Јас на сон ја видов "смртта". Сонував како во дворот пред нејзината куќа седи баба ми како вообичаено си седеше секогаш. И одеднаш доаѓа еден маж облечен цел во црно не му се гледаше ни косата незнам дали му беше бела, ниту лицето не го видов. И сакаше да ја одведе баба ми некаде. И ја почнав да го мавам во сонот бев свесна дека тоа беше смртта, и успеав да ја измавам со секирата x). А пред да го сонувам сонот баба ми беше многу болна, неможеше ни да стане од креветот. После сонот, по неколку дена таа се оправи дури почна да си излегува во дворот. Но по еден месец почина
Мене да ми се пушти сам тушот кога сум у веце недај боже ќе умрам на место имам многу голем страв од вода
Постојат, верувам дека постојат, бидејки сум осетила, впрочем во врска за се тоа што е тука напишано во темава, само различно доживува секој, гледа сенки или чувствува нечие присуство кое нормално не може да го види.
И мене ми се има вакво нешто случено само со мајка ми кога бев негде 7/8 одделение. Само јас во боја ја видов Вечерта легнав на спалната како демек да се истегнам малку ама сум заспала и мајка ми за да не ме буди да се преместам во соба останала да спие во дневна, а татко ми си дошол во спална. На сред ноќ се разбудив и многу убаво знам дека бев будна значи не бев поспана, се вртам накај вратата и ја гледам мајка ми стои кај касата и не гледа. Во тој момент си мислам во себе што стои женава и не гледа наместо да влезе и да си легне до нас. И наместо јас да и кажам се вртам накј татко ми за да му кажам да и каже да влезе. Фрлам поглед на татко ми го гледам дека спие и се вртам јас да и кажам но мајка ми не стоеше повеќе таму. Додека се завртев со главта накај татко ми и пак назад накај жената имаше само 2 секунди. Потоа сабајлето ја пршувам мајка ми и викам ''абе мамо што стоеше ноќеска пред врата и не гледаше, што не влезе да си легнеш до нас?'' и мајка ми ми вика дека не дошла до спална и дека не ни станала цела ноќ. Кој знае што може да биде ова нека пиши.
А-ј-а може да станува збор за астрална проекција. Додека спиела мајка ти со својот дух да излегла од него и била на местото на кое што ти си ја видела, а да не се сеќава. Статистиката покажува дека најмалку 30% од нас луѓето, несвесно се проектираат низ времето и просторот меѓутоа не се свесни за тоа. А голема е веројатноста да и се случело тоа бидејки спиела. Единствено неможам сосем да ја потврдам својата теорија бидејки кога се проектираме нашиот дух неможе никој да го види. Но искрено незнам за што друго би можело да станува збор
Еднаш ми се случи неколку пати во денот да ја најдам сијалицата од тоалетот вклучена(а претходно јас бев до тоалет и убаво помнам дека ја усклучив)...Сепак се случува да заборавиш еднаш два пати но не 4-5 пати во еден ден...Сеуште не сваќам што се случуваше тој ден...Дури и моите ги прашав дали влегувале после мене....Ми рекоа дека јас последна сум била таму....
И јас така имам станувано, ама не памтам. И вода сум пиела, и сум била во тоалет, ама на ништо не се сеќавам. Сигурно сум била многу поспана.
Прочитав се што сте напишале, се што ви се случило и останав без зборови искрено. Незнам што ми требаше да читам во ова време, очигледно ми претстои долга ноќ. Шала на страна, скептик сум кога станува збор за вакви работи и не верувам баш, ама некои работи ме плашат. Сепак мислам дека се е до потсвеста на човекот, таа прави чуда. Ако се плашиме премногу од вакви работи и ако мислиме на тоа постојано, навистина нешто ќе ни мрда, ќе ни шушка, ќе слушаме гласови... Затоа треба да не мислиме многу на тоа, да не се плашиме и се ќе биде во ред. Со ова што го напишав не сакав да навредам никого, само го искажав мислењето...
Паранормал активити бил сниман по вистинска случка. ауу језиво, целата се наежив, не ми требаше ова да го читам пред спиење.
тато ми раскажуваше. кога бил млад(околу 20 год) бил на море со друштво(сами) и еден другар имал кола и оделе со неа...и наеднаш од нивната страна на патот имало провалија(не било заградено) и наеднаш некоја кола за да ги претица ми мавнала малце и овие за малку кје паднеле во провалијата,но тој што возел дал гас и некако се спасиле. и после,тато кога се вратил во скопје баба го прашала дали му се случило нешто тој и тој ден ? и тато и раскажал се...и баба му рекла : Тој ден сонував како јас сум на една страна,ти на друга и измеѓу мене и тебе има огромна дупка која неможе да се помине..и наеднаш доаѓа бабата на тато(умрена е) и го зема тато во раце,ја прелетува дупката и и вика на баба : еве ти го синот..и ја снемало..и баба се разбудила.
Еве една моја случка. Бев на гости кај баба ми во село и они имаат лулашка под еден орев и цело време седев на неа и така навечер си лежев и баба ми ми рече немој да седиш навечер под орев не чини нешто ич не ми текнува сега што точно кажа. И добро јас си продолжив да лежам и станав да се средам за да излеземе со една другарка од таму што ми беше да одиме кај едно другарче од соседното село. Влегувам во спалната и седнав на креветот да си ја средам косата а тукушто ги оставив стегачите за коса 2- црни, се вртам ги нема се зачудев каде ми отидоа аа сега тука ги оставив станав барав да не паднале доле нема ништо а никој не влезе во собата седнувам пак на креветот и да го земам огледалото и до него го гледам едниот стегач и како се најде тука сега а постелнината беше розова значи ќе го приметев да беше тука и ништо станав си го зедов и си ја заврзав косата станав и да излезам накај вратата го гледам и другиот стегач на прагот паднат се зачудев како е ова можно да не сум полудела јас што ми се случува и ништо ајде игнорирав све тоа. Неможам ден денеска тоа да си го објаснам што беше. Значи во една вечер толку глупости ми се случија. Се чекаме со другаркава и отидовме кај еден другар што живее во другото село на крај на село до гробиштата и патот каков беше страшен морничав стари куќи тука распаднати а бе ужас и стигнавме седевме што седевме беше 3:00 на сабајле и викам ајде да си одиме дома нема смисла и си одиме со другаркава сами накај дома и по патот тука кај една куќа гледам еден стар човек стои не мрда и не гледа со еден страшен поглед ме фати другаркава за рака и фативме да трчаме се вртам он излегол на пат и цело време не гледа, стигуваме до еден мост и престанавме да трчаме доволно се раздалечивме и продлживме да си одиме по патот и другарка ми ми вика види жена со шамија седнала на сред една нива и пак ме фати другаркава за рака и ме влечеше ќе пукневме од страв и продолживме да одиме сепак далеку бевме додека дојдеме до нашето село и идеме некако се смиривме и си поминуваме кај една раскрсница и пред нас човек со онаква кола со коњ што ја влече значи не не гледаше дури ќе не прегазеше како да бевме невидливи значи во тоа време што бара стар човек со коњ да оди ние веќе незнаевме како се викаме не се ни сеќавам веќе како стигнавме до дома и што правевме. Којзнае зашто така ми се појавуваа чудни работи зарем што седев навечер под орев (по баба ми не чинело така незнам ти што) Неможам тоа да си го објаснам никако........ Можеби е глупо сево ова ама ете мене ми се случи и нема потреба да лажам за ова или да измислувам нема ништо да постигнам со тоа кој сака нека верува кој не немора. Јас си кажав тоа што имав!
Верувам многу во сонови.На пример се што ќе сони една моја блиска роднина се остварува.Ни има починато една блиска особа и една пријателка и таа пред да починат ги сонува.Морничаво
Случка на најдобрата другарка: Сите спиеле кај неа дома,и таа отишла по вода,кога видела чад од цигари на 1 сантиметар од дното на скалите.. Што може да е ова?!
Hе сум знаела дека доктор може да открие и ваква болест некој се криел да не го фатат, и си пуфкал цигари
Ииии кога ке прочитам вакви (из)мислења како на дијамантскотокис4е се чувствувам како коњ што рине по асфалт со секирче садејќи кромид. Туку ај, да не забегувам. Барем симнувам капа за бујна машта. Мислам дека имам напоменато и порано, ама општо скептик сум за ова. Секоја случка си има свое објаснување. Е сега што некои објаснувања се недостапни/невидливи за нас, не значи дека не постојат и треба да се припишат на паранормалното. Еве пред точно 2 недели изминаа 2 години откако почина баба ми. Бев сама дома, на нет, одеднаш прозорот во собата ми се подотвори и се тресна. Уште поморничаво беше што во тој момент го погледнав саатот и беше точниот час кога почина баба ми. Ништо. Малку се потресов, не поради случката, туку поради баба ми што 2 години ја нема покрај мене, ама станав, затворив прозор и ништо. Да бев сега некој верник во овие работи, ке ја направев приказнава да изгледа страшно, ке ја зачинев со детали, ке додадев дека промаја беше речиси невозможна поради отвореноста на одредени прозорци, и дека тоа е знак од баба ми дека не сум отишла на гробишта одамна (што е и вистина) и ке беше сето ова една unexplained mystery. Ама не, знам дека беше обична промаја која по коинциденција се вклопи со тажен елемент од мојот живот.
Дајмонд кај најде да одиш баш во Белгија на лекар, златни гледачи бајачи си имаме тука ке ти го излечеле и детето и сите други, дури и тебе ке те излечеле. Неколкупати ми се случувале работи кои не можам да си ги објаснам. Ама не некои вакви духови ѓаволи туку ми се има случено остварување на сонови за кои мислев дека се глупост, и некое телепатско поврзување со најблиските. Ми се случило со денови да не се слушнам со брат ми и така на сред предавања ми дојде нешто тешко некој немир кој доаѓаше од желбата да сакам да го слушнам што е можно побргу. Едвај чекав да заврши предавањето му звонам на телефон не крева. После некое време ми стигна порака од другарка негова дека правел сообракајка, срека немал големи повреди. Секој ден минувам покрај соборниот храм ама ретко влегувам внатре еднаш или двапати месечно. Тој ден уште наближувајки се до храмот се мислев да влезам да не влезам а се брзев многу немав време ич. Го поминав Соборниот храм и стојам на раскрсница таму ама нешто ме влече да се вратам да запалам една свеќа. И решив да се вратам викам кај доцнам пола саат уште 5 минути не се ништо. Запалив свеќа и отидов на кафе во центар и после саат време ми стига порака од еден другар ’’Кикиритче прими сочуство за дедо ти, шо арен комшија беше ке ни недостига во маалото ’’. А бе се стаписав звонам дома ми потврдуваат за смртта на дедо ми ама не сакале да ме секираат. ИМа нешто во тие телепатски глупости е сега дали се работи за случајност или за некоја натприродна појава не знам.
Избришани се мислењата од членката и истата е предупредена. Во иднина толку да не забегува дискусијата ве замолувам да го пријавите мислењето.
Морам да кажам дека и јас не верувам баш многу во некои вакви случки. Иако, има една која ми се случи мене. И не можам да си ја објаснам до ден денес, никако не можам да најдам објаснување. Се случи пред 16-17 години отприлика, беше лето. Сама бев дома. Седев во дневна, гледав ТВ, се загледав во некој интересен филм. Додека беа рекламите, отидов до кујна да се напијам вода. (Е сега, морам малку да го опишам станот за да објаснам што ми се случи). Дневната соба и трпезаријата се поврзани, кујната од трпезаријата е одвоена со стакла, има врата, но ШИБЕР врата-оние што се отвараат и затвараат странично со тегнење напред-назад, (ќе објаснам зашто потенцирам дека е шибер врата, а не обична). Значи, за да се дојде од дневна до кујна мора да се помине низ трпезаријата. И така брзајќи да не ми почне пак филмот, дојдов низ трпезарија до дневна соба, пиев вода, и се свртев да се вратам во дневна. Кога се свртев, вратата меѓу трпезаријата и кујната беше затворена. Несвесна за она што го гледам, башка заинтригирана од филмот, ја отворив и си дојдов во дневна, вратата нормално ја оставив отворена, како секогаш што ја оставаме. Уште една напомена: таа врата меѓу трпезаријата и кујната НИКОГАШ не ја затвараме, освен во екстремни случаи (ако дојдат ненајавени гости, а во кујна е како после атомска бомба), затоа што од секогаш била малку заглавена и прилично е тешко да се отвара и затвара, башка не е баш практично и пријатно нон стоп да се слуша звукот вррррр-вррррррр, па затоа никогаш не ја затвараме. Така да, стварно не знам како успеа да се затвори вратата без ништо да приметам. И, не, не постои апсолутно никаква опција и можност да се затвори сама, без употреба на физичка сила од човек. До ден денес се ежам кога ќе се сетам на случкава.