Не го заебавале туку го доживеал лично ова искуство. Вечерта сами се отварале и затварале вратите. Додека бил во вц-то му паднал телефонот кај што го оставил потпрен (без причина) што помислил дека некој влегол во вц и викал кој влезе кој влезе, ама немало никој. Прозорците сами лупале и трескале а влезната врата што ја затворил исто така се отварала сама неколку пати и му се слушале чекори како да доаѓа некој накај него и баш кога се доближуваат звуците прекинуваат чекорите. Човеков беше ветросан и потресен. Не верувам дека халуцинирал затоа толку и се заинтригирав за оваа приказна. Како да чувствувал присуство на еден куп луѓе во тој момент.
Конкретно за ова , маж ми служеше војска во касарната во Велес и ми кажуваше за оваа случка . Комплетно исто . Во тоа време он цврсто беше убеден дека го зезале другите регрути , за да го исплашат и не веруваше во духови и слични работи , се додека не му се случи баш тоа . Имено , го донесоа во Тетово како регрут на обука на еден месец . Му се паднала стража во павиљон кој е многу блиску до село Порој , само преку една улица живеат луѓе . Тој павиљон , во 2001-ва бил нападнат од страна на терористите . На таа жица виселе телата на тие луѓе . Жицата сеуште не била сменета целосно ( имало поставено нова , но над оваа старата , двојна жица ) . Дупките од огнено оружје на жицата сведочеле за жртвите што неколку дена стоеле таму . До 2 часот по полноќ се било во ред . Околу 2 ипол часот почнува агонијата за него , се до 6 часот наутро . Цели 4 часа слушал влечење на нозе по покривот на павиљонот , тропање со нозе , многу луѓе од внатре иако самиот павиљон бил заклучен со огромен катанец . Викал , викал , никој нема . Викнал дежурен отвориле немало никој . Утрото на доручек некој од старешините кажувал за тој павиљон и неговата историја во 2001-ва , не знаејќи кој од регрутите бил таму на смена . Маж ми не знаел за ова се до доручекот следното утро . Така да , нека не те чуди што бил преплашен , можеби навистина му се случило ( посебно доколку не знаел за истото пред сам да го искуси тоа ) .
Знаел, ги слушал овие приказни во војска ама никогаш ме верувал во ова, дури и кога му кажале дека ќе биде во тој објект се пошегувал со претпоставените ова ли тој проколнат објект кај што има духови и се изнасмеал...
Не ми е чудно , многумина не веруваат , се додека не го искусат натприродното на своја кожа . Јас лично верувам дека има нешто натприродно . Бог да им даде мир на сите души кои не го нашле сеуште ..
Леле те разбирам и јас сум приврзана со нашето мече меци многу го сакаме со сестра ми и двете сме приврзани со мечето (големо е розево и мн слатко ) и сеуште си играме иако сме големи интересно и смешно ни е, го сликаме као паднало или на маса со шоља кафе имаме посебен бебешки јазик на кој ни зборува мечето вреѓа и се тепа Сестрами на кам ми звони со мечето Две години од кога го имаме тоа мече со сестра ми ни врви времето во смеа. ( мајка ми ни вели јас да знаев дека воолку сакате мечка ќе ви купев одамна само да сте мирни ) Ништо паранормално ни се нема случено со мечето ама недај боже као твојата случка да ми се деси јас не би можела да го фрлам меци
Не знам дали ова е необјасниво, вечерта на 21 јуни, ми се случи да фатам вирус и дента на 22ри чичко му почина. Денес, истото ми се случува, буквално. И на одење од продавница до дома на една куќа во комшиите го видов бројот 22, онака, излезе пред мене.
Би се замолила за одговор. Купив патики, сега решив да ги носам, значи од продавница во фиока, сега да облечам едната патика, гледам нешто внатре ме боде ајде мислев етикета нешто, најдов еден мал прстен на кој пишуваше love одма го фрлив во канта, значи да кажам, не верувам во вакви работи и не сакам да верувам, ама како е ова нормално!!!? Искрена да бидам језиво ми стана, имам чидтано дека некои луѓе на кои им е направено нешто наоѓале вакви работи... Ве замолувам без глупи коментари како што кажав и јас не верувам во вакви раб ама објаснување за ова?!
Kade tocno go najde prstenot ako go najde na mesto butnat namerno e somnitelno ama ako go najde cisto vnatre objasnivo e
Може да и паднала на некоја од продавницата или несвесно да го оставила на пулт /маса па несакајќи да го бутнала во кутијата дур пакувала ...па така да завршил во твоите патики.
Јас патики со прсти стално облекувам и ми се случило прстен да ми се извади ненамерно. Сигурно на некој пробувајќи патики му паднал прстенот. Ферски и човечно ќе било да го пријавиш во продавницата, некој може дошол и си го барал после... Кој ќе ви прави магија и не знам што во продавница, ко да баш ќе знае дека тие патики ќе ги пробувате или купите.
Да, некој што не те познава во продавница ќе ти прави магија. Си требала да одиш во продавницата и да прашаш дали некоја го изгубила.
И ако појде во продавницата да им каже за прстенот, тие обавезно ќе го најдат сопственикот и ќе го вратат.
Мене дај ми го јас ќе ти го чувам. Може дошол сопственикот оставил инфо, ако го најде некој и врати у прод овие ќе му се јават.
Ако е скап прстенот кажи им во продавницата дека си нашла прстен ама не им кажувај каков. Некој ако се јави нека ти го опиште како изгледа за да знаеш дека е стварно негов.