Можеби не е за овде мислењето, ама ќе го пишам. Мајка ми онаа ноќ сонувала како месе погача и раздава наоколу. Преска си доаѓа од работа и кажува дека ќе праве погача оти и се сонувало. Одма ми текна дека на оваа дата, точно пред 1 година брат ми имаше една несреќа и тогаш таа се зарече дека секоја година на тој ден ќе месе погача. Ама, сега заборавила на погачата, и’ кажав јас и веднаш направи. Чудно ми падна некако, и’ се сонувало, а сосема заборавила на тоа.
Нели викаат дека кучињата можеле да видат работи кои ние не ги гледаме. Епа јас станав мета на кучиња во последните 2 месеца. Каде и да поминам ми лаат бе, 'ржат, уште да ми скокнат (што еднаш се и случи, пред месец ипол). Се нешто ми е на мисла да не носам со мене и некоја мрачна сила ,недај боже, инаку зошто би се однесувале вака кон мене.
Мене ми се случи такво нешто чудно или барем јас си го сватив чудно на денот на деветница на дедоми. Нели велат дека на деветница душата последен пат слегува и потоа си заминува. Јас и сестрами бевме горе на 3ти спрат сами и гледавме филм на компјутер кога од еднаш накај 12 после полноќ беше можеби и покасно 1, ни влезе една огромна скачка. Али огромна луѓе, и дојде и мирно си застана јас и сестрами се преплашивме избегавме од соба одма. Го чекавме татко ми да стане зошто тој станува на работа во 1 ипол вечерта и го викнавме да ја истера зошто не беше многу страв и тој ја фати и му застана на рамо луѓе инаку нему му беше татко ни да литне ни ништо туку на рамо му застана и тој ја зема и ја изнесе надвор. А инаку дедо ми никогаш немаше дојдено горе на 3ти спрат да го види сега го реновиравме нов ни е порано немаше овде ништо па ете таа вечер реши да не посети и да види што сме си направиле.
Црешичка неможам. Бидејки таа фотографија им ја имам покажано на личности за кои е голема веројатноста да имаат овде акаунт и да ја препознаат, а јас сепак сакам да останам анонимна. Жалам.
Боже и мене вакви работи ми се дешават. Јас на пример ми се имат случено многу вакви ама ќе кажам само неколку: 1. Бевме на гости, на еден километар од нашата куќа, и на татко ми му се јавува од дома баба ми, дека на дедо ми нешто му се слошило и да си одиме дома, ние итно такси викаме и си одиме, и пред да слезиме од такси одма пред куќа мене скрос празен мозоко до тогаш,и само како слика ЌЕ УМРИ! и јас шо ми е бе шо мислам глупости. И одиме дома и само шо слеговме на долнио спрат, сијалицата прегоре, дедо ми кажа нешто нејасно. И почина. 2. Е сега се чудите шо има врска сијалицата? Епа вака три години претходно почина чичко ми, значи постариот син на дедо ми, и дено пред да почини сијалицата прегоре. Коинциденција? Можеби. Ама да се случи и лани (2011) баба ми пред да почини? Е то е друго ! 3. Да се вратам на „визиите“ , во јуни ланската година брачет ми од *(град) беше дојден кај нас и се качивме на дрво да бериме цреши. И ни фалеше најлонче и јас слегов да земам, и се враќам и пак како слика ЌЕ СЕ СКИНИ КЕСЕТО и јас пак шо ми е шо мислам глупости. И незнам дали 10 секунди поминаа и се скина и се истурија црешите. Доста се толку ќе пишам другпат пак.
Јас пред некој ден си се симнувам доле,и поминувам покрај телевизорот и сам си се уклучи...а далинското стоеше на креветот,немаше никој во собата... И навечер во куќава шо изгоре,т.е незнам дали од таму, ми се слуша како крца некое железо,знаете оној звук кога се лулате на лулашки,како крцкаат ако не се подмачкани.
Нема за ништо необјасниво за се има одговор само може не си го нашол уште.А додека не го најдеш ќе го живееш животот така како што те(не)научиле,и така како што си слушнал,застапувај се себеси и ќе го најдеш одговорот.
да се надоврзам со тоа "претскажувањето"...не е баш необјаснива случка....пред некој ден додека чистевме со мајка ми, ми се слушна како да ѕвони телефонот (мобилниот) и и викам на мајка ми ..телефонот ти ѕвонеше.. го зема и виде, немаше пропуштени повици...не поминаа ни две секунди и телефонот стварно заѕвоне можеби е чиста случајност...само што многу ми беше чудно..како да знаев дека ќе ѕвони телефонот
Само си посакала да заѕвони навистина,и ти изгледало толку реално(дека звонел)што после тоа стварно заѕвонел.Ќе се навратам на тоа дека магија не постои мислата е магија.
Od nikade, vo vitranata kade sto stoi, ni pukna godinesnovo prvo veligdensko jajce... Malku mi e jeziv nastanov i situacijava, pa ako imate nekoja pretpostavka ili ste procitale dali ima nekoe znacenie.... PS. Se izvinuvam za latinicava, imam problem so fontot.
Па Руби можеш да го сватиш како сакаш,нема ништо чудно во тоа што пукнало јајцето му било време да пукне не е се читаво и здраво,може не било снесено од кокошката како што треба,може господ сакал да ти каже нешто,ама сама треба да дознаеш што,и онака ние сме неговите ,,јајца''па се е од него,одговори колку сакаш,фората е ти како ќе го сватиш не е ништо необјасниво.Поздрав до тебе.И грижете се повеќе наредната година за јајцето зошто ќе пукне пак.Одговорот е љубовта тоа сакал да ти каже Господ!Поздрав до тебе.
Со самото тоа што постојат објасниви и необјасниви работи,логични и нелогични работи,си кажува дека не се може да има логика и да се објасни-паметни сме онолку колку што ни е дозволено и колку што ни е развиен мозокот а тоа не е до бесконечнпста за да најдеме објаснување за се што се случува.. Седиме кај тетка ми дома со братучед ми и збориме на некои теми и јас да станам да си одам,одам да си ја земам тачничката кога...ја нема.Почнавме да се прашуваме дали дојдов со ташна,да не сум ја оставила во кола,се симнав со братучед ми-ја нема во кола..Бараме кај тетка ми-нигде ја нема..Почнавме и по шкафови да бараме,потоа братучед ми креваше кеси,куфер..ташната нигде..И во еден миг јас се вртам,погледнувам накај куферот и што да видам-мојата црна ташна врз бела кеса која братучед ми пред 1 минута ја крена..Инаку,тој има 33 години,значи не е дете да не види и не перцепира,тројцата ја баравме секаде,кај куферот поготово-ја немаше,не е игла да не се види нели?? Се случи пред пола месец,остана нерешена мистерија..Логика нема,објаснување нема..
хаха сега ми текна необјаснива случка како мала на бртучедка ми која имаше 2год и дадов да си игра со мојот златен прстен и наеднаш го снеам јас и баба ми цела соба ја превртевме и него го нема па го неам а братучедка ми цело време стој до плакрчето со тњири и упорно се обидува да го отвори и ние ај дете е интересно и е да си игра со вратата и после некое време баба ми да земе тањир го наоѓа прстенот внтре и необјаснивое тоа како прстенот воопшти стигнал тамѕ кога она неможеше да отвори и како ние не свативме дека детово сака да ни каже тоа што го бараме дека е внтре
Auuff,ama strasno bese ona vcera,slusav ubavo,nekolku pati nekoj ckrapase na tastatura..stanav vidov i prestana,inaku jas si se smeev i i kazav na majka mi,ne mi e bas strav,ama jeziva mi e samata pomisla deka ima nekoj pomejgu nas ..uff.
Ми се случи една необјаснива случка пред 2-3 недели. Беше околу 8 часот навечер, бидејќи дома ги сменивме прозорците, имаше многу прашина и во детската ги отворив двата прозорца и терасната врата. Ја затворив вратата и отидов да се напијам вода. Кога се вратив во детската едното крило од прозорецот беше затворено . Не го сватив сериозно и повторно го отворив крилото на прозорецот. Татко ми ја чистеше собата на сестра ми, мајка ми се бањаше а јас и сестра ми бевме заедно. Отидов во собата и што да видам повторно истото крило од прозорецот затворено. Крвта ми смрзна. Ги прашав мајка ми и татко ми дали го отвориле тие рекоа не. Јас и сестра ми бевме заедно цело време, значи не е можно таа да го отвори, а поголемата сестра излезе претходно. Вечерта накај 2 часот слушнав чекори во мојата соба, го запалив светлото и трк кај сестра ми во соба. Уште се чудам кој го отвори прозорецот.
Предходната вечер се враќам од излегување, накај 1 саат после полноќ беше,ја испратив другарка ми дома бидејќи и беше страв и си велам ај храбра да бидам сама да си одам (лудост) кога така одејќи слушам трчање зад мене..Се вртам нема никој, пак продолжувам пак истото трчање...Се така до дома..Уфф језиво беше :/
Абе луѓеее амааанн сватете дека не постои нешто што е необјасниво ќе сватите лии дека се ви е во психата од работи што сте ги виделе ,дека се праите со мислите дали сега сте помислиле или утре или пред една недела секад се остварува.DEAR JESUS CHRIST HELP THEM TO REALISE WHATS LIFE ABOUT.!