Ги читам форумиве ама не пишувам многу.Бидејќи имате стварно многу језиви случки преживеано си реков и ја да ви кажам нешто : Дедо ми е роден во Лазарополе и секоја година одам таму.Пред 2 години кога бев помала и навечер во дворот седевме со дедо ми и дека во август паѓаат многу звезди и нешо си зборевме за звездите ова она и ми рече коа бил мал бил со некои другари навечер исто било месец август и си седеле така на едно како брдо и видел како нешо голема бела светлина се движела од планината кај крстот Цуцул до гробиштата и таму над гробиштата исчезнала.Им кажал на другариве и отишле да видат да не има нешто на гробиштата и немало ништо само магла.И ми рече дека ни ден денес незнаел што е тоа и дека можно било да било некој рефлектор или светлина незнам...и ден денес стално ме интересира за тоа ама избегнува да ми збори. А,друго што ми се случи баш зимоска вака: Дека нели порано се стемнува и бев втора смена на школо и имав 7 часа.И си идам ја накај дома и пред зграда немаше никој и свртев кривинка и ке се удрев во еден човек ама многу така језив беше.Носеше црна маица со капуљача и фармерки и не му се гледаше лицето.и само реков извинете и продолжив брзо накај дома и се свртев по 3 секунди и го немаше и тогаш стварно многу се исплашив и дури како да трчав многу брзав да стигнам до дома.Влагам дома цела испаничена и мајками ме гледа и ми вика што ти е што ти е ама ја несакав да и кажам и вечерта си легнав и ја сонував ИСТАТА случка со тој човек ама скроз све исто како што беше и се разбудив цела во паника и многу ми стана страв и во дневна одма отидов и татко ми глеаше телевизија и му кажав се и он ми вика ништо ајде кошмар ти било ајде оди легни си и не мисли тоа. Потоа неможев да спијам и со јорганот врз глава седев се до сабајле... Уште ми е страв...
На мене ми се имаат случено повеќе случки од кои една е толку језива и страшна што не сакам да ја напишам бидејќи може некој да ја прочита пред спиење па нема да може да заспие цела вечер. Инаку токму сега, додека ја читав последната објавена случка, мојот монитор се изгаси, како и сијалицата. Седев во темница 2-3 минути, вкочанета.. Се уште ми е страв, но среќа што брат ми е сега до мене.
а да ви засвири клавирот на сред ноќ? Не поп мислам дека цела епархија си викнав дома,три ноќи по ред тоа се случуваше верувајте бев на работ од нервите се замрзнав дури неќев ни да напишам тука немој случајно да предизвикувам ..пу пу скраја да е еее таман сакав да си легнам hock:
Seto toa vi e vo podsvesta,i jas smetam deka mi se slucuvale cudni slucki no potocno mi se pricinuvale,taka gi narekuvame bidejki takvi kasper-nlo raboti nepostojat ili koj da poveruva,ma da se ezam od samata pomisla od nastanive
Додека лежев во болница бев инвалид, не стануав од ревет секаде со количка еднаш лежам и наеднаш слушанм глас кој ми рече Стани и оди Ја пиштење незнаев како што да реагирам разговарав со еден поп и ми рече дека во тој момент некој многу се молел за мене и дека Бог му ја послушал молитвата и ми ставил на срце да станам и да одам Малку ми беше чудно али еден и ден денес не ми е јасноод кај дошол гласот немаше кој друг да викне бидејќи во собата бев сама
Го пишав истово и во “ Патување низ времето“ па еве и овде, бидејќи се вбројува меѓу необјаснивите случки! Не знам што се случуваше тогаш, стварно не знам, сеуште кога ке помислам ми е страв. Беше лето. Јас имав 14 год и бев кј баба ми на село. И цел ден играв со децата од таму и знам баба ми не викна да ручаме и после ручекот легнав во една соба , моја беше таму спиев. И лежам и сум заспала и по некое време се разбудувам на некое чудно место,непознато и таква збунета станувам се чудам кај сум. Излагам од собата таму еден долг ходник имаше и идам јас напред имаше врата на крајот,а многу беше темно имаше светла од свеќи. И туку излагам надвор и таму поле пукнало, ко на некоја фарма беше и излагам се шетам да видам кај сум, а таму имаше луѓе. И јас прашав една женичка викам Извинете каде сум, од странство сум реков, (глупости прашав нешо ) и таа ми вика “ а види ја се шали со мене, иди дома бре девојко и викам а кај сум сериозно, и таа ми вика ма кога ке ти ја плеснам ајде марш оставиме да работам, и јас заминав и идам јас некаде, и видов на едно ридче црква истата како кј баба ми во селото. И јас влегувам во неа и гледам истата црква и видов еден свештеник и го прашувам извинете каде сум? и тоj ми вика во Св Ѓорѓија црквата и јас му викам ама во кое место и тој се насмевна и замина, и јас после излегувам од црквата и гледам селото од баба ми, и ја видов и баба ми и сите и се испочудев што ми се деси мислев сум умоболна, и ден денес неможам тоа да си го објаснам.
Додека ги читав овие ваши необјасниви случки на мене ми се случи необјаснива случка. Читам овде необјасниви случки и на фб си пишам со другарката а, истовремено и таа ги чита вашите случки и се плаши. Мене онака не ме е страв и ми е смешно затоа што нејзе и е страв. Јадев пудинг, и кога го изедов пластичната чаша од пудингот и лажичката беа до мене и наеднаш лажицата почна да се врти полека полека.. сакаше уште да се врти а јас ја гледав онака WOW и ја запрев. Потоа одам во WC и сe гледам во огледало и наеднаш сината крпа почна да се ниша како ветер да ја дуваше.. тој ден многу се исплашив Спојлер Има и др. вакви случи што многу често ми се случуваат, ама веќе не ме е страв како тој ден, сега и дух да ми се појави нема да ми е чудно
Тraumhaft многу ме заинтересира ова што го напиша. Те молам доколку можеш подетално раскажи ни. Како се случило тоа? Дали си сигурна дека доколку живееш со некој тоа тој не го сторил?
мајка ми отсекогаш има сонувано сонови од мртви луѓе кои и пренесуват пораки а ја имат газано и сенки
Па нели има духови и сенки, сенки е нешто полошо. Нешто како лош дух и црно е. Мајка ми кога била помлада накај 15,16 години. Значи мајка ми спиела во кревет, било летто. И наеднаш почнало нешто како од нозите па се нагоре да и станува ладно. Значи се понагоре и понагоре одело тоа ладното . И кога стигнало до вратот почнало да ја гуши и мајка ми нели го осетила и знаела дека е сенка, и пробала да вика но од нејзе излегувало машки глас .. Еве уште неколку случки: Спиела во иста соба и во ист кревет со сестра и. И на мајка ми во сонот, некој човек спиел до неа и до сестра и, помеѓу нив бил. И мајка ми од страв се разбудила и имало точно место за уште еден човек помеѓу неа и сестра и. На мајка ми во соновите нон-стоп и се појавувало некое девојче со црна коса. (Инаку мајка ми имаше црна коса па затоа си ја исфарбала плава.) И отишла во црква си зела ланче со крст. Со темјан чинувала низ собата за да го изгони духот. И добро од тогаш ништо не и се појавувало. Кога дедо ми беше болен. Мајка ми сонувала сон, во сонот таа бегала од нешто, нешто големо не се гледало но било огромно. Мајка ми се скрила во една куќа и тоа огромното и рекло. Што е судено ќе си биде, никој не може тоа да го спречи. Мајка ми знаела дека тоа било за дедо ми. И утредента дедо ми умре.. Исто така мајка ми го сонуваше смртта и на комшијата ни. Значи во сонот на мајка ми отишла на една слава, во една куќа и таму биле сите мртви луѓе кои ги познавала, вклучувајќи го и дедо ми. Значи незнам баш дали одма тој ден или друг, умре комшијата ни. И мајка ми кога отиде да го види нели човекот кога влегла во неговата куќа била иста како таа што ја сонувала. Дедо ми веќе беше починат, и мајка ми ја сонуваше собата во која починал. Значи на креветот имало алишта не наместени и дедо ми се појавил таму и рекол: Зошто не го наместите креветот, зошто не ги тргнете тие алишта за да можам на мир да си гледам телевизор? И другиот ден ние отидовме кај баба ми и починатиот дедо и мајка ми влезе во собата на дедо ми и рубите биле на креветот исто како во сонот. И и рече на баба ми да не ги остава така на креветот да ги мести алиштата. Уште една случка: Значи беше ден пред Велигден. И мајка ми беше нешто изнервирана и рече јас утре не вапцам јајца во 5 часот не можам толку рано да станувам. И си легнавме да спијаме. Мајка ми во сонот, еден човек значи и рекол ајде станувај време е веќе. И мајка ми се разбудила и било точно 4:50 часот за да може да изфапца јајца во 5 часот. Мајка ми ми рече дека бил некој од просветителите наши но заборавив кој. Го имал тоа кружното околу глава. Морав да ги ставам во различна боја за полесно да се читаат Инаку мене многу ме плашаат вакви работи, вчера од тоа дури и неможев да спијам
Ајде и јас да ви раскажам две случки. Во два наврати сонував дека комуницирам со мој починат другар, многу близок другар. Многу го сакав, и многу ми недостига. Првиот пат добив порака на телефон : Не грижи се, жив сум, се е во ред. Како си ти? И разврзавме муабет.. а вториот пат веќе стои пред мене, и го гушкам и плачам и му викам: Ах, помислив дека засекогаш си отиде! А вторава случка, исто со почината личност, во два наврати сонов, едниов ме држи за рака и ме шета низ една недоградена куќа а тука по маси испоседнати сите што ги познаваме. И вторава, ми лежи на кревет. НЕ ЗНАМ дали од самава психа, особено за првава случка, дека ми недостига страшно, и дека не можам едноставно да се помирам со тоа дека го нема, или пак нешто друго, ама после соништата се чувствував премногу спокојно...
Јас да ви кажам мене што ми се случи пред неколку недели... Беше околу 3-4 часот наутро. Моите не беа дома, само јас и брат ми но тој спиеше а јас бев сеуште будна. После некое време си легнав и јас и ја изгаснав струјата . Прозорците ми беа отворени а ролетните беа скрос спуштени... Како што си лежев по некое време почна нешто да чкрипи мегу ролетните, како некој да ги подига..Прво не обрнав многу внимание и си помислив некоја птица да не има застанато, но чкрипањето продолжи и понатаму и стануваше се посилно, но по звукот повеке ми се чинеше дека некој човек има надвор отколку некоја птица . .Оддеднаш од страв изрипав од кревет и отидов во другата соба. Го разбудив брат ми и излезе тој на тераса да види но немаше ништо...Почнав да му кажувам за тоа но тој како и обично не ни поверува па се врати комотно назад во кревет .Си ги земав јас перницата и постелнината и отидов да спијам во другата соба (што е спроти мојата) Само што се наместив пак почнав да ги слушам истите звуци од ролетната во мојата соба и тоа уште толку посилно од претходно . Се слушаше некакво трескање,одвртување на штрафови, како некој човек да се обидува да ја отвори...Толку многу се уплашив што мислев дека ке се парализирам од страв.Ме плашеше тоа што цело време се слушаше како некој да има надвор на тераса а брат ми кога провери претходно немаше ништо. Наеднаш се слушна малку посилен тресок и јас така од претходно цела уплашена почнав да викам. Стана и брат ми , ги запаливме сите светла во куќата, излезе тој пак надвор да види, но пак немаше ништо..Остана тој да седи буден ,работеше нешто низ кукјата и тоа ме успокои малку ,па се вратив назад во кревет. Се покрив и си легнав со запалено светло. Звуците што доагаа од мојата соба некако ко да се поднамалија кога наеднаш ги снема и не се слушаше ништо ... Веднаш почувствував некакво олеснување и само што ја ставив главата на перница веднаш заспав. Часот беше 4:30 ...После таа вечер јас цела недела неможев да се вратам да спијам во мојата соба. Оттогаш спијам само со запалено светло и многу пати ми се случува навечер да станам и да ме фати истиот страв па да не можам да заспијам до сабајле...
На неколку наврати се имам почувствувано како некои настани ,луѓе ,места итн предходно да ги имам видено т.е дека предходно се случиле односно сум доживеала дежа ву...Тоа не е страшно но сепак малку е чудно чувството...
За плашење не се плашам повеќе се исплашив од приказните што ги прочитав тука .. Чудно е чувството бидејки чувстувам како некоја светлина да ми поминува преку очи и толку и оп си викам ова го имам некаде видено а неможам да се сетам ...
мене не светлина, туку рацете ми се здрвуват да видиш ккако и целате се укочвам и само ја наблудувам ситуацијата, морничаво ми е ..
Едно време, пред некоја година, се будев секоја вечер верувале или не точно во 03.00 часот. И тоа долго време, повеќе од еден месец. Дали беше психа или што, не знам..не дека се замарав но обично кога ќе се разбудам го барам телефонот. А тогаш ми беше необјасниво, што барам секоја вечер во 3 саат да се будам, ајде да беше барем минута плус минус ама 3 равно.... А да и една случка. Бидејќи седам до доцна навечер, еднаш излегов во ходник незнам барав нешто околу 1-2 саатот беше,и најдов што најдов, се враќам назад и кога отворам во дневна скокнав ми се причини како црна мачка да ми се смота околу нозе. Ама буквално како да ми појде во нозете и сама како ненормална скокав и вриснав... И кажав на баба ми, а знаете старите одма паничат леле дух леле ова леле она, направи вака направи онака... Ајде барем да речеш да гледав некој страшен филм, да мислев на нешто страшно..АМа така бев искулирана, барав нешто благичко да си каснам од каде ми дојде таа халуцинација појма немам. Битно си најдов нешто благо