Значи вака. Ќе ви зборам за случка од пред осум години , и сеуште неможам да си ја објаснам. Имам двоспратна куќа, меѓутоа вториот спрат до пред 2 години не беше напраен,немаше ни прозорци ни врати ништо.Ептен мрачно коа ќе погледнеш од страна ,вечерно време. И така, седиме дома ја и мајками ,(таткоми од скорото беше починал), досадно ,глеаме филмови .. и доаѓа исплашен братучедми (тогаш имаше 9 години) влага у соба, и вика - горе,на втори спрат на тераса стои човек со црн мантил ,гледа нагоре, и не мрда. И ја и мајками не му фативме таман , викаме овој зеза нели мал, си праи филм и не му обрнавме внимание. ОК,се тоа.После 3,4 години од оваа случка, идам кај другарка и седиме ја она , и уше едно девојче.И неаме друга работа почнавме за хорор филмови да збориме. Во тек на муабет една од нив ми вика, мачка ја ќе ти кажам нешо од поодамна , немој да се исплашиш ама веќе коа збориме ќе ти кажам да знаеш. И викам ајде кажи.Вика, се сеќаваш вечерта коа ти кажав ставај кафе ќе дојдам кај тебе? викам ,да ,и? и вика - нели после тоа ти јавив ти кажав ,ми излезе нешо,фркичка..ќе идам дома ,се глеаме утре?! - викам добро де, и? вика е истата вечер, тргнав кај тебе и у двор коа стасав,случајно погледнав нагоре,накај втори спрат и на тераса стоеше човек у црн мантил,глеаше нагоре,и не мрдаше,се исплашив да дадам чекор напред,па дадов чекори назад и со светлосна брзина се вратив дома. Коа ми го кажа ова,верувале или не.. мислам ќе се онесвестив, се присетив на случката од пред 4 години коа дојде братучедми малиот и коа ни го кажа истово. Не изустив ништо повеќе, само реков ќе си идам ја дома не ми е добро и станав. Со целиот страв, да го дадам чекорот да си влезам у двор,па дома ,убедена дека нема да погледнам нагоре (а исто така вечерно време) , ме јадеше не издржав,погледнав и го видов истото. Преплашена цела,истрчав,влегов дома, и ја раскажав случката на мајками. 4,5 месеци време ни требаше да забораиме на сето ова ,да се помириме дека никој не стои таму веќе. сега сме помирни,напраен е втори спрат, иако често се случува да слушнеме некои чудни звуци оддтаму!
Вчера со сестра ми излеговме да се прошетаме и јас и го земав ланчето на сестра ми многу убаво ланче со буф и тоа буфот беше прилично голем и се шетавме и само сестра ми одеднаш ме праша кај е буфчето дека ланецот стоеше а буфчето го немаше го извадив преку глава и буфчето го немаше и си реков сигорно ми паднало и сестра ми рече ај кога ке се вратиме во Македонија ке си купам такво немај гајле и стигнавме во дома и сестра ми ме погледна и вака остана јас и викам што е а таа ми рече ти падна буфчето така и викам да ми вика ај погледни се кога гледам на мене како е ова можно уште не разбирам како да исчезна за еден момент и пак се појави целото ланче го извадив реку глава го немаше буфчето и потоа се појави на никој немаме кажано ке помислат дека сме полуделе овде многу чудни работи се случуваат
Стигнав до 13 страна и морав да ви раскажам за две случки кои многу ме имаат потресено во животот. Првата, по смртта на дедо ми, до тој ден јас бев постојано до него, а сестра ми ко за беља не дојде се до погребот. Почина дедо ми и воопшто не ми беше чудно што го гледав низ куќи и во сон, едноставно се радував на секој сон и на секое привидение на него како седи до шпоретот и брчка во огинот. Сестра ми не можеше да се собере од смртта и доживеа нервен слом, отиде со тетка ми во Србија да се смири малку. Вечерта кога стигнала таму го сонувала дедо ми за прв пат, на голема зелена ливада сите стоиме а тој требало да помине преку еден мост кој водел до вистинска тропска шума, но по пат скокале мали црни топчиња, сум зела јас да ги растерам со еден стап но дедо ми рекол НЕ, на тебе е ред и и го подал на сестра ми стапот. Поминал дедо ми а претходно сите сме се поздравиле. Сестра ми ни раскажуваше какво било местото, голема зелена ливада и манастир со споменик на врвот. Наредниот ден сестра ми отишла со некој пријател на тетин ми на прошетка, ви се верува или не, истиот манастир, истиот споменик, за борци паднати во Нарднослободителна војна во која дедо ми учествувал. Додека раскажуваше срцето ми трепереше. Втората, ни се има десено и на мене и на сестра ми, она живееше во Дојран во една вила, и таму всушност се деси се. Си легнувам јас вечерта да спијам во дневна која излегуваше на тераса голема а они спијат со дечкото во спална, се будам среде ноќ и гледам на вратата од терасата висок маж со коса до рамена облечен во бев костим и бел шешир, пали цигара и излегува низ врата а по него иде кучето на сестра ми. Е сеа се ќе беше само сон, но вратата се отвараше навнатре и многу добро знам дека кучето вечерта остана да спие кај мене доле на нозе, а сабајлето кога станав беше надвор, значи кучето не можело да ја отвори само вратата навнатре, ај да беше нанадвор ќе бутка ама навнатре И раскажувам на сестра ми и она ми кажува дека истото и се десило и на неа неколку дена претходно, исто потполно. Мислам дека ника више не отидов кај нејзе на гости, ми се смрзна крвта од таа дешавка, Дојран и вака е пуст и мрачен у Септември, а камоли со „сонов“
Не е кражба,има ли логика,заклучено,никој не знае дека се таму,кој би барал би загубил доста време,а никој не провалил кај нас,да го направил тоа додека сме дома ќе го видевме,па како тогаш?Нема логика ни грам. И да,уште 5 прстени и алка ни изчезнаа од истото место кое беше добро заклучено,а златото беше во вредност од околу 36,000 ден,мајка ми дефинитивно се поремети,не од загувата туку од тоа што нема логика и од помислата дека може се да се загуби,онака неосетно.
а да не има некој од родителите ‘‘пријатели‘‘ па да си узиваа во парите со нив и демек некој ги земал а? не сакам да навредам никој и да наметнам мислење ама можна е и оваа комбинација
Знае само мајка ми и баба ми каде се чуваат,а мајка ми да го направи тоа и да се потресе толку од помислата дека работите сами си исчезнуваат не ми се верува,ниту татко ми ниту дедо ми не знаат,зошто тие си земаат од банка,овие се за лепче,млеко и ситни работи кои се за трошење за еден месец.
Бидејќи со сестрами сме сабајле на училиште, пред да почнам да се облекувам си поспивам уште 10 минутки. И неќња во петокот, мајка ми не разбуди порано во 6:20, и јас пак си легнав, а сестрами отиде да се мие лице. И после некое време слушав гласови, како го викаат моето име. И наеднаш кога станав беше 6:57.. Ја прашувам сестрами дали ме викнала, она ми рече дека долго време не излегла од купатилото.
Аааа срам да ви е се поплашив тука 5 ипол не можам да заспијам не верувам ама еве сега се ми крцка ццц . За необјаснива случка ,2 пати ми се случува да заспијам со отклучена врата и сонувам дека ми е отклучена врата и дека влегува некој , и еднаш во сред ноќ , и еднаш денски после полагање , се будам и одам да заклучам а голема спанка сум никогаш не ми се случило да станам така,а и кога обично станувам првите 10 минути не знам како се викам не да проверувам врата. Мое објаснување ми е дека потсвеста ме испраќа сигнали во сонот ама со овие работи што ги изначитав се подзамислив
Он вчера што ми се случни не ми беше толку страшно колку необјасливо и невозможно.. Уште неможам да поверувам дека тоа ми се случи. Спиев,легнав кај 00,00 некаде и се разбудив кај 1,30 и само по неколку секунди почќна нешто да ме влече почуствував како ме лазат морници по цело тело,се чудев што е ова сега? Сакав да и викнам на мајка ми ама не можев сакав да станам ама што?Нможев ни да зборам ни да мрднам,буквално бев парализирана,тоа неколку секунди(4 -5)траеше,навистина незнам пто ми се случи сакам да верувам дека е сон ама ајде за се ќе поверувам дека е плод на фантазија,ама и парализа од 5 секунди не.
Не ми се случи мене туку го читав во OK и врска неам колку е вистина Ама еве да кажам: Некоја Хана го испратила.Со некоја нејзина другарка се шетале низ маало и им текнало да ја разгледаат старата куќа близу нивната.Влегле во неа и глетката била вообичаена сето старо,искршено,смрдено Тогаш виделе една врата која била целосно нова и пробале да ја обтоврат.Но само што ја допреле кваката таа почала да се мрда горе долу како некој да пробува да ја отвори.Тогаш тие избегале деома и ја прашале баба и на Хана кој живеел таму.Тогаш таа им рекла дека тоа било едно семејство во кое сите исумреле и останала само една девојка која се заклучила во својата соба и не сакала да излезе.Се зборувало дека и денес нејзиниот дух пробува да излезе од таму..
Истото ми се има случено со мачката, само што ја видов на правосмукалката вечерта накај 1 или 2 кога одев сонлива наакај другата соба, а чудно, мачката беше црна и ми се нафрли, и јас се рассонив од страв и во тој момент ка снема. Toa ne e luciden son, ama sigurno e nesto slicno na luciden son!
A jas mislev deka sum samo jas koga bev pomalecka ednas si dojdov od skolo i si legnav bese den a nasvor zima i taman da zadremam osetiv nekoj kako sa e legnat do mene se svrtev i nad glava osetiv prisustvo mi bese stav da gi ocite osetiv kako da mi ponina so prstite po liceto i mu vikam koj si be ti a mizam odednas slusnav debel maski glas kako od film Jas sum.... I tisina Arhangel i go snema. Koga dojde majka mi i kazav i utredenata me odnese vo crkva i mu kaza na popot mi peese za zdravje i se zaboraviv. Posle nekolku godini mi se slucivaa nekoi losi raboti tolku bev psihicki istostena i pak pocna najcesto pred da zaspijam custvuvam deka nekoj legnuva do mene posle nemozam da zboram ama nauciv finta pocnuvam da se molam nekogas ne se predava me buni i nemozam da ja dokazam molitvata nekogas bega zavisi posledniot pat sonuvav kako gledam od balkonskata vrata stoi covek vo belo so bela brada dolga i me gleda i mu vikam: pak li se vrati proklet da bides vo momentot se pretvori vo zena vo crno oblecena slaba so ogomen sesir i ne i se gledase liceto i jas pocnuvam da se molam i vednas se osvestuvam kako zaspana ama se gledam kako vo trans i pocnav da se molam pocna da mi go trese krevetot i da pisti kako da zaviva nekoj a jas kako da sakam da stanam ama nemozam kako paralizirana sum bukvalno samo mislite mi rabotat nekogas me zbunuva za da nemozam da se molama kako sto kazav. Neznam dali ke mi veruvate ama ova mi se slucuva sakav da odam da porazgovaram so svesteno lice posto ednas kako da sakase da vleze vo mene neznam kako senka e nemozam da go vidam a go custvuvam se plasam deka nekogas moze da me povredi sto mislite???? Ama nemozam da dozvolam da oseti deka se plasam nezam dali nekoj ke mi veruva ama navistina ova mi se slucuva mnogu pati imam problemi i so sonovite se sto ke sonuvam se nekako se ostvaruva a najcudno e sto mnogu retko sonuvam ama koga ke sonuvam toa e uzas veruvajte ((( majka mi znae za ova i sekogas koga ke mi se desi takvo nesto ili da sonuvam se plasi.neznam sto da kazam samo znam do sega molitvite mnogu mi imaat pomognato nisto drugo ....Sto e ova neznam kako da si go objasnam????
Мислам дека ова ти е парализа во сон,кога ти се буди свеста,но не и телото,па така остануваш парализирана. Инаку во врска со темава,мене ништо ми се нема случено фала богу,а не ни сакам.
Мене, до пред некое време ми се исклучуваше сам телевизорот, пак ми се деси скоро истото, а сега и по ново ми шушка нешто во собава Како кога човек ќе згужва хартија, пример, нешто слично.А нема што да шушка, нешто по што би видела зошто шушка, ако шушка.Туку ете нешто шушкаше, малце од памет се извадив, ама нишо страшно.А немаше никој, јас на форумот си читкав, кога се случи тоа, сега скоро, мож недела има отприлика поминато, откако се случи.Не обрнувам многу внимание, само се вадам од памет ништо друго.
Јас искрено попче че си викнам , зашто се почесто ми се дешават ова. Вчера синтисајзерот почна да ми свири, да да, бев на лаптопчето, си дремев на фемина, и почна да ми свири ода на радоста Ај да се уозбилам, да ми се случи пред некој ден, додека седев на компјутерот намбр 2 (за појаснување имам 3 компјутера и еден лаптоп, 2 мои компјутера, еден на брат ми и лаптоп на тетка ми, лајк а бос ) и почна нешто да ми потшушнува,мајка ми спиеше, си седев, и нешто што најмногу ме исплаши, падна иконата.Испаничив , како по обичај, а дебелиот мој истрча и почна да мјаука . Незнам луѓе како не си поцркав, едноставно , отидов и почнав земјотрес да и правам на мајка ми , се разбуди.И од дневна мене марш да ме нема одма.За други случки, имав пишувано, стварно језиви нешта ми се имаат случувано
И мене ми се има случено вакава необјасниба случка! епа еве вака беше : Една моја другарка беше сама дома 2 дена и еден ден не викна неколку другарки да спиеме кај неа. Се забавувавме ,слушавме музика и сл. Беше многу доцна и сите легнавме. Потоа околу еден час ненадејно станав не знам што ми се случи ама ете така се разбудув набрзина. Некако како да се гушев многу ми беше топло.ги ивадив ќебето и легнав .Осетив како некој да ме допира по ногата.Ги отворив очите и разгледав наоколу немаше никој друг освен ние сите спиеја. Пак потоа се разбудив многу беше топло си реков ајде да го отворам прозорецот го отварам и ми дувна нешто силно и се појави некоја слаба светлина и ми пројде нешто набрзина.Премногу се уплашив затварам прозоров и преку стаклово ми се појавува еден лик на непозната жена .Почнав да врескам сите се разбудија им раскажав се па дури и девојчето чија што беше куќата ми потврди дека и на неа вчера и се појавило лик на жена како што ја опишав јас и таа исто ја опиша утврдивме дека истото смего виделе потоа не ни заспавме дежуравме цела ноќ и нешто ни тропна ние ќе умревме не знаевме што тропнало слеговме сите на првиот кат но немаше ништо потоа веќе се раздени и сеуште не знам што беше тоа. На сите им раскажавме сите викаа не е тоа можно и никој не веруваше потоа на друго девојче му се појавило.....Никогаш нема да ја заборавам случкава