Епа ајде да ви кажам некои случки од кој сум се тресела 1.Бевме во село Челопеци, Кичевско, каде што е родена баба ми . Бевме со нејзе и со едни по далечни роднини.Требаше на брат и да му вадиме 40 дена. Престојувавме во една стара селска куќа, со роднините, но они беа доле, ние горе. Беше зима.Надвор дожд,грми јас стуткана и пробувам сето тоа да го игнорирам, баба ми беше на другиот кревет, и одеднаш падна завесата на прозорецот од кој фури воздух,стар искршен. После се слушна само едно гласно бум и неможев да издржам станав и ја разбудив баба ми, вазната до мојот кревет беше падната, прозорецот ширум отворен.Стана баба ми без збор и се среди и тивко ми рече, спиј.Легнав пак да спијам и голема врева ме разбуди.Излегувам надвор и што да видам, сите прозорци испукани. Викам што се случува никој не ме рецка, после ми кажаа дека се слушале силни тресоци и сите се уплашиле, ух и сеа се наежив, незнам како преживеав 2.Еднаш седам сама дома и во детска, слушам наеднаш како машината за перење почнува да работи, да центрифугира без алишта, влегувам , ја исклучувам ама вратата неќе да се отвори После викнавме мајстор, абе бог да чува, појма немав што ми се случува.. 3.Еднаш исто седам на фемина, до мене исклучен телевизор, и во него гледам , човек, цел облечен у сиво и се дерам на мајка ми и кажувам , вика абе што се дереш, и покажувам во телевизорот сеа истиот човек на друг агол 4.Еднаш исто седев на компјутер, телевизор уклучен , се ми се исклучува а почнува мечето на батери на брат ми да дрнда нешто Абе стварно веќе се ме нервира и се повеќе ми се случуваат вакви работи, посебно кај мене дома, ова беа најважните иначе ако почнам сите да ги пишувам 50 мислења треба да напишам
И се случува на моја блиска личност пред 2 години. Оди кај најдобрата другарка да гледаат филмчиња и останува да спие кај неа.Се буди накај 3-незнае ни сама зошто,и што да види-девојче мало со црна коса фатена во кики ја гледа неутрално..А другарка и живее со мајка и и татко и,нема ни сестра ни ништо..И што да прави кутрата,ја дрма другарка и да се разбуди викајќи по неа Кики,Кики,Кристииина а она не мрда,цврсто спие..И виде нема фајде се сврти на друга страна да проба да се совземе,и пак се вртина другата страна да види дали добро видела и девојчето пак стоело и ја гледало неутрално без да се помрдне или да каже нешто..Со срце пред пукање,ги затворила очите и некако заспала. Утредента и ја раскажува случката на другарка и Кики,дека видела девојче мало со кикички кај неа во соба како ја гледа и дека ја будела ама она спиела ко заклана и не реагирала и дека ќе умрела од страв и само мајка и на Кики другарката и кажала дека чекала женско дете пред Кристина и го изгубила во 7-ми месец,имала спонтан абортус...Умрев кога ми го раскажа ова.
Пред неколку години блиска роднина - петгодишно девојченце, во дворот мочкало под еден орев, од тој ден, во исто време, на исто место девојчето мочкало под дрвото. Секоја вечер имала температура, гунцала во сон, одбивала храна, не зборела со никој и стомачето ја болело. Значи девојчево постепено ја губи тежината. Родителите ја носеа во сите клиники, и правеа секакви испитувања и ништо не можеле да и помогнат, се додека една докторка не и рекла на мајката да го однесе девојчето на баење, барем да проба, ништо нема да изгуби. Жената што баела и рекла на мајката дека лично не може да и помогне, ама за да си го спаси детето мора да оди во еден манастир и да преспие една ноќ со детето, бидејќи мокрело под самовилско дрво. Така и направиле, детево како препородено, ниту стомачето да го боли, ниту температура - ништо, здраво - право. Од тогаш па наваму морење под дрво никако, може нема да верувате, ама сведок бев, греота за девојчето, се намачи.
Не знам дали случкава е за овде но мора да кажам што ми се случи вчера. Значи не знам најпрвин дали е сон или јаве но изгледаше толку вистински што денес цел ден телото ме боли. Си лежам така јас во креветот и наеднаш како да слушам некој глас кој ми вели: Што? Се вртам лево десно нема ништо...Полека ги затварам очите и пак уште еднаш ми се јавува тој глас...Сакам да станам но не можам.телото полека почнува да ми се блокира и не можам ни да мрднам.Не можам да станам,не можам да се движам лево десно.И што ми е најчудно ова не ми се случува прв пат...
@Pelikuna тебе најверојатно ти се случило парализа во сон. Тоа е ситуација (дел од РЕМ фазата) кога мозокот е буден, што значи дека си свесна, но телото е исклучено и неподвижно. Парализата често знае и да создава халуцинации на објекти или личности кои делуваат многу реално, па затоа е застрашувачки. Може да е како резултат на некој стрес или промена на начинот на живот, ама не е воопшто необјасниво.
лелееее, и јас истото го доживеав и тоа на 2 3 пати, ке умрев од страв, така лежам во креветот, неможам да движам ни рака ни нога гласот не ми фунционира, се мачев а едно дете малечко се повеќе ми се доближуваше, едвај се свестив, и кога почна телото да mi фунционира детето го снема...
Другарка ми ми кажуваше... Спојлер Мајка и на работа кажувала виц за господ.Кога стигнала дома правела ручек и се исекла со нож Ова се има дешено на братучетката на другарка ми Спојлер Имале голема куќа со голем ходник и слики во ходникот.Ама девојчето слушало гласови кои и викале оди во ходникот.Едноставно владееле на телото.Една вечер имале гости.Тогаш се слушнале пак тие гласови и овој пат она навистина отишла во ходникот.Кога погледнала наокулу сликите како да оживеале Девојчето стоело така ислпашено гледаќи во сликите тогаш нејзините ја барале и кога ја нашле во ходникот ја прашувале што ти е што виде а она само ќутела Бај да веј.. Спојлер Секогаш кога сум здлабочена во нешто и погледнам на страна гледам некој во бел мантил и одма исчезнува Верувале или не тоа беше моето.. П.С се тресев додека го пишував..
Значи не знам во која категорија да го ставам ова моево. Вчера кога си легнав телефонот беше до мене, денеска цел стан го превртев 3 пати ма какво 3 пати 5 пати, цел ден од дома не сум излегла, никој не дојде а телефонот ми го нема НИКАДЕ!!!Ќе полудам. Како е можно??? Ви се има ли случено "земја да ви ги голтне работите". Јас сум веќе на работ со живците. Не ми е толку криво за телефонот, материјална работа, се купува, туку што чудно ми исчезна. Ај да сум била негде, да сум го носела Ќе се мрднам
Провери си да не ти е паднат под креветот,во креветот,да не си го собрала со постелнината..си ѕвонеше на мобилниот ?
Јас живеам со дечко ми во гарсоњера, значи многу е мало, околу25 м2. Све превртев, еве од сабајле од 12.00 до сега до 12 го баравме и двајцата, буквално ги превртевме креветите, звонев не е достапен. Ќе полудам! Ова е повеќе смешно вака, ама на мене ми е страшно. Кренав раце веќе што сака нека биде, ако го нема нека го нема.
Јас имам слушнато од постари, демек душите на мртвите, во првите 40 дена, се враќаат дома во вид на инсекти ! Незнам колку е точно, никој незнае, ама ова некако твоето ....
Јас еднаш кога бев на училиште, значи го слушам предавањето на наставникот кога во тој момент како да се сетив дека тоа веќе се има случувано, тоа меше во неколку секунди, но за тие неколку секунди видв што ќе се случи следниве, еден пријател стана да одговара, јас тоа го видов како да се случило веќе. Бев преплашена во тој момент, што кога наставникот ме дигна не знаев за што се зборува. Потоа арзговаравме со пријателките и на една од нив истото се има случено. П.С. подоцна се случуваше уште неколку пати, последниот пат беше пред месец дена! Навистина почнав да се плашам.
Е ова ни е необјаснива случка, ни нешто слично, чиста случајност, невнимателна била, што има врска со тоа дека кажувала виц за Господ.
Денес, сами јас и сестра ми...јас на лап топ си седам во дневна и она ми вика: Кој има во купатилото? Влеам никој кој би имало тато и мама се на работа. Ми вели: не бре, два пати стискам на кваката не се отвара како заклучено е. А стои пред купатило тоа ми го збори. Третиот пат кога стисна и се отвори. И ми вели,не се заклучувам,ама не влагај во купатило.
Секогаш кога се среќаваме со детето што го сакам, се случуваат некои метеоролшки појави Не е за смеење, ама на многу моменти кога ќе се бакнеме, гушнеме- знае да задува ветер во истиот момент. Не се случува секогаш па да кажеш дека е случајност и баш онака филмски е чувството, дури и морничаво Исто, кога се гледаме, секогаш се погодувало да е полна месечината. Истото дете, кога бил мал му се појавувале бројки во одредени ситуации, најчесто бројот 2... Секогаш завршувал лошо, знам дека еднаш дури и главата си ја дупнал
Не ми дава да го редактирам мислењето ... Друга работа, кога и да се сме имале поголеми караници, се случувало да има големи бури и тоа силни громови и дождови Уште две случки. Прабаба ми го сонувала починатиот ми прадедо и во сонот и кажал тука ми е добро, а се наоѓал на некоја убава ливада со две жени до него. Прабаба ми ги препознала како св.Петка и уште една друга светица, не ја запомнив која. Другата баба,пак, го сонувала дедо ми како и вели дека му се пушат цигари па да му однесе на гробот. Таа однесла цигари и од тогаш нема и се појавено на сон со некоја порака. Страшно... To top it all, секогаш пред спиење ми се погодува да читам вакви приказни + плус кафе = инсомниа
Па ова и не се баш необјасниви случки. На сите ни се има случено да сонуваме некој кој починал а ни бил близок, небино. И баш во сонот да ни каже нешто, да ни посочи, да ни нагласи, или да си направиш муабет. Не е некоја необјаснива случка, туку едноставно изгледа починатиот сака да ти каже нешто па ти кажува на сон.