1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Мислам дека не ми ја разбра поентата.
    Ако мене лично ме прашуваш јас сум атеист, сега засега, меѓутоа како што многумина велат I'm keeping an open mind, и не ѓи затварам очите потполно пред натприродните појави кои не опкружуваат.
    Меѓутоа од друга страна сето тоа станува пречка денес со оглед на тоа дека одамна го минавме времето на паганите, нивните маѓии за истерување на лошите сили (кои впрочем мене ми се одлично познати), па може и со право да кажам дека не постои цел која неможе да се оствари без магија. Од било каква природа да е, го знам тоа, имам пробано свесна сум. Само исто толку и знам дека НЕ секој треба да се бави со овие работи.
    Водата како елемент на природата ја претставува чистината и леснотијата, па не само што во баланс го одржува нашето тело туку и нашата среќа, виталност, енергија. Е ова последново ,,енергија'' е нешто кое може да се добие преку водата и без пиење, односно како магиски ,,материјал'' за постигнување на бела магија или цел.
    Додека солта би требало да ја претстави тешкотијата и силата за бркање на лошите духови. Освен тоа има бела боја, боја која најчесто е користена во паганските ритуали при погреби како црна магија (нема да објаснувам како), но воедно со обратно изведување на ритуалот како бела/сива магија може да служи како канал за одбрана и стопирање на негативната енергија. Исто и брашното. Залудно не го ставале луѓето во минатото на земјата. Понатаму несакам да објаснувам, немам намера некого да плашам.
    Освен тоа со оглед на тоа дека сме 21 век, а парапсихологијата станува се помалку изразена а за разлика од неа метафизиката ѓи има сите основи и поткрепени факти станува многу јасно за што станува збор овде.
    Имено, една од тие 14 годишни девојки што ѓи споменав е и мојата братучедка која знае дека се имам зачленето на форумот и баш пред некој ден кога дојде кај мене ми рече дека не спиела со денови од страв да не и се случи нешто вакво, и страв за преземање на било каква акција за спречување на проблемот.
    А дека знае што е секс знае. Но, сексот и паранормалното се сосема две различни поими кои не треба да се споредуваат, нели?
    И во краен случај, пак ќе речам. Не чув никој да умре од негативната енергија која ја предизвикуваат ,,оние'' од другиот свет ако навистина постојат. Влијае негативно и се е тоа во ред. Но, наместо да правиме вакви бесполезни ритуали или што и да е треба да погледнеме од посветлата перспектива и да изнајдеме сопствен начин да се избориме со истата. Постојат многу поздрави начини. Медитацијата е еден од нив. Потребниот душевен мир ќе се здобие преку космичката енергија. Поголем благодет од тоа нема. Тогаш сите негативни мисли ќе исчезнат и ќе биде се во ред. Биди ми поздравена. :hai:

    Се извинувам што заминав офф топик од темата. :|
     
  2. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Не си заминала офф туку конечно се разви некоја дискусија наместо цело време да се потврдуваат или отфрлаат работи со една реченица (или уште полошо - со еден збор) иако не ги обвинувам со оглед на тоа што темава е сместена во пф „забава“. ;)

    Убаво што конечно се работи за објаснување наместо за намерно препукување и противење.

    Никој не спомена дека треба да се плаши некого. А дека не би требало да се занемаруваат овие работи (особено ако се случуваат почесто) вели секој кој разбира за што се работи.

    НАПОМЕНАВ дека ова е само бледа споредба. Не фаќајте здраво за готово! Со тоа што во преден план сексот го стави во преден план ја изгуби поентата која беше дека наместо да стравуваат од се' што ќе прочитаат по форум, нека разгледаат по некоја книга која ќе им ги објасни барем маку од малку работите. Затоа и потоа е спомената споредбата со библиотеката и 10 инчни високите штикли!

    Зарем мислиш дека ако ти не си слушнала, се нема и случено? Не е баш така.

    Цело време го зборувам тоа дека би требало да се пронајде решение. И каде од мене прочита дека комбинацијата од сол и вода е ритуал? Солта и водата не делува на начин на кои што делуваат ритуалите. Не треба да се мешаат едни со други работите!

    Никој не ги исклучил медитацијата од било каков план, но тоа не е решението на овие работи за кои конкретно пишуваме.

    Тука некаде но не е сосема така. Солта е елемент кој се припишува на земјата земјата. Всушност, материјата (или она што попостано на сите им е познато како „дух“) кога доаѓа до допир со солта треба да се присети дека се наоѓа на „туѓа територија“ и не би требало да се наоѓа овде. Со тоа и се оттрга од местото каде што е попрскано со растворот од сол и вода.
     
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Осеќам дека ке ја заклучат темава,така ми мириса.Што мешате баби и жаби?Дека 14 годишно девојче носело штикли и незнам што.Цела тема е со препукување и во врска со попот на Антачбл.Доста веќе бре,не ја полнете цела тема со глупости и со тоа дали Омниа била дрска,постои лп,а најмалку пожелно е да се заклучи темава,и онака интересни случки имаше |( :fubar: .Аман.
    Ја наминав да ве известам дека престана да тропа горе,се се врати во нормала :)
     
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Темата разви дискусија (впрочем таква каква што би требало да развие тема од ваков тип наместо да се пишува „да, верувам“ или „не, не верувам“). Штиклите беа пример.
    А за тоа дека ме нападна заради тоа што пишувам, на крај, форум е. И изгледа треба време додека да се навикнат дека постојат и ПП.

    И уште нешто кога веќе пишувам овде: не би требало цело време да се тапкаат луѓето по рамо и да се уверуваат дека се е во ред и кога не е така. Сигурно сите сакаат да им кажат дека им штрчи тоалет од здолништето наместо да им се смеат (и пред ПОВТОРНО да се сфатиме погрешно иако и претходниот пат напоменав, ова е само пример!).
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Тоа, да.Посебно ако таквите необјасниви случки се константни, тука не би помогнало само „ се е во ред“.Затоа, велам човек не треба да се плаши и да на обрнува внимание, ама кога нема каде, сепак треба да се преземе нешто.Или освен ако не, пак, таа сенка - дух, ако некој нели гледа некоја комедија и тоа до него ќе си гледаат заедно тв :D или наместиш некој предмет, тоа нешто ( сенката- духот), го поместува предметот и ќе биде, де намести, де помести :D или пак ако се изнервира, мож и сопки да прави :D :wasntme: Се шегувам, не мислам ништо лошо, не ми е ни намера :wasntme: И мене ми се случувало, сум кажала, ама не обрнувам внимание, оти кога ќе разбере човек дека е од тело и дух, нема зошто и да се плаши.Инаку погоре спомнаа атеизам, ова го кажувам не дека верувам во Бог, ради религијата, го кажувам оти доживеав ( не сум била дух, да се разбереме :D :wasntme: ) за да ми стане јасно, потполно.Затоа и кога зборам за вакво нешто, знам да се пошегувам.Но и потполно ги разбирам луѓето, го разбирам стравот.А начините да се на некој начин заштити човек од вакви работи, не се случајни.
     
  6. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Omnia мислам дека не си свесна дека она со свештеникот може и да навреди и во срце да погоди, знаеш ли ?

    Друго ништо нема да коментирам.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  7. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Појасни ми на кој дел мислиш? За веднаш да не напаѓам и пишувам кога не знам за што поточно се работи.
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ве молам без навредувања, нема потреба темата да се заклучи. Секој има право на свое мислење. А, ако некој се плаши, кој го тера да чита? Еве, и јас имам 14 години, преживеано многу вакви случки, и? Треба да ми е забрането да читам? Ако некој се плаши не мора. А, за солта и водата нема никаква врска дека помагаат, иако баба ми го практикува тоа. :D
     
    На Lovy1, OmniaVanitas, LittleFairy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Се е до правилниот начин. Исто како што мислите дека светената вода помага, така и ова, но ова на малку поразличен начин. Како ги „припрема“ (ова на јадење ми личи вака напишано :D ) и „користи“ (не ми текнува на друг назив :D )?
     
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Значи сакам да напоменам луѓе со слабо срце нека не читаат,навистина ќе им штети.. :|
    Значи пред многу години,ова било,баба ми ми кажуваше,и потоа мајка ми ми потврди и ми дообјасна.
    Баба ми и дедо ми виле кај некоја баба(која баела или така нешто,што ти знам)и жената им рекла дека треба да појде од кај сосетката да земе леб,притоа таа да не ја види,и парчето леб да го изроне пред вратата.Баба ми нормално рекла како да појде и да краде леб,како да го направи тоа и не го фатила здраво за готово па не го ни направила тоа.По некој ден кога биле излезени тие,кога се вракале дома пред вратата нашле крв,ама многу крв.Како со кофи некој да истурал,како камион да прегазил човек.
    Неколку делови биле со многу крв.Сеуште не се знае што било тоа.
    Ова сега го дознав и многу се зачудив,мислам сигурно не би ме лажеле,а и не ми го кажа мене туку случајно дознав.
     
  11. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Ова како што го прочитав не е за во оваа тема туку за тема „магии“.
    Како и да е, сигурно било крв (заради делот што кажуваш дека било во големи количини)?
     
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276

    Jaс уште на почетокот се изјаснив дека знам доста за овие работи, но не верувам. Ама сепак ќе ти го кажам своето мислење.
    Можно е да станува збор и за боја, а и немора да значи. Може исто така да е заклано некое животно. На пример елен или свиња.
    Како и да е, се случи ли нешто после тоа, имаше ли некакви последици од ,,магијата'' или што и да била поентата во ритуалот кој бил изведен? :|
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Да,можеби се работи за магија,ама сепак не е сигурно,и е необјасливо.Инаку тоа било крв,мислам црвено,е сега незнам колку сфативте дека е голема количина,ама кажав како да е ранет човек,а не како мала повреда.
    За боја незнам,кажав и погоре.била типична црвена боја,а да е заклано животно,елен мислам нема во наша средина,живеам во град,па не колат,или свиња,ама соседите не колат пред наша врата.Добро којзнае,нема објаснување.Последици немаше,ништо посебно,се случувале мали незгоди,ама не се сфатени на тој начин,мислам на секој човек би му се случиле.
     
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Никој се нема распрашано за да дознае што било тоа? Зарем никој од останатите соседи не видел ништо?
     
  15. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Ова е магија.
    Ист ваков пример имам од еден близок што ми е,му се има случено истото,на влезните врати како прскано со крв било,и биле таму кај тие што растураат магии и демек после тоа се е во ред.
     
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па соседите не виделе ништо,а за тоа дали се распрашал никој ништо не дознал веќе,не отишле кај истат жена повеќе.Всушност никаде,кај ниту една жена што бае,гата,гледа и прави магги не отишле никогаш повеќе.

    Не,моите не биле кај никој како што кажав погоре,па сега нема ништо слично. :|
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    се случуваат такви работи... имам другарка која спиела нешто почнало да ја гуши и се разбудила со "отпечатоци " од стегањето на вратот... дали таа се е гушела спиејќи па исе помешало во сонот кој знае... има мн случки со тоа дека на полноќ се јавуваат самовили..се изместуваат усните итн... знам мн сум слушала од луѓе околу
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Ве молам оние со слабо срце нека не читаат, ама навистина. Не бидете алчни за сторија. Бидејки знаете како велат, љубопитноста ја убила мачката... :| Затоа и ќе ја ставам случкава во spoiler.
    Значи копирано е, не ми се случило на мене, го најдов од поодамна на форум и го зачував во notes но, секако не верувам во случкава.

    Во петокот неделава со моите решивме малку да излеземе од градов бидејки одамна не сме биле никаде, а јас бев главен иницијатор за тоа. На мајка ми и текна дека одамна не била во едно село во Куманово каде има имот (куќа) од нејзините покојни стрина и чичко кои се одамна починати.
    Искрено сега да знам дека тоа ќе се случеше, никогаш не би побарала да одиме, и еве се каам, ама ете бидна и не можам да го вратам времето назад. :|
    Како и да е, другарка ми се согласи да ни се придружи, бидејки нели муабетот беше дека топ ќе си поминеме, па утрото среќни со насмевки од шестка до шестка станавме рано, ѓи подготвивме торбите набрзина и тргнавме.
    Кога стигнавме беше околу 12 поручек, а мене некако ми беше се толку чудно. Почнувајки од времето надвор кое беше ептен шашаво. Де врне, де гром од ведро небо, па сонце..
    Башка куќата. Дали дека стара, а јас никогаш не сум влегла внатре..Незнам. Како и да е, освен тоа што ми беше многу безврска, и буквално изгледаше како да се наоѓаме во middle of nowhere преку ден и не забележав нешто чудно или невообичаено.
    Ама затоа другаркава уште кога влеговме во куќава цело време ми велеше дека слуша некое крцкање, мрморење. Ама си помислив дека таа таква од секогаш била, плашлива, па можеби и се причинува па и се смеев.
    Седевме таму некаде до 20:00 часот вечерта, се стемни, а и закаснивме, требаше порано ама ај до ваму до таму, па скарата дур ја распалиме, и се заборавивме некако па не ни приметивме дека времето поминало.
    Па, всушност вечерта кога требаше да тргнеме настана целата збрка.
    Бидејки кај закаснивме па родителите на другаркава се загрижија и почнаа да ни ѕвонат на мобилен, па згора на тоа и колата ни се расипа.
    Моментот никогаш нема да го заборавам. Седнуваме во кола сите и татко ми пробува да запали и гледа не работи.
    Излезе надвор, се провери детално, и рече дека е многу чудно бидејки навидум не се забележува некој видлив квар. (а да напоменам татко ми се разбира од овие работи, има и работено како автомеханичар до пред 2 години). И рече дека не може да разбере зошто не пали, па затоа со мајка ми одлучија да преспиеме таму таа вечер па да тргнеме дур откако ќе се раздени.
    И многу беше јасно дека треба внатре во куќата да спиеме.
    Инаку заборавив да напоменам, селото не е некое напуштено ама искрено и нема којзнае колку жители. И претежно оние кои живеат таму се постари, со околу 60-70 години.
    Плус, од прозорецот од подалеку можеа јасно да се видат гробиштата што беше ,,јаготка на шлагот'' и ако ја прашате другарка ми ќе ви каже каков хорор филм беше тоа.
    Како и да е, се снајдовме некако, во врска со собите и креветите, и покрај тоа што немаше доволно.
    Арно ама како за беља другарка ми сета исплашена несакаше да спие и откако си легнав цела вечер ме задеваше со некои глупости и ми го растера сонот па и предложив да излеземе малку надвор во дворот. Таа се согласи и излеговме што излеговме, запаливме по една цигара, зедовме сок и фативме да муабетиме дур еден период не ни здодеа па решивме да прошетаме малку, нели да разгледаме наоколу.
    Тргнавме и ајде до каде ќе одиме, ај ќе го бараме бунарот горе по стрмнината, многу кул ни се виде местото.
    Кога стигнавме до таму забележавме дека доле веднаш под нас може јасно да се видат гробиштата. Камо само тие да можеа да се видат...
    Муабетевме еден период и кога одеднаш не знам што ми текна, и погледот го пренаосчив надолу кон нив. И што ќе видам..
    Луѓе, собрани. Речиси на секој гроб по некој. Духовден било, а јас немав поим, не ни верувам во тоа дека има нешто. И јас си помислив село е и луѓето си се собираат навечер, нели како што е обичај во овие денови како кај нас.
    Но, за воља на вистината сите изгледаа толку проклето чудно, едноставно неможе да ви опишам. Затоа и беше невозможно за мене да го пренасочам погледот на друга страна.
    Паметам како низ магла една млада девојка облечена во бела ношница, боса, која само се клатеше некако чудно над плочата на еден гроб. Останативе само клечеа на колена, сите чудно облечени, претежно со шамии и долги сукњи, а најчудно од се беше што никој не зборуваше меѓусебно, неможеше глас да се чуе, молк непочувствувн досега. И никој не ни ја погледнуваше девојкава. Сите свртени, лицата само во профил едвај им се гледаа. :| Свеќа или упаљач ни за лек. Така да ептен беше темно.
    Плус и да дошол некој ќе се чуеа чекори, беше многу тивко. Јас и другарка ми тихо зборувавме...
    Другаркава беше стаписана. И само што и реков на другарка ми, океј е нормално е, ќе викнам по таа девојката на гробот за другарка ми да се увери дека не е дух туку некоја од селово. И само да го сторам тоа, ете ти ја мајка ми сета воздишана, не повлече за рака двете и ни рече да се тргнеме. И се сеќавам, таман тргнав, се завртев зад мене, погледнав кон гробиштата, и знаете што? Немаше ни Ч од човек, ни Д од девојка во бела ношница. :) Значи немаше никој.
    Другарка ми почна да плаче, а татко ми ѓи разбуди соседите до нас за да ѓи замоли да останеме кај нив додека тие го поправаат автомобилот.
    Еве поминаа неколку дена од настанот, мајка ми ништо не зборува. Ниту зошто дојде, ниту како не најде, ништо. Само може да кажам дека не се истите. Не кажуваат што виделе, ама очигледно е дека има нешто...
    Другарка ми е уште бледа како крпа од настанот, додека нејзините не ја сфатија сериозно и си тераат сеир со неа :D ...
    Па и јас не сум поарна, сеуште не верувам иако тогаш стварно се исплашив.
    Поготово кога ни се расипа колата и татко ми едвај ја поправи, мислев нема никогаш да заминеме од таму...
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Јас пред некој ден одам до вц во поодминатите саати и се нормално моите спијат се затворено а живеам на непрометна улица значи жив чоек не врви и слушам како ми свирка некој ѓаволски се смешка и пак свирка и јас :sweat: се здрвив ама одма се фрлив на рационално размислување некогаш мајка ми ми вика од спалната ако треба нешто да напрам па си реков ме зафркава сега да ме здрви пошто гледам многу хорор...Ја подотворам вратата спијат ко топ со татко ми и тивко и реков мамо не си прај мајтап ке ти скокнам ке те скршам и никој ништо не ми одг.и јас шпринт всоба и си легнав...А има некој период од ко ја реновиравме куќата на таванот секој ден ни тропа нешто ама како да не е глушец пошто гребичка како со ноктиња а татко ми поќе пати се има качено и нема најдено ништо...Не му обрнував толку внимание ама ова со :devil: смешкањето ме замисли :sweat:
     
  20. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Сте слушнале ли за Sleep paralysis??Тоа е кога телото сеуште спие а мозокот е разбуден.Сите мускули од телото се “фатени“ само ти од очите(затоа можеби тешко се дише :?: ) Таа состојба трае најмногу 2 минути.Кај некого може тоа и да се прекине со мрдање на прсти .
    (извор:википедиа)

    Секој смее да верува во што сака.Или е едно или друго.Вие можете да одлучите ;)
     
    На SimonaTino, OmniaVanitas и kikkki им се допаѓа ова.