Мене понекогаш ми се случува да слушам звуци како кога некој пишува на тастатурата од компјутерот, а тоа не е можно во 3часот по полноќ кога е исклучен компјутерот
Завчера само што си легнав, карши мене е креветот на сестра ми о она си легна и си чачкаше нешто на телефон.Одеднаш се чу од делот кај полицита кај парфемите звук кога ќе падне паричка,и ова како спуштање на шишето на некој парфем и да се залулало,прво што помислив беше-земјотре,но кога погледнав на саатот на кој има срциња што висат ни едно срце не се мрдаше,што значи не е земјотрес.Како тогаш се залула шишето. Вчера вечерта се пресоблекувам,облакам пижами,и ја соблекувам левата чорапа,средниот прст одоздола цел крвав?а ни болка осеќам ни ништо.и чорапата доле цел круг крв,го забришав прстот и одма го стискам да видам од каде тече за да ја дезинфицирам раничката од нигде нема,ставив хидроген нигде не врие почнаа прашалници да ми се вртат ????? гледам по паркетот од соба кај што доаѓав да не има флека,да не сум се измачкала нигде ни трага. Сабајлево моите заминаа на работа,сестра ми на тренинг,а ја се спремам за на fax, 2 пати нешто ми го одзема вниманието и нешто повторно тропна кај мене во соба но не сватив што се случува, си викам ај комшиите се. Ама ова се само неколку работи, многу многу ретко ми се случуваат вакви работи, ама кога ќе се наредат ден за ден
Прва година на факултет... По предметот генетика немавме книга и учевме од некои скрипти. Имаше во материјалот некој Хајнер-Милсон (или како и да беше) експеримент. Абе се убив од читање, никако не ми влагаше во памет. Беше некако необјаснето, налупани зборови, логика никаква, ни почеток , ни крај. Ноќта пред испитот учев. И тоа што никогаш ми се немаше случено, да заспијам ноќта пред испит, се случи тогаш - заспав. И сонував...како одам кај мајка ми на работа. Влагаат кај нејзе во канцеларија маж и жена...и мајка ми ми вика- е таман, еве ти ги Хајнер и Милсон па прашај ги за експериментот.. :geek: И ми го објаснуваа, објаснувааа.... Сабајлето кога станав не ни помислив на сонот, нити пак бев свесна дека нешто сум сонувала. Беше септемвриска сесија. Сонце, топличко, убаво ... И одеднаш се стемни (ова само дополнително на мојава случка), грмотевици, дожд, се спои небо и земја. По улиците на Скопје беше страшно.... Одвај се домкнав на факултет. Заради невремето испитот се оддложи еднаш, два пати...за саат, два, три... Конечно почна. Во меѓувреме, додека стоевме во ходникот ниту еднаш не помислив на материјалот. Бевме обземени од она што се случуваше надвор (па немав време ни да мислам на слабата точка од материјалот - експериментот ). Влечам комбинација...тадааам - второ прашање - Хајнер-Милсон експеримент. Почнувам да зборам. Прво прашање ок, идеме на второ....е тука е моментот на необјаснивото...почнувам да зборам како навиена. Фино, течно, разбирливо, со поента.... Ама не бев само јас збунка, туку и професорот. Буквално вака ми рече - ДОСТА, ДОВОЛНО....ова прашање до сега никој ми го нема вака одговорено, дајте ми го индексот Е јас дури тогаш се освестив и ми се врати филмот - мајка ми, канцеларија, мажот и жената.... Веќе на излагање од кабинет се свртев и го прашав професорот - Се извинувам, би сакала да ве прашам дали Хајнер и Милсон се маж и жена ( не како сопружници, него машко и женско, нели според имињата и неможе баш да се разоткрие) ? А професорот со превртени очи процвили едно даааа И така.... хехехе ова е мојот најдолг пост, ама одамна сакав да ви раскажам, а ме мрзеше
^ Meне ова ми се случи на матура кога полагавме француски, јас освен стандардното да не, јас сум ти си тој е таа е друго појма си немав Абре една сила на испитот, не ми се верува од каде тоа знаење на француски мислиш од Франција сум дошла Мајка ми за 2ка се молеше кога виде 4ка 2 пати се врати да види дали е вистина до ден денес не можам тоа да си го објаснам.. Од каде излезе тоа знаење во тој момент, а од кога излегов од полагање, веќе не се ни сеќавав што пишував! Како секундарно знаење да беше
Па вака ... Еднаш си идев од кај другарка и беше некаде 1-2 часот навечер , тогаш никој немаше по улиците , јас одев и некако добив чуство како некој да ми се приближува , помислив на секакви работи . се свртев назад немаше никој , некако се стабилизирав . Но по некое време пак истото чуство пак се свртев назад и одеднаш како некој да ме турна , јас не паднав цела но се задржав со рацете , арно што носев патики , и одма шпринт дома сеуште ме гризи совеста што е оваа мистерија .... Навистина необјаснива случка
Искрено уште како мала имав страв да спијам во на дедо ми и баба ми куќата бидејќи е на 4 спрата и тоа се на дедо ми браќа,сестри,и има повеќе починато...Уште од мала чуствував негативна енергија се сеќавам дека коа ке ме оставеа таму да спијам ја будев баба ми во 3 навечер и ја терав да и се јави на мајка ми да ме земе или да ме прати по такси...Дури некогаш и лажев дека ми е лошо или заб ме боли само за да си одам дома...Сакав ламбата во собата во која спиев да биде уклучена но дедо ми секогаш си легнуваше покасно и ја гасеше,а тоа беше вознемирувачко!! Е, па во 2009 година, Јули месец баба ми почина, и нормално дедо ми сам,мајка ми ни рече со сестрата да спиеме кај него не се сеќавам баш зошто,ама битно спиевме таму а тоа беше после 4-5 дена од погребот...Со сестра ми легнавме заедно во дневната...Таа веднаш заспа,а јас не.Таман ме повлече сонот,масата од трпезаријата која не е поврзана со дневната туку е во друга соба, почна да крца,непрестанлво и гласно.Не можев да се соземам,срцето почна да ми чука брзо,и ја разбудив сестра ми на која и имав кажувано дека ми се случуваат вакви работи,и не ми веруваше,се смееше, - се стаписа и беше мнооогу изненадена од тоа што го слуша.Масата престана да крца.И реков на сестра ми да оди да ја затвори вратата да не се случи повторно.Таа отиде,погледна наоколу,и ја затвори вратата.Си легнавме...Очекував повторно да почне да крца,и ете.Повторно,само потивко,бидејќи вратата беше затворена,а јас си сестра ми се препотивме!!! Си имаме грижа на совест до денес бидејќи дента пред баба ми да почине,беше во болница,па другата сестра и мајка ми отидоа да ја посетат,а јас и другата сестра ветивме дека ќе одиме другиот ден,денот кога баба ни почина......
ОК само што ми се случи нешто!! Имам една кутија за шах што си стои до системот кај мене во соба и пред малку, почна да се мрда, онака лево-десно ко некој да ја поместил, се клатеше неколку секунди... Се преплашив
Мене ми се има десено само една случка која и не е толку необјаслива ама да ви ја кажам: *Имаме два ходника споени,едниот е тесен од влезната врата покрај скалите па се спојува со другиот каде што се вратите малку е поголем колку една мала соба.Измеѓу две врати имавме ставено оглдало,големо за ѕид залепено.И јас по обичај помини замини си се гледав на огледало и еднаш подзастанав си го гледав лицето изгледа нешто имав и од мојата лева страна позади кај тесниот ходник стоеше бабичка облечена во црно,црна сукња и блуза и црна шамија беше бела во фаца таква фаца збрчкана како на старица што и очите не и се гледаа а како да гледаше.Им кажав на моите, и татко ми ми вика да не е тоа св.Петка зашто незнам од кои причини он купи икона од св.Петка инаку како во секоја куќа така и кај нас си имаме икона од св.Богородица. Освен тоа друго ми се нема десено.Ама овие вашиве..
Најверојатно ова што ќе го напишам е оф топик, меѓутоа, и мене ми се има случено премногу пати, на почетокот бев многу исплашена и незнаев што е, но подоцна открив дека е нешто што се вика “Парализа во сон’’ - состојба во која што телото е разбудено, а свеста не е. Откако пребарав на интернет, сфатив дека не е ништо страшно и се случува на многу луѓе. Ако повторно ви се случи, само не треба да паничите, да си речете - да ова е тоа и ќе помине за 2 минути Се надевам дека ви помогнав, пребарајте си на интернет и ќе немате гајле
Читајќи ја темава не можев а да не се огласам и јас. Значи отприлика се случувала истата работа навечер во ниедно време особено по 12 часот (по полноќ) особено летоска да ме фати некоја несоница и кога онака дур се превртувам во креветот за да заспијам често ми се случувало како да слушам дека телевизорот во другата соба дневната е уклучен дека работи дури и гласови да слушам не нешто премногу гласно онака доволно за слух и секогаш беше во прашање женски глас (тука морам да нагласам дека на почетокот тоа ми беше многу можна ситуација бидејќи татко ми често го оставаше телевизорот уклучен), но кога ќе станев да го исклучам убедена дека навистина работел во собата апсолутна тишина темно и далеку од тоа што јас сум го доживеала. Често тоа си го припишував на мојата бујна фантазија и на тоа дека сум поспана, потоа дека е лето па да не ми се причинувало од надвор гласови и слично. Но сега се почесто слушам крцкања, чекори во ходникот до мојата соба и тоа подолго време продолжува на почетокот тоа навистина ме плашеше, но сега веќе тоа премина во навика да не кажам лошо звучи но веќе не му обрнувам толку внимание на тоа....Се поисоветувам со многу феминки тука кога зборат за присуство дека чувствуваат во собата па кога ќе отворат очи како силуета од човек да стои пред тебе и тоа ми се случувало и често ми се наметнувало прашањето ДАЛИ НАВИСТИНА ПОСТОИ ПАРАЛЕЛЕН СВЕТ НА НАШИОТ? Како објаснување за сите тие некои чудни необјасливи појави...Каков е вашиот став за тоа?
Сега само што си дојдов од училиште и тргнав во купатило да се измијам. Само што ја отворив врата и натиснав да ја влучам сијалицата, и тргнав да влегувам одеднаш видов целото купатило светна во црвено и сијалицата која ни е точно над врата прсна и стакленца ми попаѓаа по лицето и по главата. Мајками веднаш дојде како слушна дека писнав а и од звукот на кршење Вика дека тоа е знак дека нешто лошо ке се случи. Почна да ми се кара дека ништо не сум поштувала, дека треба да знам што како да правам да се плашам од „тие“ работи. Што мислите вие, дали тоа навистина беше знак дека нешто ке се случи? Спојлер Највеке ми е страв за таткоми работи во рудник а сега само што отиде на работа. Дај боже се да биде во ред. И се надевам дека е само нешто со инсталацијата...
INSIDIOUS Јас мислам дека тоа бил некој проблем со струјата.. Повеќе пати и мене ми се има случено нешто слично па не ни се десило никаква несреќа после тоа... Фала му на Бога.. Немој да си создаваш самата на себе проблеми, опушти се и ослободи се од тие мисли.. Веќе ако имаш дома крстена вода напиј се,помоли се, чисто онака ќе те смири потсвесно и не верувај дека тоа е предзнак за нешто лошо.. Мисли позитивно и не дозволувај црни мисли да те надвладеат.. Поздрав, се надевам бар малку помогнав...
Леле одма се свртев позади мене Се испреплашив од случкиве..Ми се случувало нешто слично како wolf4e кога ке легнам све ми се чини како некој да ме гледа а многу почесто замислувам мртовци како има во мојот кревет и ме гледаат..Многу се плашам а темава никако да ја изгасам Сега во моментов се присетив на моја другарка..Бевме заедно на Турнеја од играорна во Полска и сите што беа во моја соба заспаа само јас си слушав музика..Касно навечер она рипна од креветот, а јас по неа и палам светло! Она таква препотена викаше дека осеќала како и дише некој по вратот и во истиот момент ја штипна нешто по нога и цел црвен круг и се напраи. Предтоа ми имаше кажувано дека вакви работи и се случувале дома а јас не верував и мислев дека ги преувеличува (секако не и го кажав тоа) П.С-на турнејата бевме сместени во дом за деца и беше некако непроветрено со цртежи од деца што порано престојувале таму. Не верувам дека ке заспијам вечерва а толку сум уморна
Не се случуваат само кога човек е сам или пак само ноќе да се случуваат, може да се случат и преку ден, различно е, само не треба човек да се плаши, порано се плашев, сега не, а и немам зошто, кога станува збор за нешто што не е физички присутно.
Воглавно се случуваат кога чевекот е сам и тоа навечер, затоа што преку ден и во присуство на други луѓе човекот (пот)свесно се чувствува посигурно и поопуштено. Кога е сам, а и ако е вечер во човекот прво потсвесно се раѓа стравот и страшните мисли, а потоа свесно почнува да размислува за различни случки што би можеле да му се случат во тој момент и за различни реални и нереални нешта што би можеле да го нападнат.
Да, се случуваат најчесто навечер, но и преку ден, секако дека посигурно се чувствува човек во присуство на други луѓе преку ден, но потсвесно знае дека може да се случи и во присуство на други луѓе, всушност тоа го чувствува, нешто што е како прв предзнак за забележување на истото.Стравот не може нели да се искорени, но може да се игнорира колку-толку, а самото игнорирање си го прави своето, затоа реков дека и не треба човек да се плаши, но секако тоа е индивидуално Потполно го разбирам ова, затоа и кажав како совет