Вчера излеговме со дечкото и седиме во кола сега и почна да се мрда нешто од надвор.Сенка , човечка глава како иде позади нас и му викам ајде да си одиме и тој ми вика стварно сакаш оти и јас видов нешто и му викам абре ајдее и ги заклучив сите четири врати и си отидовме.идам дома и си легнувам имам часовник што прилично се слуша а не ми е до главата него на другата страна од собата.Одеднаш почнав да го слушам како до главата да ми чука офф боже се преплашив. Имам почуствувано како некој ме гали по коса и лице кога спијам... морничаво упм. како некој ми дише исто како некој да спие до мене .
^ А да си прашаш од блиските со кои живееш кој те погалил? Сигурно ќе имаш решение за тоа. Од секој агол чукањето на часовникот се слуша различно, па така и ова. А за човекот... Па кога ќе размислам, луѓето кога се живи се пострашни
Станот е во Ск.на 4ти спрат. Искрено се случило во станот самоубиство. Кажав беше 7и30 и одеднаш почувствував како нешто ме тресе, малку се помрднав па почна пак. И потоа момент целата бев вкочането, ниту можев да викам ниту да се помрднам. Ми се случи и втор пат но само почна да ме треси и го почувствував и веднаш станав и се прекрстив. Навечер се будам на секој час. Понекогаш се случува и чудни звуци да се слуша. Би сакала да го променам но немам каде да одам сега во овој период. Нема некоја непријатна миризба, пробав и со светло и со музика не помага. Не можам да спијам. И што е најчудно не знам дали мене ми се чини од страв или не. како да чувствувам некое присуство кога ќе си легнам. И да вториот пат од прилика истото време ми се случи и кога бев свртена на истата страна. Денес почадивме со темјан. не знам дали помага ...
Би требло да помогне. Но обиди се со ова јас што ти го кажав за солта, особено сега откако кажа дека имало самоубиство во тој стан. И пред се, не плаши се. Нема потреба за паника. Остани смирена! Не се' сака да не повреди. Може да сака само да контактира на некој начин. Сепак имаат недовршени работи овде или може им е досадно Шала на страна, интензивно барај стан! Можеби не е сезоната погодна за барање но сигурно можеш да најдеш слободен кревет на друго место. И не знам зошто до сега не си се отселила? Зарем не ти е мака да живееш со тој страв? Инаку, музиката е за да ги камуфлираш звуците и знам дека е подобро кога има светло. Стравот значително се намалува на тој начин. Не дека помага при „чистење“ на она што се случува.
Не дека нешто се разбирам ама сакам да ти помогнам па ке ти пишам Креветот на кој што спиете ти е другаркати да не биди свртен со лицето кај што изгрева сонцето значи НЕкако што ги легнуваат мртовците туку обратно , земи си темјан од црквата запали подкадите си низ станот со крстена вода попрскај те си и највазно е со шекер а не со сол да си насолиш на чаршавот одозгора некое зрно а сол никако шекерот е благ демек Јас ова не сум го правела ама баба ми секогаш ми кажува дека постојат сенки што не вознимируваат и ова ми го посочи како лек ако ништо друго барем ке се смириш ти
^ И ќе ги кани на забава со благо? Ова како пример кој дури и кај нас покажува зошто благото не би било добро. Еден пријател ме потсети и на македонската народна приказна кога девојката беше болна и постојано и даваа благо за да се опорави. Кога дојде докторот кажа да и дадат горчливи работи за болеста да си отиде. И нормлно, девојката откако јадеше горчливо, за брзо време се опорави. Неколку цитати за солта. „Salt is used in the third item (which includes an Exorcism) of the Celtic Consecration (refer Gallican rite) that is employed in the consecration of a church. “ „Pagans and Wiccans use blessed salt in consecrated water for rituals intended to banish negative forms/energy. The salt water is sprinkled across all windows, thresholds and in every corner of the space to be protected, forming a barrier to all negative forms. “ Еве и зошто се користи солта како заштита. „A popular method of banishing is the use of the various elements, in particular the use of fire or water. Fire can be used as a method of purification and cleansing by way of destruction. Water is used in a number of religions for a variety of purposes, including banishing. You can make your own consecrated water for use in rituals. Salt is also a great tool for banishing. In some magical traditions, it represents earth, and has been used for centuries to get rid of negative energy. In some folk magic traditions, black salt - a blend of sea salt and another item such as charcoal - is used as a protective barrier.“ Превземено од Има повеќе начини да се примени солта. Еве еден од нив што сега набрзина го пронајдов на нет. (го немам целото прочитано, само го разгледав набрзинка) http://www.spiritualresearchfoundation. ... aterremedy А најбрз и едноставен начин е оној јас што го напишав. Во пластичен сад стави раствор од вода и сол и стави ги до перницата. Внимавај, при исфрлањето на овој раствор да не дојдеш до контакт со него. Исфрли го во канализација или дисркетно низ река. Исплакни го и и таа вода фрли ја низ канализација. Ова прави го пред легнување.
pi[ пишав дека незнам само што ми има стар човек кажано инаку ми е чудно оти сите бајачки даваат шекер???
eva 11, постот не беше наменет за да го порекнам напишаното од тебе. Сепак старите се полни со мудрост и можеби постои некоја вистина и со шеќерот. Јас дадов само некои примери зошто не би бил добар, но повеќе околу тоа зошто солта би била добра. Не мислев на тотално исклучување на шеќерот како опција. Тоа е мое размислување
Здраво на сите. Еве и јас ке ви раскажам една случка. И сепак мислам дека не е имагинација на умот, слушајте... Една вечер сонував дека во мојата куќа има духови и ги гледав како сенки и многу се плашев во сонот. Добро ,ок ,ништо. После тоа уште 2 пати сонував дека гледам духови во мојава куќа и само во мојава ги сонувам. И јас кажав на моиве демек што е работава и тие нормално се смеат. И сега баш пред 1-2 месеци се преселивме од куќата наша и во стан заминавме и новиот сопственик ја ископуваше куќата од темел и пронашле коски на 3 да речам луѓе. И викнавме таму што знам ја татко ми нешто се занимаваше, и му кажаја дека порано околу 1700 и некоја год. тоа било гробница и кога им спонав баш за соновите се подзамислија. Не знам ама јас сварно верувам, после оваа случка искрено!!! Позззззззз
Зошто шеќерот или солта би биле решение ? Нели би било подобро решение молитвата, оти сепак се она кое го вели религијата е од духовен аспект.Наместо некој да користи сол, шеќер, може само со молитва да се заштити.Бидејки во спротивно не би биле солта, шеќерот ефикасно решение за овие работи, би биле ако човек не е религиозен, мислам општо, не ме разбирај погрешно.
Moите другарки ми кажуваа често ама јас не верував во тие работите и мене пред некој ден ми се случи. Си седнав на лаптопот и викам ај да затворам вратата а бев сама дома и затворив и седнав и нешто кррцц одам гледам вратата се отворила пак ја затворив пак гледам отворена и се зачудив..
Не е ништо посебно, ама тогаш страшно ми беше Си легнав најнормално, и вечерта од ништо се подразбудив... Осетив дека некој упорно ми го потегнува ќебето така полека, неколку пати по ред. Се освестив, немаше ништо, го повлеков ќебето накај мене. Ги затворив очите и пробав да заспијам... Тогаш повторно неколку пати нешто ми го потегна ќебето, срцето почна да ми лупа триста на саат, се свртев накај ѕидот и го собрав цело ќебе, се стуткав и после некое време сум заспала... Нормално кога им кажав на моите ми рекоа дека ми се причинило
За да нема прашања од стилот „зошто солта би помогнала“ ставив и неколку цитати уште од претходно од неколку страни. Ако побарате, ќе пронајдете уште повеќе. „People believe that salt repels ghosts and evil spirits. In fact, an old remedy from folklore is to lay down a line of salt… evil entities cannot cross it. I’m not sure if that’s true, but it seemed to work the one time I tried it.“ Зошто се користи солта: „1. To clear negativity from an area, object or person. 2. To create a "clear zone" against negativity for the same things.“ „In magical RITUALS, salt is used as a SYMBOL of the element of earth and also as ... with salt and water ensures physical health and the exorcism of evil spirits.“ „Rock salt has the power of neutralizing negative energy so do many other salts.“ Претпоставувам дека повеќето знаете англиски па не ги преведував. За да не оптеретувам со линкови и цитати, разгледајте си низ интернетот. Солта во комбинација со водата не е само во една религија или верување, туку речиси сите го коритат ова. Никој не вели дека молитва или читање нема да помогне, но вака ефектот е далеку поголем.
Секогаш ќе има прашања од стилот “ зошто солта би помогнала“, посебно ако не и се придава толку голема важност.Не реков дека молитвата нема да помогне.Се зависи од верата во нешто, ако човек верува во нешто, тоа нешто и ќе постои, така и со ефектот на солта, шеќерот, водата...Мислев дека е поинакво значењето за нив, затоа прашав
Епа вака мили мои.Беше претходната среда..Беше полноќ ја гледав некој филм.Дома сите спијат а ја ко вампир уште седам И како што гледав телевизија слушнав крцкање на подот,како некој да се движи.Ја цела онака опуштена се раздрав МАМОО! [не се плашев пошто мислев дека е мајка ми] ама никој не ми одговори пошто спијат.Тогаш си викам ај не ме слушнала После 2 минути пак истото крцкање а ја цела се здрвив..Тогаш ме фати страв.Отидов да видам кој е а немаше никој Нема шанси да биле мајка ми или татко ми..Ќе одговорат ако се тие...и плус живеам во куќа..
Татко ми ми кажуваше порано му се има случено ваква необјаснива случка.Седел со чичко ми на тераса и си правеле муабет.Погледнал накај улицата и видел стар човек како оди по улица,не сфатив зошто и како му бил чуден,но се свртел чичко ми и му велел не лажи бе нема ништо..татко ми упорно го гледал.