Делот со „Погрешно се разбираме.“ не беше потполно наменет за тебе. Во ред. Не се само тие, но доколку телевизорот се гаси, би требало да биде проследен (не мора во ист момент, ниту пак во ист ден) со нешто од тие работи за да заклучиме дека МОЖЕБИ се работи со таква активност. Објаснување за сите работи кои се набројани и нема сосема солидно или логично. Но не значи дека не постојат. За делот со тоа дали (како што разбрав) јас сум искусила нешто такво се оградив уште на почеток, но само можам да ти одговорам потврдно. Можеби претходно верував но никогаш целосно, се до одреден момент. И не велам дека секој верува во тоа. Секој избира да верурува во нешто. И не значи дека и тие што се разбираат потполно во тие работи не прават исклучоци бидејќи постои уште еден фактор - болестите со умот. Разумот и мозокот се многу извртени нешта кои даваат различна перцепција за многу работи. Затоа се прави анализа за одвојување на тие „необјасниви“ случки дали се случуваат навистина или се резултат на рекцијата на умот. Едитов е за она горното „во ред“. Да го читав јас од друг во состојбата во која сум (преморена) и покрај тоа што нема прашалник ќе си сфатев дека ми вреска на уво. Затоа да напоменам дека мислам во стил: во ред, биднало..
Знам, само кога ќе се доживее тоа, не делува баш така, дека е до умот, со оглед на тоа дека истите опстојуваат надвор од телото.Тоа е она што прави разлика помеѓу тие две нешта кои ги кажа.Тука не станува збор за дали некој верува или не верува во овие работи, туку во самото доживување.Инаку човек може да не верува, доколку не доживеал вакво нешто.
Пишувам за од страна на оние кои ја читаат/слушаат приказната. И на позавачите на овие доктрини понекогаш им се јавувааат дилеми. Јас/ти/било - кој, знаеме дека се случило, но мора да знаеме како да пристапиме со соговорникот кој понатаму ќе се обиде да помогне, а за да го направи тоа мора да одвои неисправна инсталација, разум од она како што милувате да го наречете - паранормално. Сум била во ситуации кога јас треба да објаснувам, но подоцна и кога мене ми објаснувале. И верувајте, бидејќи знам што би можело да биде (или не), прво се обидувам да ги отфрлам сите можни други опции за конечно да се посветам кон (на некој начин) отстранување на она „паранормалното“. Затоа и велам да се провери се' пред да се примени таков пристап. Затоа и пишувам да се биде без паника се додека не се случи уште нешто што навистина би било со сигурност показател дека нешто нестандардно се случува.
Затоа реков, ако не се доживее, сосем јасно дека човек не би верувал.Инаку, општо познато е дека таквите необјасниви случки се наречени паранормални активности.А индивидуално е дали ќе верува човек дали навистина се случуваат или не, не може со сигурност да се тврди дека е до умот на човекот.Многу други нешта се надоврзуваат на ова, имав кажано и порано, кои од една страна говорат сосем спротивно од тоа дека се е до умот на човекот.А доколку се интересира за оваа тематика, единствено само може да се увери во разните констатации во врска со истата.На него останува изборот.Инаку за овие работи и нема место за паника, нема зошто.
Мене само ова не ми е јасно. Како духовите можат да носат облека? Погоре имаше спомнато некои случки со дух со палто, со фустан се појавувал.. (не дека не ви верувам, само не ми е јасно). Пример како духот може да носи фустан, кога духот е енергија, нели не можиме да го доприме?! А фустанот е материјал?! ...
^ Зошто толку буквално ги сфаќате работите? Сакав да ти напишам дека ако ги видиме нареден пат, ќе ги прашаме, ама нема смисла. На крај, не сме ние духовите за да знаеме до толку. Си има цели тимови и тимови на научници што ги испитувале овие појави, тие не дошле до решение или објаснување, не пак ние. Мислиш на тоа дека ако тој не доживее една, нема да верува на друг за некоја друга случка или доколку тој не ја доживее истата, не може да верува? Бидејќи напишав дека и јас понекогаш сум во дилема дали човек зборува навистина, си измислува или умот му ги „мати водите“.
Мислам на тоа дека ако човек не доживее некоја случка, нема да им верува на другите.Доколку доживее, ќе им верува и нема да мисли дека умот му/им ги “ мати водите“.Како може човек кога ќе доживее таква случка да мисли дека не се случила, туку дека умот му ги „ мати водите“? Затоа велам, дека ако човек доживеал, нема да има објаснувања за овие работи.Незнам зошто си во дилема, кога рече дека ти се случило некоја паранормална активност.Не може кога човек ќе слушне тропање во празна просторија, каде знае дека тоа што го слушнал не било предизвикано од нешто сосем друго, логично и нормално за да се случи, да си помисли дека тоа му е само до умот.Од тоа и те како ќе го фати човек страв.И зарем после би помислил, демек другите лажат, измислуваат? Реков језиво е и страшно, не зборам дека јас се плашам, туку дека е така.Па и не е само тропање, еве човек ако слушне шушкање и тоа премногу јасно, како некој да гужва хартија, а нема никој и тоа само на чекор до него, ќе си рече дека не слушнал? Не, ниту ќе си помисли дека му е до умот, а ниту ќе помисли дека други измислуваат.Кога човек не доживеал нешто, нека не вели со сигурност дека другите лажат, измислуваат, а и не ни треба да помисли дека умот им ги “ мати водите“.Во спротивно, ако мисли, грешката е негова, не на тој што доживеал.Бидејки веројатно е нешто што никој човек не би сакал да го доживее.А ете се случува, скоро секому, според она што читам/слушам.
Не мислев на тебе. И никаде не сум те спомнала тебе. Не знам зошто така помисли... Туку си имав искуство со 2 личности (кои испадна дека бараат внимание) да раскажуваат секакви работи. На прв поглед се заинтересирав и ги заслушав но кога завршија со приказните се посомневав. На крај и беше и јасно зошто се посомневав. Со ова е очигледно дека ја сум повикана. Никаде не сум напишала дека е со сигурност! Никогаш не може да се биде сигурен со тие појави. Добро знам што ми се има случувано за да знам дека не е нормална појава. Но ги знам и реакциите од сите оние на кои сум кажала некои работи како тест за тоа дали веруваат или не. Од таму и секогаш сум претпазлива кому и што ќе кажам.
Не помислив дека си кажала за мене, ниту пак јас те спомнав тебе, ниту реков дека си напишала со сигурност.Само се надоврзав на она кое го кажа.Ниту пак повикав некого.Се што мислам, кажувам. Секако дека човек не може да биде сигурен со тие појави, добро е барем што се истражуваат овие работи, кои и не се нешто што би требало човек да ги игнорира.Мислам општо.Посебно тоа се објаснува со она што се случува кога човек ќе умре, тие неколку дена после смртта, дополнително ги потврдуваат паранормалните активности, а која е причината ако се случуваат подоцна, незнам.Иако има и разни толкувања за истите од духовен аспект, а дали тие токму точното објаснување го даваат, незнам, не можам да кажам.
Моја грешка тогаш. Лошо сум си сфатила. Од одамна можат да се дознаат многу работи но доколку навистина некој се посвети кон тие доктрини и изучувања. Не може од читкања по некоја книга и читање што треба и не треба да се дознае околу тоа. И за тоа е потребно време. Исто како кога сакаме да затегнеме мускул - не може без напорна работа и ПРАВИЛНИ вежби. И повеќето од дознаеното се чува во тајност за да не настане хаос. Сами гледаме дека при мало шушкање скокаме, а не пак да ни се објасни зошто е тоа така. Но откако сами ќе разработиме некои работи, ќе сфатиме колку се сериозни тие работи. А секако и дека секој не би требало да ги знае тие работи. Како и да е, пак ќе напоменам дека ПРАВИЛНИТЕ вежби се клучни бидејќи без правилен пристап може да доведе до аномалија и гоолем проблем. Понекогаш треба да се игнорира но доколку се со мал интензитет бидејќи доколку им се обрќа внимание, тие чувствуваат дека некој им обрнува внимание и бидејќи сакаат да стапат во контакт, се повеќе се обидуваат да допрат до нас. Веќе доколку и покрај игнорирањето се работи за појави со голем интензитет, треба да се почне кон барање на соодветно отстранување.
Не е поентата на темата само да се пишува, тука сме и да продискутираме за тие случки, а не само да се набројуваат
Како што гледам ова веќе не е дискутација туку препукување...Зато извини ми ако излегов од контексот на моменталната состојба на темата,слободно продолжете си...
Пред два дена додека спиев почувствував како се тресе и лула креветот истовремено. Како да стоеше некој зад мене, бидејки почувствував нечие несекојдневно присуство. Пробав да се движам, не можев. Но, во истиот момент ми текна дека се работи за парализа во сон и решив да оставам да помине. Арно ама во тој момент се случи нешто чудно. Не знам дали заспав или сеуште бев будна ама се сеќавам дека наеднаш чув силен звук и успеав да се завртам, а столот кој ми стои под бирото беше превртен наземи. Во тој момент си помислив ,,чекај малку, ова дефинитивно не е парализа во сон'' и со сета сила го откочив сето тело со сите маки и срипав од креветот. Цело тело ме болеше. Секој мускул, секоја коска. Како да сум доживеала некоја сообраќајна несреќа. Отидов кај мајка ми во дневната и почнав да плачам и да и се жалам дека има духови. Кога се разбудив, телото сеуште ме болеше. Погледнав кон столот, си беше на место, а телевизорот исклучен. Упеав некако да го вклучам и продолжив со спиење. Утредента не ме болеше ништо. Ја прашав мајка ми дали се случило нешто од тоа, и нормално ме гледаше бледо. Е сега, ајде да речеме дека било парализа во сон, но не е. Бидејки да беше нема да сум можела да се завртам воопшто, па потоа повторно да се укочам. Било само сон, кој според мене беше крајно реален, вивиден на некој начин. Иако не е нешто паранормално јас решив да го споделам на форумот.
http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... t&id=39018 Причитајте,се зачудив,не ми изгледа веројатно.
Мене ми се има случено во сон да знам дека сонувам, и онака опуштено ги правам сите можни глупости, ама неможам да се разбудам..... никако ... и како во филм да сум, правам се што е неможно, знам дека спијам (не дремам), ама очиве да ги отворам никако, тоа ми се дешаваше пред 2-3години, и повејќе пати ми се имаше случено.
Ами ај сега ќе пишуваме глупости.Еве ако ви е интересно,ќе ви смислам веднаш една приказна.Вчера кога спиев,почна нешто да ме дави,кога се разбудив,гледам маж,црн човек со машко лице,во рака носеше секира со која сакаше да ме убие,ама за малку мајка ми се разбуди како да почуствува нешто и се стрча во мојата соба и го избрка човекот.Ете така јас останав жива,ама за малку ќе умрев.Пффф,глупости.Кога нема што да се пишува подобро нека не се пишува,а не само да се трескаат глупости и да ги плашиме помалите на форумов и тие со послабо срце.А вие пишувате ко по порачка,ај смислете нешто,еве ви,ако ви е од корист.
Eпа зашто темава замре накако,еве малку да ја опоравам.Ова е од друг форум,читнете малку,копирав за тие што не душкаат по други форуми(као мене) да им стане поинтересна,а за тие другите,знам веќе имате прочитано. ___________________________________________________________________________________________ Јас ќе ви кажам две случки, едната му се случуваше подолго време на другар мој, а на другата заедно со другар бевме сведоци... Мислам дека нема кој не ја знае куќата на стравот на средно водно...епа бевме со другар на Водно, и се задржавме подолго него ли што очекувавме, додека се враќавме по козји патеки се стемни...стигнавме кај куќата на стравот, надвор прст пред око не се гледа, од дворот на куќата на стравот доаѓа светлина...гледаме натака, што да видиме, силуета на ќелаво, згрбавено старче кое стои во дворот на куќата. Само што го здогледавме, почна премногу силен ветер да дува, класично невреме фати, како самата планина да те брка, да ти дава знак дека си непожелен...како грешни ѓаволи бегавме од Водно надоле, бидејќи таква језа во живот не немаше фатено... Втората случка му се случи на мој добар другар...долги години он живееше во Карпош, кај пазарчето, во стан под кирија. Дечкото се враќаше во 3 саат вечерта накај дома, од град и одеше по една уличка по која редовно си крати кога иде накај дома...само што влегува во уличката сите улични сијалици во ист момент престануваат да светат...како он проаѓа покрај секоја сијалица, така секоја се пали...додека оди така по улицата, се врти назат и гледа силуета како прелетува од едната на другата страна на улицата...нормално, како и секој човек што не верувал во такви работи, не смета дека е вистина тоа што го видел, смета дека му се причинило...само што го врти грбот за да си продолжи накај дома, истата силуета прелетува пред него во спротивен правец...со трчање стига дома и откако се смирил си легнал. Наеднаш, во ниедно време, околу 5 часот ненадејно се буди, гледа во собата силуета на човек како брои пари...силуетата на човекот му рекла на другар ми:„ Не ми обрнувај внимание мене, јас само да ги добројам парите и отидов за Словенија“. Другар ми, малце го фатило језа, ама нема везе, пак мислел дека му се чини...им кажал на неговите, кои нормално не му верувале, се додека наредната вечер и самите они не ја виделе силуетата на човекот, кој потполно истите зборови им ги кажал:„ Не ми обрнувај внимание мене, јас само да ги добројам парите и отидов за Словенија“. Откако се случило ова, другар ми и неговите отишле и се и раскажале на газдарицата на станот, која им кажала да не се плашат, дека тоа бил нејзиниот покоен маж, кој требал да оди за Словенија, но го удрил воз и загинал...исто така им кажала дека мажот и на неа и се појавил само еднаш, и и ветил дека повторно ќе се врати, но го немало се додека не им се појавил на другар ми и неговите...им кажала доколку повторно им се појави, да му кажат да дојде кај нејзе, и да не се плашат бидејќи неговото појавување пред нив значело среќа...Ова ме расплака,не навистина.