Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Гледам дека на некој се ова му е многу смешно. Ако, во ред е и тоа ( само за убаво да е ).

    Но, сакам да прашам ако се случеше нешто од типот сообраќајна несреќа, па да не дадеше Господ да загинеше некој, па и тогаш сигурно ќе се смеевме сите, нели ?!

    Тоа е она што некој друг го гледа и чита меѓу редови, додека некој само си мисли дека Господ се занимавал со „нашата расипана кола„ .

    Како и да е, вие најдобро си знаете, да не ви се мешам во вашите размислувања.

    Се ова што се случува околу нас нели се е напредок на технологијата.
    А кој ја создаде технологијата?
    Човекот.
    Па, како тој како универзално суштество и со својата напредната технологија и наука сеуште не открил се што се случува, живееме во претпоставки дека постоел живот на дригите планети, па ќе дојдат вонземјани слични на нас, па како може човек кој е болен и се очекува во секој момент да умре наеднаш оздравува, како може сеуште да не се докаже постоењето на духовите, да се објасни се тоа зошто е така, зошто не се докажува зошто настанува смртта и сите умираат, млади или стари...?


    Факт е дека, ништо не се случува без Божјо допуштение. И напредокот на технологијата и се друго.
    Она што го испуштиле научниците и за кое паѓале постојано е токму тоа, неверувањето дека сепак постои нешто над природата.

    Сите се прашуваат како може да постојат духови (знам дека многу и не веруваат), но некој доживеал и знае дека сепак постои таа надприродна сила која сеуште не може да ја објасни ни технологијата ни медицината ни која да било земна наука. И се е заради тоа што човекот е недостоен да го види се тоа, бидејќи му се затворени духовните очи.

    Се случуваат безброј други работи за кои сеуште се нама логично објаснување.

    А зошто?
    ____________________________________________________________________________________________
    Додека патувал во воз (старец Клеопа), во неговото купе се качуваат образовани луѓе кои не веруваат во Господ и започнувааат разговор со отецот (монахот). Го подбуцнуваат со своите сакастични коментари и му објаснуваат се во врска со технологијата на тој начин само да му го докажат она што го мислат, дека не постои Бог. И кога стигнале до темата за земјата за нејзиното движење, за патот на месечината и за вселената, отецот само им одговорил:

    - Се убаво ми објаснивте, но сега кажете ми за тоа што се случува во вселената,буквално се.

    Сите занемеле и не знаеле што да одговорат, а отецот смирено започнал да им кажува за некои работи кои науката ги докажала (а тие не ги знаеле).

    На крај отецот, само додал:

    - Знаете, човекот личи ни помалку ни повеќе туку на пчела. Која пораснала, излегла од кошницата, завртела неколку пати околу неа и рекла дека се знае. А кутрата не знае дека во светот постојат безброј други кошници, безброј преубави ливади со цветови, безброј други убавини...
    Ете тоа ви е човекот.

    Луѓето занемени за тоа дека еден прост овчар ( зашто во манастирот пасел овци) знае вакви работи и од областа на медицината, астрологијата, буквално се за што разговарале.
    ____________________________________________________________________________________________
     
    На tessie, WildCherry и the.one им се допаѓа ова.
  2. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Јас знам дека не е убаво мртовец да те вика да идеш кај него или да сонуваш да идеш кај него. Подобро што те разбудила мајка ти :!:
    Ваква случка ни се има десено и нам. Во 3-4 ноќта пред некоја година заѕвонил некој на врата. И моите искочиле цели испласени испаничени и бил стар човек им побарал тиганичка. Баш со тие зборови. А моите дека извадени од памет го избркале. И после некое време некој рекол дека можеби бил Господ тој што дошол :|

    Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
     
  3. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    луѓе до кога ке верувате во овие т.н глупости???? не ме осудувај одма , но зошто овие работи ви се "случиле" само дома, навечер и додека сте сами ??
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    јас верувам, постои некоја надприродна сила постои задгробен живот, немам докази за тоа и никој нема никој не се вратил да ни каже .. сигурно им е убаво па не се враќаат :rofl: сепак јас си стојам цврсто до тоа дека постојат и верувам..
     
  5. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Хм....не верувам во вакви работи се додека не видам нешто такво, ако видам.Треба да се плашиме од живите луѓе а не од мртвите.Прочитав некои напишале дека сето тоа е плод на нашата имагинација, можеби и е.Според мене јас повеќе верувам во сонови што ги имам сонувано и страшно многу се имам исплашено во сонот, тие според мене некако се нашата потсвест, и нешто што се случило или ќе се случи, но како и да е не верувам многу во вакви работи.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не се глупости и не би требало така да се каже.Мене не ми се случило само навечер и само кога сум била сама, туку и спротивното од тоа, ми се случило и дење и не сум била сама, неколку пати, од кои само дел спомнав тука во темава, јасно ми е за што станува збор.Значи човек ако доживеал такво нешто, ќе верува дека тоа постои, мене ми се случило и знам дека има нешто, затоа тоа што го кажуваат други, јас им верувам, затоа што сигурно не лажат.
     
    На Bitter-Sweet и martinuska им се допаѓа ова.
  7. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Јас вчера си легнав околу 3 часот и никако неможев да заспијам.И таман кога ги затворив очите некој почна да прави некакви звуци,нешто:Ахх.Си реков,си замислувам..неколку секунди потоа некој направи звук кога бакнуваш некој т.е. муа . Се свртив,никој немаше во собата..а тоа беше како да го шепнува некој.
    И пред да си легнам,додека седев на компјутер,чувствувам како некој друг да е присутен во собава..:worried:
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Леле, страшно :|
    Да бев на твое место нема јас жива да останев. :|
     
  9. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Според мене и тоа како што ми кажувале, да сонуваш некој што е жив во сон да почини тоа значи дека му се продолжува животот.А тоа што го гушкаш дедоти е твојата потсвест дека ти недостасува и незначи ништо лошо, во твојот дом да сонуваш починат човек значи среќа во домот и твоја среќа.Ако те вика некој што е починат во сонот не е убаво, ако ти се насмее тогаш значи ближна смрт и голема болка.Мене пред 6 години ми почина тетка на 37 години на мајка ми сестра, пред да почини сонував еден куп змии значи сум била на некое место во една дупка полно со змии и цело време бегав од нив да не ме каснат многу уплашена бев во сонот, и кога една ме касна огромна змија една болка осетив голема и во сонот и кога станав ме болеше местото многу, и реков ништо само сон.И по неколку дена почина тетка ми.Откако почина тетка ми по 4 месеци ја сонував неа, мене роденденот ми се ближеше и тетка ми ме праша во сонот што да ми купела за роденден и реков ништо тето немора и само ми се насмеа и ништо не ми рече, и баба ми почина по една недела.Сега пред една и пол година почина на татко ми сестра на 55 години млада, и беше болна но сепак имав верба дека ќе оздрави, но ете судбина.Пред да почини беше на болница и само вечерта кога ја однесоа Скопје на болница пред да почини јас во сонот само како некој да ми викна по име како да беше гласот од тетка ми и се штрекнав и почнав да плачам и знаев дека тоа е тоа.Немој да се плашиш за соновите, некогаш се со убаво значење,некогаш само нашата свест работи, или пак ни претскажуваат нешто што сакаме или не ќе се случи.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Леле, страшно :|
    Да бев на твое место нема јас жива да останев. :|[/quo

    Гајле немам од духовити работи ,само од живи луѓе имам :lol:
    Ти велам ,јас в гробишта израснав ,а тоа и не е единствената паранормална работа што ми се има случено.

    Еве уште една

    Седиме јас и еден другар во соба во манастирче ,среде бел ден .

    Мали бевме ,тој 9 јас 10 години и бидејќи никој не сакаше да му отвара страшни теми на разговор ме молеше да правиме муабет за дихови.
    мене ми се наполни душата ,многу ме влече натаму :rofl:

    И ми вика детево ,како знаеш дека некаде има дух?

    Јас му викам ,демек ,според некој необичен настан во самиот момент.

    И ајде ,ќе тестираме дали во собата има дух ,и тоа не било чиј ,туку на светецот на кој е посветен манастирот.

    На вратата стоеше клуч со приврзок од светци ,од двете страни . Приврзокот стоеше свртен со страната кон нас ,такашто не можевме да го видиме ни едниот ни другиот светец.

    Седиме така минута - две и си велиме Ако има дух ,нека се сврти кон нас страната од приврзокот (за клучеви ) на која има слика од светецот.

    За момент ,приврзокот се заниша ,а страната со сликата на светецот се беше свртила кон нас и веќе беше стабилизирана !

    Само немо се погледнавме ,свесни за она што се случило ,се прекрстивме и отрчавме без збор во манастирчето да запалиме свеќа .
     
    На HipHop Girl ♥♥, Bitter-Sweet и Draginja им се допаѓа ова.
  11. Iamhowiwanttobe

    Iamhowiwanttobe Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Jaooo..sto mi trebase da go 4itam ova sega i jas mislam deka me progonuva nekoj :worried:S
     
  12. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    До претходно, ми се немаше случено ништо слично,ниту пак сум размислувала постојат ли духови, има ли вистина во паранорамалните случки шо ги имам слушано, ништо од тоа. Се додека не дојдов во Скопје на факултет и не се сместив во студентски. Живеев со 3 цимерки и буквално цела година незнам како ја одживеав во таа проклета соба!! :x
    Имено, се почна со паѓањето на тенџерето со шпагети: Ги вариме значи,си ставаме во чинии и го местам јаа тенџерето со остатокот од шпагетите на помошната маса, речиси на средина, ни малку до работ на масата за само што седнавме и ги земавме вилушките тенџерето да падне!! се погледнавме 3те со подзинати усти и ништо.....чудно,ама некако недоволно блиски меѓу нас,никоја немаше храброст да ја начне темава веројатно другиве 2 да не помислат мрдната е.
    Помина недела,значи после кога отворено почнавме да зборуваме за тоа, заклучивме дека се се случуваше во период од 21 па докај 1 по полноќ- си лежам јас,читкав нешо и одеднаш од полиците над мене, ми паѓа на нозе кремата за лице! од нигде никаде,значи никаков тресок,сите си лежиме и оддеднаш како на раб да била паѓа! Цимеркава една седи под ламба на кревет и учи. Ламбата почнува: лево,десно,лево десно и се наместува пак на средина.....ме погледна таа и само ми рече виде? :sweat: Е викам,да, ама ќути не почнувај.
    Седиме пиеме кафе и го фаќам јас тоа филџанот да го вртам божем ќе си гледаме, и само шо го кренав, го цедам на некои 10 цм од тацната и како некоа незнам каква сила да ми го подзема и го тресна :o Ќе речам може веќе психа ме мавна или слабиве нерви,ама.....само јас си осетив.
    Еден период,скроз ги снема глупостите,престана да се чувствува таа негативна енергија,тоа гнасно присуство како да има некој над тебе,како некое студенило...незнам необјаниво е,сигурен си дека постои и некој четврт! :| ....и таман рековме се куртуливме,ајде една вечер, си легнуваме и слушаш некое троп,троп како со нокт позади плакарот..... Ја пали едната цимерка ламбата - престанува. ПОсле пак, а од претходно,си се запали тоа шпоретот за кафе само, и тоа си гледаме и трите како си се сврте и го слушнавме тоа звукот за уклучено и мислам дека таа вечер беше врвот. Станавме ги грабнавме перниците и ајде кај едни другарки на другиот спрат. Одиме до вратата,јас веќе готова,почнувам да плачам и само што го фати клучот цимерката,отклучи и да го извади да заклучиме после клучот се врти и се заклучува :swear: :sweat: Срцевиот удар ми беше неизбежен мислам,ама ете,преживеав :lol: Таа вечер не се вративме в соба,ама утредента немаше каде, и фино лепо решивме да игнорираме, и муабетите за дечкото што живеел лани таму па се убил, за типката шо се имаше обесено на радјаторот и се!!! Па,бидна годинава, за среќа!! :Down:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. iHeart

    iHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ова се вика РЕМ спиење. Си се разбудил/а нагло, парализиран/а си и си во состојба на полусон.
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Многу ми е страв од вакви ствари и не си го пикам носот. Како мали сме се собирале за духови викање, ама ни под разно немам намера пак. Имавме хорор недела, седмо одделение, и 3 другарки, комшики, секој ден после школо филм кај некоја дома. И глеаме кај мене Емили Роуз или Амитвил не знам шо беше, ама во живот повеќе не гледам такви филмови. УПЛАВ имам, ете дури пишувам на мтв има некоја репортажа за манастир па ме смируваат такви нешта. Ништо не се случи, дечишта, трите во темница за раце се држиме се смееме, и поминува кола надвор, и нормално одеднаш набрзински светлина, и вриштење, палење светлата и од тогаш ни на крај ум не ми е. Знам одеа во шума да викаат духови (Александар Македонски лол), ама не присуствував на тие собирања, кажуваа свеќите им` се гаселе не знам шо. Знам исто за некои во вц што ја викале Блади Мери и машината за алишта перење им` се вклучила и исто се разбегале.... Некоја си свадба пред не знам колку време во Драчево, невестата демек воз ја акнал и сега малтретира народ ноќе на пругата. Знам позади Водно некоја фабрика... Дека посабајлечки кога ќе дошле вработените прозори искршени, стакла, машини сами работат, и на гробишта била демек градена. Е толку знам, и ете вака што читам темиве, и поќе ништо не ме интересира, немам доживеано ниту сакам, не се мешам во тие нешта. Добро и она приказната за таксистот, нема кој не ја знае.

    Ова само ми се има случено, на езеро, мала бев, за Илинден бевме собрани фамилијарно и запна детето да се бања та да се бања, и нормално баба ми и мајка ми - НЕ МОЖЕ. На празник не се одело по гужвите нигде. А преполни плажите, народ, во вода луѓе, луѓе... И не ме пуштија. Вечерта на вести, дете се удавило. Не памтам точно, околу 10 години ќе да имав, неколку години натаму, секоја година се дави по некој, баш на Илинден. И стар народ од местово вика, ништо ненормално ни чудно, познато ни е на нас, секогаш се дават луѓе за втори, си зема езерото демек за жртва. Ма ни у лудило неам влезено поќе во вода, од дома не мрдам на тој ден.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Тоа се сеништа
     
  16. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Мислиш дека постојат дуговии?! :worried: :sweat:
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    И дугови, а богами и инкасатори. :(
     
    На Caitlin, JoxyTheFreak, vaga95 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    За мене бајачките се чиста глупост... како може еден обичен човек да ми пребае и демек подобро ќе ми е.. се е тоа во потсвеста.. бабата ќе ти пребае и ќе ти каже дека веќе нема да гледаш такви работи и дека го истерала духот демек, и ти тоа си го мислиш и навистина е така. Значи се е ПЛОД на нашите мисли.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Хахаха леле не приметив хаха од страв не сум приметила дека сум пишала ДУГОВИ наместо ДУХОВИ.. Бев занесена во читањето на овие хорор случки :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас на сон ја видов "смртта". Сонував како во дворот пред нејзината куќа седи баба ми како вообичаено си седеше секогаш. И одеднаш доаѓа еден маж облечен цел во црно не му се гледаше ни косата незнам дали му беше бела, ниту лицето не го видов. И сакаше да ја одведе баба ми некаде. И ја почнав да го мавам во сонот бев свесна дека тоа беше смртта, и успеав да ја измавам со секирата x). А пред да го сонувам сонот баба ми беше многу болна, неможеше ни да стане од креветот. После сонот, по неколку дена таа се оправи дури почна да си излегува во дворот. Но по еден месец почина :worried: :worried: :(