1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Kако тоа си слегла доле и си видела дека балконот нема ограда и потоа си се нашла во креветот препотена?
     
  2. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Можно е. Некогаш се случува да си меѓу сон и јаве. И си недоволно свесен што се случува.
     
  3. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Ни јас самата тоа не можам да го опишам. Изгледа сум сонувала, но како да било ептен вистинито. Не знам најискрено. Тоа не можам и колку да сакам да го објаснам тоа чувство.
     
  4. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Ете тоа е тоа. Не знаеш што ти се дешава ти работи само телото но не и мозокот. Помеѓу јаве и сон. Ме разбираш? ;)
     
  5. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено, јас и мајка ми да сме дома.. Двете бевме во ходникот, таа нешто шиеше а јас косата ја сушев.. И во дневната горе имаме шкавчиња (висаќи) како се викаат.. и на нив имавме една вазна..
    И туку наеднаш падна вазната и се скрши.. Ние се чудевме па се смеевме демек дух е :)
    Искрено незнам што беше.. :x

    И последно што ми се случи ама сигурно ми се присторило незнам зошто..
    Спиев |-) , и наеднаш слушнав "Бум" Некој како така да ми вика, и наеднаш се стресив и станав..
    Помислив дека е брат ми ама тој кажа дека бил во другата соба цело време.. а можда и само ми се причинило :D
     
  6. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Тоа бум ако живеете во зграда па да тропа некој да оди... можда затоа така ти се слуша.
     
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено да седам горе во дневна сама и неколку пати слушав како да ми тече водата во купатило се симнувам доле нема ништо качи се пак и така неколку пати дали ми се причинуваше или не незнам. Но неможам да си го објаснам ова и да сватам што всушност беше.
     
  8. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Обавезно пред спиење си се молам и никад ми се нема случено вакво нешто и се надевам дека нека никогаш затоа што мислам дека на место ке умрам
     
  9. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Знаеш тоа не е убаво што го сониш,како да сакаат да умреш со големо извинение :x .Но на мој брату4ед се има десено да сонува како моја по4ината баба сакала да го земе и моите дури кренаа паника плакаа затоа што било опасно во некоја смисла и правеа некој ритуали така да се изразам и после не сонувал веќе.Кажа ли ти дома што сонуваш??
     
  10. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Тоа беше многу одамна, мислам дека беше пред 3-4 години. Не им кажав тогаш на моите, да не се плашат. После тоа ми се случија неубави работи, но издржав. И фала му на Бога денес не сонувам такви работи.
     
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Лугенца, дај не си пикајте нереални нешта во психата, со тоа што верувате во вакви работи дозволувате да ви влијаат на свеста а со тоа и на подсвеста која се ослободува во сонот.
    Соновите се само плод на нашите мисли и случки од реалноста ништо повеке. ;)
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    еве некој извадок на интернет за соновите : Мртвите на сон бараат мир
    Мајката од Волково што ја сонувала својата покојна ќерка
    Стара е оваа приказна, стара можеби повеќе од триесетина години, а говори за болката на една мајка, за нејзината тага по изгубената ќерка, но и за шокот што го доживеала. Мајка од селото Волково ја изгубила својата ќерка. Неколку дена после закопот почнала да ја сонува. Постојано на сон покојната ќерка и велела “откопајте ме, откопајте ме“. Прво си мислела дека е од болката, од тагата по изгубеното чедо. Сонот се повторувал и немајќи друг излез, таа побарала да се отвори гробот на нејзината ќерка. Кога го отвориле, се зачудиле, наместо на грб, девојката во сандакот лежела на стомак, како да се превртела во гробот, па побарала од мајка си да ја наместат и да ја остават да почива во мир. Никогаш нема да се отгатне мистеријата зошто девојката се превртела во грбот, но едно е јасно, сонот кажува многу, само треба, како што се вели, да ги следиме своите сонови.


    За сонувањето починати блиски луѓе
    Смртта е често поврзана со соновите, некогаш ги сонуваме оние кои сме ги изгубиле бидејќи премногу ни недостига нивното присуство, а некогаш самиот сон ни најавува нечија смрт.
    “Татко ми одамна почина, сум била мала. Не се ни сеќавам на него. Ни гробот не знам кај му е“, раскажува една студентка. Вели дека одеднаш често на сон и се јавувал покојниот татко. И зборувал нејасни работи.
    “Баба ми ме советуваше да запалам свеќа за него, како да барал од мене да го поздравам, да се сетам на него“, вели таа. Така и направила и после тие сонови често оди во цркава, купува свеќа и ја пали споменувајќи го татковото име.

    Што значи сонувањето заби?
    Според македоските верува, сонувањето заби значи смрт.
    “Сонував како ме болат забите, многу болеа, дури и неколку ми паднаа“, раскажува 25-годишната Марија. Вели и кажала на мајка и за чудниот сон, таа исплашено и кажала за значењето. Таа и се насмеала и не поверувала. По неколку дена починала мајката на нејзиниот другар.
    Се верува дека ако на сон те болат или ти паѓаат предните заби ќе почине близок, член од семејството, а ако те болат подалечните заби, некој пријател или познаник.

    [​IMG]

    Не сите сонови предвидуваат нешто, некои носат порака
    Охриѓанецот што ја сонил Богородица
    Охриѓанец, кој работел како таксист, една ноќ тој сонувал како во автомобилот му влегла жена со бебе во рацето. По кратко возење му кажала некои работи за неговиот живот и му рекла дека многу млади умираат, умираат зошто се јаде месо за време на строги пости и на свадба да не се носи црно. Му дала пари и излегла во автомобилот. Следното утро во автомобилот имало педесет денари. Постарите му кажале дека тоа е Богородица, му се јавила на сон да му каже каде грешат луѓето.

    Чудни се соновите, колку поубави, толку на јаве пострашни. Некои велат дека се што ќе сониш, на јаве спротивното ќе ти се случи.

    Но, не се сите сонови лоши, често и убави работи најавуваат, но ете народот раскажува само за овие лошите, оти од лошото, од смрт и болест најмногу се плашиме.

    Што се сонува ноќта на Велигден?
    Најинтересна приказна поврзана со соновите е онаа која отсекогаш се практикувала во очи на големиот празник Велигден. Традиционално секоја година се оди во црква ноќта спроти овој празник, и точно на полноќ, додека бие камбаната, со свеќа во раце се кружи три пати околу црквата. Старите велат дека ако зачуваш мал дел од таа свеќа и ноќта го ставиш под перница, ќе го сонуваш својот иден сопруг.

    На сон змии се душмани и непријатели, стар дедо е богатство, бебе е болест, коски се тага, прстен е нова љубов или среќа... се сеќавате ли што сонувавте вие?

    [​IMG]
     
  13. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.437
    Леле нема да можам да заспијам од ова што го читав :worried:.
    Мене порано (како помала) ми се случуваше да сонувам ист сон повеќе пати. Сонот ми се јавуваше на подолги растојанија и беше многу нејасен секогаш сакав да откријам што е тоа што го сонувам, но не можев сонот прекинуваше. Постојано го заборавав, а неколку години веќе го немам сонувано. Не се сеќавам ништо на него, но знам дека ми беше многу страв и ќе бидам среќна ако никогаш повеќе не го сонувам иако ме копка што е тоа што никако не можев да го дознаам.
     
  14. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Братучед ми го сонувал татко ми како му вика не се секирај јас сум секогаш покрај вас кажи им на сите дека сум добор и дека постојано ве штитам.
    Мајка ми сонувала како отишла на гроб и видела отворен гробот кога се вратила видела подотворена вратата од дома и сакала да ја затври и некој ја фатил за рака.
    јас кога седев на креветот на татко ми кај баба ми слушнав како крцка паркетот.
    сето ова во исто време се случило :^)


    и уште едно.
    Кај дедо ми на именден во собата негова(Баба ми е почината) си играм со братучетка ми(1 година),јас бев со грб свртена фактички вратата од собата позади мене.Го слушам паркетото крцка али баш онака како чекор по чекор и јас мислев тетка ми да и донесе сокче или да види што правиме и онака си се забављам со неа и братучетка ми вика нешто ЕЕЕ и покажува со прст накај втарата и јас се вртам у зборење и викам аа мама дош...глеам нема никој ја зимам у раце и да ме нема
    ова за Тоше ме потсети..во маало имала некоа стара женичка видовите била..И Тоше отишол кај неа и мѕ кажала дека е многу добар и дека треба да иде кај ангелите и дека млад ќе умре сеа ова е повеќе објасливо зашто се работи за видовитос има надарени луѓе

    Мислам дека ми се имаат многу вакви нешта случено и на мене и на мојата другарка(комшика што ми е) Зашто мајка и и кажала дека пред да имаат куќа било црква.А она живее со години тука уште мајка и како дете живеела тна тоа место.Сега е зграда но ипак ако било црква сигурно имало и нечии гробови.. :x :x :x :x

    животните предосеќаат се можно
     
  15. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Баба ми ми кажа :lol: .Значи вака:
    Пред мноооооогу години на нашето место (зградичката сега кај што ни е) имало гробишта а после тоа се изградила црква .Е сега можеби не сум разбрала.Можеби имало само црква и гробовите на поповите (нели така ги закопувале).И можеби од тоа некогаш слушаме крцкање :?: незнам.
     
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    кај најдов ова навечер да го читам :x
     
  17. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Еден другар кога бил мал, бил на некоја планина во село на гости. Татко му отишол до градот и го оставил сам. Било вечер и веќе се спремале за спиење и некоја баба го однела некаде и почнала да му зборува дека тој е избран (тоа значело дека детево може да предвидува некои ситуации од иднината). Не смеел да каже на никого зашто 1 недела ќе бил укочен. Од местото каде стигнале, не знаел како стигнал до куќата и се разбудил во кревет.
    Ова не ми го кажа тој лично, ми го кажа девојката негова. Тој и кажал дека имал некаков проблем и по нејзино настојување и кажал на кратко. Исто и кажал дека не смее повеќе да и каже зашто на една негова другарка (година дена пред да дознае девојка му за ова) и кажал се до детали и навистина детево тој период не доаѓаше подолг период во школо, со објаснување дека му се укочиле нозете на фудбал.
    Тој не знае дека јас имам знам за ова и секогаш кога разговарам со него и кога ќе му речам дека се плашам да постапам на некој начин, тој ми кажува ако е погрешно што може да ми се случи и доколку така сум постапила, стварно ми се случува.
    Уште пред да дознаам за ова, многупати ми велеше „Ќе видиш, послушај ме дека овака ќе излезе“ и се до детал се случува..


    * Исто бабата му кажала и дека ќе умре пред да наполни 23 години и единствено нешто што може да го спаси било да си најде некоја што искрено ќе го сака ( и некој услов треба да исполни таа личност, без тој да и каже).

    Секогаш кога се води дискусија во друштво за иднина, тој кажува дека млад ќе си умре не морало да размислува за иднина..
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Лелее... :x Жив е сега, има ли некакви проблеми човекот? Треба да посетат црква или бајачка нешто, како така ќе умре млад? Не.. :(
    А која била таа баба? Да не имало некој починато од скорото или... ццц нема да можам да заспијам вечерва. :sweat:
     
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283

    Па нема проблеми некои само секогаш ќе каже, ќе видите овака ќе се случи, ајде да се кладиме и секогаш излегува така. Не кажал ништо на никој, не знае ни дека јас знам за тоа.. А која била таа баба не знам.. не била некоја умрена или било што..
     
  20. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    и мене истово ми се има случувано и си викам што е тоа ..
    или пак си викам ајде сум сонувала ама не е сон :worried:


    Инаку дали некој има слушнато за тоа дека точно на полноќ онаму каде што има некои извори излегуваат самовили, чудни луѓе.. ? Еве дедо ми (живее на село) еднаш бил на рид зна4и навеччер, му се припило вода и отишол кај една чешма бблизу извор и кога се доближувал видел една жена со дооолга бела коса ама онака ептен светло. Му текнало на дедо ми што и си рекол : „чекај да си одам јас“ и си отишол...

    чудно..