Предмалку го чув гласот на мајка ми ,јасно ме викна по име како вистински да беше со иста интонација.А часот ме плаши(времето во кое го чув гласот)
Имам една језива случка. Баба ми беше болна, знаевме дека треба да сме спремни на најлошото. Вечер беше, сите спиеја, само јас седев до доцна, некаде околу 5-6 часот наутро. Почна да трепка сијалицата, како да прегорува некои 10 минути, како да згаснува животот нејзин и ме преплаши. Ми отиде веднаш паметот на тоа да не починува, си реков Ен доста, ќе живее жената, ќе оздрави, не мисли така и од страв заспав. Околу 8 ме разбудија врескање и плачење дома, стигнал повик дека починала. Со страв прашав кое време, кажав и зошто прашувам, ми рекоа наводно околу 8 часот, веднаш ни се јавиле да не известат ама не знам. После тоа кога и да ми трепка некоја сијалица, а од тогаш често трепка или на ламбата или на лустерот во моја соба, а не прегорува сијалицата инаку, чувствувам како да ми дава некој знак жената дека со душата уште мисли на нас и не штити, почнав да верувам во задгробен живот и постоење на души. Може само така ми е полесно, секако беше крипи се тоа, ми остана на некој начин траума. Тие денови бев многу исплашена зошто баш мене ми се случи тоа да го доживеам, но си се тешам дека можеби баш таа вечер требало затоа да сум будна, да ми остане како некој знак што ќе го знам кога и текнува на мене.
истото ми се има случено во доцни часови. Мајка ми секогаш последна си легнуваше а јас спиев во дневната. Таа си работела и потоа си легнала. Едно време слушнав некој како ме вика по име. Викна неколку пати. Се вртам гледам жена се едната рака потпрена на маса со другата се држи на половината. Помислив и се слошило или нешто слично па вика да и помогнам. Прашувам што е мамо, и ја слушам мајка ми од друга соба вика што ти е. Велам па не ме викаше ти, ми одговара не си легнав. Јас одма ги ококорив очите од страв и кога гледам жената од кај масата веќе ја немаше. Јасно ја слушнав и ја видов.
Јас глас слушнав и ја прашав после мамо ме викна ли кажа не ,зарем не знаеш спиев вечер.И така силно јасно викна што се збунив па ја прашав отпосле
Случката е од пред два месеци. Бев на кафе со пријатели и додека пиев кафе низ мисла ми мина да отворам да видам дали има слободен термин за една многу важна работа за мене. Претходно многу се живцирав дека имав закажано многу касно и дека нема да стигнам навреме. И така седиме со луѓево и ми мина низ мисла, отворам и гледам отвориле сабота и др.ден. Значи гледам и не можам да си поверувам на очите, одма си презакажав. Секогаш така кога ќе ми мине низ мисла нешто се остварувало. Искрена да бидам, чудно ми е.
Сите што живеат со мене знаат дека ако јас сум во дневната, телевизијата секогаш е вклучена. Кога бев мала, 3-4 години, си лежев на каучот во 8 часот навечер и слушнав чекори како одат кон малиот тоалет. Набрзина се свртев и видов како вратата од тоалетот се затвора, а светлото во тоалетот предходно беше исклучено сега уклучено. Ѝ викнав на мајка ми Мамо ти ли си? Злато, рече нешто?- ја слушнав како рече од детската соба. Отидов таму, ја гледам како седи на креветот и дипли нешто, а до неа сестра ми. Одам во спалната на моите родители, таму го гледам татко ми. Се враќам во дневната и гледам светлото во тоалетот, исклучено. Повторно слушнав чекори, како се приближуваат кон мене. И јас брзо, право на каучот, скокнав, се превртив и паднав на перницата. За среќа, не се повредив. И ми остана како навика заради тоа, секогаш да ја оставам телевизијата уклучена за да не слушнам нешто. А светлото од тоалетот се уште само се уклучува и исклучува, ама не само светлото, туку и прекинувачот е притиснат, не е до струјата.
Пред месец ипол почина баба ми и на денот на погребот, односно вечерта коа дојде време за спиење кај 23 часот сите бевме у дневна гледавме серија, освен дедо ми (дедо по мајка) кој беше дојден од друг град на погребот од баба ми и човекот си легна во собата кај што му наместивме да спие. И по некое време слушам остар и дебел глас ( таков глас имаше баба ми покојна коа беше помлада) како вика силно по мајка ми, толку добро слушнав што тргнав да отидам до кај дедо ми да не е он па да го прашам да не му треба нешто и во моментот заѕвони тетка ми на тел и коа спушти уште бев решена да отидам, па го прашав татко ми да не слушнал како некој вика од ходник ми кажа дека не, а мајка ми спиеше. И утрото рано коа станавме јас и дедо ми за на пат,бидејќи јас сега живеам во градот по мајка ми и го прашав да не викна он синоќа,да не му требало нешто и ми кажа дека не бил он и дека брзо заспал. И денес се прашувам кој викаше по мајка ми.
Ова и се има случено на мајка ми ја чуваше баба ми до крај. Баба ми беше 90 години и веќе некое време беше во постела знаевме дека нема уште многу време. Вечерта јадела се напила вода заспала исто и мајка ми си легнала и после некое време мајка ми осетила како некој ја буди. Се разбудила отишла до собата кај баба ми веќе била почината.
Не е ништо чудно...Тоа се вика визуелизација..Толку силна ти била мислата и желбата и си го посакувала тоа па ти се материјализирала во реалноста ама не си свесна за тоа и како си го направила тоа.Тоа го можеме сите ние луѓето и имаме способности за кои можеме само да сонуваме само сме го заборавиле тоа и не можеме да се сетиме како да ги активираме механизимите за да можеме да ги користиме сите наши способности.
Едно лето додека се вракјав од кај вујкоми инаку живее во Кисела Вода незнам што ми текна да одам накај дома преку пругите , беше тивко немаше никој пред да стигнам кај теренчето Вембли пред мене видов огромна мрачна сенка она апла човечка како од многу висок човек кратко траеше ја снема за секунда.Тоа што следеше ми ја заледи крвта , само што ја снема сенката се слушна гласно злобно смеење по што следеа извици помош помош ,околу немаше никој а толку јасно се слушаше се како да вика некој неколку метри од тебе .Трчав до дома буквално преплашен до ден денес ми е страв од случкава
Местово е ептен страшно, една другарка од средно живееше во куќа кај пругите и кога идев кај неа искрено сред бел ден ме фаќаше страв ако поминував сама.
Во такви случаи човек прво треба да се сврти кон научно толкување за да си ја објасни појавата, а ако го исцрпи тоа и не најде одговор треба да прибегне и кон езотерија... кому што му е поприфатливо...А кога се искомбинирани науката и езотеријата заедно или религијата за да ти дадат објаснување ама религија која е љубов пошто тоа и е единствената религија ако веќе сакаш да го користиш тој збор, а не божја казна и вечно проклетство е тогаш си наоружан со космичко знаење и она што човештвото навидум не го разбира, ќе го разбереш и ќе се ослободиш од многу стравови, предрасуди и комплекси
Науката е многу ограничена во овие погледи за жал сите експерименти со високи енергии се скриени од јавноста .
Знаеш дека кај пругите загина дечко кој живееше во Пелагонија како студент. Одамна беше ова има пет години можеби. Сум минувала навечер од таму ама освен кучиња друго не сум видела. Таму тој дел треба да се забрани за пролаз, најјезиво е.