1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Пф, јас не верувам дека починатиот сака да ти каже нешто, а дури и да сака дека може. Ова се работи на потсвеста. Го мислиш, чувствуваш празнина или потреба и ти доаѓа на сон, а сонот го креираш ти самиот. Откако сметаш дека си ги задоволил наводните барања на починатиот кој ти самиот си ги создал, спиеш мирно и не го очекуваш повторно, бидејќи ја потхрануваш потсвеста со информација дека си го направил тоа што се барало. Така твојата потсвест не ти задава повеќе задачи, бидејќи ти свесен не ги очекуваш. Барањето е задоволено, свеста и потсвеста се мирни.
    Им се случувало и на моите да сонуваат вакви сонови и на многу луѓе кои веруваат во вакви работи.
     
  2. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    26
    Добро де не се љути ти па одма. :D
    Така ми пренесе сеа не сум била на настанот сепак се е можно :wasntme:
     
  3. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    денес во дворот одненадеж дојдоа 10тина ластовички, и кружеа, толку ниско, како да бараа нешто, излегов, немаше ништо во дворот, беа многу чудни, летаа околу 10тина минути и заминаа, дали знае некој што е тоа? веке треба да заминат на југ, неверувам дека им е паднало мало ластовиче... да не е некој знак за семејството? Се надевам дека е за добро, доста беа лоши рабти... ве молам кој знае што е да пиши поздрав
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
  5. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    ??? што е финтата?
     
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ахаха,па финтата е што нема смачкан мотор нели моторот исчезна?и нема повредени и ниту гребнатини на камионот?Не ми се верува во ова. :?: :o
     
  7. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ја успорив снимката на неа се гледа како човек залетан со голема брзина миу оди директно на велосипедот и наеднаш ги снемува од пред камионот за да се појават две лица на другата улица кај пешачкиот премин. Со други зборови кажано изгледа како човек го спасува велосипедистот од удар од камионот. И оваа дамка црна баш на тоа место каде што ги снема двајцата :?: Ама ова ми изгледа и како монтажа.
     
  8. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Леле зошто читав страв ме фати :worried:
     
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Зашто групиве се во Забава? Кога ги читав синојка, ни за време на читањето, ни после тоа немав баш некоја забава. :| Дај ставете ги у посебан група „феминки со слабо срце да не отвараат “

    Инаку сум имала две-три вакви ситуации, и не сум баш ентузијаст што сум ги имала :|
    Мала бев, и бев сама дома, гледав филм со вампири :tmi: Бесстрашна бев. И после почна нешто да ми лупа на таванот. Како некој да трча па оди, ама многу тешки чекори. И нели гомното ми се смрзна, и кога дојдоа моите не ми веруваа и збореа, мачки биле, куни биле.. И така :D
    Може биле, а може и не. You'll never know :|
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12

    мене вакво нешто почесто ми се има случувано, како еднаш да сум доживеала такво нешто и сега пак, незнам што може да е но многу пати, пречесто како да го имам видено во сон тоа што ќе се случи и некако стојам збунета по настанот и си викам самата на себе "ова го имам сонувано познати ми се овие работи"
     
  11. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Сега баш во овој момент легам,надвор ни врне,ни дува имам ролетни малку се дигнати и на прозорецот чука некој кога погледнав како да се тргна на страна.На трет спрат сум како е можно.Ајде луѓе сама сум дома нека дојде некоја од вас да ми прави друштво плииииииииис.Страв ми е лелел.Никој не ми се јавува на телефон уфф
     
  12. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    И мене ми се има случено ова. Но има нешто што се вика дежа ву иииии тоа е тоа. Мислиш дека си го видел или сонувал тоа а сепак нема врска. Прогуглајте малце а мислам дека има и на фемина таква тема, отворете и ке видите ;) :*
     
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    можно е да биле..и кај мене неколку дена се слушаше како некој да шета на таванот...и после испадна дека било глувче :)
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Еве уште нешто...Од дома утрово ни фалат 30тина илјади,беа на место со клуч заклучено а клучот на самата врата од шкафот,инаку парите се во банка,само овие беа онака дома за нешто итно ако притребаат..Никој освен баба ми и мајка ми не знаат каде се чуваат,никој не влегоол и баш е тешко покрај кебијна кои се претешки да се најде зошто е на високо треба скала,и тешко се отклучува,и кога и да проба да земе ќе се види...Никој не сме начекале да зема или да се вртка натаму,а и да е не знае каде се,а мајка ми убаво се сеќава на никој не кажала исто и баба ми каде се чуваат парите..Буквално ги нема низ цела куќа,а се сигурни дека се таму,парите беа во кесе,а кесето празно на истото место притоа ништо не е поместено...Многу чудна работа...Има ли некој ваква случка?Мајка ми ќе се поремети,не поради парите,туку поради тоа што е скоро невозможно некој да го земе,еднинствено ако не му се сонило на сон каде се парите..
     
  15. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    И на нас ни се има случено вакво нешто.Еден ден татко ми оди да земе пари,кога гледа нив ги нема.Не прашаа мене и брат ми да не сме земале,но јас ниту знаев каде се наоѓаат.Буквално парите исчезнаа,ги немаше никаде. :|
    По неколку месеци татко ми пак оди да земе пари и кога го отвара шкафот парите паѓаат на подот.
    Не дознавме како исчезнале и како потоа се нашле таму. :|
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Позајмил некој без камата :D
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Монтажа е, оти не може да се случи тоа, а да нема никакви траги, а нити пак може некој така летечки да отиде на другата страна од улицата.Едноставно невозможно :)
     
  18. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Jaс не верувам во овие работи,ниту ми се има случено да ми се појавуваат. Никогаш не сум се плашела и во соновите сонувам нешто,но откако ќе се разбудам го заборавам сонот. Единствено еднаш сонував магливо време,старо и големо дрво и неколку чавки и некој велеше "Птиците повторно летаат"-но не му обрнав внимание,зошто предходно гледав таков филм. За кошмари,никогаш не сум ни имала. :)
    А,еднаш мајка ми кажуваше дека ја сонувала прабаба ми како и рекла да ги земе нејзините стари алишта од таванот и да ги продаде на пазар,за да можат да го платат факултетот на роднината. И навистина тие тогаш беа во финаниска криза.
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Невозможно е...Никој не знае каде се наоѓаат дури ни јас,на никој не сме кажале,и баба ми ја прашав 1000пати дали е сигурна рече да,навистина таму последно ги ставила,а многу се пари 30000 да за се потрошат?И тешко достапно место е за така лесно некој да се послужи,никој друг не знае каде се и сеуште сме во шок,мислам дека на мајка ми и треба психолог.. :rofl: :D :)
     
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Aрно ме потсети на уште нешто! Ова не е толку страшно бидејки ниту јас не сум сигурна за што точно станува збор, но ете ќе пишам.

    Кога бев VI одделение имаше еден период кога работите едноставно ги губев. Незнам како се случуваше тоа. Мислев дека тоа се случува бидејки бев расеана. Па и за среќа сепак тоа не беа некои скапи предмети со голема вредност, или пари како во случајот на Кикки. Туку некои мали училишни предмети, пр. тенкоминци, пенкала, гуми итн.
    Мајка ми постојано ми се дереше бидејки едно пенкало буквално неможев да задржам повеќе од два дена, па дури и јас се нервирав кога на час немав со што да пишувам. :devil:
    Тоа траеше од прилика една недела, се додека не се освестив и си реков во себе дека мора да дознаам за што станува збор овде. Т.е. дали јас ги губам или сепак некој ми ги краде?
    И ајде за среќа на крајот од работниот ден пенкалото си го задржав, и го ставив во преградата на чантата, додека флејтата (тој ден имав музичко) во футролата.
    И сега пазете го моментот! Стоиме во училница, јас другарка ми и уште некои другари, а јас го држам мобилниот во раката и и покажувам некоја игра на другаркава. И така одненадеж како што го држев, некој како БУКВАЛНО мобилниот да ми го фрли 10 м подалеку. :?: И ден денес си се прашувам како е можно? Ниту земавнав замав со раката, ниту ја помрднав. Пазете - бевме одлично сконцентрирани бидејки нели бевме загледани во екранот!
    Па ајде за среќа не не се исплашивме толку и кога си тргнавме накај дома, уз муабет јас тотално заборавив на настанот.
    И стигнав што стигнав, се пресоблеков, јадев и ми текна да ја отварам футролата да проверам дали работите си се на место. Проверувам, увидувам дека е се ок. Ја земам флејтата и ја оставам во кујна на рафтот бидејки сакав со мајка ми да излезам на тераса. Дури и мајка ми виде каде ја оставив, па дури и искоментира да не ја оставам тука бидејки може да е мокро бидејки претходно бришела, да не ми се наводени. Јас се направив како да не ја слушам, и си излеговме надвор двете, правевме што правевме муабет...Се враќаме назад и ШОК!!! Флејтата не беше на маса! :x А никој не беше дома кај нас, па ајде да речеме дека ја зел или ја преместил! Сите беа на работа, вратата од внатре си беше заклучена.. :| Мајка ми само рече дека можеби паднала некаде...Но каде може да падне освен под маса? Ако веќе еве да речеме дека навистина се случило тоа... Ја баравме ја баравме..флејтата ја немаше. Пенкалото си беше на место, телефонот исто така, но од мојата црвена флејта ниту трага до ден денес. :worried:
     
    На iloveyou29, Bitter-Sweet и Draginja им се допаѓа ова.