Скопскиот воздух е презагаден и зато се случуваат вакви појави , не е ништо чудно , баш се консултирав со проф. д-р конзерватор е вака ми кажа , самата кисленина во воздухот предизвикува некои реакции и доаѓа до само чистење на предметите или се конзерваторски зафати почнати со малку по малку чистење, трето нема.Нит плачеле тит ќе плачат.
Зошто тогаш тоа не им се случува на другите предмети, зошто не ми "плаче" сликата во соба или "киселината" во воздухот зошто не ни ја гори кожата или да ни ја пожолте кожата, зошто садовите во садопер сами не ми се измијат, зошто четките за боење со темперни не ми се исчистат сами? Ептен стручен одговор си добила од стручниот професор, наместо да ти ја објаснел постапката на реставрација, доколку и самиот има поима што значи тоа. Не ме погоди толку случкава во црквата, отколку вакви "одговори и објаснувања".
јас кај што спијам во спалната осеќам некоја негативна енергија ичне ми е убаво кога спијам таму и само сонувам некои непознати личности како ми шетаат во спалната и еднаш сонував како свекрва ми[почината е] ми вика да викнам поп да ја прочати куќата имало лоши духови,пред 2 ,3 дена маж ми се свртел на другата страна и доле кај нозете му стоело некое бебе не го видел баш јасно додека се освести го снемало вика дека било 3 саат сабајле и од тогаш спијам на штрек
Златна ја не сум конзерватор или хемичар па длабоко да се занимавам со оваа проблематика , малце е далечна од мојата струка , и да човекот ми објасни се детално , а јас туѓо детално објаснување на форум нема да пишувам , тоа автоматски е кршење на авторски права , доколку некогаш би била публикувана оваа проблематика.Не е мое , да беше мое ќе си кажев . Крај краева ќе имате доволно објаснување дадено во медиумите.... патем не тропам од памет , и да замисли човекот има докторат по таа проблематика , нормално е дека знае што ми кажал. И колку што знам во твојата соба нема постојан чад од свеќи и слично....ти размисли прво што писуваш а после тропај од памет зашто " садовите во садопер сами не ти се измијат"
^^ Викаш материјата што ја учел за докторат е негов изум и он на нив има авторски права? Хахаха ок ок, може си ги препишал книгите и си патентирал како свое Од тоа што ти го кажа, тоа можеше да се извади, затоа кога нешто објаснувате а треба да е навидум стручно, барем објаснете го до крај, да се знае за што точно зборувате или пренесувате туѓ муабет. Колку да те потсетам, ти рече дека киселината од воздухот предизвикува реакција која ги чисти предметите, ниту каква киселина, ниту што чисти, па од твоето цитирано мислење може да се заклучи, дека воздухот во Скопје е загаден, има киселина, која така реагирала да чисти предмети. И не зборам јас на памет срцка, ти не се изјасни баш најдобро, го пиша само тоа што ти останало во сеќавање од некој потенцијален муабет, ниту се знае со кого, ниту точно за што. Не избрзувајте да пренесете нешто кое не го разбирате, зашто смешно звучи, еве како сега твојот пример. Можеби навистина сакаше да кажеш нешто, ама погрешно се изрази и затоа испадна смешно и ти реков дека садовите, како што би требало да реагира "процесот",сами ќе се измијат. Значи остана табу тема, кој научник со авторски права над реакцијата за влијание на киселина од воздухот врз одредени предмети , која киселина од воздухот, кој процес, која реакција итн. Сакам кажам ,не знам речам испадна работава. Пууу бре голот на Пепе не го видов, се поради еден сомнителен авторизиран хемиски процес.
Јас го разбирам тоа што ми го кажале не се секирај ти за мене многу ,ама ај ок се направи паметна нека ти стои Кажав и прееска , не смеам да објавувам нешто што не е мое , затоашто ова е одреден вид на проблематика и кога тогаш ќе биде публикувано од негова страна е од моја, не сакам да се мешам кај што не треба, кој ме свати ме свати кој не многу ми е гајле.Немам намера да се расправам или да ја продолжам дискусијава , и онака е веќе ван тема.
Се чудам како преживеав вчера. Мајка ми и татко ми се на горниот спрат од куќата а јас сум сама на долниот спрат. Околу 2 часот си дојдов од роденден и влегов во вецето за да си ја измијам шминката,кога излегов ја изгасив сијалицата и се облеков во пижами. Само што легнав некој ми тропа на вратата ( не знам на која ,јас бев во мојата соба,а на долниот спрат има повеке празни соби.) Ја отворам вратата полека и гледам во вецето сијалицата уклучена. И јас се исплашив и ја заклучив мојата врата. И легнав во креветот и целата се замотав со кебето само главата ми се гледаше. Ја набљудувам целата соба. И карминот кој стоеше до огледалото,падна. Јас се скаменив,цел живот ми помина низ очите.Ланецот за панталони ми стоеше на бирото,но малку висеше и се мрда полека. И јас гледам го и одедншка свлече се по бирото ( звуко беше најстрашен) и падна на земјата. Јас рипнав низ прозорот и звонам на ѕвончето кај мама и тато . И мама ми отвара и исплаши се од мене ја целата бледа па и плакам. И влеков внатре ама излажав дека има глушев во мојата соба. Утрото се симнав доле и гледам сијалицата во вецето исклучена,карминот и ланецот на масата. Ах ако не го кажев ова на некој ке полудев, а ако го кажев ке ме направеа луда . Надевам се ова никогаш повеке нема да ми се случи
Во влезот од зградава кај што жиеам на 4ти спрат имаше сттара , па и не баш стара околу 60-70год. жена , многу добра и многу добра пријателка со мама, премногу живееја си правеа иди ми- доџи ми цело време, пред месец дена мислам дека беше комшиката наша почина, мама ја жалеше премногу, пошто мене и брат ми не гледаше како свои внуци и за каква и да било пригода де пари ќе ни даеше де благца ќе напраеше, а премногу ја биваше за тие работи. Кога и правеа спомен после 40 дена. мама истата вечер ја сонува , пошо нејзиниве најблиски не викаа никој за споменот, само они си беа. Ноќтта мама ја сонуе како и вика "Вале, Дојди ајде и ти, " не неможам да дојдам, кај така ќе идам и викала мама, а она пак и викала "абе иди како може да не доеш" и ја фатила за рака изгледа ја барала и она да дое .... коа ми кажа мама за воа се изнаежив целаа, али воопшто не ми беше срав еве минам цело време покрај нејзиниот спрат, [она е на 4ти а ја на 6ти]и воопшто не ми е страв, алии во моментот ти се наежуе секое вланенце на кожата
И мене ми се има случено да сонувам вакви работи..Овој април сеа незнам точно дата но знам дека беше два дена пред 40те дена по смртта на дедо ми..Сонив како јас седам и го гледам на втор или трет спрат од една зграда на непозната локација за мене..Пред зградата немаше воопшто трева се беше земја и на средина голема дупка во која што беше легнат дедо ми на стомак гледајќи на кај мене..Јас само му мафнав со раката и му се насмеав а тој ми мафкаше преташе цела сила ми се чини ја потроши на тоа да излези и да се поздравиме за последен пат..Ми се смешкаше но никако никако и никако неможеше да излези..А зад него само спомен плоча и околу него многу луѓе кои што се гледаа само во него а тој само во мене..наеднаш се разбудив кај 9 и пол тогаш дојдоа мајка ми со блиски пријатели и им го раскажав сонот..Мајка ми ми рече дека недела сите ќе се гледаме во него и ми кажа дека многу ме сакаше што е и вистина многу бев поврзана а јас сепак мислам дека оддалеченоста во сонот кажува колку е невозможно да го допрам за последен пат.. и ајде сеа..а на сестра ми еднаш и се појави и другиот дедо кој е починат ехе веќе 9 години и дедо ми и рекол во сонот не идиш да ме видиш, лут ти сум..и сестра ми одма со мајка ми отиде на гробишта да запали свеќа.. и ај сеа..
Хахахаха леле какви глупости и шо имаат врска твоите клучеви со чуден сплет на околности хххххх.... Секоја чест на бујна машта ! позз
Уф, језиво.. Мене само еднаш ми се има случено вакво нешто. Влагам у зграда кај баба ми, вечер после излегување, знам беше после 12 ..немаше светло у зграда и се вртам у влезот лево од мене седнат човек со наведната глава. Се стаписав! И одеднаш ја дига главата ме гледа и ми рече „не се плаши“ ! Како ме извади од памет, шпринт нагоре и си влегов во станот.
^јас верувам дека постојат некои работи и тие случувања, но вака кога ќе видиш цела екипа,специјално спремано,просто самата таа организација околу тоа не ти дава цврстина,став,мислење....за да поверуваш.