ми рече сама да си одберам. Јас ај денес, ај утре никако не отидов да си одберам крст и така помина еден месец (до тој ден кога ми се сличи настанов). Уште истиот ден отидов до златарница и си купив. Знам дека оваа случка беше вистинска и дека ми беше едно големо искушение. Спојлер Ќе се надоврзам само на еден настан што се случил во животот на еден свет старец. Кога бил сеуште дете додека спиел еден од неговите браќа видел како едно црно куче му го лиже лицето. Станал братов и го избркал и во истиот момент пред него останал само чад, како кучето да испарило. Целиот случај бил тој дека момчето (светиот старец) секое утро станувал на молитва, но тој ден некако не му се станувало туку сонувал еден убав сон. Суштината на видението е тоа дека тоа куче бил самиот ѓавол кој го залажувал да не станува на молитва, а братот со својата молитва го видел кучето со телесните очи и го избркал. Мислам дека тоа ми се случи и мене, поради мојата негрижа .
Багувче и мене ми се има случено ова, да слушнам чекори или ропање и навечер и дење, првиот пат кога ми се случи умрев од страв, тоа се случи ноќта, а знам дека во соседната соба немаше никој, крцкање по паркет, многу беше језиво, вториот пат се случи дење и тоа одма беше до мене како што седев во дневна, слушам,почна да тропа нешто, да чекори, а немаше никој, сама бев, цркнав да ти кажам, појезиво од тоа нешто нема Само кога ќе подразмислам можеби и не е толку страшно,колку што е језиво, бидејки тоа не можеме да го видиме.
Багуф абе комшиите можеби крцкале, не паничи. И можеби слаба била ламбата и случајно се погодило да е така. Кај мене 24 часа нешто крцка. На паркет, по ѕидови, и се е тоа од моите луди комшии кои имаат секс секоја ноќ и јас како и моите сме приморани да слушаме како врескаат (ѕидовите се тенки), се кикотат, им крцка паркетот, креветот. Кога се отвара врата мислам кај мене е! И кога некој трча кај нив по паркет. Тоа е лудило! Не се плаши и не паничи, нема зошто. А и да имало нешто ништо не ви прави не се секирајте. И не останувајте до 3:30 не е убаво.
Леле Багуфче морам да ти кажам дека нешто слично ни се случи и на мене, брат ми и мајка ми. Бевме во Белград во куќата што ни ја остави во наследство тетка на татко ми а таа и маж је се починати. Првата вечер брат ми спиеше сам во кујната а ние во другите соби и сабајлето ни велеше како нешто му крцкало и шушкало ама ние му се смеевме. Наредната вечер јас легав во собата на креветот на кој спиеле порано баба ми и дедо ми а легаше и мајка ми. Дојде брат ми убрзан од кујната и -Вели еј еј што е ова слушајте!!! А ходникот од куќата поминуваше пред собата во која легавме и има прозорец кој е меѓу собата и ходникот и беше отворен. Се слушаја звуци на одење по плочки. Мислевме дека е татко ми бидејќи звучеше исто како кога оди татко ми со влечките по плочките и почнав да викам - Тато!!! но ништо. Брат ми замина го довлечка татко ми од спиење а тој успан ни вика што ви е бе и му кажуваме што како но не веруваше и велеше ајде не се будалете спиј те и таа вечер заспавме коа се раздени во 5. Исто така вечерта тоа го слушна и мајка му и беше преплашена ама најверојатно сабајлето зборувала со татко ми и ја убедил да не не плаши и наредниот ден нас не разубедуваше дека биле мачки. И ден денеска ми е страв кога ќе се сетам на тоа, едноставно чуствуваш дека има некој таму, неговото присуство се чуствува но ништо не гледаш.