Леле ќе ви кажам искрено што ни се деси на мене и на другарка ми!!! Значи по оваа случка 3 дена неможам да заспијам. Пред неколку дена сонував дека кај мене дома, значи потполно истава случка, јас седам сама во куќава и гледав филм- и тој со Самара-Да Ринг, и одеднаш ми снемува струја а ТВ уште работи, само светлата изгаснати а од некаде се гледа како пригушено светло и ја осветлува собата. И јас , сеа нз како се најдов да велгувам во куќава со другарками...(ова уште на сонов) и одеднаш се исплашивме ние дека немаше струја и јас гледам на земја на подот околу 1-2 метра оддалеченост од мене, гледам клуч!! И и викам на другарка ми , земи го бе клучов..и таа ми вика нее страв ми е ..и одеднаш пред мене се најде уште еден клуч, ама тој на ормарот беше и ние го зедовме и си заминавме и ми завврши сонов. И сега утредента ја викам јас другарка ми-истата од сонот, онака кај мене да дојде...и гледавме филм( 0в0ј пат комедија хаха ) и одеднаш навистина ни снема струја...и ние се успаничивме и со моб светиме и знаете случајно осветлуваме по подов и го гледам сварно клучот на земја...клучов од вратава на земја...и во тој момент значи ке умревме од страв и бргу фаќаме да отвараме вратата и таа отклучена замислете и ние одеднаш излеговме во дворот и на моиве им се јавуваме и такви испаничени не знаеме што да праиме и седевме во двор се додека не дојдат моиве. И пред да дојдат ...2-3 мин. повторно дојде струја и ни дојде душа...и значи ова им го кажав на моиве на сите...и сите викаат демек случајност, не се занесувајте ајде доста демек. А јас сеуште се прашувам како може да ми се деси истата значи буквално истаата работа од сонот. Ццц...
Eдна другарка ми кажуваше дека денеска,кога се вракала од училиште се разминала со некоја жена во доолга црна пелерина до земја и капуљача на глава..И таман се разминале другарка ми се свртила да ја види.Кога гледа ЈА НЕМА!!!!!! Ја прашав да не влегла во некоја кука таа жената ама другарка ми вика дека немало куки по уличката..
Вака воа мама ми го кажуваше порано кога сме живееле под ќирија во некој стан и се дешавале многу чудни случкии јас тогаш сум била бебе: една вечер тато бил кај некој пријател а мама дома си седела ТВ гледала и поминало полноќ и додека гледала ТВ наеднаш се запалила ѓибритка и се изгаслана и некој ја фрлил во корпата а кујната и дневната соба биле споении мама истинала и веднаш му се јавила на тато.. после неколку дена кога сме се вратиле од одмор додека гледале ТВ наеднаш реските на тераста паднале а баш мама кажуваше дека тато со шајки ги заковај да неможат никако да паднат. Мама а прашала некоја баба шо живеела во таа зграда да не знае нешто и бабата и рекла дека тоа се случувало бидејќи таму во тиа стан 2 недели пред да се вселиме умрел некој човек кој многу пушел и синот ниту поп викнал да испее ниту ништо!!
Oдамна не сум пишала на темава бидејки не ми се случи ништо што би го сместила во оваа категорија. Се до 25 март, односно во неделата. Беше околу 1-2 после полноќ и оваа вечер неможев око да склопам онака воопшто, незнам зошто. Дали дека доцна го испив кафето па можеби беше премногу јако, незнам. Ама цело време се превртував и ајде на крај успеав некако ни јас незнам како да заспијам. После извесно време го слушнав татко ми како вика во сон и се преплашив Мајка ми некако слушнав дека го разбуди и се беше потоа ок. Утредента ми раскажа дека сонувал како влегол некој човек со шешир кај нас во кујна и се обидувал да не ограби а татко ми ја молел мајка ми да му го подаде ножот за да го убие. Е сега следува интересното... Другиот ден околу 21:30 незнам што ми текна, нешто се зафркававме со мајка ми во кујната и ја замолив да застане до прозорецот во кујната да ја сликам. Таа застана и јас ја сликав, арно ама прво не забележав никаква чудна појава на фотографијата се додека не ја префрлив со usb кај мене на компјутер...и ШОК!!! Мајка ми свртена во профил а лево од неа бело лице на стар човек (дух) лебди на ѕидот... Незнаев што да мислам во тој момент а беше веќе многу доцна а утредента требаше во школо да одам. Ја викнав мајка ми а таа упорно ме убедуваше дека е од светлината и неквалитетот на камерата од мобилниот но мене не ми изгледа така. Следните денови кујнската врата (каде татко ми го сонувал човекот со шешир) често се отвораше па морав на крај да ја заклучам. Се прашував кој може да биде тој човек? Си помислив на дедо ми но некако не ми личеше фотографијата на него, така да немам поим. Како и да е изгледа морбидно! Не се плашам, имам еднаш пишано порано, но ме загрижува фактот што во својот дом имам непоканет ,,гостин'' и незнам како да му помогнам. А да не заборавам, мајка ми претходниот ден викна поп (пред случкава) така да незнам... Се некако си поврзав и ја исчатив куќата со темјан, крстена вода и ја кажав молитвата пред некој ден кога останав дома сама. Со ноќи не спијам надевајки се дека ќе ми се појави непоканетиот ,,гостин'' и ќе ме упати на некој начин во однос на тоа што бара. Патем вчера вечерта исто така, дека имав температура како што лежев кај мене на кревет бев загледана накај лустерот од мојата соба (од таа вечер спијам со запалено светло) и видов како мали црни сенчиња излегуваат. Како нешто да испарува, знаете...Може да е од подолго горење па лустерот се вжештил, но за некои 10 мин истото го забележав и на ѕидот. Како 2 мали црни бранчиња поточно кои за секунда испаруваат. Бидејки имав температура, веднаш не си го сфатив ова здраво за готово секако и не ми е воопшто страв. Но, сепак не ми е сеедно... Спојлер Би ја ставила фотографијата но се плашам некој да не ја препознае бидејки веќе ја имам покажано на неколкумина, а освен тоа и не ми е намерата некој од овде да извадам од памет...
Лелееее ај стави ја сликата да ја видеме, скриј го на мајка ти лицето или сечи го само лицето на зидот
ејј да бе и јас сакам да ја видам сликата, многу ме интересира ај направи нешто стави ја сликата да ја видиме
стави ја сликатаа,баш ме интересира ) ова ми е многу крипи случка..се враќавме минатата година со другарка ми од забава,и мајка и не земаше со кола.И си се потсетувавме на случките од забавата,прејако ни беше.Поминувавме по една уличка,значи навечер во 12 саат,и темница се беше, а по уличката немаше ниту една куќа,празна улица!и мајка и оддеднаш така се стресе и ко да срипна малце,и глеаме на ретровизорот еден човек како избледена беше сликата,и имаше бел шешир,и мајка и ни вика свртете се-човекот го немаше! после тоа,си отидовме дома,раскажавме случката..S после коа идевме накај школо,го видовме белиот шешир на дрво закачен и почнавме да бегаме. коа и кажав на мајка ми дека пак го видовме шеширот не ми веруваше,но стварно го видовме,и други деца го видоа!После не спиев неколку ноќи.
леле ова морам да ви кажам, значи доаѓа летото и мене паранормалните појави почнуваат да ми се вракаат. Синоќа, си доаѓам јас дома околу 01 часот и си поседив малку тв погледав, па на фемина заглавив, си легнав. Лап топот не го изгаснав туку така го оставив направен ми е на 30мин сам да се гаси, и ако го мрднам глувчето пак се пали. и така јас си легнав, почнав да завлекувам веке,и лап топот се изгаси и се тамам да заспијам што се вика, и само слушам како типките на тастатурата тропаат како некој да пишува на лап топот, отварам очи гледам пак се уклучил лап топот а никој немаше до него да го допре, и си викам во себе лелеее ако е сега 3 саатот ке умрам, Спојлер оти до пред некоа година летото навечер се будев без некоа посебна причина се во 3 часот ама секоа вечер и земам мобилниот да видам колку е часот, и што да видам точно 03-00 ми замрна фацата, и си легнав на спалната до мајка ми, ја гушнав мама и си заспав
A мене ова со статичниот ми се има десено, и тоа два пати. Што е најлошо, кога е на sleeping, мора да се притисне копчето за старт за да се уклучи. Што се не ми помина низ глава додека станував да го изгасам. Језивко...
Ве разбирам, мене неколку пати навечер телевизорот сам ми се исклучуваше, кога и да беше уклучен, а никој не го допрел далинското за да го исклучи и тоа неколку пати по ред, малку од памет се вадев.А се си беше во ред со него.И да, језиво е, сега во последно време не ми се има случено нешто вакво, а претходно неколку пати.Само не му придавам значење на тоа.
Недела дена пред да се роди внук ми го сонував најужасниот сон во животот. Ја сонував мајка ми како влегува во собата кај внук ми, кој во сонот веќе беше роден, и го зема од креветчето, јас стоев на вратата од собата и ми рече дека не му било местото тука на Н, се обрати со името кој после 3 дена од кога се роди му го даде кумот и ќе го земела со неа, подобро ќе било така. Сум вриснала толку силно во сонот цела куќа ја разбудив, станав препотена иако не се потам и срцето ми лупаше 300 на саат, ме прашуваат домашниве што толку лошо сум сонувала а јас им викам као не се сеќавам, и ден денс никому не сум кажала. После недела дена почнаа породилните болки на снашката а мене срцето во петици, бев заедно со неа во собата, и правев друштво додека да дојде брат ми, и после пак на нејзино инсистирање останав, впрочем тоа ми е и работа. Се течеше нормално мајката и бебето во одлична состојба и после 3,5 часа излегува внук ми, модар, не плаче, како кај бебиња кои биле во стресна положба при раѓањето (папокот околу врат итн) а кај нив се беше во ред, мислам дека во тие неколку минути остарев 10 години Додека му ги прочистуваа дишните патишта со пумпичка ја видов мајка ми, ми се пресекоа нозете не знам како не паднав во несвест од страв дека ми се остварува сонот, ми се насмевна му ја бакна главата на внук ми и тој во истиот миг почна да плаче и вообичаено е кога се враќа пигментацијата на кожата кај вакви бебиња да се враќа од доле нагоре, кај внук ми почна од главата па надоле да се враќа во нормала. Сеуште имам доза на параноја кога и да се разболи внук ми дека најстрашното ќе се случи и ќе ми се оствари сонот
Пред некој ден ми се случи нешто слично... Седнав да учам, телевизорот беше уклучен, ама гласот беше допрен (стиснав на mute). Далечинското оставено на маса и оддеднаш гласот се пушти, а никој не го ни допре... Дома луда ме направија хахаха
и мене ме имаат луда правено и многу се нервирам кога кажувам нешто што ме исплашило и што сварно сум го видела или слушнала и моите дома никој сериозно не свака, или сум сонувала или ми се причинувало, и почнав да се нервирам и не му кажувам веке ништо
што ке правиш модерно духови ххах иначе мене што ми требаше сношти оваа да го читам страх ми беше до кујната по вода да си одам
Дали Ви се има случено нешто надприродно? Прво не верував во овие работи ама од ко ми се случија почнав да верувам Станав навечер да се напијам вода и приметив дека во ходникот се прешетува нешто (дека е запалена сијалицата стално) приметив сенка од човек но наеднаш ja снема Потоа 3 пати и појке ми се има случено ова.Cе будам од спиење и забележувам некое суштество ми стои покрај креветот и ме гледа,па еднаш дури паника ме фати кога ја здогледав мајка ми дека стои тука и ме гледа во 3 часот по полнок ама исчезнуваше.Дали сметате дека ова е до психата или навистина постојат надприродни сили?
Дали Ви се има случено нешто надприродно? уу ме уплаши ова па може и да е психа, а може и не. Сум слушала од луѓево дека викаат поп за да ги истераат злите духови, па ако можеш и сакаш можеш да повикаш Иначе лично мене вакво нешто не ми се случило.
Буууу... Ме исплаши ова. Типкање на тестатурата, да гледаш сенка а да нема човек... Вечер дефинитивно нема да можам да заспијам. Духови се тоа? А сакав да прашам што мислите со случката што се случи во црквата „Свети Димитрија“? Јас лично мислам дека тоа е божјо чудо. Мислам дека тоа бог го направил. Сака да докаже дека е тој тука за нас и сака сите луѓе да бидат добри, или нешто некоја друга порака ни испраќа. Баш сум заинтересирана за ова. Но ова е добро. Не е ништо лошо и страшно. А ова вие што го кажувате... Мене не ми се случило нешто вакво. А да ми се случи ќе писнам и ќе отидам до мама и тато и таму ќе спијам 10 дена. Бууууу.....