точно дека се случува ама не ми е веродостојна теоријата наречена парализа во сон. и мене ми се деси еднаш и тоа убаво се сеќавам далеку е од теоријата парализа и врска немаше со тоа дали претходно сум била под стрес уморна и сл.
па според научниците се нарекува парализа во сон, а според оние кои го доживеале тоа тие го опишуваат како нешто надмоќно со кое се борат и ги совладува. Ми се има десено еднаш,нит сум била под стрес нит сум била уморна за да доживеам парализа напротив си легнав сосем опуштена и чуството беше буквално како нешто да те гази. Моментот кога се ослободив беше секундата кога видов сенка која се тргна од мене. Утрото имав неколку ситни модрици. Ете не знам, може парализата на крајот од денот дава такви "симптоми". Друга прича имам нешто слично на оваа тема ама да ме навлегувам. Верувам дека е како што кажа @GymGirl❤ станува збор за "нечесниот "
Е тоа се случува кога си во фаза на REM (rapid eye movement), мозокот е буден а телото е во REM то ест не е будно сеуште. Причини можат да бидат различни како медикаменти, стрес, претеран замор, алкохол, дрога, цигари и друго. То дека се демони се прикаски, ко што не можеле порано многу работи да објаснат па се препишувале на демони и ѓаоли.
морам да се цитирам, заборавив да напоменам дека се јавуваат халуцинации, допирни, визуелни, звучни...
Не знам баш дали е за овде мислењево али и у претходниот стан и у овој сега некој бравата ми ја отвара, во смисла како кога пробува некој да влезе кваката кога се помера, во претходниот стан два пати и у овој еднаш а кај мене за среќа заклучено стои али најјезиво што пробував да слушнам чекори, немаше никакви ни у трите случаи, како кога заминува некој..у претходниот стан имаше шпион како се вика тоа за гледање кој е али не се осудив да видам, у овој нема.. Ни знае некој кај живеам ни на кој спрат ни кој стан...а и кој би влегол така без да чукне или зазвони Мистерија ми е.
Со една другарка ни се случи тоа во зграда поточно во подрум кваката буквално горе доле одеше онака насилнички а не беше заклучено ниту па имаше некој бидејки после неколку секунди кога престана веднаш ја отворивме вратата ден денес после толку години уште не ни е јасно што точно се случи таа вечер .. језиво
Ова не беше насилнички, баш напротив ептен језиво бавно отварање како да проверува дали е отворено, скроз бесчујно, ептен у очи ми падна пошто на видик ми е бравата и у овој и претходниот стан ист тип на отварање...
А да земеш едно камерче малечко .. можеш и да нарачаш за ефтини пари ако се деси пак или пред да се деси стави ја надвор некаде само твојата врата да ја има на видик и можеби е некој сталкер ке знаеш барем што се случува
Ми текна на една сеа, у домот кај моите, живеев на 5ти кат и си седам јас у соба кај мене, а имав еден огромен постер од Архангел тој со трева што е и девојче има во тревата, и си лежам така на кревет и одеднаш забележувам скакулец на постерот али не у постерот туку вистински од надвор, и пошо се плашам од инсекти рипнав од кревет и како што го гледам постеров вчудоневидена најдов уште 5 вистински 3д тревни инсекти, значи ја живеам у центар, долу е бетон, нема ни двор ништо, на фкн 5ти спрат ...како инсективе знаеле за тревава дошле и се камуфлирале у лажната трева од постерот?! поверојатно ми е да излегле од самиот постер
Можеби има многу ,ама еве една од неодамна.Гледав низ фрижидер и забележав лук и си помислив што не купив кога беше братучедка ми на гости,а пред некој ден ја сонив нејзе јас во венчаница а таа дојде плачејќи не била убаво облечена и вика згора на се немам ни картичка за да купам друго нешто облека.И пред две ноќи ете пак ја сонувам дошла во Македонија,и сме биле излезени низ град да јадеме и ми вика јас со лук сакам ќебапи да јадам ,нарачај ми . Толку ми падна језиво ,и го немам кажано сонот ,само првиот сон со венчаницата.На сон дури и иднината ми се покажува,и тоа никако не можам да си го објаснам.
Некој ми диши у соба како кога спие некој, веќе неколку дена и тоа од време на време звукот се појавува вчера на глас велам тропни ако си тука, и нешто крцна
језиво. Требаше да речеш замини си и затворот врата од надвор ако си тука. Мене ми е фуфка од вакви работи
Има повеќе низ годините па ќе споделам неколку,ден денес не можам рационално да си ги објаснам,би сакала да слушнам мислења околу овие случки.1)Додека одев по улица добив силно чувство дека ми се заканува опасност и да се тргнам на лево два чекори,толку беше силно речиси како глас што вреска во мене,веднаш штом се поместив на местото каде што бев падна огромната железна канделабра која беше во близина и буквално ќе ме здробеше да останев.Луѓето околу мене беа запрепастени и ми викаа која среќничка си ти.2)Буквално имав визија за одредени настани што подоцна се остварија,дури и за колку време би се оствариле,сите детали, облеката во која се видов,чувства,целото сценарио.3)Кога бев во тежок животен период и се прашував дали да продолжам со патот кој го избрав(во кариера)седејќи на тераса почнав да си шепотам Господе дај ми знак ако ова е вистинскиот избор, и тогаш од нигде никаде два бели преубави пердуфи ми паднаа пред мене!навистина понатаму ми се покажа дека било правилен избор.3)Додека џогирав/трчав "нешто ме натера" да продолжам а требаше да завршам со трчањето зошто толку беше предвидено за тој ден,беше јануари вечер.200м откако продолжив налетав на манијак кој малтретираше девојка и ја имаше претепаномолеше за помош, немаше никој одоколу,се впуштив во одбрана,да не должам со детали се на се позитивно се заврши,се осеќав многу силна и храбра во тој момент и во целата мешаница имав чувство дека сум заштитена и дека "некој'' ме пратил.4)Два пати направив ритуал/магија за привлекување на едно лице,повеќе од љубопитност,и успеа и двата обиди,уште ми е неверојатно како можеше човек преку ноќ да полуди од љубов и страст,но ова изгледа доаѓа со голем товар зошто тој период како да им отворив врата и привлеков некои нечисти сили кои ме измачуваа долго време и ми требаше скоро една година да се ослободам од нив,навистина никогаш повеќе не би се бавела со вакви маѓепства
Од летото ,сонив на сон бивши дечко ме бакнувал и набрзо потоа го сретнав .Често имам претчувство што ќе ми се случи,или знаци на што да обрнам внимание,и визии кои подоцна ми личат на дежа ву,или ова веќе како да се случило