1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. aliceinwonderland125

    aliceinwonderland125 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    бррр страшничко:))
    мене ми се има случено една необјаслива случка во детството ,мислам кога имав некаде 4-5 години.и така порано ме легнаа да спијам ,се сеќавам уште во креветче спиев хахахаха ..и така уште си ежам не можам да заспијам и одеднаш падна плишана играчка од шкафот од горе..зошто сите плишани играчки таму ми беа сместени и онаква се исплашив и како мала одлучив дека тоа е само сон,зошто сеуште не сфаќав:)
     
    На oneday му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Во куќа живееме :| :)
     
  3. ComputerService

    ComputerService Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Какво е чуството да се осети/види некоја ПАРАНОРМАЛНОСТ !?

    Мнгоу луѓе доживеале некое паранормално искуство , ситуации кој не можат рационално да се објаснат.
    Повеќето од тие работи се поврзани со проколнати куќи во кои се случуваат чудни работи.
    Многу случаи со бука,редовни електрични дефекти,ладни места кој никако не можат да се опишат сето тоа спаѓа во некоја си паранормална појава за која нема опис.

    Исто еве едно мое такво искуство кое не знам како да го опишам и како да го наречам.
    Пред неколку години почина дедоми.
    Јас така со бабами и мајками си седиме на каучот во кујната и од муабет на муабет се запрајвме муабет за мене односно , причината за муабетот за мене беше за една слика која стоеше во рамка над телевизорот (се работи за мало сликче за во книшка и сл) и баш посакав од блиску да ја видам и му реков на бабами да ми ја подаде да ја видам , во моментот кога ја фати рамката и да ми ја подаде и јас ја спружив раката да ја земам рамката ,кога ја вртам рамката гледам дека внатре нема СЛИКА едноставно рамката е празна , рековме дане паднала некаде , цела соба ја превртевме слика немаше никаде.

    Но тоа тогаш не го сватив толку сериозно како паранормална работа се до ден денеска кога чисто од досада ми текна да погуглам малце за духови и најдов некој неверојатни работи кој секој дневно ни се случуваат а ние едноставно не знаеме што е односно не ни помислуваме дека е нешто паранормално.


    1. Дали сте слушнале необични звуци? Најчесто можат да се слушнат звуци на отчукување, чекори, гласови, ѕвонење, или пак деца кои што плачат. Понекогаш тоа се нарекува ментален обид на духот кој што живее таму да привлече внимание. Сепак, тоа можат да бидат и сеќавања кои што се случиле во минатото.

    2. Исчезнување на некои предмети? Можете да се заколнете дека нешто сте оставиле на одредено место и за момент тоа исчезнало. Некои духови се тивки, а други пак уживаат да прават шала на ваша сметка. Но, не мора секогаш да значи дека вие сте избрани некој да си поигрува со вас. Можеби само некој гостин од другиот свет сака само малку да си поигра со вас.

    3. Чувствувате необичен и необјаснив мирис? Понекогаш мирисот може да биде многунепријатен, додека некогаш може да биде како да покрај вас поминала некоја елегантна жена намирисана со убав цветен мирис. Необјаснивиот мирис може да биде некој потсетник на некој кој порано живеел во таа куќа.
    4. Чудно однесување на животните на одредени делови од домот? Познато е дека мачките и кучињата имаат зајакната перцепција на духовниот свет. Тие некогаш можат да го видат она што луѓето не можат.
    5. Дали постои просторија во вашиот дом, во која секогаш е ладно, без оглед на тоа колку надвор е топло? Истражете го убаво домот и забележете дали температурата насекаде е рамномерна. Прашајте ги старите соседи доколку имате некои нејасни работи. Можеби во вашиот дом се случило нешто непријатно во минатото.

    6. Чувствувате како да не сте сами во куќата иако сте сигурни дека нема никој дома. Многу веројатно да не сте сами.

    7. Светлата во собата сами се палат и се гаснат. Ако одговорот е позитивен и доколку немате проблеми со инсталацијата, тогаш одговорот е многу едноставен.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Какво е чуството да се осети/види некоја ПАРАНОРМАЛНОСТ !?

    Колку брзо влечеш заклучоци и ги шириш скоро како факти, тоа е неверојатно.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Какво е чуството да се осети/види некоја ПАРАНОРМАЛНОСТ !?

    Не сум осетила ништо паранормално, ама секогаш кога ќе ми снема ништо иако си го мотам филмот во главата преку 100 пати и ја прашувам мајка ми да не го ставила некаде. Сепак на крајот му пцујам се по список, на духот ,ако има некој дух да ми ги врати. Од ко ќе се изнапцујам го наоѓам нештото. МОжи нема дух , ама ете така ми се случува. :D
     
  6. ComputerService

    ComputerService Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Какво е чуството да се осети/види некоја ПАРАНОРМАЛНОСТ !?

    Па искрено.. верувам во тие работи .. затоа како што верувам Во господ значи мора да веруваш и во спротивното .. односно ако постои Господ значи постои и Противник негов или нешто друго слично
    Едноставно како што се партиите .. Како што постои ПОЗИЦИЈА така постои и ОПОЗИЦИЈА .. ајде сега да те видам не верувај во ПОЗИЦИЈА и ОПОЗИЦИЈА ! *прост пример кој те тера да се замислиш*
     
  7. ComputerService

    ComputerService Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Какво е чуството да се осети/види некоја ПАРАНОРМАЛНОСТ !?

    Немора се да се свати на шала .. си осетила си видела 10000 пати до сеа нешто од споменатото али баш не си помислила на тоа дека е можно да е нешто.. ;)
     
  8. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    за тоа за самовилите имам слушнато и јас од могу луѓе дека имаат видено...мислам дека не мора да биде 12 часот, туку некаде околу 12... имам слушнато дека тие самовили биле многу убави, и иако те залажувале да одиш поблиску до нив, не смееш да одиш сега не ми текнува зошто да не одиш.
    а за секни,по мое, постојат....ми се има десено сенки да ме имат гушено во сон. значи сонував како ме пратиле по кебиња.влегувам со собата и на едниот кревет отворен ковчег а на др кревет стојат кебињата.како ги завлекувам кебињата тие паѓаат врз мене.и осекјам болка, многу силна болка, не само во сонот туку и така осекјам како да ме гуши некој и да ме боли во пределот кај последните 2 ребра..едвај се разбудив. бев целата задишана од со не сум можела да дишам. и осекјав неподнослива болка во пределот кај последните ребра :| и така цела недела немжев да се движам како што треба од таа болка. од кога го сонував тоа после 3-4 дена приметив дека иамам модрица каде што најмногу ме болеше.....
    до тогаш не верував многу дека постојат такви работи, но после тоа це уверив дека сенки постојат. :|
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ова со самовили и сенки, простете ми ама живи глупости ми се, јас сум реалст и верувам во логички работи.Се имам изјаснето и во друга тема - соновите се плод на нашата свест и подсвет.
    Како дете дури сешуте немав логичко обајснување на оваа тема и јас верував во вакви т.н. бабини деветини - сум запомнила дека кога умира некој сонуваш дека заби се кршат, пагаат..
    и имав болна прабаба и сонував како ми пагале забите, по неколку недели почина,а јас верував дека мојот сон го предраскажало тоа |(
    А ваква необјаслива случка имам една од поодамна и до ден денес не можам да свтам.. :wasntme:
    Мајка ми правела тестирање во школо и дома ги прегледуваше тестовите, ги остави на масичката во дневна (која е многу малечка) и отидовме во трпезарија да ручаме, после ручекот ги бара тестовите никаде ги нема, ајде и јас да и помогнам ја прашувам ми кажува
    -Тука ги оставив на масичката, сигурна сум..
    Ајде викам да не заборавила, ја превтувам цела дневна, никаде ги нема и двете го превтивме цел стан, не бе ги нема никаде и ги нема...
    И се откажавме од потрагата, јас си се повлеков во соба на компјутер, мајка ми легна да одмори..
    По некој сат одам во дневна, мајка ми задремала, ги гледам тестовите на масичка.. ја прашувам
    -Кај ги најде тестовите?
    Женава ме гледа бледо и ми вели
    -Ти се зафркаваш со мене? :o :bandit:
    И до ден денс не можам да сватам дали сме биле толку слепи и двете половина час пред очи да ни бидат да не ги видиме...или самовилите си играле саат време мајтап со нас
    :geek: :D
     
  10. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158

    Чудно :^)
    Извини што сум офтопик ама тоа болдираното ме насмеа стварно :lol:
    Инаку чудна работа со сликата :^) Имаше слика во рамката нели? Ти кога ја погледна во моментот имаше слика? :^)
     
  11. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Мене ова повеќе ми личи на ДЕЖАВУ
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Се сетив на една случка со татко ми. Спиел на тераса, летно време, и сонувал како бега од нешто. Мајка ми го фатила заспан у положба со едната нога преку ограда. Кога се разбудил не ни имал поим што прави, само и рекол дека сонувал и дека морал да скокне во сонот. :D
     
  13. strelka1

    strelka1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Да ги читав овие работи пред некоја година, ке се чудев што во денешно време на науката има толку лаковерни.Сега, кога и на мене ми се има случено паранормално искуство и то не само еднаш (за тоа друг пат ке Ви кажувам,ако Ве интересира), на сите Вас ви верувам. Имам прочитано на илјада страници (и уште читам) за паранормален свет и верувајте ми дека постои. Не е тоа само наша психа или пропаганда на црквата да не застрашува. Сега сакам да ви понудам помош како да се однесувате во случај пак да доживеете нешто слично. Како прво, не се плашите (духови-сенки се ранат со Вашиот страв). Разберете ги, тие уште тагуваат по земен свет, по саканите а и по материјалните богатства оставени на земја. Второ, секогаш имајте вера да не сте сами, дека секогаш со Вас е Ваш ангел чувар кого ние не го гледаме али тој ни стоји на десното рамо и не чува.Трето, веднаш се прекрстите три пати и на глас викајте го Господа во помош. Не мора силно да викате, Тој ве слуша и кога шепотите. Воедно, шепотите ОЧЕ НАШ. Ако Ви е полесно - замижите. Кога ќе ги отворите очите,околу вас ке биде се нормално. Ако Во домот имате крстена вода, веднаш испијте малку и попрскајте кревет (само внимавајте
    да не Ви капе на подот, не чини да се гази). Најважното нешто е да стекнете навика да барем еднаш во месецот покадите сите сиот стан со темјан. Додека кадите со темјан (Вие или некој од постарите) молите се за мир и здравје али не заборавете да спомнувате- Се што је добро,нека остане во оваа куќа а се што е лошо нека излезе надвор. Ќе се уверите како со време се помалку ќе Ви лупа и крцка по станот а и Вие, сите во домот, ке се чувствувате духовно помирни. Ово е лично искуство. Се надевам дека барем малку Ви олесни, кога знате дека постоји лек за се. Ве поздравувам и Ви посакувам мирен сон.
     
    На Draginja, shushu, kikkki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не е само наша психа.Како тоа пропаганда на црквата? Инаку, да, не треба да се има страв од паранормални активности, бидејки не постои можност за да биде предизвикан истиот.Мене во последно време ми се случи нешто чудно, затнат ми беше носот, и нормално тешко дишев и издишував, но како што правев така, напоредно слушав издишување :| |( а навечер, беше, скоро, како што беше тишина, ептен јасно се слушаше, до мене, а сама бев вечерта.Некако језиво ми беше :| Вакво нешто прв пат ми се случило од ова паранормалново.Верувам дека има паранормални активности, оти не ми е сефте да доживеам.Немам страв, но како што кажав порано, од памет се вадам некогаш :|
     
  15. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    Не се согласувам со ова со тебе. Можеби не е психа но секако е поврзано со психичката подготвеност на личноста на која му се случуваат вакви работи. И постои и термин во психологијата за објаснување на дел од случките - шизофренија. Нормално, секој психијатар ќе ви ја додели таа „етикета“ откако ќе му објаснете за некои од работите кои се имаат случувано. Затоа и претходно имам споменато. Интернетов е преполн со објаснувања за се'. Моја препорака е да прочитате за психичката самоодбрана во соодветни книги бидејќи како и се' по интернетов, постојат и работи кои не се сосема или воопшто точни. Секако дека не можеме да веруваме на размислувањата од обични поединци на некој форум. Тие кажуваат само мислење но не објаснуваат ништо околу тоа, се препукуваат. Затоа книгите се најдобар избор. Можеби во почеток ќе се залетате на нешто што не треба но со тек на време ќе дојдете до вистинското нешто.

    Има соодветни начини како да се одбраните од тоа што може да ви се случи. Исто како што можете да спречите некоја болест, така е и ова. Тоа зависи од психичката подготвеност. Најосновен начин е да ги игнорирате тие работи и да сте одлучни во тоа дека не постојат иако го знаете токму спротивното. Некои личности се повеќе изложени на вакви влијанија и ова нема да помогне. Но за тоа што би помогнало оставам сами да прочитате бидејќи тоа е цела доктрина која во последно време особено станува популарна. Општеството почнува малку пореално да гледа на работите и дел од нив ги прифаќаат овие работи. Но се уште постојат оние кои ќе ти речат дека припаѓаш во оние со психички недостаток!

    P. S. Сеуште не ми е јасно како темиве се ставени во категорија „забава“! :tmi:
     
  16. strelka1

    strelka1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ни јас не се согласувам со тебе.Точно е тоа да секој поединец треба да биде психички подготвен и да ги свесно игнорира овакви паранормални случки. Али како можеш да бидеш силен и игнорираш нешто што во моментов не го гледаш а тоа те допира,влече,тресе ти кревет,дави те... Страв те парализира ,сеедно колико си психички силен. Оди ти понатака на лекар,нека те утеши да је то само твоја психичка неподготвеност и да ти се присторува. Ке ти биде ли полесно тоа или во моментов да си ја кажеш молитва и ослободиш се од невидливото? Лесно е да се правиме умни и начитани на овие форуми, тие што си ја кажуваат маката бараат помош или совет. Ако си толку стручна,помогни со конкретен совет
    а не да критикуваш.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Како може да не е до психата? Тоаш што значи астралната проекција? Која е всушност одвојување на духот од телото, што укажува тоа? Како може истата да се случува, ако немало духовност? Зарем сигурно постои само физичкото, но не и духовното? Па да се рече дека нема? Исто и за паранормалното има податоци, кои патем не се преземени од нет.Псхиологијата би требала истово да го објаснува, со оглед на нејзината намена.Не значи дека се што е поставено на нет е лажно, неавтентично.Некои работи кои биле или се изнесуваат на нет, се точни, како во врска и со ова, ако човек доживеал паранормална активност ќе знае дека се она што е пишано тука или пак на друго место објавено по нетов, е вистина, дека не е лага.Пример, конкретно, ако се што е на нетов е лага, тогаш википедија се што содржи е лага, иако потенцирам дека не е.Значи, не е се до човекот и функцијата на мозокот.Човекот, има две нешта, физичкото тело и духовното, гарантирам, особено може тоа да се увиди ако човек е не дај боже пред смрт или за малце ја одбегнал смртта, кога ќе ја увиди тенката линија меѓу физичкото и духовното, ќе разбере дека сето она за кое се мисли дека го нема, дека е непостоечко од духовен аспект, е лага, она што човек може да го доживее пред смрт, тотално ги побива сите аргументи на науката која се противи на вакви или слични тематики.Само што тогаш доцна се разбира, кога нема време за утврдување на можноста на постоењето на духовноста.Секогаш нешто ново може човек да открие, незначи дека ако психологијата вели така, е точно.Ја споменав астралната проекција, бидејки и те како има врска со паранормалното, која го дообјаснува истото и можноста за неговото постоење.А можеби и самата астрална проекција укажува на она што се случува после смртта, за која постои можност, ако не се реализира правилно астралната проекција, може да дојде до смрт.Затоа, незнам како би можело да не постојат паранормални активности, ако не постојат и се е до функцијата на мозокот, тогаш би се рекло дека човекот нема духовност, мислам ошто.Ако е така, тогаш што е емоцијата? А зошто би постоеле објаснив претходно.Не може да се тврди дека има астрална проекција, а нема паранормални активности.Ова надоврзува повеќе теми, не е само паранормалното, но се взаемни.
     
    На iloveyou29, psychic и strelka1 им се допаѓа ова.
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    Не знам од каде да почнам!


    НЕ Е ТОЧНО! Ќе те парализира за дел од секунда додека да сфатиш што ти се случува (впрочем како и секоја промена на состојбата во која се наоѓаш: доколку некој ти дојде на гости ненајавен ти треба момент или дел од момент за да сфатиш што се случило!). Доколку имаш самоконтрола и притоа знаеш што ти се случува, ти гарантирам дека стравот ќе биде значително помал отколку кога ќе ти се случи нешто, а ти немаш никаква претстава што ти се случило. Нормално дека ема да знаеш како да реагираш кога ќе ти се случи нешто такви и тогаш може стравот да ја надвладее твојата свест! Токму затоа препорачав да се прочитаат книги кои пишуваат за сета таа доктрина за која напишав. Никаде не спомнав конкретно нешто бидејќи не сум јас таа што треба тебе да ти раскаже неколку книги сместени во еден пост. Зошто ти да не ги прочиташ истите книги? Мислиш дека твојот одговор и неговата содржина е доволно за да се одбраниш од нападот? Тоа е твој начин на размислување и применувај си го кога тебе ќе ту се случи нешто такво. Но , немој да ги залажуваш другите дека тоа нешто би ги одбранило од тоа што би ги снашло.
    Мислење е мислење. Не смееш да осудуваш кој што ќе каже. Јас ти дадов одговор за она што јас го мислев, а ти ми се обрати на непристоен начин со што докажува дека наместо дискусија, сакаш да се надмудруваш!


    Како да ти реагирам на оваа дрскост?

    Никако, само ќе ти одговорам дека некои со право се прават паментни. Исправка: се паметни! Нема потреба од глумење на форумов. Мене никој не ме познава и никаде ништо конкретно не пишува за мене за да покаже која сум на форумов за некој кога ќе ме чита да забележи дека се „правам“ паметна и да се допаднам некому со моето „глумење лудило“!
    Советот, како што напишав и неколку пати претходно, го барај во соодветните книги. Има голем број на стручна литература која ќе ти разјасни голем број од работите!

    Можеби направив грешка кога го цитирав само тој дел. Не сакав да ја цитирам целата содржина од тој пост на strelka1 и затоа можеби дата испадна дека зборувам дека не е се до „психата“

    Но духовното го владее физичкото, а и самото духовно може да надвладее со него. Но за тоа постојат посемни техники и треба многу време додека да се покаже барем еден мал резултат!
     
  19. AngelAny

    AngelAny Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Не верував во овие работи. Никогаш. Меѓутоа пред една недела во станот кај што седам со цимерките(студирам) се случи нешто чудно. Беше 7и30 нутро цимерката стана до вц, јас останав сама и почна нешто да ме тресе, после тоа еден момент не можев да се помрдна , ниту да викнам целата бев вкочанета. Од тогаш не спијам, ми се случи и вчера некаде истото време само тресење значи свесна бев. Тоа и се случуваше на цимерката подолго време претходниот семестар. а сега не. Имаме уште една цимерка неа не и се случило вакво нешто.ве молам за помош некој ако има некакво искуство.
    еве и сами гледате во колку часот го пишувам ова. Не и имам кажано на мајка ми за да не се грижи. Не спијам воопшто не спијам, не знам што да правам стварно се плашам.
     
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    1.447
    ^ Прво кажи каде се наоѓа ова место. Кој спрат од станот е. Распрашај се околу тоа што имало на тоа место пред да се направи зградата. Каков ти е станот и дали чувствуваш некоја непријатна миризба во него.
    Објасни попрецизно што точно ти се случило.

    Во меѓувреме нешто поопшто што би ти помогнало.
    И за почеток, спиј со запалено светло и музика/радио (тоа ќе ти помогне во стравот). :)
    Во сад или чаша наполни ја со вода и стави лажица или две сол. Измешај го тоа и стави ја онаму каде што ќе спиеш (ова е импровизирање но е солидно). И цимерката нека си направи ваков раствор. Испрскај го и креветот и целата куќа со овој раствор.

    Ако продолжам да ти делам совети без детали би направила полошо (и да не зборуваме за реакциите кои би ги добила од неинформирани личности :D ).

    Инаку, доколку е така како што кажуваш, подобро промени го станот.

    Сепак ти давам одговор и покрај твојата дрскост!
    Треба да постои конкретен проблем за да може да се пружи некому помош!
    Секој проблем не е ист. Тоа е како да те боли стомак, а за помош се обраќаш кај заболекар. Кон секој проблем не може и НЕ СМЕЕ да се има ист пристап. Со тоа можеш да направиш уште поголем хаос отколку што постои!
    Затоа и цело време инсистирам прво на читање книги за да дознаеш за што се работи па потоа давање совети!!!