Дежа ву-то или ‘веќе видено‘ е честа појава кај луѓето, и психолозите го сметаат за нормално,па затоа не се плашете
Нешто слично што ми се има десено два пати Си легнав касно навечер и пробувам да заспијам и си заспав јас така и сонувам ко да се лизгам по она од скалине за држење што е ама не седната туку сум го гушнала то железото и се лизгам надолу со огромна брзина и паднав долу и неможев да се мрдам и осетив ко да ме скокотка некој по стомакот и цела се парализирав сакав очи да отворам да се расонам ама неможев како сонот да не ми даваше сакав и по мама да викнам ама неможев и така полека останав некако смирена и помина после се расонив и пошто бев уморна заспав нормално. И утредента и викам на мама: ти ме чепкаше вчера вечер ме заскокотка? и ми вика не бе шо ти е?! јас викам добро глупости сонував изгледа Второто. пак исто спиев и одеднаш некој како да ме довикува а јас сакав да заплачам ама овојпат не му дозволив кошмарот да ме совлада и се разбудив ама цела ноќ плачев. Ме однесоа утредента вцрква и не ми се деси таа глупост од тогаш.
mene iskreno vcera mi se desi nesto,ama ne znam sto e rabotava. Kaj mene vo soba na prozorot imame sega staveno eden sveknjak za praznicive, i navecer nonstop mi sedi zapalen. I ja kako sto bev legnata sedev na pc i odednas zaprimetuvam deka toa e izgasnato i vikam dobro sum zaboravila da go zapalam i nisto...i projdoja 15 min i odednas gledam sveti sveknjakov OO Vikaam sega budala sum mi se pricinilo li ne znam sto ...i sedev 5 min vkochaneta nz sto se sluci, samo si se zapalilo, ne ni primetiv, a nikoj nemase vo sobata
Јас сонував како некој седнал до мене и ме гали. Ама дури и го почувствував тоа како вистински да ме галеше како да бев будна. И многу лесно се разбудив веднаш како веќе да бев и будна кога се случи тоа. Запалив светло никој немаше.
Темава пред некое време ме преплаши , еве и јас а ви ја кажам мојата случка , не дека ми падна нешто страв само не ми е јасна . Лежам на креветот и учам , погледнувам на бирото да видам усб -то дали е на маса бидејки требаше покасно дојде другарка да го земе да и дадам слики . Јасно се сеќавам дека го видов на бирото :geek: и си читам така и ајде пауза и да станам , се подигнува да станам го гледам усбто на земја и тоа распарчено ко некој да го нагазнал ( пластична опаковка има ) и викам како е можно никој не влезе да го бутне а јас од креветот не станав И си викам да не станувам сенилна ама знам погледнав да видам дали е таму дека често го сејам . Што ли се случи не знам , дух да не е ама со мајка па ќе бара он со моето усб може некој постар е па не знаел што е шала настрана стварно не ми е јасно .
Леле Боже А убаво стоеше на биро? Да не било на ќошот па да си паднало и да се скршило. Стварно необјасниво. На моја братучедка вака нешто слично и се имаше десено. Се разбудила насабајле негде околу 05:30 за да се напие вода и протезата (пошто носи мобилна протеза) ја оставила на масиче и пошла в кујна да се напие вода. Кога се вратила што ќе види. ЈА НЕМАЛО ПРОТЕЗАТА! А таа се сеќава точно дека ја оставила во тацничето и како ќе падне? На средина? Не ја најде и ден денес нема никаква трага од протезата. Спојлер Ама нова си направи
Јас викам "Не се плашам од мртвите тие и онака се веќе мртви, се плашам од ЖИВИТЕ" !!!! Но, ајде еве и јас ќе раскажам нешто. Може не е соодветно ова да го пишувам овде во оваа тема. Се надевам ќе ми опростите. Порано имав како помала многу кошмари и не ни ги паметам сите, фала му на Бога. Но, еден од глава НИКОГАШ нема да го извадам. Легната, спијам со отворени очи. Од вратата гледам како доаѓа едно мало човече (џуџе) облечено во костим, и доаѓа накај мене. Застана до мене, а јас не можам ни да мрднам, да вриснам, да претнам. Ок може сум била во REM фаза. Но, полека почнав да тонам надолу, и гледам од страна како во ковчег некој да сум. Баба на тато мајка почина пред некој месец значи (после тоа го сонував овој сон што и да беше). И го слушам ова глупавово џуџе вика "ќе ја земеме" и пак истото неколку пати повторува. И во еден момент ја слушам баба ми кај што вика "Не. Нема да ја земеме уште не и е време". И наеднаш се штрекнав. Ова истото на сестра ми и се има случено да и се појавува ова глупавово џуџе. Исто така една вечер си заспав се убаво. И станав, слегов долу по скали одам на тераса, гледам терасата нема ограда, и си реков како е тоа можно да нема кога знам дека имаме ограда на тераса. Ме фати еден страв и се потпрев на ѕид залепена така да не паднам. Гледам долу насобрано полно луѓе во бело кои не ги познавам. И во целата таа како гужва излезе едно девојче пред сите и ми рече "Ајде дојди, скокни кај нас. Ајде дојди...", и јас само замижав и наеднаш се разбудив станав и гледам целата жива вода. Уфффф ама каков морбиден сон, што и да беше тоа знам дека се осеќав запрепастено.
Уф што страв претрпев додека читав. Мене не ми се има случено ништо необјаснето, но пред некое време ја сонував смртта на една моја блиска личност. Беше како да е вистина. Како јас плачам и викам дека мора да е жив и упорно барам да ме однесат на неговиот гроб,и ме носат.Се разбудив кога го видов неговиот споменик.Целата бев успаничена. А исто и сонував како треба да се омажам за дечко на моја другарка,викав се карав никако неможев да го убедам дека неможеме да се земеме и на крај се разбудив.
Не не беше на коше , плус мек тепих имам и да падне нема шанси да се скрши , како некој да го нагазнал ама па и ќе слушнев крцкање .Значи усбто беше како отворено тоа пластичните делови . Пак го склопив ништо не му е одвај чекав да и го вратам на другарка ми ,свашта си помислив да ви кажам право ( на него има гребено нешто може нема врска ама ајде кога ќе се случи нешто необјасниво се си мислиме ). И ништо не спомнав ќе помисли луда сум хахахха Јас лично сум многу скептик за овие работи , и не можам да си објаснам што се случи
Страшно. Ми се има случено мене ваков сон кога бев помалечка (10-11 години.) Дента умре една стара жена (комшика ми беше) и вечерта ја сонував. 00:00 беше. Спојлер незнам ни дали беше сон или вистина. месечарев можда како ми тропа на врата и ми вика -отвори ми! Сум отворила јас и гледам никој. Темница. (а срцето ми лупаше силно) И незнам што ме натера да излезам надвор и гледам некој во црно покрај куќата од жената што умре. И само ми свика некој од прозор -Емилија не таму! И незнам како си се вратив и легнав. Се разбудив после негде кај 3ипол часот и срцето ми лупаше забрзано и трк кај баба ми во соба плачев многу неможеше да ме смири сите се разбудија. И мајка ми ми кажа дека сум излегла надвор. Ми кажа дека ме слушала како мумлам нешто нејасно. И моја роднина ја има сонувано таа жена два пати. На првиот сон и викала да земе нож и да го остави на нејзиниот гроб. А на вториот и рекла дали памти што и рекла таа. требало да побрзне немало многу време. Од памет се извадило девојчето скокнало и трк в црква со триста чуда ја смирувале и кажувале некои молитви. Иначе жената што умре полуде откако нејзиниот маж ја силуваше. Во депресија падна неможеше никого да го трпи посебно не машки лица ако некој и се приближеше ќе почнеше да вреска на цел глас. Скрос пропадна.
Да видите што само ми се случи вчера почина баба ми. Многу плачев по неа. Ја измивме ја облековме и ја однесовме во капелата. И вечерта решив да спијам со мајка ми затоа што ми беше страв. И во сонот сонувам моите нозе крвави и одиме по пат целиот со трња и мајка ми ме носи во раце. Наеднаш доаѓа баба ми избледена како дух и оди веќе пред нас. Јас ја прашав бабо кај одиш? време е да одам кај дедо ти Страхил и кај другите. А каде ти е бастунот бабо ? ( таа не можеше да оди никаде без бастун ) Повеќе нема да ми треба јас сега сум ангел чувај се и јас ке те чувам постојано збогум мила моја! И се разбудив сега и гледам бастунот потпрен на комодата до огледалото и ја будам мама и и велам ајде време е за погребот. И се подготвивме и тргнавме и коа ке ја носиме во гробот нели и јас одев прва и го гледам истиот тој пат со трња и отидовме и ја погребавме. А наредните 5-6 вечери постојано ја сонував и ми велепе на сон да и носам вода и и носев и повеке не ми се случи тоа, но ме чуди само за бастунот и трновиот пат
Zaljubena11 напиша: Да видите што само ми се случи вчера почина баба ми. Многу плачев по неа. Ја измивме ја облековме и ја однесовме во капелата. И вечерта решив да спијам со мајка ми затоа што ми беше страв. И во сонот сонувам моите нозе крвави и одиме по пат целиот со трња и мајка ми ме носи во раце. Наеднаш доаѓа баба ми избледена како дух и оди веќе пред нас. Јас ја прашав бабо кај одиш? време е да одам кај дедо ти Страхил и кај другите. А каде ти е бастунот бабо ? ( таа не можеше да оди никаде без бастун ) Повеќе нема да ми треба јас сега сум ангел чувај се и јас ке те чувам постојано збогум мила моја! И се разбудив сега и гледам бастунот потпрен на комодата до огледалото и ја будам мама и и велам ајде време е за погребот. И се подготвивме и тргнавме и коа ке ја носиме во гробот нели и јас одев прва и го гледам истиот тој пат со трња и отидовме и ја погребавме. А наредните 5-6 вечери постојано ја сонував и ми велепе на сон да и носам вода и и носев и повеке не ми се случи тоа, но ме чуди само за бастунот и трновиот пат Можеби нејзиниот дух дошол да ве посети таа вечер. Не знам што беше но потоа се плашев 1 месец да спијам сама
Јас мислам немаше потреба бидејќи таа не живееше со нас, а нашето студио се наоѓа во нејзината куќа, а и таму е тоалетот еве веќе кога одам да помогнам нешто на татко ми и кога ми се оди во ВЦ тој ме носи до дома да мочкам бидејќи ми е страв или пак ме чека пред врата. А јас највеќе се преплашив затоа што ги прекрија стаклата и огледалата кога таа умре нели за да не се преслика и одтогаш ми е страв да се погледнам во огледалото кај нејзе во куќата.