1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.973
    Пол:
    Женски
    A можно е додека си брзала да си ја затворила, онака несвесно?

    Инаку, ми се случиле многу необјасниви работи, како на пример еднаш додека се шетавме со другарка ми и покажував една бабичка што стоеше во еден двор, а другарка ми само бледо ме прашуваше Kаде гледам баба во дворот, кога нема никој?Цели пет минути и покажував да ја види, ама добив само бледа реакција од нејзина страна. Кога се доближивме до дворот, видов дека стварно нема никој, само една клупа, околу ни баба ни ништо. Aма темно беше, па..

    И еднаш исто си седев во соба и ја слушам сестра ми упорно ме вика, како да и треба нешто. И станувам, ја барам низ стан да видам што и требам и ја најдов во кујна, а кујната е оддалечена од мојата соба ептен и да ме викала не би се слушнало. И кога ја прашав што и требам, зошто ме викала, се збуни. Ниту се доближила до соба, ниту го изговорила моето име, ништо.

    Ме мрзеше да објаснувам детално, се надевам се сфати нешто,ова е најкраткиот опис на ситуацииве.
    И да, се ова препишувам на умор.
     
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ Не е можно, зашто спомнав, ама баш никогаш не ја затвараме таа врата, во многу ретки случаи, да не кажам екстремни околности :) . Ова во ниеден случај не беше таква. Освен тоа, зашто би ја затворила, ако знам дека за 20-30 секунди треба да излезам од таму?

    Не верувам во некои натприродни сили и појави. Едноставно, има некои работи кои не можат да се објаснат, баш како што е и насловот на темата ;) .
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дали верувам или не, затоа што човековиот мозок е толку необјаснив што сето тоа може да биде плод на фантазија ама сепак не знаеме со сигурност дека тоа не постои.

    Мене многу пати ми се има случено сама да сум дома и да слушнам како некој си се шета низ дневна (патосот на едно место ни крцка) и како некој да поминува од таму, или пак како некој зема чаша од садовите (се слуша оној звук на удирање на садови).
    Навечер кога се враќам од излегување осеќам како некој се движи зад или до мене, а нема никој. Еднаш дури ми се имаше случено да се свртам да видам некоја сенка и после кога ќе се свртам пак да нема ништо.
    И една случка која ми предизвика најмногу немир:
    Лани летото 2010 останав до покасно на компјутер, до 4-5 часот сабајле. Си зборев со другарките на чат, ова она и само наеднаш не знам што ме натера да погледнам накај прозорот и видов како некој човек-маж стои и ме гледа низ прозорот. Само главата му се гледаше. Го гледав 5-6 секунди додека да сфатам што гледам. Не бев ни пијана ни ништо, многу добро го видов и се извадив од памет и рипнав. Кога се свртив пак немаше никој. Дури ги разбудив моите дома, дека прво се преплашив да не е некој наркоман или лудак ама од човек немаше трага.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Убаво се изнечитав и ме фати уплав... имам само едно единствно прашање : КАКО ДА ОДАМ ВО ВЦ??????????????? :@ :@ :@ (ми се мочка дее :angel: :angel: :angel: )
     
    На Ella.313, Elika и J.Ivanoska им се допаѓа ова.
  5. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Секоја година одам накај Охрид и Св. Наум и секогаш си купувам од црквата таква алка и секогаш тој попот ми дава уште нешто, дали ланче уште една алка... Секој пат. Неможам да си го објаснам ова :x
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    E што е толку чудно тоа, дава човекот нешто плус и на многу други можеби.
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Обично подаруваат уште нешто ,на пример дрвено крвче или ете некоја белезица.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Вчера една другарка, ни кажуваше една, според мене, многу интересна случка. :D

    Имено, живее во зграда девојчето, и дома имале термо печки за да се згреат. Седела една вечер доле на земја до печката за да и дува повеќе. И почнала да слуша како некој разговара. Станала, ништо не се слушало. Седнала, пак се се слушало.

    Вика, абре прво од памет се подисплашив. После си викам, чекај малку, нема шанси, мора да има нешто, објаснување. :D

    Знаете што испаднало на крај ?!

    ,,Гласовите,, всушност биле вистински, доаѓале од станот до нив.
    Нема да погодите никогаш преку што ги слушала.

    Преку штекот. :rofl: :rofl:
     
    На tessie, Bitter-Sweet и thatsmysecret им се допаѓа ова.
  9. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Еве јас да кажам прво голем скептик сум за вакви работи но несакам ни да читам ни да слушам пошо после имам стварно голем страв не дека верувам туку ете потсвесно се ми мрдка и шушка :) Можеби постојат духови и слично, може не искрено и не ме интересира. Слободно нека си постојат само мене нека не ме задеваат 8) . Имам само една таква случка.
    Со сестра ми имаме иста соба и спиеме во ист кревет. Пред легнување она легнува и заборава светлото да го изгасне. Стана, го изгасна и пак легна. И двете сме пушачи и имаме обичај откако ке изгаснеме светло да си запалиме по една цигара во кревет и да си раскажеме како ни поминал денот. И си пушиме ние две кога одеднаш се пали светлото во собата. Ние такви само се погледнавме и таа пак стана пак изгасна. Уште не ни легна пак се запали светлото. И само се погледнавме и се насмеавме. Наредната вечер пак исто се случи само да се запали светлото. Сестра ми се исплаши и и викам абе не се потресувај нешо сигурно до прекидачот е. И така и испадна дека навистина е нешто до прекидачот па по некој ден го сменивме и не се случи веке. Поентава со случкава ми беше дека за многу од тие необјасливи случки мислам дека сепак постои логично објаснување кое нема врска со духови и виши сили.
     
    На LittleBadGirl666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Овие две и јас сум ги приметила, ама не ги сметам за необјасниви. Тоа што крцка патосот , мислам онака си крцка сам од себе, а тоа со чинии или чаши, мислам дека не биле добро наредени таму кај што стојат, на пример ако се наредени повеќе чинии еден врз друг, па си се наместиле како што треба :)

    А многу пати и јас сама кога сум одела сум мислела дека некој ме следи, ама се е до психата.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Мене вакво нешто многу пати ми се има случено и сепак не се случува на сите луге :?: А досега и многу вакви работи ми се случиле како на пример будна нешто сонувам и се исполнува :^) :worried:
     
  12. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    И јас го чувствувам тоа присуство, и ред други работи, на сите не им се случува, тоа е точно, и затоа тие велат дека е до психата, а ако им се случи нешто вакво, после цел живот ќе го чувствуваат тој непобедлив страв.
     
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    не верувам ја во тие работи,точно дека се е до психата,знам една случка,мои пријатели мислеа дека имаат дух во куката,викаа и поп и мн работи напрравиа,кога ми казувасе пријателката ја и реков дека не верувам,таа тврдесе дека осека некое присуство ама јас кога и да одев не цуствував нисто,некоја си гледацка им кажала дека дома имаат дух,и од тогаш они си го врзаа тоа,еден куп пари потрошија,и џабе,и кога последниот пат им дојде поп дома и им рече нема поке ништо,они си го врзаа тоа,и не се плашат повеке .психата нив ги натерала на мн работи,така да ни верувам ни би одела на гледачка,судбината е една и ние си ја кроиме.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Работата не е за гледачки, а ти не се фали многу дека не веруваш, и јас така се фалев, па на крај и јас станав една од тие што чувствуваат. :devil:
     
  15. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    :rofl: :D :rofl: :lol: Се е до психа-ниту има духови ниту натприродни сили-се е психа :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    не се фалам ич,ама не верувам,лугето кои веруваат во две сили во добро и во лошо мн грешат,не постојат две сили постои само една -бог
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Што е толку смешно?

    Јас верувам во натприродни сили и постоењето на духови. Не го сметам човекот само куп месо.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    некој си верува некој не,секој за себе,исус рекол,,не протиставувај се на злото,зашто злото не постои и нема на што да се протиставувате,злото потекнува од човековата залудна фантазија,или вербата во две сили добро и зло, :)
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ова никако не можам да си го објаснам. :worried:
    Во четвртокот дојдов дома и седнав да учам за тест физика, и отидов после со другарка до маркет и клучот од дома на кревет си го оставив и сестра ми за тоа време додека бевме ние излезени го ставила во прибор кај мене.
    И отидов послето кај неа да вежбаме задачи и не приметив дали клучот ми беше или не ми беше во прибор, ама сабајлето нигде го нема.
    Барај, пусти, цел стан го превртев го нема и морав да одам кај сестра ми во школо да го земам нејзиниот за да заклучам дома.И сега цел викенд го барам по дома, и во неделата отварам ранец, го вадам приборот за да напишам домашна, и клучот во приборот. :o
    Сега се чудам како излегол таму, во петокот не беше во прибор зашто да беше ќе го приметев во школо, а ранецот никој не го чепкаше од петокот до неделата. :!:
     
  20. Calipso

    Calipso Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Значи вака синоќа јас сама дома бев и секогас си спијам со запалено светло во ходникот :lol:
    И станувам во никое време по вода ко ќе видам сијалицата не свети оф мори мајко :worried:
    па си реков да не нема струја па...
    Станувам одам до таму ја палам сијалицата свети,и си викам ах добро е...
    ко се свртев ми светна леле па бесе угасната од тастерот или како се викаше де :tmi:
    Така да или јас шетам во сон или.... :x