Јас мислам дека тоа не е дарба а и таква дарба за видовитост не постои и да лечи, (тоа само бог го може и никој друг) сите тие тетки што предвидуваат иднина се буквално вештерки. Ради тоа што никој не може да се прави дека е како бог и не треба да веруваме во таквии луѓе тие се измамници и може само да те исплашат да ти скратат половина век да немоеш да продолжиш да живееш нормално, бегајте од такви луѓе гатачи и бајачи! Они може само да ви насадат нешто лошо а арно ништо! И не треба во ништо да веруваме само во бог. Во никакви магии и такви глупости дури ни хороскоп! Ако имаме силна верба во бог не ни треба ништо! Се останато е замка на лукавиот! Само бог, вера и црква! За да не дојдеме на ред и ние еден ден сами да си зборуваме треба да се молиме на бог да не чува и штити. И доколку сретнеме некоја таква вештерка која прави магии не треба да занемаруваме и да се плашиме штом се молиме на господ. Тие не се посилни помоќни од бог. На мене колку пати само парализа у сон ми се десило и многу ќе се ипслашев но ќе си кажев молитва и потоа све ми проаѓа и заспивам како бебе буквално као ништо да не било. А одамна фала богу не ми се десило парализа у сон откако постев и се причестив тоа изчезна! Не ми се дешава повеќе еве некои 10години спијам мирно! Фала му на господа! И среќа ме запрати од тогаш сега сум самостална девојка во друг град со убава плата у добра фирма работам и сама мирно си живеам од ништо не се плашам. Човекот кој што го сретнала е опседнат од лукавиот и ради тоа зборувал сам со себе во јавност. Има доста такви луѓе и кај нас. Како да гледа некој пред себе и си зборува со него се кара со него. На нив стварно им зборува некој само тоа не е бог, тоа не изгледа за нормално, тоа е страшно. Човекот треба да се лечи во манастир. Само колку пати сум сретнала у јсп страв ме фаќало бегам седнувам каде што има луѓе.Тоа е многу језиво да го видиш во живо со свои очи.
Не е тоа исто неможеш да се споредуваш со случајот што е опишан во постовите. Недај боже тоа да ти се деси или на некој друг тоа е страшно. Ти незнам дали си сретнала уопште таква особа во животот и дали знаеш како изгледа таква особа но боље и да не сретнеш.
Тоа има медицински назив, Шизофренија и не е ништо необично и натприродно, исто како и парализата во сон.
Човек гледа луѓе што не се тука, слуша гласови. Прва помисла ви е то се демони, ѓаоли. Не сте помислиле дека човекот можеби има сериозни ментални болести, психоза, шизофренија итн? Во кој век живеете бе?
А зошто да не може да го реши со пост и пречисист? Да не гледаме од религиозна страна, причини поради кои што се појавува ова сум слушнал дека може да биде поради лош сон, поради психички проблеми, конзумирање алхол. А кога човек пости се храни доста по здраво и не конзумира алхохол со што се подобрува и сонот. Од друга страна литургијата има доста смирувачки ефект врз човек што може да делувало да се смири да не размислува на лоши работи. И преку тоа што е верник што се посветила на пост и молитва ги тргнала мислите од негативни работи и си помогнала да ги ублажи симптомите на анксиозност и депресија. Си нашла нешто со што успеала да се излечи, може нема на сите исто да делува, зависи како гледаш на тоа, таа во тоа си нашла мир.
Јас неќам ни да се присеќам на тој период а бев малечка тинејџерка. Абе луѓе секоја ноќ, буквално секоја ноќ нешто ме напаѓаше и ме давеше гласот ми се зимаше и осеќав раце на мене буквално некој ме стега ме потиснува. Имав ноќи неспиени беше загрижувачки мојата ситуација и моите не спиеа па чадеа низ куќа,правеа глупости кои не помагаа, беа до мене и со упалено светло сум спиела. И после решив да постам и тоа изчезна. И чудна ствар коа ми заврши постот сонував чуден сон, тој страшниот со рогови го бутнав у некоја дупка и го поклопив одозгора со огромен камен! И заврши све фала му на бога Јас од тогаш многу верувам во бога. Се ежаамм буквално кога ќе ми текне на оваа дешавка ама вече нема ништо сега сама живеам во стан далеку од моите во друг град сум нема ништо и даље бог со мене како со мене така и со сите нека е!
Тоа ти се вика парализа во сон. Фаза во којашто спиеш физички, си нешто меѓусон ама умот ти е буден. Звучи страшно, но е сосема нормално и нема никаква опасност од тоа
Јас веќе десет години доживувам, се појавува најчесто кога сум под стрес или кога спијам на грб ама со тек на време се поретко се случува. Навикнав.