И јас го читав,и други прочитав пребаруваќи,ама кога си изморен,нема на што друго да мислиш освен да спиеш.
Ми викаат чудна сум, глупава, језиво се чувствуваат до мене...Немам многу пријателки, а оние што ги имам почнаа да ме избегнуваат откако им доверив една тајна. Бев помала, некаде околу 4 или 5 години.Сама бев во нашата поранешна куќа затоа што мајка ми беше да купи леб а татко ми на работа.Јас останав да гледам цртани точно ми остана во сеќавање гледав Скуби Ду.Не слушнав ниту чекори, гласови, камчиња да летаат по мене и такви глупости.Наеднаш на телевизорот се појави една мува.Станав да ја избркам и мислам ја бркав по цела соба.Погледнав назад, но сеуште немаше ништо.Имав едно чувство како некој да ме нагледува и како енергија, негативна енергија ми се приближува.Не е нешто што можеш да го допреш, само можеш да го почувствуваш.Мислите дека сум чудак, луда личност и нешто слично.Чувствував како е до мене, можев дури и да ја видам маглата.Стана ладно а беше лето и нашата куќа беше најтоплата од цело соседство.Потоа ми се приспа, но ги задржив очите отворени.Седнав доле и како хипнотизирана гледав цртани.Очите ми беа широко отворени и не можев да трепнам, па затоа почнаа да ми солзат очите.Кога дојде мајка ми помисли дека плачам.Јас затоа што ми беше страв, бидејќи сеуште можев да ја почувствувам негативноста...И кажав на мајка ми дека ми беше страв што си отишла.Ме крена и се намршти.Ме праша дали е се во ред, дали се случи нешто кога заминала и ја од страв и реков не.Потоа ме гушна и ме однесе во спалната соба и телефонираше надвор во ходникот.Не можев ништо да слушнам бидејќи зборуваше тивко.После едно 15 минути дојде татко ми со една баба.Ја препознав, таа беше во селото близу нашата куќа.Дојде до кај мене и почна да мрмори, да ми става сол на челото и нозете.Ставаше сол во форма на крст, а потоа зема вода и ми ја исплакна косата, не многу само стави, така, по малку.Следното што се сеќавам е дека заспав во прегратките на мајка ми. Ама ова не беше најчудното Се враќав од школо.Имав 13 години и беше четврток.Немаше никој до мене бидејќи другарка ми требаше да си оди порано за на гости.Бев сама и беше ладно.Пред мене излезе еден човек.Одеше забрзувајќи го одот кон мене.Многу се исплашив, но негативната сила повторно ја почувствував.Човекот беше еден метар пред мене, и го извади ножот.Но го пушти и погледна над мене.Имаше страв во лицето.Се сврте и почна да бега.Јас исто така погледнав нагоре, но, немаше ништо. Ова им го раскажав на другарките пред некој ден, а тие со неверување се изнасмеаа.На мајка ми или татко ми никогаш не им кажав.Се надевам дека ќе ме разберете.Барем дел од вас.
Уживај, јас ти верувам оти и јас сум доживеала вакви необјасниви случки. Спојлер ете тука имам напишано drugata-nauka/neobjasnivi-slucki-t550/510.html#p1252861 Ако во иднина имаш ваков проблем (пу пу скрајадае) најдобро ќе биде да кажеш на твоите. Тие најдобро можат да те сфатат никој нема да те прави луда. Поздрав
Целосно ти верувам,и јас имам слушано тоа за солта на коса што се става,бла,бла,бла,старски работи.Ама може има врска.А антачбл,не ме сфаќај погрешно,значи братучед ми мој,што ми седи на компјутер секој 2ден,и што е кај нас дома секој втор ден,иако има триесет години,можам да очекувам вакво нешто,мислам има луѓе за зафрканција ќе ти направат нешто вакво,без да размислат за последиците(знам несакаќи да те испалши).Така да може се шегувал ама не сакал да ти каже.
Не, брат ми дојде после мене. Кога јас го зедов јогуртот и го оставив на маса внатре беше паднато лабелото. Нема шанси тој да го клал.
Мене во целата оваа случка, необјасниво ми е како се сеќаваш сеуште толку детално на се а си имала само 4-5 години.Не велам дека лажеш туку има можност на тие години да ти се причинило само или си сонувала нешто па се ти се испомешано и мислиш дека навистина ти се случило. Зашто на 4 години да осеќаш туѓа енергија и да си свесен за тоа...незнам ама чудно ми е малце.
Ако ти е чудно на човек, тогаш би ти било чудно и на мачки. Тие не се како човекот да се свесни за се' околу нив, но сепак чудно се однесуваат во присуство на таква енергија. А доколку се случило такво нешто, тоа не се заборава. И може не била свесна токму тогаш, но почнала да разбира покасно за тоа што и се случило кога била помала.
Мајна,ќе се согласам со омниа,јас се сеќавам убаво и од 3-4 години на некои игри,на некои моменти,па за ваква случка,да не збориме воопшто.И да,и бебе од само неколку месеци,може да почуствува некаква енергија,секако ќе почне да плаче,ќе се чуствува чудно,ќе биде вознемирено и сл.
Анабела мој совет ти е прво да си исфрлиш од главата дека си личност која зрачи со негативна енергија и ѓи одбива другите од себе. Тоа ти е многу погрешна тактика. Проблемот е во тебе, бидејки мора да ја смениш таа слика во својата глава бидејки ако не го сториш тоа што поскоро, голема е веројатноста никогаш да не најдеш добри пријатели. Втора работа е да внимаваш кому му доверуваш вакви настани бидејки ете гледаш, секој не верува и утре може тоа да го искористи против тебе. А тоа е нешто интимно кое треба да го зачуваш за себе или во краен случај да го споделиш вака анонимно како на форумов. Друга работа, е дека не си единствена. Никој не е одбран, посебен и со натприродна моќ на овој свет. Верувај ми. Интелегенцијата или темпераментот не се клучни фактори при случување на паранормалното. Секој од нас има интуиција. Некој повеќе, некој помалку. Тоа е еден вид дар кој го има секој од нас, меѓутоа треба да го развие и да се осознае. Јас сум една од оние како тебе, ако те теши тоа. Но, сепак ако навистина длабоко во себе веруваш и покрај се дека во тебе има нешто негативно тогаш фокусирај се кон доброто. Визуелизирај ја природата, сакај ја. Оди почесто на високи разеленети места. Сега е пролет, околностите ќе ти го овозможат тоа. Верувај ми дека сликата за себе за краток временски период комплетно ќе ја промениш бидејки истата од природата ќе биде канализирана во една многу блага и поинаква светла форма така да нема да има причина за се сожалуваш или обвинуваш себе си за нешто кое реално не е твоја вина. Тоа ти е мојот совет. Голем поздрав и остани насмеана, бидејки насмевката е основниот патоказ кон среќата.
Убаво си кажа, се сеќаваш на некоја игра или момент, ама на цела случка да се сеќаваш е чудно. Прво чудно е што е свесна дека на 4 години и се случило тоа, и ја се сеќавам на некои моменти од детството ама не ми текнува колку години сум имала, може 4-5-6 којзнае. Девојчево се сеќава дека била хипнотизирана, бркала мува по цела соба, чувствувала нечие туѓо присуство и гледала магла. Таа во тие моменти не ни знаела што значи да чувствуваш туѓа енергија, обично децата се плашат кога ќе останат сами, па затоа таа се исплашила нешто, можеби сонувала и некој сон и како растела си ги поврзувала тие работи и сега мисли дека навистина и се случило. Мое мислење!
Епа вака Многу често ми се случува кога сум полузаспана да си мислам дека пагам од карпи, дека некој ме гуши, дека некој ме удира со тупаници и знам дека го сонувам ама неможам никако да се помрднам да викнам по моите а свесна сум за ситуацијата и последните неколку пати кога ми се има случено си викам ‘знам дека е само сон ке помине, морам да се разбудам‘ и така упорна и едвај ја мрдам раката се будам и после нема спиење додека не стане некој од спање Е ова го имам слушнато од комшика детенцето тогаш и беше околу 2-3 месеца и таа го оставила да спие ама само што го ставила во креветчето и тргнала накај креветот да одмори и таа малце како да слушнала бебешки плач ама не идел од креветчето на бебето туку од отворениот прозорецот и мислела дека тоа е така бидејки на многу девојки откако станале мајки со прво дете им се има случето и не обрнала многу внимание, после неколку минути пак слушнала плач отишла до бебето стоела до него не било тоа а плачот се слушал, не обратила внимание. Утревечерта истото време пак истото го слушала плачот но не било од нејзиното бебенце и кажала на мажот и утредента отишле во црква и попот има кажал дека некоја вечер додека гаволот шетал на земјата бебето има заплачено и затоа тој одел таму секоја вечер ( демек одел каде има мали деца) им дал вода за да попрскаат по куката и оттогаш ништо....
До сега за се нешто што ми се случувало, по извесно време ќе си речев...ма не има причина и ќе најдев некој одговор. Ама после тоа вчера што ми се деси, дефинитивно немам одговор. Во купатило седев и си ги средував петите...одеднаш ме ѕвекна четката за коса и се најде во мојот скут. Ама, како и да свртиш, не е можно да падне директно врз мене, единствено во лавабото можела да падне.
Valerin, девојката никаде не напиша дека таа самата се смета за личност со негативна енергија! И даваш погрешен и оттука и непотребен совет. Од тоа што прочитав, ти си го претпостави тоа. manja666, воопшто не е чудно. Некој не се сеќава ниту што појадувал пред 2-3 часа. Според тоа, има и такви кои се сеќаваат на секој детал од нивниот живот. Ако ти кажам дека се сеќавам на се' што ми се има случено, како и кој временски период, можеби нема да ми поверуваш, но така е.
3 пати ми се случува ова.....значи си легнувам, правам телевизорот сам да се исклучи по 60 минути, се будам да речеме по 2-3 саати и гледам телевизорот вклучен, а бидејќи студирам во друг град и сама живеам не може друг да го вклучи и навистина не ми е јасно што се случува.......го имам проверено потоа си работи т.е. се исклучува точно како што е наместен, а несвесно не верувам дека е толку да не се сеќавам дека сум се разбудила и сум го вклучила
Да ви раскажам и јас една случка која до ден денес неможам да си ја објаснам. Вака, беше зима..јас и баба ми си седевме во дневната соба во која имаме еден кревет, маса, фотелја и телевизор ... А над фотелјата имаме една слика со некои дрвја и езеро на неа ... знам дека гледавме некоја серија и наеднаш сликата која стоеше над фотелјата падна јас се извадив од памет за малку ке ја погодеше баба ми .... стнавме баба ми ја запали ламбата и двете зачудени погледна во ѕидот и клинчеко на кое беше закачена сликата стоеше а и жичката на рамката за та да се закачи не беше скршена ... едноставно како некој да ја бутна од ѕидот толку бев преплашена што еден период не влегував во таа соба