Здраво дечки, сето ова што го имате искусено или го искусувате е вистина. Јас сум припадник на Исламската религија и ќе ви раскажам неколку работи...кај нас се верува дека Господ пред да ги создаде луѓето, ги создал џините милијарда години наназад, тие се суштества создадени од оган без чад и ги има во повеќе форми, пример: што патуваат, што имаат крилја и што можат да се претворат во неколку видови на животни како што се црна змија, црно куче и слично и ги има со различни нации и религии, исто како луѓето, значи знаат да се венчат, да прават деца и слично, но откако Бог не создал нас луѓето нив ги направил невидливи за нашите очи, они имаат свој свет а можаат истовремено да имаат влијание во нашиот свет т.е. паралелен свет. Нив повеќе ги има во домови што не живеат луѓе, раскрсници, прлави места како што е wc, бањо и гробишта. Злобни луѓе честопати ги искористуваат за разни цели како што е магија, да разведат брачен пар и слично. Истите имаат моќ да се претворат и да превземаат ликови на умрени лица за да луѓето помислат дека духот на мртвиот се вратил или се појавил во куќата, така да сите тие чуства што ги имате се поради нивно присуство, а најдобра превенција според Исламските правила е секој пат кога ќе отвориш врата од соба или искачаш надвор е да се кажува "бисмилах" во превод значи "со Господ напред", и доколку некој често сонува страшни соништа да се посетува оџа или поп случајно да не има влијание од Џин, истото важи и за тие што имаат депресија или анксиозност, знае џинот кога влегува во човеково тело да управува со нервниот систем или да направи епилептични напади (а медицинските резултати перфектно чисти, за што некогаш и самите лекари не знаат што се случува).
имам читано статии за истово. Имам читано и за случај каде жена забременила незнаејќи како и родила "чудно" дете. А притоа раскажала дека била "силувана" од такво суштество како што го опишуваш. Никој не и верувал.
Ден откако почина дедо ми, ноќно време се будам и гледам кебето повлечено на под, ама она како некој да го повлекол уредно( односно не открил скроз) и само она го завртил малце крајот . Као што би наместиле нормално само ова повлечено на под, јас да сум не е могуче знам дека се покрив и стуткав, мајка ми со мене на ист кревет само ние бевме тогаш, сами… значи уште ме лазат морници и се сеќавам на таа слика.
Јака тема, сум ја читала порано. Темава баш се чита ноќе, у доцни саати, така е повозбудливо. Мене не ми се десиле вакви случки освен телевизорот што сам се упали два пати, може струја снемало ама па имаше струја сегде. Легнуваш, гасиш тв и слушаш после некое време галама од дневна, у дневна никој немаше.
Летово едно 5 пати сам ми се пушташе телевизорот во собата не ми се верува дека е нешто натприродно веројатно се дешава некаков спој па се упалува али во секој случај е језиво кога ќе се упали сам. Друга случка исто летово гледам хорор филм одприлика 8 9 сатот вечерта беше кога наеднаш зазвони звончето кога излегов да видам кој е немаше никој ова беше стварно страшно
Не бе, какво натприродно, сигурно или снемало струја, фаза или некаков спој што викаш ама да, крипи е малце, не дека страшно е дотолку но те штрецнува така одеднаш ако се упали. Може и ти се причинило дека ѕвони или па некој те зафркавал, може и ѕвонел ама си отишол одма, се предомислил, што знам. Дека не ми се десиле вакви чудни работи па може и затоа за све се трудам да најдам логично објаснување.
Дека звонеше звонеше сигурно можно е да се зафркавал некој што викаш има доста деца у мала па некој зазвонил и избегал или некој по грешка звонел видел дека звонал на погрешна куќа и напуштил терен тоа е логичното објаснување без да мешам паранормални и натприродни феномени јакото е што звонењето беше баш у момент кога гледав хорор филм тоа ми беше малку језиво
Случајност, ваљда децата од маало не осетиле дека глеаш хорор па ај ќе те плашат. А може и психата си работи, си се загледал, си се внесол у дејствието и да ти се причинило како што кажав, делуваат ептен на психа тие филмови, не е чудно.
Дечки јас бев стално скептик, ама сега ми се случи нешто. Вчера се враќав дома, може накај 1 беше и некој ме следеше позади. Почнав да одам по скратени патеки да го избегнам, ама одеднаш се појави пред мене и се стаписав. Додека соберам сила за било што ми подаде само 1 ќеса со јаболки. Додека ѕирнав у ќесата го снема. И сега не знам дали може да ги јадам јаболкиве или се отровни?
Ау не, јас не би јадела и веднаш ќе ги фрлам, а мое мислење е истото да го направиш и ти У 1 да ме следе па и јаболки ќеса да ми дава ептен е чудно и out of nowhere
Леле како бе пола црвени, пола зелени? Кај има такви јаболки? Офарбај ги на средина жолто и постави ги по пат на раскрсници, да бидат ко семафор за ежови.
Луда си ма. Семафор за ежови @Celltica ти верувам скроз, ми се случило слично. За следен пат фрли ги во река и кажи си молитва
@Celltica да не си изгледала како бездомник па да сакал човекот да помогне? Можи е некој македонски не толку супер херој шо само сака да им помага на луѓето и дели витамини. Не мора по автоматизам да е со лоша умисла. Скептици станавме, ама не е за маана...
Дури не пробаш не можеш да знаеш какви се, а веќе и нас не заинтересира сега Ако се отровни тоа е, ќе велиме за тебе добра жена беше, а ако не се можеш да му ги дадеш да ги офука на глушецот по кој жалиш, така да пробај