1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. Dark light ◇>

    Dark light ◇> Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Машки
    Da si mi ti ziva I zdrava vo Bozji pregratki e sega ona ne sme od tuka I ne ostanuvame tuka dusata nemoze nisto zemno da ja dolovi ☺️
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Светот не почнал со мене. Вековното искуство на Црквата (т.е. на сите кои се дел од Црквата) го кажува ова.
     
    На AndyRad, GirlLove, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Убаво.Ти благодарам.:)
     
    На AndyRad и Orthophill им се допаѓа ова.
  4. Saraahh

    Saraahh Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    2.349
    Синоќа заспав рано и имав некои глупи соништа. Одеднаш како да почувствував како некој лежи до мене и ми дише во врат и ми го повлече прекривачот. Јас се разбудив, но не можев да мрднам. Осеќав како некоја Тежина над мене.
    Ве молам без зафрканција, дали некој осетил нешто вакво, што може да значи овА? Инаку, баба ми е почината пред 3 месеци.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Парализа во сон е тоа, ништо паранормално.
     
    На Istata od vcera, martine и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Колку убаво!
    Може е глупаво прашањево ама ме замисли- како тоа присуството на душата ги привлекува инсектите?
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе имаат ваков проблем.
    Се работи за еден вид проблем со спиењето-парализа во сон.
    Делува како натприродно ама има реална основа. Мозокот на некој начин нецелосно се буди. Слично како при месечарење. Сензациите на тежина на градите, неможност да се придвижи човек по сопствена волја се заради тоа што не е целиот нервен систем буден.
    Кога заспиваме периферните нервни патишта се гасат, не примаат дразби и не праќаат наредба од мозокот кон телото. Во некои абнормални случаи кога почнува да се буди човекот, се буди свеста донекаде, отвара очи, прима дразби визуелни ама останатиот дел од нервниот систем, оној кој треба да ја спроведе наредбата до екстремитетите и мускулите не е буден сеуште.
    Па почнува страв и паника, дека нешто не е во ред со нас, се интерпретира како нешто вон наша контрола, нешто однадвор да не држи. Па во тој контекст почнува да се доживуваат и сенките кои се перцепираат како нешто што не се- натприродни битија.
    Обично со студија на сон (sleep study) се дијагностицираат пореметувања на сонот. Пошто ги има доста видови, на тој начин се идентификуваат најсигурно. Преспиваш во болница една ноќ, под постојан надзор и прикачен за мерни инструменти, те набљудуваат додека спиеш и следат каде има некое отстапување од здравото и нормалното спиење.
    Потоа даваат и соодветна терапија..
     
    На La-loca, Alex.T и Saraahh им се допаѓа ова.
  8. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случија последниве 2-3 месеци две чудни случки.
    Се гледав со еден дечко и се беше одлично супер и една колешка почна да ме прашува дали се гледам со некој, како ми оди и и кажав дека имам некој и дека ми е се супер ама не можам да споделвам многу детали и дека нареден пат можда повеќе ќе откријам. После тој разговор тотално се одалечивме со типот.
    После тоа се спремам за на одмор и ме изнпрашува колку пари ми е патот, смештајот и за еден од трите градови што требаше да го посетам ептен се запна да прашува кај ќе одам точно и ден пред да тргнам гледам дека пари ми фалат од новчаник како некој да ми ги украл и градот за кој ме прашуваше не го посетивме затоа што немаше превоз тој ден за натаму.
    Едноставно не можам да си објаснам како е можно?
    Лоша енергија ми префрлувала или што може да биде?
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Koincidencija
     
    На RainbowButterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Тоа со типот што сте се оддалечиле може да е чиста случајност. Ама тоа што ти фалеле пари од новчаникот е чудно, размисли каде си го оставала и дали навистина е можно некој да ти ги украл. Тоа веќе е сериозна работа и треба да внимаваш од оние со кои си опкружена.
     
    На Istata od vcera, GirlLove и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  11. Phoenix_84

    Phoenix_84 Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.Сакам да споделам нешто со вас што ми го промени мислењето за паранормалните работи.Како прво мора да признаам дека до сега никогаш не сум верувал во такви работи,дури и ми било смешно...но последниве 2 години и тоа како почнав да верувам.
    Моментално се наоѓам на најпроклетото место во нашата држава,местото што има највеке убиства и измачувања на луѓе,место што е опседнато со немирот на душите што не можат да го најдат својот мир,место што е преполно со необележани гробови...Тоа место е КПУ Идризово во близина на Скопје.
    Тука завршив пред 2 години поради проневера со данок и фалсификување деловодни книги.Значи сум нормален човек што живеел нормален живот,и единствен порок ми се цигарите...со еден збор сум еден од ретките нормални луѓе во затворов.Пред да дојдам не знаев ништо за ова место,ама после неколку случки станав малку позаинтересиран и решив да дознаам нешто повеќе за историјата на ова место.
    Првата вечер кога дојдов на отслужување на казната поради тоа што беше за време на короната бев ставен во самица,како еден вид самоизолација.Од самиот момент кога влегов во таа зграда осетив некој немир и некое чудно чувство...се осеќав како некој да има до мене и да ме гледа цело време.Навечер имав кошмари сонував некои глупости,едноставно имав некој немир во мене цело време.Осеќав дека тоа место е преполно со негативна енергија.Тоа се случуваше во самица бр.1 во старата зграда на затворот...
    Кога ми помина изолацијата бев преместен во новиот дел што е изграден пред 3 години и тој немир и кошмарите што ги имав престанаа.Со еден збор се осеќав како нов човек...Бидејки сум еден од ретките луѓе што не се зависници и се со високо образование,работно ме ангажираа како курир во управата.Кога почнав пак да одам во старата зграда само што ке влезев во неа одма се јавувавше истиот немир кај мене...решив малку да истражам и да ја задоволам мојата радозналост и тоа што го дознав ме шокираше.Старата зграда на затворот е изградена во 1945 година,подрумот сега е затворен и наполнет со бетон ама претходно таму биле просториите што се користеле за испрашување и измачување.еден куп луѓе се погубени таму во времето на сфрј.Самицата бр.1 кај што бев 7 дена и кај што имав кошмари е место кај што затвореник извршил самоубиство пред 5 години.За време на сфрј тука се извршувале смртни казни и местото е ѕидот покрај старата зграда...До самата стара зграда има залепено двокатна мала зграда што е изградена на почетокот на минатиот век,и таа зграда бил првиот затвор отворен уште во турско време.За време на втора светска војна тоа бил бугарски затвор и во подрумот на таа мала зграда се утепани огромен број партизани.и тој подрум е исто така наполнет со бетон и затворен.Целото место е проклето и опседнато.Се осеќа огромен немир кај луѓето што се внатре.Со многу луѓе сум зборел и сите ми го кажале истото.Верувам дека тие две згради се опседнати со душите на утепаните луѓе,душите што не можат да го најдат својот мир...
     
    На Ivvvv, Istata od vcera, anjaloqk и 12 други им се допаѓа ова.
  12. anjaloqk

    anjaloqk Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, нова сум на форумов но ве читам од поодамна па би сакала да споделам 3 ситуации кој што им се имаат десено на моите баба и дедо.

    1. Бабами како девојче бидејќи е од битола има 4 сестри и 2 браќа таму го имаат поминато нивното детството. Еден ден додека играле во дворот на зградата на бабами позади влезната врата од зградата и се појавиле 2 девојчиња ( поточно 2 самовили кој што светеле ) тие биле идентични како 2 од најстарите сестрите на бабами така убави, со долги коси, насмеани. Бабами само си поминала мислејќи дека сакаат да ја исплашат. После кратко ја прашала мајкаи каде се 2те најголеми сестри а таа и одговорила дека уште одсабајле се искочени во град. На бабами не и било јасно што се дешава но после неколку години и станало јасно за што усвари станува збор.

    2. На истава баба во истата зграда каде што живееле до влезната врата од зградата имало мало прозорче со завесичка она како што ја тргнала завесата да види кој има на улицата ја видела света петка така во црно облечена гледала право во неа и од страв одма ја тргнала после некоја секунда коа ја тргнала пак завесата веќе немало никој.

    3. Бабами од како се преселила во скопје кај дедоми дедоми знаел за овие ситуации на бабами но не и верувал едноставно мислел дека се измислени прикаски или пак дека и се имало причинето. Една вечер како што спиеле они на дедоми му се приодело до тоалет тука кај нас на горниот спрат се спалната соба ходникот и двата тоалети скоро па споени и дедоми како што искочил во ходникот за накај тоалетот така поспан му се појавил светец така стар со стап во рака но додека се освестил дедоми веќе го снемало. :worried:
     
  13. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Женски
    И за што станува збор? Во првата приказна бидејќи не сфатив
     
    На martine, Alex.T, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. anjaloqk

    anjaloqk Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Па 2 самовили биле во прашање.
     
    На martine и LoveRain им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаат објаснување. За првата приказна, незнам колкава била баба ти но може да е детска фантазија во прашање па тоа да биле само две нормални девојчиња кои ги сретнала а таа да помислила сосема друго. За втората приказна, исто не кажа возраст на баба ти но тоа може да било некоја жена облечена во црно која случајно минувала. За третата приказна, можеби на дедо ти поспан, во полусон нешто му се присторило. Не велам дека е така ама ова ми е некое реално видување на настаните.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anjaloqk

    anjaloqk Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Да да можеби и фантазија е во прашање. Ама незнам јас па некако и дека баш верувам во вакви работи ми се баш фацинантни случкиве. А иначе за годините сварно незнам да не те излажам али во главно дете била .
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Istata od vcera

    Istata od vcera Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    127
    Sakas da imas bebe dlaboko vo sebe
     
    На kikkki, theunforgiven и Marijana93 им се допаѓа ова.
  18. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Машки
    Хух ден денес не можам да заборавам една случка како дете можеби бев петто или шесто одделение јас и двајца другари слегуваме во градски парк во Битола, ноќно есенско време тогаш немаше никакво осветлување во паркот прописно немаше жив човек освен нас.

    И така седнавме на едни крлешки и си прајме муабет кога одеднаш гледаме човек пред нас на 50 метра со капуљача на глава како шета низ паркот. Одпрво никој од нас не кладе на дикат се додека не забележавме како почна да шпарта нагоре надолу во хоризонтала но повторно не обративме нешто внимание и продолживме да си прајме муабет се до еден момент кога мене ми одлута малце вниманието незнам дали поминаа 2 секунди кога се вртам околу мене и гледам другарите ги нема а пред себе го гледам човекот со капуљачата како доаѓа директно накај мене и е само на 5 метра од мене.

    Кога сум почнал да бегам а одкако ги најдов другарите ги прашувам кога успеаја да избегаат а јас воопшто да не ги чактисам и зошто не ми кажаа дека заминуваат ми рекоја дека ми рекле бегаме но јакото е што јас воопшто ништо не чув ни кога ми рекоја бегаме ниту слушнав звуци на трчање буквално како секунда траеше времето кога малце ми одлета вниманието и наеднаш го гледам човекот пред мене ова беше баш онака creepy случка што ден денес ја памтам.
     
    Последна измена: 25 јануари 2023
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Машки
    Од каде пак ова? :|
     
    На Dentina, Istata od vcera и Anah им се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    Гласот на потсвеста влијае,нашето внатрешно јас
     
    На Istata od vcera и Bratot им се допаѓа ова.