Дали имаат некаков пристап од прозор или нешто да провалуваат комшиите? Дали е сигурна цимерката дека нема дадено никому клуч? И дали ви се случува некаква промена во животот од кога се случува тоа? извини што мн прашувам
Искрено не знам дали е поврзано, но и првиот пат а и сега се погоди баш кога имаме предизбици/проблеми. Едната има проблем во врската. Јас првиот пат имав здравдтвен проблем и сега пак имам здравдтвен проблем. Но не знам дали сум убедена дека тоа е прилина. Можеби, не знам. А за да се работи за зезање од третата цимерка не верувам бидејќи сите сме некако исто испаничени . Куќата е стара исто и вратата. Со поголема упорност може да ја отвори некој, но како би затвотил без клуч. Не сакам да помислам дека некој ни упаѓа додека сме дома
Е пак подобро ќе е да помислиш дека упаѓа некој и да барате чарето, него ли да помислиш дека ви упаѓаат надарени духови и ви се расфрлаат со прслуци
Фрлете што сте нашле и сменете си брава. Не се оптеретувајте и не пробувајте да си поврзете лоши периоди со глупостиве. Ако сте стварно убедени дека не е невкусна шега од некој ваш, пријавете во полиција провала.
Да, после се тоа ќе биде. Само од се што може да опљачкаат зошто провалуваат со градници, магии што и да е. Разгледувам еве и камери да поставиме.
Изгледа некоја од цимерките добро глуми дека е изненадена, а таа се зафркава. Да може некој да ви влезе дома, сигурно нема градници да ви остава.
Преку градниците можи да се прави магија најлесно или преку маица односно да не е перена да се знај дека ја имате веке носено и пак ке го носите...така имам слушнато од бабите
Стави камера ама без знаење на другите. Има камери со remote view, ќе поврзеш да ти се гледа на мобилен во живо. Излези, отвори ја апликацијата и гледај што се случува кога не си таму..
Јас сум доживеала парализа во сон пред многу години... Слушнав гласни чекори и тропање како да некој се доближува до мојата соба... Кога се разбудив видов пред мојата врата сенка на особа од 160 см
Нормални се халуцинации при парализа на сон, допирни, визуелни, звучни и други се можни. Сѐ е океј Знам оти доживувам од 15 години.
Кога се будиш или заспиваш може да се случи да си сосема свесен, а да имаш потполна парализа. Причини можат да бидат разни, нарушен ритам на спиење, стрес, лекови или спиење на грб (немам појма зошто). Пробај да мрдаш со прстите на рацете и нозете или едноставно почекај да пројде. Мене ми се случува да се заглавам во таа состојба, па имам повеќе епизоди на парализа во сон во едно спиење.
Кога бев во Париз само што влегував во метро, еден постар човек кој наликуваше на бездомник ми го кажа целосното име и презиме, најиндиферентно само го изговори и продолжи да збори сам со себе на француски, сакав да не продолжам у метрото и да го прашам од кај ме знае но се брзавме а вратите само што не се затвараа, но ете ми остана мистерија у сред Париз некој ви го кажува типично македонско име и презиме и тоа точното. ќе мислев можда дека е халуцинација или привидување некое но другаркава исто го слушна