Офф топик -одговор на прашањето на milky-candy. Спојлер Вистински пример. Пред многу години еден монах кој бил многу добродетелен и свет, постојано се запрашувал зошто праведните луѓе умираат на страшен начин и многу измачени додека оние богатите и пред се неправедните умираат достоинствено и со многу почести. Така идејќи си од пазар (плетел кошници, ги продавал и од тие пари си купувал леб) здогледал еден праведен човек, починат, оставен на улица (бидејќи го познавал) кој и кучињата го раскинале, додека богатиот од тоа место го погребувале со најлуксузни почести, а во животот скоро сите го знаеле дека е доста суров и немилосрден човек. Монахот нажален уште повеќе се молел и постојано викал зошто Господ е толку немилосрден. Така еден ден тргнал да ги продава кошниците и по патот сретнал еден друг монах кој му рекол дека е за истиот град, па ако сака да бидат заедно. Го предупредил дека по патот ќе се случуваат многу настани, но не смее ни збор да каже се додека не стигнат во градот. Тргнуваат и застануваат кај едно семејство кое ги прима за да преноќат кај нив. Домаќините ги пречекуваат, им вадат луксузни садови за јадење, а потоа тие си легнуваат. Утрото станува монахот и на луѓето ми ја краде чашата. Таа била преубава на столб, дури и позлатена. Си ја собрал во торбата и заминале. Поминувајќи кај реката ја прекрстил и ја пуштил по водата. Кај другиот монах се јавиле сомнежи, што се случува сега, јас си велел, не тргнав со монах туку со крадец. Понатаму застануваат кај друго семејство. Млад брачен пар на кои штотуку му се родило бебе. На заминување монахов заминал во собата на бебето и го удавил. Отецов уште повеќе запрепастен, со себе имам дефинитивно убиец. Но, сепак не смее да ја прекрши заклетвата што ја дал дека нема воопшто да прозбори додека стигнат. Во друга куќа само што излегувале го прекрстил кучето и тоа паднало мртво. Сретнале малечки деца кои седеле покрај вратата на својата куќа и плачеле. Нивните родители починале и наместо монахов да ги утеши тој им ја запалил куќата и си заминал. Поминале покрај една меана, таму започнал да и се поклонува на меаната и да се крсти, додека понатаму поминувајќи кај една црква земал камења ги прекрстувал и мавал во црквата. Отецов си рекол, па што прави овој кај менава се крсти, а на црквата мава со камења. Дефинитивно овој е некој разбојник. На крај пред да стигнат до градот виделе една убаво голема куќа. Фатил монахов ја запалил и си заминал. Стигнале. Сега започнува да му раскажува другиот монах на отецот, зошто се тоа го правел. Му рекол, се сеќаваш во правата куќа од каде што ја украдов чашата. Таа чаша не е обична чаша. Таа чаша е Путир за Причесна. Еден од прародителите на семејството ја украл чашата од црква. Заради тој грев сите нејзини поколенија кои ја служат неа сите се во пеколот. Јас навистина ја украдов, но со тоа сега ги спасив сите. Утрото кога клисарот ќе отиде да се измие, ќе ја најде и ќе прочита дека таа чаша е од таа црква ( на неа имало нешто напишано, а луѓето, бидејќи не знаеле да читаат на црковен јазик не знеле што пишува), така ќе ја врати во Олтарот. Понатаму кај родителите на кои им го убив бебето. Тоа бебе беше зачнато на првиот ден на Воскресение (Велигден), а бидејќи неговите родители саклае да живеат во задоволство и не се воздржале на најголемиот празник на празниците, му беше пишано на детето дека кога ќе порасне ќе биде разбојник. Требаше да убие многу луѓе, па дури и неговите родители. Така сега ги спасив сите. Тие утрото кога ќе го видат, ќе си речат дека починало во сон, а по неколку години Господ ќе им даде друго дете. За кучето. Тоа куче имаше во него бес. Кога домаќинката требаше да дојде и да му даде да јаде тоа требаше да ја касне, а таа можеше да умре. Затоа ја спасив домаќинката. На дечињата што им ја запалив куќата. Додека тие живее тука не знаеа дека на прагот има закопано големо богатство. Сега откако заминаа, тие ќе отидат кај еден свештеник кој им е вујко (чичко), тој кога ќе ја расчистува куќата од изгореното, ќе го најде богатството. Бидејќи е многу добар човек ни пара нема да земе од него, туку ќе ги образува и тие еден ден ќе станат видни, образовани луѓе. Пред меаната каде што се крстев и поклонував, ти не виде, но таму внатре седеа луѓе кои се договараа да ја обноват запуштената црква. Јас се поклонив и прекстив за Господ да им ја слушне молитвата и да им го оддобри тоа. А на црквата каде што мавав со камења, ти не виде, но таму имаше ѓаволи и бидејќи напуштена црквата и не се служи Литургија ти беа на престолот и го осквернуваа. Затоа ги прекрстував камењата и мавав во нив, не мавав во црквата. Всушност за таа црква луѓето се договараа во маната. За куќата која ја изгорев. Таа куќа е направена од крадени пари. Домаќините тогаш беа на свадба и заради тоа немаше никој внатре, па ја запалив. Бидејќи домаќинката живееше во неа требаше да остане бремана и кога ќе го раѓаше бебето требаше да умре и таа и бебето. А вака сега се спасени. Тие ќе си изградат нова куќа. На крај му рекол. Ти мислеше дека правам неубави работи и ме осудуваше заради тоа. Се сеќаваш за што се молеше, нели сакаше за знаеш зошто се случуваат погрешни работи. Тоа е одговорот. Не треба да се мешаш во Божјите планови и судови, оти она што во очите на луѓето изгледа погрешно во очите на Господ има своја причина зошто тоа се случува. Како што стоел пред него монахот, веднаш исчезнал. Разбрал отецот дека тоа бил Ангел кој Господ го испратил за да му објасни. Ти ме запраша зошто и дали е грев спонатниот абортус. Одговорот ти е во текстот. Тоа не е грев кој ќе им се припише на родителите. Тоа е искушение за родителите, погледни го обајснувањето на вториот случај. Додека за дечињата со аномалија, тоа е сосем друго. Тоа е веќе грев. Како што го дал Господ такво ќе биде. А што ако и наредното бебе кое здраво ќе се роди по некое време му се појави нешто, сигурно нема да го убиеме за да не се мачи понатаму. Тоа е исто, ај си го убил додека било во утробата или кога ќе се роди. Тоа е сепак човек. Плус постојат толку многу примери кои го докажуваат спротивното. Им викаат дека ќе настане нешто, а на крај се раѓа здраво дете. Случајот со една феминка кога остана бремена (мислам дека беше ciribiribela) неа и рекоа дека заради некое зрачење може да настане аномалија. Ако таа не побараше мислење од друг лекар досега бебето ќе го абортираше, а сега благодарност на Бога таа и ќе се породи (или веќе е, не знам), а бебчето е здраво и право. Друг случај. Неодамна во Америка на детенце му откажуваат бубрезите, лекарите го гледаат на ехо детето со сигурност ќе умре. Мајката ризикува, да се направи уште една операција да се извадат бурезите (дали да се изврши трансплатација, не знам). Го оперираат детето, а лекарите вчудоневидени. На местото каде што стојат бубрезите растат нови два бубрези. Е па, како тие ( цел колегиум врвни лекари) не ги виделе дотогаш тоа на ехо?! Значи се е по Божја промисла. Што ако тоа дете понатаму се излекува, ако не е ништо страшно? Што ако тоа е во слава Божја? Тоа дете да се излекува на натприроден начин, преку молитва?! Пред исто неколку години се раѓа дете со аномалија. Долг јазик. Родителите го кријат, но колку ќе се крие. Им кажуваат да отидат во манастир и да се помолат. Кога се помолиле на моштите на светителот детето оздравело, а јазикот му станал нормален. Колку има случаи кои парализирани стануваат и оздравуваат, колку се случаите на чудесно исцеление на најразлични болести! Тоа сепак е Божја волја и ние не треба да одлучуваме за нечиј живот (за нашето дете дали да живее и да се мачи или не), зашто Господ си има одреден пат и на тоа Негово чедо. Безброј се случаите каде токму тие деца со аномалии се и композитори и пејачи и научници. Кога Господ едно зема на другото му дава поголема моќ (научно и лекарски докажано). Пред неколку месеци во „Све за љубав„ имаше едно детенце кое беше слепо (мислам од раѓање, не сум потполно сигурна), а тоа дете правеше програми за слепи луѓе за копјутерите за да можат да се образуваат. Што ако неговата мајка го абортирала?!!! Тоа би било хендикеп за цело општество. Искрено го цитирав овој дел, затоа што мислам ако не се лажам дека и темава се нарекува „Необјасниви случки„. Она што не може да се објасни. Темата е таа, а јас мислам дека културно постапив и моето мислење и обајснување го ставив во скриен текст, за кој што сака да прочита. Прости, но тоа е моето мислење. Не сакам да се почуствуваш навредено, едоставно сме со различни гледишта на работите околу нас. Овде сме да дискутираме, да се дужиме и споделуваме искуства. Поздравче Он топик. Спојлер Совет кон сите други. Пак ќе почнам со мојата автобиографија, но само за некој да извлече правилна проценка и одлука, за овие работи. ...Кога ми се случуваа тие тешки моменти и настани, јас искрено бев во депресија. Страв од сите страни. Станав режисер на хорор филмови. Очекував во секој момент да ми се случи нешто. Размислував дека до мене лежи некој друг, дека може нешто да ми излезе од под кревет, а за темнина да зборуваме. Слушав гласови, движења по таван, како вистински некој човек да чекори. Стигнав до тој степен што со сите со кои спиев ги наслушував дали дишат, за случајно да не умрат . Па размислував ако нешто им се случи како да постапам, каде ќе барам помош... Преплашена живеев ден за ден. Ако моите задоцнеа од работа правев триста филмови дека направиле сообраќајка, па некој ќе дојде да ми каже дека веќе ги нема. И ако продолжев уште извесен период така секако ќе завршев во лудница... Затоа ве советувам, не мислете и не се оптоварувајте со овие работи. Колку повеќе мислите толку повеќе заглавувате во канџите на нечестивиот, тој постојано бара души кои мислат на него. Не го дозволувајте повеќе тоа. А единственото решение (за православните) е крстот. Купете ланче со крст, пред спиење макар речете „Господи помогни ми„ , прекрстете се, во собата ставете икона. Да знаете дека тоа е спасот. Барем така се спасив и јас и сум бескрајно благодарна на Господ за тоа.
Да, таа е, но таму не беше обајасната вистинската смисла. Навистина прекрасно изработена, ама не беше потполно во контекст иста на вистинското случување. Таму не беше убиено бебе, туку Колозов го турна момчето во една бездна, сакам да кажам малку модифицирано.
Многу ми се допаѓаат твоите постови, дури и да не се вистина приказниве многу се поучни, и предизвикуваат убави чувства, многу поубави од оние кога мислиме на убиства, караници, намерни абортуси...Спонтан абортус не е вина на родителот, но ако е намерно предизвикан може да е. И јас верувам дека се `се случува со одредена причина и дека Господ има план за секој од нас. Но нажалост обично тоа го сфаќаме прекасно, кога сме повредени. Можеби не сум компетентна да му судам на родителот кој направил абортус поради утврдени аномалии на плодот, но сум компетентна да судам за болката која ја трпи тој родител и мракот во кој живее тоа дете. Можеби таквите случаи се само тест за луѓето а можеби и казна за минати гревови. Верувам дека последиците од направени гревови ги трпат генерациите што следат. Ништо со сигурност не можеме да тврдиме, макар се карале со денови. И нешто со темава, утрово станувам и одам во вц, но не планирав веднаш да се бањам, инаку ќе си го земев мобилниот да си гледам саат. Но ми текна да се бањам и само што почнав почна да ми ѕвони алармот од едниот мобилен (секогаш местам аларма на два мобилни и еден саат) по некое време престана, дека се активира повторно на 9 минути. И ок се истуширав одам во соба кога гледам кабелот на едниот мобилен беше изваден од телефонот дека се полнеше а алармот исклучен, исто така и алармот на саатот беше исклучен и останав занемена, па јас бев сигурна дека не ги исклучив кога станав, особено не го извадив кабелот од телефонот. Тоа беше необјасниво за мене, не се сеќавам дека ги исклучив, па станав пред 15 минути веројатно ќе се сетев, е сега можам да си го објаснам само со потребата од билобил или уште сум била во сон додека сум ги исклучила. Кој дух би ми дошол толку рано на посета да ме зачудува уште рано наутро. А верувам во надприродни појави, им се случиле на луѓе што ги знам, мене сеуште не, иако многу сакам да дознаам како се случуваат тие работи, но мислам дека ние овоземските луѓе нема никогаш да ја дознаеме суштината на надприродното и покрај сите настојувања.
Прекрасна беше приказната Серафима и на мене ми се допадна премногу. И јас сум едно од таквите деца, кои се родиле болни и докторите се откажале од лекување, бидејќи требало да умрам според нив, па моите ме земале дома. Со месеци од раѓањето сум била во болница, а и потоа често ме носеа по лекари некаде до можеби 10-12 годишна возраст. Истата вечер инаку кога ме земале моите и кога очекувале да починам, ме однеле не знам точно каде во кој манастир, бидејќи некоја жена, што не ја ни знаеле моите дента им кажала на за некој манастирот со извор... и еве ме и ден денес А, по 10-12та година немам буквално никаков проблем со здравјето, а инаку беше прилично сериозно.
Видеото погоре што беше навистина е морничаво,но слушајте внимателно без страв зарем не ви звучи како штала со животни(овци,телиња,крави,коњи) Знам дека звучи смешно,но може да биде лага во секој случај ништо не се постигнува со плашење... Јас читав на Интернет за вакви работи и тоа баш пред да легнам, легнав и постојано се плашев, значи ми беше страв да се свртам го запалив светлото во темница ми беше страв, утрината се разбудив во пет часот, оџа пееше јас уште повеќе скренав, дали Господ ми кажува дека сум го изневерила Христијанството?! Се слушаа и птица, навистина скренав се ми сметаше и птиците и се со страв легнав и некако заспав,но тоа беше најлошиот ден во мојот живот... Едит: Серафима, јас верувам во приказната(да не добиете впечаток дека не верувам), само се заинтересирав бидејќи беше прикажана малку поразлична,но сепак тука беше некаде, во секој случај ми се допадна.
Мило ми што посеав зрно на вера во вашите срца. Се надевам дека извлековте поука или понатаму во текот на животот ќе си спомнете за овој пример и ќе надминете некое големо искушение. Инаку приказната, настанот, јас би рекла чудо Божјо е вистинско. Се случува околу 3-4 век во близина на Александрија (градот за каде патува отецот). Сакам да напоменам дека како што и погоре напоменав дека се се случува по Божја промисла. Сите настани што ги наведувам останале длабоко во мене и тие беа што ме воскреснаа буквално од мртвите, депресијата во која бев. Се е вистина, секој збор, секој настан. Спојлер Уште нешто во врска со секојдневните случки кои се случуваат не случајно туку по Божја промисла. Пред неколку години кога ја купивме колата, мажот ми отиде да и смени каиши и не знам некои други потрошни делови. Мајсторите местат се, се убаво наредено како што и треба, ама колава не работи како што треба. Море мајстори од цел град, врвни мајстори и никако никој да открие што е работава. Се договарат на шлеп служба да се носи во сервис. Еден од мајсторчињата ги собира деловиве од колава и при затегнување на некој штраф, еден дел се крши. Момчето избезумено. Делот е 100 евра, како да плати кога цела палта е тоа. Го порачуваат делот и го местат. Токму тој дел бил оној кој не бил во ред што колата не работела. Ете ја Божјата волја. Ако момчето не го скршеше делот може и никој немаше да открие кој дел не е во ред. Пример2: Пред неполн месец исто дефек со колата. Се отвора колата покрај едниот дефект (малечок), мајсторот му вика на мм дека сигурно за еден месец ќе се вратеше за другиов дел. А сега се прашуваме што ако заради тој дел подоцна ни се случеше некоја сообраќајна незгода или уште поголем проблем за колата !!! Божја волја, истата работа не чинеше 2000 денари, за месец уште толку ќе дадевме само за работна рака. Ама Господ си ги реди работите. Додека го бараше делот мм замина во друг град. Избезумен дека нашата кола се поправа си ја заборавил возачката. Го запира полиција, а овој мојов без документи. Полицаецов само го погледнал и ни му побарал ни возачка ни лична карта ( а во друг град ). Зарем не тука повторно волјата Божја. И ако плус ни пишеа казна (250 евра за возачката) и плус уште нешто сигурно ќе пишел само да напише казна. И на крај нас колата би не фатила 800-1000 евра, исто како нова да сме зеле. Може се ова во нечии очи ќе изгледа се случајно, случајно со делот, случајно со другиот дел, случајно со полицаецот. Кога се гледаат работите од оваа перспектива се многу подруги. Се е по Божја промисла, секое добро и лошо дело. Кога една жена заминала на исповед кај еден свет отец и се пожалила дека сите нејзини и починале (мажот, децата, сите наеднаш), отецот само и рекол: „ Господ гради и кога руши„ Кратко и јасно, поука вредна колку едно бесценето богатство.
Плашлива сум,а откако прочитав неколку мислења кога името ми го изговараат се штрецнувам Иначе мене баба ми ми има раскажувано за нешто вакво но незнам колку е точно. Во хотелот Радика во Маврово во собата 318 престојувал некој богат човек со жена му.По некое време жената починала во хотелот.По нејзината смрт секој што престојувал во таа соба гледал сенка како игра.тоа била жената.По некое време почнала и да пее. Откако ми го раскажа ова неколку вечери по ред ја замислувам како игра. Исто така,еднаш легнав во 3 ипол 4 саатот навечер.Столната ламба ми беше уклучена.Една ташна ја имав ставено на столот (висеше).Откако ја изгасив ламбата ја гледав како мрда.Ја упалив престана и така неколку пати. :geek: И уште ова..еднаш додека пишував домашна косата ми беше собрана.Одеднаш се свртев и приметив дека косата ми е пуштена и кога се загледав во еден прамен ми заличи на самара (верувам дека ја знаете) како ме гледа.Почнав да пискам и кога мајка ми дојде и раскажав се и почна да ми се смее.Косата ми била во репче
Простете што ќе отидам малку оф топик, но доколку целосно прочитате ќе сфатите дека е донекаде во склоп со некои неразјаснети теории околу необичното... Би сакала да се обратам до Серафима напоменувајки и дека секој поединец е различен, и со самото тоа е факт е дека секој од нас има различна вера и религија меѓутоа она што не сплотува во еден заеднички свет се токму грешките. Нема човек кој чекори по земјата а не греши. Но за една сторена грешка најпрво е важно да си простиш самиот себе си за стореното. Дури откако ќе го сториш тоа ќе престане да те гризе совеста и ќе го пронајдеш сопствениот внатрешен мир. Околу господ - јас не верувам во него. Не дека навредувам, негирам дека навистина е тоа така меѓутоа јас не верувам бидејки имаше еден период во кој бев навистина голем верник. Одев в црква, се молев пред неполна година (значи неодамна), и да чувствував духовен мир и спокојство после одредени настани кои ми се случија во животот. Со моите сега 16 години, сфатив една поука а тоа е дека ако во овој живот сакам да живеам онака како што сакам, морам понекогаш да играм валкано и нечесно колку и да несакам тоа да го сторам. Но тука некаде и се доведов себеси до едно големо прашање. Т.е. како одеднаш да ја отворив пандорината кутија и сфатив дека добрите дела всушност го чинат човекот ЧОВЕК а не крстењето секој ден в црква, исповедите, а потоа враќањето и чинењето уште илјада, можеби и полоши гревови. Исто така да напоменам ... Според мене - погледот кон една икона, самиот визуелен контакт со неа го пробудува идеалот во тебе, и оној дел од мозокот во кој автоматски кога ќе се ,,сложат'' коцките укажува кон нешто невидено и непознато кое тера да се ПЛАШИМЕ од споствената грешка која можеби некогаш ќе ја направиме. Залудно јас не велам дека добрината е основна вредност со која треба да се ќитиме. Јас не верувам во господ. Меѓутоа тоа не значи дека сум лош човек и не почитувам. Во секој случај не дозволувам да се насели лошото во мене кое многу пати го имам почувствувано и видено со сопствени очи. И секојпат победувам, што е најважно! Без молитва! Со сопствена сила и дарба. Се замарам со ова бидејки од дете се интересирам за паранормалното, си ветив дека колку и да се чини невозможно зад сите оние заклуени катанци дека ќе ги отклучам непознатите врати од своето непознато битие никогаш невидени од ничии очи. Еднаш веќе го сторив тоа, тоа ми дава желба за повторно и го губи стравот во мене... Не е важно за каква паранормална појава станува збор. Значи зборот ми беше дека честопати религијата е изговор за особините на човекот да станат поквалитетни и токму поради тоа ние се каеме, крстиме, гледаме во иконите и се чувствуваме подобро после тоа. Околу стравот кој ми го напомена... Од моите досегашни постови незнам од каде доби впечаток дека се плашам? Јасно сметам дека напомнав дека се борам против злото како единка поттикната од својата енергетска вредност во склоп на сопствениот разум. А околу абортусот никако нема да се сложам исто така и тоа е една сосем друга дискусија која не би сакала сега да ја отворам, но само ќе додадам дека ако немам услови да го чувам тоа дете, немам пари за да го исхранам и изведам на пат подобро е уште сега навреме да ги скратам неговите а воедно и своите маки отколку да му подарам живот полн понижување во овој гневен свет, исмејување и глад. Каква мајка би била јас неможејки на своето дете да му пружам она што е потребно и да го препуштам на себе?! Под здрави околности, и поради еден обичен детски каприц ниту јас не го одобрувам абортусот. Меѓутоа секогаш постои едно НО во тие редови кои укажува кон исклучоци. За крај би сакала да нагласам дека ние сме овде во овој момент заробени во ова линеарно време и како такво треба да се обидеме да го живееме најдобро што можеме бидејки сепак незнаеме дали воопшто постои нешто добро т.е. рајот или како сакате наречете го. Бидејки јас сепак не го негирам постоењето на некој нов свет од кој душата може да стане дел по настапувањето на смртта. Но зошто тој секојпат мора да биде добар? Луѓето во минатото го претставувале таков поради тагата и загубата, па тоа најверојатно доаѓало како еден вид утеха. Дали си сторила грешка или не, заборави го тоа, бидејки тоа е само едно оправдување наметнато од самата религија. Дека ако не правиш грешки или се каеш за истите одиш во рајот, во спротивно ќе гориш во пеколот. Којзнае според која теорија се видуваат работите. Така да ништо не ти е гаранција. Само преданија и легенди кои поучуваат за една основна човекова особина - добрината. Тоа се сепак само сегменти кои не се добиваат преку религијата но тесно се поврзуваат со неа
Серафима, Ја прочитав приказната со монахот и отецот и би сакала да верувам дека тоа е причината за лошите работи што се случуваат по светот( демек со причина се случуват и да немаме гајле )...Приказната е еден вид на утеха за луѓето...Зошто тогаш некои добри и фини брачни парови, полни со љубов и ситуирани и све не можат да имаат деца, а некои развратници и асоцијални ликови ќе добијат по 5-6 деца и ќе ги расфрлаат по улици и ќе ги тераат да просат и ќе ги тепаат? Или зошто во Афричките земји децата во 21 век умираат од глад, жед и заразни болести? Што се виновни тие мали душички за да минуваат низ таков пекол? Или Господ можеби со некоја причина ги умира, илјадници невини дечиња...? Можеби тие кога ќе пораснат ќе бидат убијци и крадци, па така завршуваат? Има милиони примери да се наведат... Залудно е да си верник и да одиш редовно во црква, кога душата ти е црна и полна со зло и завист и кога имаш лоши мисли...Секоја треба да си го гледа својот пат, да не нанесува зло на другите и ако може да помогне...Тоа е она што дава мир и спкој на душата...Да знаеш дека никој не пролева солзи од тебе, дека не должиш ништо на никој и си го гледаш својот живот и животот на твоите најмили...
некои луѓе навистина не веруваат во макви работи и луѓето кои ги гледаат овие работи се одбрани односно сакам да кажам неможе секој да ги види.јас имам 2 случки 1.В селото на бабами и дедоми врви воз и еден човек исто така наш роднина се фли под возот и од тогаш излегува секогаш таму во вечерните часови и им кажува на луѓето со прст кои се со возила да одат во ендекот (се надевам дека знаете што е ендек селски збор) ние одпрвин не верувавме но еднаш бевме сите фамилиарно отидени на поседок и братми се разболи и крена висока температура и моравме да одиме во болница и со колата кога стигнавме таму тој излезе точно пред кола и покажа со раката и во меѓувреме почна да вика НЕ НЕ ЗАСТАНИ таткоми цел преплашен запри,тој се приближи до џамот и рече "во животот ми имаш напрамено многу добро неможам ова тебе да ти го напрам" се сврти направи точно 3 чекори и го снема.Таткоми цел се тресеше не беше во состојба да вози и така седевме пола саат замислете во кола вечер дули да се стабилизираат и таткоми и мајками па отидовме во болница. 2.Една вечер се загледавме во еден филм бесе некаде 4 часот заврши и јас си имам навика пред да си легнам да одам во wc а wc-то ми е надвор и јас излегувам надвор ламбата изгасната и ја бараб сиалицата да ја запалам бидечи не гледав и слушнав еден глас како ми вели "многу ја сакав оваа куќа,многу е изменета и бунарот повеќе го нема" јас незнаев што да правамм а беше женски глас и наеднаш се качив горе и им кажувам на моите и тие ми се смеат ми викаат многу почна да си филмаш и ајде јас кренав раце и си легнувам и ги слушам таткоми и мајками како разговараат дека е вистина и дека на таткоми му има излезено и му има велено да му ја чува куќата и потоа по некое време дознавме дека тука вистина имало бунар,а и многу пати во вечерните расови се гледа како сенка на тоа место само јас и таткоми ја гледаме и стои каде што бил бунарот и таа жена што излегува живеела тука пред нас
Спојлер Прости Valerin, изгледа погрешно сум те проценила. Жалам за ова што го прочитав , дека си добила поука во животот да играш валкано и нечесно (макар и да не сакаш), за на тој начин да го постигнеш она што посакуваш. Твој избор, животот е твој, прави го она што те исполнува. А околу крстењето, исповедтта, одењето во црква дека не е ништо доколку потоа се прават најголеми гревови, тука морам да поправам. И тоа како го прават тие работи човекот. Кога човек ќе се спознае себеси, кога ќе нурне во длабочината на својата душа, тогаш не само што нема да прави гревови, туку ќе биде и стражар на своите помисли. Ќе ги конторлира и нема да дозволи да помисли нешто лошо за својот ближен, а камоли да направи нешто лошо. Тоа е тајната на спасението. Молитвата не е само неколку кажани зборови, молитвата е сосем друго. Оној кој ја вкусил знае, а тој потоа никогаш не ја напушта. Знам во што верувам, а вие си знаете во што верувате. Ако мислите дека некои работи и дела не се грев и понатаму мислете така. Никого не наведувам да мисли онака како што мислам. Незнам зошто се зафативте со абортусот. Повторно ќе кажам (иако веќе еднаш кажав) постот кој го напишав беше соодветен на темата, а објаснувањето не беше задолжително секој да го чита, па затоа беше сокриено. А тоа беше со цел за да не настанат понатамошни комфликти, затоа што знаев дека некој ќе го погоди тоа. А продолжив да пишувам, бидејќи некој учтиво ме замоли и ми постави прашање и не е никако пријатно да не се одговори, нели!
Серафима драга, сите сме луѓе и во ред е да се направи грешката но и да се побара прошка. Тоа го прави човекот човек. А за тоа дека играм валкано не мислев во секоја ситуација, и искористувањето на најлошите можни средства со цел да се дојде до постигнатата цел. Само во дадени ситуации кога треба да се возврати за стореното. Бидејки јас не живеам за тоа дека еден ден ќе го стигне правдата оној кој ми сторил лошо. Не верувам во тоа, и многу досегашни примери ми го докажале тоа. Но секако и нема да му вратам двократно, да му го одземам животот или среќата или којзнае што. Погрешно ме сфати Околу молитвата повторно ќе напоменам дека кога е искрена и од срце упатена до оној во кој јас не верувам ти ствара блаженство во душата. Т.е. самата помисла дека истото постои и те заштитува прави да се чувствуваш добро. Бидејки за да се изградат одредени мислења пред се, потребно е зад себе една личност да има оставено длабоки траги, факти и и принципи кои укажале на тоа. Затоа веќе напоменав дека сите сме соочени со различни ситуации. Некои правдата повеќе ги надарила па ги натерала да веруваат некои пак баш спротивно. Некои суровиот живот ги створил верници - во случајот ти. Некои пак баш таквиот живот ги натерал да не веруваат (како мене). Тука е прашање на судбина (во која секако верувам) од која се гради мислење за понатаму. Спознавањето на самиот човек никаде не стои како правило дека мора да потекне токму од религијата. Туку од случаите, околносите, свеста и љубовта како првобитна. Секако и добрите дела кои доаѓаат во ,,пакет'' со се што веќе споменав Не ме сфакај погрешно повторно ќе кажам, јас сепак не сум верник но за себе можам да кажам дека сум добра личност. Секако со свои маани и недостатоци. И вака можеме до утре, меѓутоа јас го почитувам твоето гледиште кон работите иако ниту ти ниту јас неможеме 100% да утврдиме од кој аспект треба работите да да бидат гледани. Само биди добар човек, не мисли лошо како што кажа milky, не ги повредувај останатите со цел да стигнеш до она што сакаш, не му одмогнувај на оној на земјата кој бара помош туку дај му рака за да стане...а ако неможеш не го понижувај! Но врати му на оној кој ти учинил многу зло бидејки ти самиот си бил негова жртва а не си требал да бидеш. Тоа е она што сакав да го кажам. И ако не си верник не значи дека си нечесен човек Делата е она што го чинат човекот. Тоа е она вистинското за кое утре твоите идни поколенија ќе се сеќаваат на тебе, а не колку пати си се прочистувала привремено и си стоела настрана од гревови а потоа повторно си подлегнала на искушението. Секако, секоја чест на поединци кои еднаш ќе се помолат и не прават повеќе грешки меѓутоа сепак ќе кажам дека на некој начин се е прашање на избор и карактер, два основни поими кои имаат огромно влијание врз човекот
Не е он топик, ама би сакала да спомнам, дека навистина мислам дека секое лошо, за добро е. Требаше да одиме на плоштад, а татко ми не, неможе да одиш. Добро му реков, ама во себе многу се налутив, зашто јас да седам дома а другите да одат? И останав јас дома, другите отидоа. После тоа, гледаме на вести, на плоштад, поминале Комити мислам, и почнале со камења да ги маваат луѓето, да се тепаат (незнам дали меѓусебе, или со други). Тогаш на плоштад имаше неколку повредени деца, и 1 во лоша состојба. Тој ден, стварно се замислив и мислев што ако јас бев, и ме удреа? Што ако имав некоја посериозна повреда? Тогаш сфатив дека секое лошо за добро е, и дека после дожд доаѓа сонце. Многу пати не сум излегувала надвор, зашто во нашата населба е опасно, посебно ноќе. А и многумина бегаат навака, дека Арачиново е блиску, пред неколку месеци, еден што мислам дека убил некој човек на плоштад (на кеј тие, накај плоштад што се оди) во кафичите, бегаше низ улиците, еден човек беше застрелан, еден удрен со кола. После тоа уште еден бркаа, со хелихоптери и чуда. Го оправдувам татко ми кога не ми дава да одам надвор. И сфаќам зашто е. Исто така требаше да одиме кај другарка, а по таа улица која што требаше да одиме многу лудо возат, и по таа најчесто се бркаат. Татко ми не ми дозволи (знаеше дека бркаат некого),а јас се бунев. И тој инат, нема да одиш и точка. Ок. Тие отидоа, и во истиот момент две коли се бркаат, и едната удира моја другарка, странично, и и ја крши раката. ах, не го сфаќав ова кога бев мала. А и да, сега кога и да слушнам пукање, обавезно станувам од ПЦ кој ми е до прозорот, и одам каде што мислам дека куршумот не би успеал да побие. Многу пати, во други куќи има пробивано куршум, и се плашам.
Серафима прости ама ме изнасмеа , Необјаснива случка за автомобил? Се е тоа механика алоо, господ нема друга работа со вашата кола ќе се занимава
Отиде темава...од духови, сенки и невидливи суштества кои не тегнат и гушат дојдовме до расипана кола по Божја желба .
Настанов се случи во мај 2003 .Касна пролет,се затемнуваше околу 20 часот. Бев со две другарки (едната од нив живее во непосредна близина на Старите гробишта),излезени,насмеани..дечиња,во секоја смисла на зборот. Тие две некако беа страшливи,иако никогаш отворено не признаваа. Јас ем храбра,ем љубопитна,им влевав надеж и нам,ерно сакав да ги челичам Таа вечер се шетавме по гробиштата (често го правев тоа сама, а со нив првпат навечер) околу половина час,сретнавме едно момче (живо ),се поздравивме и слеговме надолу. Таму имаше еден стар гроб од раниот 19-ти век и секогаш ме восхитуваше неговиот дизајн. Им реков да појдеме и тргнаа по мене. Сеуште не беше целосно затемнето,времето беше сосем мирно,без нималку ветре. Одненадеж-над гробот се стемни,еден најлон што беше паднат пред него се дигна во воздух,постои така околу пола минута и падна. Ние сите скаменети,крвта ни се здрви,не можевме да претнеме. Кога наеднаш,една кремова силуета се појави како подвиена во грбот и тоа точно од левата страна на гробот.За момент како да претрча од заг гробот и ја смена. Двете другарки писнаа и јас по нив.Летнавме да бегаме колку што не држеа нозете,врескајќи како споулавени. Кога излеговме од гробиштата,застанавме на светло,под уличната светилка. Испаничени ,зборовите ни се измешаа и само дофрлавме - дух...згрбавен ..летна... Се гушкавме и врескавме од страв. Оттогаш уште еднаш се осмеливме да разговараме за тој настан и заклучивме дека сите сме го виделе истото. Повеќе не дојдоа на гробишта со мене, а јас си одам и ден денес.