Epa eve vi personalna slucka koja sto mene mi se desi. Koga imav 11 godini boleduvav od rak i se lecev vo skopskata bolnica. Mozebi lezev poveke od 7 meseci vo bolnica i eden den trebase da imam snimanje da vidat do kade e rastot na rakot. Vecerta pred snimanjeto se sekjavam nikako ne mozev da zaspijam deka mi bese premnogu zesko. Zaspav za nekoe vreme i imav cuden son kako gjavolot od dvor od crkva bese izbrkan. Vo toj moment se razbudiv i pred mene na krevetot lebdese zena vo belo so dolga crna kosa no ne mozev likot da i go vidam. Bidejki majkami imase dolga kosa si pomisliv deka e taa i se svrtiv na leva strana i zenata stoese na koleni i me drzese za vrat (kade sto imav rak). Utredenta bev da se snimam i od rakot ni traga nemase, kako nikogas ne ni da sum bila bolna.
Пандора најверојатно се работело за магија. Жената на некој начин била светец и дошла да те излечи. Браво за неа И за сите оние кои повремено не посетуваат со добра намера, од кои јас никогаш не се плашам.
Сите страни ги прочитав и не можам да ви се изначудам.И зошо ја баниравте Прити?Зш се најде најразумна и проба ко на луѓе да ви ги објаснит необјаснивите случки?А иначе за забава да си пишиш постој од филмови случки и кажвени со години, се то е супер(за забава), ама шо ја баниравте прити ко беше најзабавна
Ми се случи нешто многу чудно.Си седев така в соба во која немам телевизор ни компјутер и си чракав нешто на телефонот си испробував некои опции и случајно го пуштив да снима и подоцна кога сфатив дека снима моб онака сакајќи да го избришам сниманото притиснав на копчето за преслушување и на снимката се слушаат некои звуци како зборење,виулици,бука а во собата беше тивко се.Не знам што беше тоа но бев преплашена.
Мене ми се случи една чудна необјаснива случка слична како на БлекСван... Се снимавме со другари на мојот телефон и кога сакавме да преслушаме се пушти некоја песна која беше премногу морбидна. На неа беше како на некој погреб да се слуша плачење, лелекање, врисоци, тешење. Не е шала луѓе, другарка ми пребледе а другар ми кој никако не веруваше во такви работи почнаа солзи да му течат. Молчевме и плачевме гледајки се чудно меѓу себе и слушајки го долгометражниот звук од мојот мобилен. Им го пуштив и на моите дома, дури и тие се согласија дека се работи за нешто чудно и ме советуваа да го избришам, но јас го пребродив стравот и го ставив на компјутер. Оваа случка беше пред 4-5 години. Јас бев сеуште дете. Чинам дека истиот звук од телефонот беше и кога го погребавме дедо ми во јануари годинава Се сетив но премолчев, никогаш нема да им го кажам тоа на моите. И да, на звукот внимавам многу да не го загубам, но немам нерви за да го преслушам уште еднаш плашејки се да не чујам и нешто што не треба. Бидејки покрај шепотот имаше и јасни гласови кои кажуваа нешто што јас несакам да сфатам
Валерин ислушај го звукот, за да не се преплашиш слушај го кога има луѓе во просторијата ама со слушалки,а не да ги исплашиш и нив и смири се после пиши тука гласовите и ќе се обидеме да го објасниме
Знам дека е од првите страници,но морам да одговорам те молам всушност ве молам на сите погледнете подборо и забележете дали ви личи на прст или на жена со шамија?! 15 страна е сликата
Не, и јас би ги разбрала гласовите, тоа не е воопшто проблем туку работата е во тоа што несакам уште нешто да чујам и сеќавањата да ми се вратат па уште толку да се исфурстрирам и да испаничам. Психички сум секогаш силна и подготвена кога се работи за мене, но како што веќе кажав, звукот ме потсетува на погребот на дедо ми и затоа несакам. И да чујам нешто па после да ми биде криво и да се извадам од памет - не благодарам. Навистина не ми е потребно сето тоа. Случкава ја раскажав со цел да докажам дека на некој начин верувам во паранормалното како и моите претходни а не да кревам фама и прашина околу сето тоа. Сепак боли...
Не ми се верува дека и на некој друг се има случено ова.Јас сум голем скептик кога станува збор за паранормални работи но пробував секако да си ја објаснам снимката која ја слушнав на телефонот демек телефонот бил расипан но јасно се слушаат виулици и како некакво пеење на поп како што и ти си чула но само пеењето е послабо и не се слуша од виулиците.Леле се преплашив кога повтрорно преслушав.
Блек а ти го чуваш сеуште звукот? И не разбирам како може сето тоа?! Да живеам близу гробишта ајде де, ама ова на улица бевме излезени вечерта како низ магла паметам некаде 23:30 беше...И кај мене заборавив да кажам јасно се слушаше како некоја жена пее опера во меѓувреме додека попот зборуваше на некој чуден непознат јазик Нешто од пеколот да не е?
И да не заборавам да ви кажам нешто...Можеби не е моја случка но сепак спаѓа донекаде под паранормално па ќе се изјаснам. Еднаш една стара жена доаѓаше кај нас, бев тогаш основно училиште и ни раскажуваше една (незнам колку вистинита) но прилично потресна приказна! Луѓе мои сеуште нејзините зборови како ехо ми минуваат низ глава честопати кога ќе се сетам. Тогаш имаше 80 и нешто години а случкава беше пред 8 години така да голема е веројатноста да е веќе почината истата. Случкава ќе ја пишам во spoiler бидејки не е за секој, и ве молам оние кои неможат да поднесат вакви работи воопшто нека не ни почнуваат да читаат! Спојлер Добро да не должам... Жената доаѓаше да проси кај нас и секој голем одмор скоро ни раскажуваше убави приказни, но тој ден незнам што и стана како да се скрена ни раскажа за смртта на нејзиниот син кој и починал кога бил бебе под неразјаснети околности. И на закопот кога го зкопувале од долу се чул јасен детски плач. Исто како на нејзиното дете кое можеби имало некои 2-3 години (колку што памтам). Така попот и луѓето на погребот како и таа како мајка стоеле здрвени неколку минути обидувајки се да забележат некое друго дете на таа возраст на гробиштата тој ден но немало никој и плачот јасно се слушал дека доаѓа од ковчегот во кој претходно бил добро затворен некои 2 часа што практично е невозможно било кој да преживее толку време без воздух Дури и рече дека сакала да го отвори ковчегот мислејки дека нејзиното дете е живо меѓутоа само што го поткренале ковчегот од земјата плачот прекинал, и повторно го закопале. Арно ама тука не било крај... Пошла женава накај дома и здогледала некој си човек во црно со зелени темни очи. Тој ја прашал каде оди а таа целата потресена рекла дека си оди од погребот на своето дете, и човеков и рекол како во стил (сега не памтам точно) но мислам дека плачот кој го чула била оти ѓаволот ја земал неговата душа. И сите луѓе кои умирале од земјата ѓаволот им ги земал телата или душите и ги носел кај него на судење. Портите од рајот биле затворени и рекол, а кога таа го прашала како знае, тој и рекол дека тој доаѓа оттаму и си продолжил. Таа кога се завртела после неколку чекори него го немало Да напоменам да не паниите безврска бидејки можеби е сето ова лага. Јас бев малечка и неможев сеуште да ја препознаам вистината од лагата но сепак ми остана во сеќавање... Ако ми текне уште на некоја случка поврзана со темава ќе ви пишам обавезно.
ама и да е вистина детето што згрешило?! Ама не сфаќам ако толку јасно се слушало плачењето абе како не отвориле јас не дај боже да бев на местото од било кој таму веднаш ќе отворев... Сепак навистина жално ако не лаже...
Незнам, но откако ми ја раскажа приказната престанав да верувам во рајот. Ние велиме дека животот е најубав подарок, но она што следи после него никој незнае што е Но ако има нешто најверојатно е тоа пеколот. Пат за да се искупиме за сите наши (па дури и најмали гревови). Се надевам дека не е секаде подеднакво тешко. Најлошите се надевам дека повеќе страдаат
Спојлер http://www.iluzionist.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=144&Itemid=30 http://www.youtube.com/watch?v=F6wK5Y8Y ... r_embedded Блек еве нешто што неодамна пронајдов, незнам дали го знаеш. Прочитај ја статијата и преслушај го звукот. Мојот запис потсетуваше на ова до некаде
Блек а ти го чуваш сеуште звукот? И не разбирам како може сето тоа?! Да живеам близу гробишта ајде де, ама ова на улица бевме излезени вечерта како низ магла паметам некаде 23:30 беше...И кај мене заборавив да кажам јасно се слушаше како некоја жена пее опера во меѓувреме додека попот зборуваше на некој чуден непознат јазик Нешто од пеколот да не е? [/quote] Да да го чувам пошто скоро го снимав и повторно се слушаат тие чудни звуци на виулици и како да збори некои на моменти дури наликува и на пеењето на попот кога некој се погребува Го видов видеото што ми го остави и не знам можеби е и тоа а можеби и нешто друго.Дури и додека го пишувам ова се ежам досега ништо такво чудно и необјасниво ми се нема случено.
Премногу морничаво, но ќе го напоменам и овој пример. Сличен е со случајот што го раскажа Valerin. Пред неколку години во Србија починала една жена. Кога ја причувувале во домот, во еден момент во дворот се појавиле две црни змии кои по извесно време исчезнале. Заминале на гробишта за да го погребаат телото, а двете змии ненадејно се појавиле и без никој да ги забележи (а луѓето не ни ги виделе од каде пристигнале), змиите веднаш влегле во ковчегот и телото на покојната го обвиткале. Луѓево избезумени започнале да ги туркаат со стапови со што ли не. На крај кога виделе дека не можат ништо да направат (а ако продолжеле можело да го повредат телото на починатата) ги оставиле и ја закопале со нив. Мажот и си иде дома. Од првиот момент до 40 денови (додека се пее парастос) дома се случуваат необјасливи случки. Духот на жената сеуште живее и се мачи. Сопругот раскажува како се палат сами ламбите, се слушаат врисоци, се отвораат врати на шкафови, вратнички од кујната... Се ова трае како што кажав 40 денови. После ова е најважното објаснување. Додека била жената жива направила неколку абортуси (убиства) и не сакала се исповеда за гревот. Мажот и ја молел, но таа не сакала воопшто. Зради тоа се случува овој настан по нејзината смрт. Спојлер Објаснување[/u]: Знам дека не е темата за тоа, но абортусот е убиство. Со тоа убиство таа го направила најголемиот грев, а и не сакала да се покае ( не ме сфаќајте погрешно, како што денес многу од младите и старите мислат дека тоа не е грев). Така ѓаволот и без судење може да ја земе душата на таа личност, како и во случајот. Тој прави се она што не може самиот, а на овој начин уште повеќе, бидејќи има своја душа и тело за тоа. Ќе се надоврзам на она што го напишала Valerin во својот пост, со цел да и објаснам колку што можам. Знам сите се прашуваат како е можно да постојат и духови и слични работи. Одговорот е во погоренаведениот текст. Значи, човекот прави тешки гревови за кои не сака да се покае, на тој начин автоматски му дава право на ѓаволот да владее со неговата душа по неговата смрт. Тогаш кога душата се оделува од телото наместо да ја земе Господ и однесе во рајот, заради нејзините гревови (непокајани), ѓаволот ја зема кај себе и прави се што сака. Немојте да се сомневате во постоењето на задгробниот живот. Сите овие примери докажуваат дека или душата ако е праведна го наследува рајот или ако не се покае го наследува пеколот, трето нема. До Valerin : Спојлер Би те посоветувала нешто. Немој да им придаваш многу значење на овие работи. Не размислувај постојано на тоа. Затоа што колку повеќе им придаваш значење на овие работи и веруваш во нив, толку и ќе бидеш искушувана од ѓаволот. Не да те плашам, но тој постојано бара жртви за тоа кои постојано ќе мислат, а најважно ќе се плашат. Стравот е неговота најголема придобивка (што го чувствувам кај тебе). Го поминав се тоа, на моја 9-12 годишна возраст ги изгубив најблиските, дедо ми, вујко ми, баба ми, другиот дедо, тетка ми, и тоа во рок од 1-2 години, значи постојано бев во стрес, жалост, погреби, страв и мене да не ми се случи нешто. Но, по извесно време Господ си ги нареди работите. Започнав да одам во црква (како теле коеништо не разбира), стоев едноставно наоѓав мир во себе. Немав такви страшни мисли само таму. Потоа пополека од самите проповеди и од Светото Писмо (кое се чита на секоја Литургија) разбрав многу работи. Така разбрав која е мојата цел во животот, зошто живеам, што треба да постигнам со мојот живот овде на земјата, наеднаш сите прашања полека се разјаснија. Покрај мене почнаа и другите по малку да прифаќаат. Моите родители кои никогаш не идеа во црква, сега дури се исповедаат редовно и редовно ги постат сите пости, се молат... Значи сите тие немили настани може беа и за поука на сите, за спасение на моите родители и на другите (затоа што разбраа дека животот не завршува овде на земјата, туку продолжува понатаму. Да не те заморувам со мене и моите случувања, сакам да кажам се има смисла во животот. Секое дело, збор што некој ќе го рече или настан еден ден ќе ни биде од полза. Од тој период во мене не остана ни трага од тој страв. Сама спијам, влегувам во темни простории, ми се лсучуваат сеуште чудни работи, трепкање на ламби, исклучување на телевизори, но сега не се заморувам со нив. Затоа што знам дека има Некој кој е поголем, а тоа е Господ. Тој сите не чува и сигурно нема да дозволи да ми се лучи нешто. Ќе си се прекрстам и се исчезнува. Да знаеш дека крстот е најголемото оружје кое ѓаволот не може да го поднесе,. Зато почесто крсти се, кога ќе ти биде тешко, имаш морничави мисли, прекрсти се и само речи си „Господ е семоќен и поголем од тебе, Тој ќе ме спаси„ и ќе видиш дека нема ништо да биде. Оваа моја автобиографија ја напишав се со цел да посочам дека Господ се што прави, прави со причина. Дури и смртта на блиските е од полза за нас да се свестиме дека животот продолжува и понатаму, во вечноста.
Знам дека има вакви работи, страв не страв, не обрнувам внимание.Серафима спомна исклучување на телевизори, мене сега скоро ми се имаше случено тоа навечер, телевизорот е уклучен и сам се гаси си помислив нешто не е во ред сигурно со самиот телевизор или нешто до струјата, ама тоа пак неколку пати така правеше, исклучи - уклучи од памет се извадив стопати, сега се функционираше нормално значи, но тоа само по себе така правеше, а како појма немам и на крај видов не видов, се изнервирав и го исклучив телевизорот за да не прави така.Стварно незнам како така, додека е уклучен, сам да се гаси и исклучува а на самиот телевизор покажува дека е уклучен додека тоа се случува така, сега може делува дека едно исто зборам цело време, ама пак поинаку не можам да го објаснам.
За Серафима едно прашање - Ако абортусот е убиство и сл и дека Господ казнува за тоа - тогаш како ќе ги објасниш спонтаните абортуси што се случуваат многу често? Што вели религијата за спонтаните абортуси? Или доколку се установи дека плодот што го носи жената има некаква генетска аномалија или витално нарушување, тогаш таа се праќа на абортус и тоа е конзилијарно мислење на група доктори...Тоа е факт...Многу поголем грев ќе направи жената ако роди дете со тешки аномалии, кое ќе се мачи во животот и нема ни да дочека можеби да порасне... Твое право си е да веруваш во што сакаш, твој избор, меѓутоа вакви морбидни постови само го трујат форумов... Би било супер доколку не би имало такви случаи и да секогаш да се раѓаат здрави и живи деца, но за жал не е секад така...Јас лично осудувам абортус на здрав и нормален плод...