Истово и се случи на тетка ми, и кажаа дека ја налегнал залутан дух! Свесна била, будна, ама неможела да мрдне. Тежина исто како човек врз нејзе да лежи. И рекоа ако следен пат тоа и се случи, да вика на глас -оди си од кај што си дошол, три пати. После некое време пак и се случи истото, викала колку што ја држи глас и уште после првото извикување ја снемало тежината. Веќе не се повтори тоа.
Убаво распрашај се. Сигурно ли е тоа за делот со црквата? Ако имало куќи тоа не е проблем, но ако имало црква, многу е веројатно да има и гроб/гробница на тоа место со оглед на тоа што порано свештените лица ги закопувале до црквата. Ако е таква работата понатаму ќе објаснам што и како накратко. Нема потреба од паника околу ова. Викањето не би рекла дека ќе помогне бидејќи не се работи за залутан дух туку за астрална/етерична проекција. Претходно имам пошано на кратко за оваа тема. Разгледајте си.
Спојлер Јас го кажав она што го знам, што помогнало, па го споделив со цел да помогнам, а од стручњаци човек мислење свое неможе да пише. Мило ми е што барем те насмејав
Глупости Попот сигурно може да помогне ќе ја испее куќата, света вода... за да ги избрка негативните сили.
Каде забележа дека лошо напишав за твоето напишано? И јас кажав (не баш)мое мислење. Зошто многу од работите веднаш ги сфаќате толку трагично? Зарем јас требаше да „галамам“ низ форумов од работите мене што ми ги напишале бидејќи се што сум напишала е совет или мислење во зависност од темата? Човек од плачковци да не се обиде да помогне! Мило ми е што не ме сфати што сакав да кажам. Понекогаш е подобро така Не може таа самата да ги каже тие работи и попрска со светена вода... за да ги избрка негативните сили?
Омниа,и Унтачбл,ме насмеавте бе Како да се натпреварувате,кој е у право,кој ке даде подобар одговор Шала на страна,ова не прекинува,нокеска пак,се здрвувам и страв ми е да мрдам
^ Ако ти е до смеење мене и не ми е кога се пишуваат глупости од првокласни размери! Ете, попрскај со светена вода. Но ако ти се случи повторно да имаш повреди за кои, откако добро ќе размислиш дека не ти се случиле од невнимание, повторно пиши или обрати се за помош. Ова не е за занемаривање и е доста сериозно! И претходно напишав за вода и сол. Разгледај таму каде што сум го пишала низ темава и примени го!
Сепак ти благодарам за помошта,а тие што сакаат да се исмејават остави ги,но кога на нив ке им се случи е тогаш поинаку ке коментираат.поздрав
Омниа не се нервирај,нема потреба,смири се , нема фајде ако се нервираш,а за Антачбл и мене ми е чудно што само во попот наоѓа решение Иначе ке видам што си пишала и ке пробам.
Се си мислам (најмалку) алкохолот ве напнал LittleFairy, шо да праи чоек кога долгиот фитиљ моментално се скратува при прочитано мислење Попот кој мрси во посни денови и прави шпаги (предизвикани од ракија) по гробиштана додека го чекаат да испее над гроб или 4 пати (наместо 3 пати и замислете - ах таа лоша ракија пак е причината) ги врти учесниците при венчавање ќе ја среди работата (со чесни исклучоци, сепак не се сите до толку). Секој си верува во што си сака но до толку да се напнувало со поп? Пеењето и читањето може и сам да го направиш доколку не е сериозна работата. Исто и светената вода. Исто и многу други работи.
Omnia веќе си нападна со твоите размислувања. Во ред е да дадеш мислење (совет) ама не и да претеруваш дека сите мора тебе да ти веруваме и во тоа што ти го кажуваш (читај проповедаш). Едни викаат поп, други по бајачки одат, ти кажуваш трето, во ред е секој да има свое мислење и секој да прави што мисли дека е најдобро, ама да се наметнува сопственото мислење на другите, а уште помалку туѓото мислење да се исмејува, мислам дека стварно нема потреба. П.С. Не мислам да се карам, туку малце е ова претерано. Без љутиш!
Зошто толку се игнорира или се отфрла осветувањето кое попот го прави? Како може ако човек е верник, да не верува во осветувањето? Зарем случајно се осветува едно место? Доколку се негира она кое поповите го прават, како осветувањето пример, зарем ќе се рече дека нема како необјасниви случки? Зарем и воопшто се мисли се она што се прави, осветување, литургии, причестување и сл., е само од онака, ради реда? Тие необјасниви случки, како, тропање и сл., се само онака ради реда, како до човековиот мозок е или постоење на нешто? За човек да знае дали тие необјасниви случки се вистина, треба да ги доживее прво, бидејки веројатно дури тогаш би разбрал кое е најдоброто решение за истите, а за што сум сигурна дека и не се баш пријатни доколку човек ги доживее.Инаку, значењето на црквата и се она што го прави истата како осветување и сл., е токму за ваква работа, но и не само ова, така што ако човек не е верник, секако дека ќе смета дека осветувањето не е решение.А секако и дека нема ништо лошо во тоа ако се викне поп, доколку се знае суштината на духовноста, бидејки ако само би било физичкото, тогаш не би имало потреба од попови, а и од црквата воопшто.Ништо не е случајно.
Си можам. Зарем и на форум некој ќе ми забрани за мислење? Твој е изборот дали ќе ми ги читаш, а уште повеќе дали ќе ми послушаш некој од советите. Понатаму во спојлер бидејќи одам малку офтопик. Спојлер И дали во една прилика нападнав некого? Напоменав дека секој си има право на свое мислење. Затоа постои форумот. Не сум јас таа што ќе забрани да се пишуваат глупости, а ниту пак ти таа што ќе ми забрани да пишувам што мислам. Си има админи и модератори кои оценуваат за мислењата. А колку што знам, форумот е за пишување на тема и без одење офтопици и притоа без навредување на член. Се останато е мое право. И од каде си толку сигурна дека се' тоа само „мои мислења“? Секој треба да се информира пред да обвинува! Мене ме извади од такт она што секој пишува за викање поп, а никој не знае што точно прави попот при неговата посета, ниту пак знаат некој кој викнал поп или пишуваат нивно искуство. Така слушнале од баба и така пишуваат. А дали знаат зошто се вика поп и што би направил при неговата посета? Никој не исклучил поп како т.н. „решение“. Но уште кога ќе ми текне на нивниот тарифник за само едно дигање панагија се нервирам, а не пак кога ќе дојде крштевка или венчавање. Ако се толкави верници и самите попови (намерно пишувам попови и мислам на оние од црква!), не би требало да ставаат ценовници за било што! И пак нагласувам дека што прави попот, може и самата личност на направи. Ако е толкав верник ќе знае што се кажува при читањето, која е молитвата и како оди целиот ритуал со ред. И се обложувам дека речиси сите тие што пишуваат совети немаат искусено ништо туку веднаш се обраќаат кон „поп“ (и околу ова однапред кажувам дека се оградувам од мои мислења!). Одлично напишано. Суштината ти е целосно доловена. Дури излишно е моето напишано бидејќи некој сфатил што сум сакала да напишам уште пред да го напишам
Леле луѓе мене ми се има десено нешо слично на ова.Значи ја еднаш си легнувам(собата не ја делам со сестра ми) и кога си мижам така за да заспијам коа осеќам некој ко да ми стои над глава.Во собава беше исклучено светлото црна темница.Отварам очи а срцево триста на саат ми лупаше,гледам нешто ко бел/а маж/жена(не можев да определам ).Само си ги затворив очите и почекав да си отиде оти останав парализирана од страв не можев ни да претнам ни да гугнам.Утредента ги прашувам мама,тато некој да не ми влегол во соба ми викаат не.Се мрднав од памет од страв тогаш.
Не се плаши, јас сликав ,,дух'' бар така изгледаше на сликата, кај мене дома и не направив ништо по тој повод за да го истерам па ете ме жива и здрава. Не се замарај. Тоа нема да се повтори. Можеби е и до самата психа. Во страв се може да ти се привиди. Omnia мислам дека со твоите совети делумно ѓи плашиш членовите на форумов. Барем таков впечаток добивам бидејки овде читаат 14 годишни девојки за кои ,,натприродното'' е сеуште непознат поим, претходно немале некое големо искуство и после читањето на постовите (искуствата на членовите) се доволно исплашени, а не пак од твоите совети, кои верувам дека се добронамерни во секој случај, но зарем не мислиш дека сето тоа е малку...Незнам, чудно и одвишно? Сол и вода.. Сериозно? Не те исмевам, ниту те спречувам да пишуваш а во најмала рака имам нешто против твоето мислење но, сепак мислам дека не е во ред да даваш совети на ,,невидено'' и неискусено. Зборот ми е дека тоа што членките на форумот го имаат искусено немора да значи дека е вистина. Можеби биле под стрес и сл. никогаш незнаеш. Освен тоа претходно ти објаснив дека е научно докажано дека нашиот мозок не перцепира 100%, и најчесто делува според автосугестија. Овде не зборуваме за ментални заболувања како претходно, туку општо. Те молам не стварај непотребна паника онаму каде е навистина одвишно да се создава истата.
И бидејќи тие се исплашени од претходно, јас не треба да им дадам совет? И тоа тој совет се состои од само едно нешто бидејќи нормално е на невидено да НЕ давам ниту совети, а не пак соодветни. И треба да ги тешам дека се' ќе биде во ред кога претпоставувам дека нема да биде. Со тоа што се зборува дека „се' ќе биде во ред“ и со неверување кон некои работи правите поголем проблем. Не можат да се одбегнат некои од работите. И советиве не ги давам на некој кој поминал покрај куќа и го осетил „нештото“ туку што го има во сопствениот дом. Не мора да значи и дека веднаш тоа „нешто“ се обидува да ги повреди, но има и такви случи. А и во најмала рака, стравот е присутен и кога зборуваш со непозната личност која те прашала колку е часот, а не пак кога си почувствувал нешто што не можаш да го видеш. Тие 14 годишни девојчиња, ако се доволно возрасни да знаат што е тоа „секс“, во тој случај се доволно возрасни да ги процесираат и работите кои се случуваат околу нив (пред да се сфатиме ПАК погрешно, ова е само бледа споредба и ништо повеќе). И не им е непозната потпетицата од 15cm, ама непозната им е книгата од библиотека. Значи, без такви изговори. Кажи ми што толку те исплаши од моите толку страшни совети? Зарем солта и водата те исплашија? Тоа што секојдневно го користиш во секое јадење те исплаши? Сериозно? И каква паника со моите совети... Значи повеќето од вас пишуваат „да не креваат паника кога ќе наидат на нешто такво“ и тоа мислите ќе им помогне. Некои од личностите кои пишуваат на форумов бараат совет, а не да им се каже дека „ништо не ти се случило - си замислуваш“ кога се свесни за тоа што се случило и откако го прочитале тоа им се случило уште неколку пати. И никој не вели дека треба да се исплашени, туку треба да дознаат што им се случува! Но таков ни е менталитетот. Нема што повеќе да коментирам околу ова. И на делот со попот и јас треба да напишам „поп - сериозно?“ но сепак им укажувам на тоа што прави попот, а не го исклучувам ниту тоа како опција. На крај, јас не сум таа која го дава тој совет. Ако малку повеќе прочитате низ интернетов (кога веќе книгите очигледно сте ги исклучиле како опција) ќе сфатите дека советот (конкретно за фамозната „сол и вода“) не е даден од мене, да не речам, од обичен член на форум. Дадов и примери за тоа што прават тие состојќи, кои ги користеле и за што ги користеле и за што се уште се користат. Но изгледа и тоа отишло на „ignore“ и не сте прочитале се' туку еден пост и веднаш преминувате на „воен мод“.