и јас мислев така порано, но стварно таа вечер кога слушнав нечие дишење во мојата соба, ниту размислував за вакви работи, ниту се плашев, прво дури не приметив, но по 2 пат, 3-4 е тогаш разбрав што се случува
daa i mene mi se imaat sluceno nekoi slucki koi jas i prethodno gi imam videno, neznam kako ama koga ke mu recam na maz mi abe veke mi raspravase za ova toj mi se cudi i mi kazuva deka toa sto mi kazuva se slucilo pred nekoj saat deka nema sansi da sum znaela, pa nekoi raboti sto se slucuvaat gi imam videno predhodno znam koj kako sto i nekogas tolku se zbunuvam sto neznam dali nekoja slucka e son ili realna e.
Не знам зашто уопште темава се вика -необјасниви случки Уште еднаш ги прочитав сите постови и само ќе се надоврзам на моето претходно мислење тука, неколку страни понапред е мислам...Значи, доколку е вистина дека ова стварно ви се десило(да видите пред вас некој што е починат, сенки да видите, гласови да слушнете, иако нема никој околу вас...и триста други работи се изнаслушав...За вакви теми ,имавме на факс доста дискутирано со наш професор, кој сега е академик...Сега пак ќе се повторам дека сум биолог, иако не сум доктор на медицински науки, сепак имам мислам легитимитет да дискутирам професионално за ова Значи за сите тие ваши т.н. необјасниви случки, МОРА ДА ПОСТОИ ОБЈАСНУВАЊЕ, ТОА Е ФАКТ!!! Еве еден пример со мене-пред месец и нешто си седев кај мене во соба, сама бев дома, лежев на креветот. Вратата од мојата соба беше скрос отворена и си гледав накај дневната соба и тогаш вратата од собата сама ми се затвори, не се мрдаше кваката, ама како да ја бутна некој вратата и ме затвори во соба... И??? Сега што треба да речам-дека кај мене дома има духови и да ви перам овде мозок на сите А, кое е објаснувањето зашто вратата сама се затвори??? Сега ќе ви кажам-и вратата од спалната соба била отворена заедно со прозорот во спалната соба и надвор имало ветер изглеа и се предизвикало струење на воздухот и ја помрднало вратата кај мене во соба...Мислам ми ја сфативте поентата на примеров??? И пак од претходно ќе се повторам, за она на некои што им се покажувале разни фигури пред очи-тоа е или производ на потсвеста, или халуцинација(тоа е веќе проблем кој бара сериозно лекување на невропсихијатар) или пак имам некаде прочитано дека од слабокрвност на организмот, може да ви се прикаже нешто пред очи Еве многу работи во науката сеуште не се докажани-за нив постојат само добри хипотези(претпоставки) , а добра хипотеза не сум чула некој научник до сега да постави за духови и сл.глупости, а па камоли да ја потврди таа хипотеза со докази Верувам во интуиција, претчуства и сл..а за све останато мислам дека доволно се изјаснив.Ако некој има постручно мислење на форумов, ќе ми биде драго да го чујам, зашто може и нешто ново ќе научам..Ама аргументирано мислење да ми даде, а не приказни за духови и сенки, т.е.перење мозоци... Поздрав
Науката за некои работи нема секогаш објаснување,не е перење на мозоци,затоа што тоа што го пишале другите членови,сметале дека тоа им се случило,па затоа сакаат тоа да го напишат негде,односно да го извадат од себе си,да си кажат тоа што нив ги мачи.Билогијата е едно,ама кажи ми како може едно живо суштество да опстане,без енергија,човекот е составен од тело и дух,што мислиш како човекот зборува,како може да се движи или пак да прави било каква физичка работа,како внатрешните органи во организмот на човекот ја вршат својата функција,клетките итн.Па да одиме и понатаму,како воопшто функционира универзумот,движењата на планетите,како опстојуваат атомите итн.Човекот откако ќе умре,неговата душа или енергија,опстојува и после смрта,но без тело.Мислите,говорот,движењата се е на база на енергија,како и телото,само што човечкото тело е повеќе цврста маса,отколку енергија,но и едното и другото опстојуваат заедно,како и останатиот жив свет.Неможеме да се водиме по тоа што само некои научници кажале нешто,како и тоа што го кажале дека е факт,со сигурност не е факт,без разлика за што се работи,дали за биологија,историја или било која наука,сето тоа се само претпоставки за тоа како би можел светот да функционира,иако имаат аргументи.Меѓутоа да не навлегувам и бегам од темава,во врска и со религијата,истото и тоа е на база на претпоставки.Мене лично ми се случиле тие необјасниви случки,затоа што тоа сум го слушнала,имав претходно постирано еден мој коментар,па ќе се надоврзам со уште еден пример,лани на мои комшии,постариот член од фамилијата почина,бидејки тие дента беа на погреб,на мене и мајка ми,ни рекоа да останеме во нивниот дом,останаваме поточно во собата каде што човекот додека беше жив,таму седеше и додека седевме со мајка ми,во истата соба се слушаше тропање и искрено се наежив,а бевме само јас и мајка ми,никој друг,а сето тоа се случуваше дење.Сум разговарала и со други луѓе кои своите размислувања ги ослонуваа на науката,не треба да се потпираме секогаш на науката,треба да размислуваме и со своја глава.Човек што доживеал такво нешто знае дека е вистина,дека нема место за апсолутно никаква халуцинација и не е за лечење,можеби зборот лечење не требаше да биде спомнат воопшто,а додека тој што не доживеал само може да претпоставува дали има или нема.
Ја замолувам госпоѓата биолог да ми објасни една дефинитивно необјаснива случка, што и се има случено на сестра ми пред неколку години, пред мои очи , пред очите на мајка ми и на брат ми... Беше зима, сестра ми тогаш тинејџерка... Седевме дома, во дневната... - од никаде сестра ми вресна, легна на креветот и почна да вика дека некој ја гори со свеќа Сите се уплашивме, јас искрено не поверував (помала сум од сестра ми) мајка ми веднаш зема крстена вода, па потчадуваше со темјан.... И мене косата ми се крена ко видов на рацете од сестра ми восок,,, Божеее таа врескаше, дека ја боли, дека ја гори некој...а ние гледавме дека нема никој да и прај нешто и одеднаш од никаде се појави восок од свеќа на рацете... видов со мои очи и верувам.... не видов само јас, таму беа брат ми и мајка ми...
Leleee strav me fati inaku veruvam vo ovie rabotti.... Ne pametam neshto slichno vakvo da mi se ima slucheno no ponekogash navecher osekjam kako nekoj me gali...
За ГОРДАНА10 Вака, најпрво гледам дека имаш помешано некои поими, во твојот пост Ќе морам на подетално да ти објаснам за поимот енергија и душа...Животинските организми и човекот, кога ќе дојдат во летална состојба(изумирање), внатре или на површината на почвата, се подложни на процес на минерализација...Животинскиот и човечкиот организам се состојат во најголем процент на вода, а основни градбени и функционални супстанци се органските материи(протеини, јаглехидрати, масти,), кои се состојат од следниве хемиски елементи-јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор,сулфур итн.) Значи после нивното изумирање, започнува процес на минерализација, кој овозможува преку активноста на милионите микроорганизми во почвата(бактерии,габи итн.), телата да се распаѓаат или минерализираат.Како крајни продукти од овој процес се добиваат јаглерод, кислород, вода, фосфор, сулфур , азот итн. Растенијата како продуценти , со својот коренов систем ја примаат влагата и горенаведените минерални материи од почвата, па во интеракција со нивниот хлорофил, јаглеродниот диоксид од атмосферата и сончевата светлина се обавува процес на фотосинтеза(синтеза на органски материи), истите се складираат во плодовите од растенијата(затоа растенијата во науката се означени како продуценти .Е сега да не навлегувам детално во метаболичките процеси, само ќе кажам дека животните и човекот се конзументите во овој циклус, ги конзумираат готовите органски материи, значи тие имаат хетеротрофен начин на исхрана Прометот на хранливите материи од нивното внесување па се до исфрлање на крајните штетни и непотребни продукти се вика метаболизам, а при тој процес се ослободува енергија , која организмот ја користи за извршување на функциите...Нервниот систем, создаден од милјардиии нервни клетки, исто користи енергија за правилно да функционира(значи човекот еве конкретно, како разумно суштество Homo sapiens, е способен да размислува, расудува, да носи одлуки, да води грижа за потомството, има емоции-љубов , омраза, лутина, љубомора, радост..Сето ова е производ од функцијата на нервниот систем и комплетно тука можеш да си ја изведеш дефиницијата за душа После изумирањето човекот, како и другите живи организми се подложни на минерализација(процесот што го објаснив на почеток), значи евидентно е дека енергијата во природата кружи, тоа е циклус...А, кај е душата тука??? Со настапување на смртта и нервниот систем изумира, а неговите горенаведени функции , кои ја сочинуваат душата исчезнуваат. Може ли мртов човек да говори, да размислува и чувствува...Мислам дека ми ја сфати поентата.Со престанок на работа на нервниот систем, човечките одлики , кои ја сочинуваат т.н душа ги нема повеќе, а со телата ти опишав што се случува Сега за сега толку, макар што можам до сабајле да пишувам за оваа тема..Поздрав
здраво на сите еве и јас да раскажам една моја случка... пред 2 год се враќавме од матура пред тоа мн врнеше и кај паркот како одевме и зборевме се зезаме сите 3 заќутавме никој нисто да не проговори и како се доближуваме до местото така гледаме мало цовече седнато со скрстени раце и нозе и гледаше прааво во нас јас си продолжив да го гледам и другарка ми викна да се свртам таа почна да плаче по неа и сестра ми а јас ги гледав ладно не знаејќи што се случува кога ми рекоа што било тоа и јас почнав да плачам и фативме такси и правец дома а инако блиску ни е паркот но ние од страв не сакавме да поминеме од таму ... и имам уште мн вакви случки но ќе ви раскажам кога ќе имам време позз
Preetygirl-J потполно ти ја разбрав поентата,како и на се што сакаше да кажеш.Меѓутоа кога зборам за енергија и душа,од тие два поима немам ништо помешано,тие работи како што ги напомена љубомора,гнев,омраза,лутина,љубов итн. се се тоа емоции кои и се препишуваат на душата,која кај секој човек има различни карактеристики,но сите тие емоции после смртта или пак кога ќе се роди дете,се пренесуваат,зошто на пример викаат детето колку е паметно,интелигенто,затоа што сето тоа е делумно пренесено од родителите кај детето,не се пренесува само физичкиот свет,туку и духовниот,сите тие емоции се енергија.Што мислиш, што се случува за време на бременоста,дека само се развиваат физичите функции кај човекот?Мислиш дека кога ќе умре човекот,ги снемува неговата љубомора,лутина? Сигурно не.Во ред тоа што го даде како научно објаснување,ама нели за да опстои едно суштество,му е потребна енергија,науката неможе за се да има објаснување.Бидејки викаш дека науката треба да има објаснување,тогаш ете бидејки има паранормални работи,зошто науката не даде објаснување за нив,иако постојат, луѓе,поединци,кои ги истражуваат паранормалните нешта,има емисии за тоа еден куп,книги за тоа се пишуваат,кои веруваат во такви нешта,но кажи ми зошто науката не даде објаснување за паранормалните работи,зошто,бидејки нема опипливи докази?Значи нема објаснување,а науката за да има објаснување треба да има опипливи докази или пак дали може науката да го опише,објасни влијането на луѓето кон/врз другите? Науката има многу работи за кои нема објаснување.
Гордана10 Точно е дека се прават многу истражувања за паранормалните појави..Тука не навлегувам, освен што сакам да потенцирам дека во науката кога нешто треба да се докаже- најпрво се врши набљудување на појавата, се дава детален опис на тоа што е установено, па следат експериментирања, после тоа се поставува хипотеза(претпоставка), која ако се поткрепи со релевантни докази....ееее тогаш имаме научно тврдење...Тоа веќе никој не може да го побие...Ќе следам до кај се ваквите истражувања за паранормалните појави и дополнително ќе пишувам за тоа А, за ова за душата, што викаш, потполно те разбрав...Само два поима ќе ти дефинирам: од поимот фенотип се подразбираат сите морфолошки, физиолошки и анатомски карактеристики на човекот, а генотипот е вкупниот збир на гени во ораганизмот(истите нели се составени од RNA и ДНА)...Всушност ти го чепна поимот наследување, односно пренесување на наследните својства од родителот на потомството(ама не се сите фенотипски својства на една индивидуа генетски наследени, добар дел од нив се стекнуваат во тек на животот..) Постојат рецесивни и доминантни гени(пр. ако темпераментот е наследна особина, ако кај детето генот за темперамент е доминантен , значи го наследил истиот темперамент од едниот родител... Исто така интелегенцијата и талентот се наследни ама ако не се надградуваат во тек на животот, нема да се манифестираат кај поединецот иако потенцијалот е присутен Ај, да не навлегувам во генетика многу Ама многуте особини како емотивноста, разни карактерни црти, начин на однесување, реагирање во дадени ситуации, тие се стекнуваат во текот на животот, а како главни фактори тука се домашното воспитување, социјалната средина во која единката живее, образованието, друштвото итн.
Мене незнам зошто ама секогаш на полна месечина ми се случува ова. Моите чисто кафени очи стануваат црни црни па дури и зеницата не се гледа каде е. Тоа се случува само на полна месечина. Сите ми велат дека било случајност...дека е од светлото но веќе повеќе пати имам забележано.
Еве ке ви раскажам една случка за која што ми има кажувано една моја другарка. Значи се работи за нејзин втор братучед. Дечкото е таксист и секојденвно зема и носи патници за Дојран. Пред не знам точно колку време, еднаш вечерта требал да иде да земе патници од Дојран. На враќање, некаде на сред пат, виделе едно девојче како стои со некое куче, и човекот почнал да ја прашува што прави на вакво место и нормално се понудил да ја превезе а девојчето стоело со наведната глава и само му давала одбивни знаци со рацете. Дечкото осетил дека нешто не е во ред и тргнал со колата но кога се свртел назад девојчето веке го немало таму .. а на тоа место пред мноогу години на тој ден автобус прегазил девојче со нејзиното куче . Уфф.. се наежив додека го пишувам ова.
од старт ќе се изјаснам дека не верувам баш во вампири, духови, чуда и врагови, но пред некој месец ми се случи работа која неможев да ја опишам... оние `мори` што често се случуваат во спиење, кога си `буден` а телото е парализирано... се разбудив пред разденување, пред мојот кревет има голем прозор...Ги отворив очите, во собата темно, а над мене гледам темна силуета како ме гледа со голем нож во рака Чувството дека ме гледа беше запрепастувачко иако неможев да и го видам ликот. Позади неа го гледам прозорот од мојата соба, надвор уште темно. Ужас! Се обидов да станам, телото не мрда...Устата не се отвара, неможам глас да испуштам...Ужас!!! Само гледам како билка, и чекам... за најголема среќа на кревет се качи моето куче во тој момент...и бидејки е голем лабрадор, го здрма цел кревет, јас срипав и почнав да вриштам. На прозорот гледам, истиот амбиент како кога `тоа` беше тука. Темно, пред разденување, завесата на едниот крај врзана на другиот не... Барав долго време објаснувања за овој феномен, што не само мене ми се случено... го најдов ова-- http://www.znanost.com/clanak/zapitajte ... z0v9TEgblX
Леле кога го прочитав ова целата се наежив,имам поминато и јас низ ова.Често пати ми се случува.Значи само што ке си легнам и ќе ги затворам очите поминувам низ ова да речам парализа на телото,ми се има случено најмалку 5 пати до сега.Необјасниво е! Неколу пати гледав црна фигура,еднаш дури како лежи на креветот што е до мене,а еднаш се видов самате себе како работам нешто,исто како полу сон,само што се е релано,а јас неможам ни да се поместам ниту да повикам помош,страшно е.Сето ова си го објаснував како многу долги ноќи поминати над книга и многу неспреспиени ноќи и секогаш кога ќе ми се случеше оваа претежно спиев сама во соба,но кога ми се случи една вечер додека спиев со дечко ми,незам што да кажам.Сепак го објаснувам како стресна состојба на телото,поради тоа што поминувам низ еден не баш лесен период од животот. Инаку не верубам многу во вакви работи,иако се прашувам,дали ако накој е искрен како што сум јас и поминал низ нешто слично во животот треба да му се верува,јас мисалм да треба да им се верува на сите.Мегутоа кое е обајснувањето на сето тоа,незнам а не ниту верувам во нешто.Ваквите работи се нешто над природно,што не е докашано дека постои,а од друга страна науката неможе цврсто да ги побие фактите дека не е можно вакво нешто да постои.Сепак верувам дека нешто има,тоа нешто постои и тогаш кога ке можам цврсто да верувам во било што ке можам да кажам,да тоа е тоа што се случува.
Многу сакам да читам вакви случки.Но претходниот пат кога читав, а тоа беше пред 2/3 месеци, 2 месеци и сеуште ме фаќа страв кога ќе си легнам да спијам