1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Ова моето може е глупо али у тој момент многу се испаничив...вака пишував домашна у дневна и сега сакав да земам лењир и отидов во децка за да го земам и го отворив шкафчето да барам и дека спроти шкафчето имам телевизор и изгаснат беше и кога е изгаснат се гледаш у телевизорот ии јас погледнав и незнам се видов себеси со долга црна коса права а иначе јас имам виткана коса и ја носам во пунџа иии кога се видов многу се исплашив и почнав да бегам и после ми беше страв да погледнам во телевизорот :D
     
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сеа имам телевизор исклучен одма до мене и ми е страв да погледнам у него :worried: :worried: :worried:
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па верувам дека е до мозокот... :x :hai: :call:
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939

    Ова го зголемив, читав назад и случајно го открив, јас сум зачната на трет ден Велигден, сега ме исплаши :|
    Секој ден нешто кршам а не сум трапајца некоја и малку се загрижив исто и
    у последно време многу сонувам страшни сни, еднаш како се галев со мртов човек, што не е убаво, и еднаш дека се качив во 19 бус ама со мртви луѓе :sweat: :(
    Премногу се потресов, бев денес во црква да се помолам .
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па од каде знеш дека има врска од прв ден до псоеден ден Велигден? :angel: |( :!:
     
  6. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Пред мецес дена ми се случи ова,ја заклучив вратата надворешна,значи сигурна сум зошто секогаш имам навика да проверувам и правец во ВЦ,излегувам..вратата отворена ја прашувам мама(зошто бевме сами)да не излегуваше ми вели не,не..не можев да заспијам цела ноќ . -.-
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Мене ми штракаше некој на тастатура.Ама озбилно и гласно.Еве и тука гледате дека патам од сезонско пореметување на дневниот распоред :D Денски спијам, ноќе живеам.Е па значи таа ноќ при здрав разум бев и потполно свесна.Тогаш живеев во куќата.И како што кажав неколку пати навечер најсериозно се слушаше звукот од пишување на тастатурата.Темно беше но со слабата светлина од уличната светилка која влегуваше низ прозорецот видов дека не само што се слуша пишувањето, туку може и да се види.Значи да се види не да се замисли.Сега криво ми е што не станав да видам што пишуваше дотичноит/та.Можеби порака беше затоа што беше доста упорен.Како и да е не сум паничар во душа ама имам развиено шесто сетило.Нагодував дека мачка ни шета ноќе низ куќата.Језиво ми беше да спијам во сопствената соба.И неколку пати навистина ни влезе мачка низ оџакот, сите ја видоа и докажав дека не е до мене, не е само дека мразам мачки,мачка навистина постои не измислувам.Сестра ми беше бебе.Ако сакавме да ја избркаме стоеше над сестра ми и се закануваше со шепата дека ќе ја изгреби.Никој ама никој не можеше да ја избрка.Освен татко ми кој за малку ќе ја удавеше кога еднаш ја фати.

    И покрај ова не верувам во паранолмални работи,мора да има некое логично објаснување.Таква сум јас барам толкување достојно на психички здравиот свет.
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Малце погоре од нас, се досели семејство од Велешко, јас уште малечка бев. Се здружив со девојчето, млада се омажи, ама додека не се омажи многу живеевме, и со нејзе, и со брат и. На родендени, на шетање, играње, стално заедно, маалски деца. И моите и нивните многу си живееа, куќни пријатели.
    Од кога се омажи млада оваа, татко и нормално, ќерка му толку млада и бремена, не му беше сеедно на човекот, од мака мислам дека умре.

    После смртта негова, ако не се лажам на 40 дена, башка некој празник беше, не се сеќавам, мислам Архангел, сонувам како стои кај нас пред порта, а сопругата му вика:

    - Каде одиш?

    Човекот се тегне на кај нас да дојде, да влезе во двор, и сопругата му вика :

    - Немој внатре, не можеш сега да влезеш.

    А јас сето тоа од горе го гледам низ врата на тераса.
    Се испотресов, толку не знам...сон, ама цврст, чиниш ќе се случи додека сонуваш.
     
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Синоќа,откако легнав демек да спијам не бев заспана така си лежев чекав да запсијам слушав како некој да оди по собата каде што спијав,слушав мизика ама пак се слушаше значи гласно беше или јас така си халуцинирав..
     
  10. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Ќе сака некој да ми објасни што е разликата помеѓу дух и сениште?
    П.С ми се десила ваква случка ако сакате ќе објаснам.
     
    На SweetGirl234 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Една вечер сонував како сум се венчала со некој млад и убав дечко,Александар се викаше,беше од Радовиш,и имаше многу впечатливи сини очи.
    Бидејки неговите родители не го прифаќаа бракот,сме избегале во некој манастир во Радовиш,и таму некој поп на него ми дал 100 денари.

    Кога се разбудив,на гости ни беше дојден некој поп,Александар од Радовиш,со впечатливи сини очи,и на брат ми му даде 100 денари. :|
     
    На tessie, My.Cloud, Ognenija и 3 други им се допаѓа ова.
  12. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    :D Никој не ме прашува ама ќе ви раскажам. Ќе биде во спојлер текстов оти тука има некои со слабо срце или нерви и ќе замолам да не го отвараат!
    Значи дома почесто ми се случува да видам сенка да претрча а никој нема. Еднаш седејќи пред компјутер ожеднев и ми текна да си земам јогуртче. и јас како по навика јогуртот со сламка :$ :) а на биро кај звучникот стојат шминки мои значи како што е поткренат со шипки тенки знаете како мислам. не го допив јогуртот цел оставив малку. и јогуртот насреде биро а да кажам и дека тоа што е како „масиче“ кај што стои звучникот е настрана нормално а јогуртов е на сред биро. по две минути иде брат ми и ми вели „ај стани од компјутер“ и ја нормално станувам сосе чашата со јогуртот и на маса ја носам и си сединам да гледам ТВ и требаше во веце да појдам. како што станав гледам лабелото во чашата за јогурт :worried: :worried: и го прашувам брат ми онака збунета „ |( што мајка бара лабелово в јогурт?“ и тој ме гледа зачуден целиот „што ти е Еми?“ јас „ па еве го лабелово в јогурт е изшлакано?!“ тој само се зачуде онака ги дигна рамениците. јас си појдов во веце продолжив да гледам тв. а некогаш ми се случува да си седам на компјутер и како сенки од страна да ми поминуваат бели и тоа. многу јасно ги заприметувам како брзо одат и наеднаш некако исчезнуваат ... незнам тоа е можеби халуцинација од премногу седење на компјутер али лабелото во јогуртот? не е можно ако паднело ќе стропаше и немаше в јогурт да падне. и често сеќавам кога ќе си легнам на кревет (најчесто ноќе) како некој да скокна до мене а не се тресе креветот прво помислувам дека е мачката. ама онака никој нема и чуствувам како да скокнал некој. и кога сум сама присуства чуствувам. како да е некој зад мене. ми се деси еднаш појдов до прозор и само тањир се помести во мијалникот :worried: а на татко ми му се случи еднаш прво мора да ја подобјаснам кујната до мијалник одма тука имат едни како со колца се и со три кошнички и за лончиња внатре и оние пластични што се како тенџерчиња што се и понекоја кофичка од кисело млеко што значи нема многу тежина. вратата од кујната отворена вкрај и врви татко ми и едната количка што е паѓа на земја цела а не ни ја допрел значи. :^) на мајка ми шкаф и се има отворено пред нејзини очи. и да кажам дека прадедоми и прабабами се умрени во куќава.
    кој сака нека верува кој сака нека не верува, ама тоа е. се дешава. и верувам во паранормалното многу!
    ова би требало во темата Сонови да биде.
    моја другарка има сонувано дека дедо и ќе умре. и умре утредента :worried:
     
    На BlueEyess му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Седам вака замислена и читам, сама бев дома сеа дошол татко ми и види го ти него! Без да го приметам дошол позади мене и видел што читам и јас само замислена, и ми ја става раката на рамо и наеднаш некако сврти очи и јас вриштам и после му се дерам ТИ НОРМАЛЕН ЛИ СИ БЕ ?!!?! ОД ПАМЕТ МЕ ИЗВАДИ! Ух уште се тресам :@ ке го убијам. А за паранормални случки друг пат ке ви раскажувам сеа немам време , зашто има 100 :worried:
     
    На iloveyou29 и Valerin им се допаѓа ова.
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Јас незнам дали да верувам или не.
    Беше сега брзо незнам ни дали има поминато година од ко ми се деси ова. :tmi:
    Дома бевме сами јас и мајка ми.Беше пладне некаде.А памтам дека беше некој празник дали некој мртов ден незнам,не се сеќавам точно што беше.
    Седев јас занесена на компијутер и само почуствував некое чудо чуство како одеднаш да ми стана ладно,се завртив и одеднаш видов сенка.Сенка.Буквална сенка.Ајде да не речам дух.Почнав да плачам.И да викам по мама,а мама беше на неколку чекори од мене.Сигурно и таа приметила.
    И кажав...мамоо дома не сме сами имат уште некој,помина онде!
    И мајка ми сигурно видела.И само и таа со плачење ме прегрна и рече:
    -Не се плаши,баба ти дошла да не види.
    А баба ми е мрва веќе 16-17 години,но последниве години не се појдени кај неа на гроб.Па можеби е од тоа незнам.Но стварно јас се преплашив. ;( ;( ;( ;( ;(
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Прости, но ме изнасмеа! :D Инаку и татко ми знае да ми го прави истово одвреме навреме. Ама јас веќе имам навикнато. :rofl:

    Шала на страна, често ми се случува да слушам машки глас пред потполно да заспијам. Дури една ноќ откако видов дух на сликата откако ја фотографирав мајка ми (мислам дека претходно споменав за ова на форумов), истиот машки глас чинам ми рече ,,Бакни ја баба ти'' додека сеуште не бев во рем фазата. Ми зборуваше уште некои работи на кои не се сеќавам.
    Пред некоја ноќ сонував како сум во соба преполна духови и една девојка ме допре за рака и ме молеше за помош! :?: Или пак често ми се случува да гледам некои ситуации кои веќе се случиле во мојот живот и се чувствувам како да сум повторно таму присутна исто така пред да настапи рем фазата се случува ова.
    Е сега, се случува уште една мошне чудна работа речиси секоја ноќ. Откако ќе си легнам на креветот некој започнува да ми го тресе. |( Првите 10 пати се плашев, а сега колку и да ви звучи морбидно ова, ме успива. :D Без таа турболенција јас не заспивам и немам мирен сон. Патем, кога бев помала ме нишкаа често домашните. Па можеби е некој од нив кој починал. Како и да е не ми се случува ништо лошо па и да е силно биење на срцето или пак дух (во што не верувам) не е важно. Битно е дека јас заспивам бре. :lol:
     
    На Draginja, LudaDevojka и LittleFairy им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    ^ Ја отварам темава само за да видам дали си ја ставила сликата. Ај жити се стави ја сите сакаме да ја видиме.
     
    На LudaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Што има врска ако некој умрел во таа куќа во која живееш? Баба ми умре во оваа соба која сега е моја и тука спијам па нема ништо чудно....
     
    На LudaDevojka и simonka93 им се допаѓа ова.
  18. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    60
    5:11 се усрав :geek:
     
  19. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    60
    Беше темница.Си дремев ја на компјутерот сама ама сепак ми беше страв.Неочекувано слушнав крцкање на подот.Бев сама.Јас сама во огромната куќа.Се исплашив ама сама се утешив и си реков:Фрижидерот.Продолжив да играм на компјутерот но продолжи крцкањето кое доваѓаше од салонот.Сијалицата во салонот светеше,телевизорот беше оклучен.Не беше крцкањето од телевизорот.Ќе се случаше јачина.Се наежив погледнав наокулу.Каде што се цевките почна нешто како да се руши.Готова бев да се помочав.Излетав низ вратата уплашена.Ноќта легнав да спијам.Сама во мојот кревет каде што се чуствувам најудобно.Одеднаш почуствував како некој ме гали на раката.Се свртев и немаше никој.Се покрив до глава и заспав.Една недела после ептен ми беше досадно.Отидов на огледалото и правев страшни фаци и одеднаш огледалото почна да се замаглува и ептен делуваше страшно.Се исплашив од самата себе.Можда ми се причинило.Ама главно се плашев да се погледнам у огледало после таа ''случка''.Верувале или не кажав необјасниви случки кои ми се случиле.Енивеј....

    http://www.youtube.com/watch?v=j5-yKhDd ... ure=relmfu

    Демек... :$
     
    На LudaDevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    60
    Слично...Спиев 4 дена кај братучет ми и братучетка ми и они имаат големо огледало.Братучет ми ми вика немој да гледаш во огледало на полноќ може нешто лошо да се случи утре.Ја само намигнав ама продолжив да зјапам у огледалото а утре чичко ми падна од чардакот ;( Важно е што е здрав и жив сега :)