Превземено од друг форум. Тринаесет годишно момче беше претепано од дух во неговиот семеен дом. Загрижената мајка повика свештеник откако момчето било влечено по подот од дневната соба и принудено да биде исфрлено од куќата. Beverley Wilkins, самохраната мајка на нападнатиот Daniel изјави дека била премногу исплашена и збунета од тоа што се случило па веднаш решила да се обрати во црквата за помош. Според свештеникот, станува збор за сениште или пак напуштена душа "дибук". "Daniel седел во дневната соба на троседот и слушал музика, наеднаш почуствувал како некој го грабнал одпозади и го подигнал" изјави 36 годишната Beverley. "Ги слушнав неговите чекори по подот, а потоа некој почна да врши притисок врз него кон вратата од дневната соба." "Тој рече дека предната врата беше широко отворена и силата која го влечела се обидувала да го исфрли надвор" "Daniel не видел ништо но според звукот на дишењето тој смета дека бил маж". Кога го гледав паранормал активити,најмногу се плашев од ова.
може на грешка тема ке пишувам али ако некој знае што е ова нека ми пише значи ми се случува неколку пати во краток период само што ке се успијам завлечувам и наеднаш ке осетам некој глас или звончето или пак последно како да падна нешто од таванот ми звучеше како некоја змија да падна и плесна на подот
Ова ми се има случено многу пати после полноќ. Како што спијам одеднаш осеќам како нешто го мрда креветот, целиот кревет се треси и е ептен реално. Јас се будам и уште е така, доколку се завртам ќе престане. Инаку ми се има случено и да сум во полу сон и повторно тоа тресењето. Малку мизерно ми беше... страв ми е сега.
И мене ми се има нешто слично случено. Само што мене ми се гледаше розева светлина. Има ли некаква врска бојата, што знам !? Каде и да погледнев го имаше тоа кругче од светлина.
Тоа со светлините. Да не сте гледале премногу во некаква светлина, па да ви се појавува насекаде?! Или, можеби нешто друго е во прашање. Чудно. Спојлер Иначе последниве денови нешто ми е чудно во собата кај што спијам, не можам никако да заспијам како присуства да чуствувам се потам како некој да ме притиска . Не можам де никако се вртам ко прасе ретардирано не можам да заспијам, најискрено и цело време некои шумолења и издишки слушам. Ќе полудам јас некоја вечер -.- Ми се имаат случувано вакви работи разлистајте ќе видите, не е ретка појава да ми се случува да гледам сенки или да слушам гласови. Пред една недела ми се деси да останам сама дома и си ја викнав другарка ми на муабет, кафе ова она и ми се сооди до веце -ќе одам јас до веце и’ реков. Абе вратата неќе да се отвори, неќе па неќе се напнавме двете да туркаме да тргаме никако не се отвараше. А никој немаше знам дека бев сама -.- абе едвај се отвори го викнавме комшијана ја лупна посилно и се отвори После страв ми беше да влезам да не ме затвори некој -.- Иначе кај што живеам во населбава има една куќа (тука жената си го убила мажот го исекла на парчиња и го фрлила , па сега се лечи по психијатриине, Бог знае каде е) се договоривме со другаркиве да одиме да видиме што има. И ајде сите три скокаме преку ограда и одиме сакавме да отвориме ама заклучено беше и наеднаш во дворот слушнавме шумолења нешто како чекори повеќе Се погледнавме и фативме да се дереме ко луди да бегаме ми се искинаа фармерките додека прескакав преку ограда Сега страв ми е да поминам а морам од тука да поминувам кога си одам за дома навечер. Нема да се опаметам јас никогаш. П.С: Ако сакате добар хорор филм еве ви базиран според вистински настани. http://www.youtube.com/watch?v=pG5pylccxuI
Не е случка,повеќе е сторија за гробиштата ,,Јунион,, Овие гробишта се наоѓаат во Истон, Конектикат и не само што се смета дека се најопседнатите гробишта во државата, туку и воопшто во САД. Најпознатиот дух таму е т.н. Бела Дама. Духот бил фотографиран многу пати, а дури бил снимен и на видео запис. Има долга црна коса и носи шапка и ноќна наметка. Често се појавува на патот 59 а понекогаш и на патот 111 кадешто често бива „прегазена“ од возилата. Во една прилика во 1993 година еден пожарникар возел по патот кога наеднаш удрил во жена – тој слушнал удар и на возилото останала вдлабнатина. Кога пред неговиот автомобил се појавила жената, одеднаш на седиштето крај себе тој забележал и фармер со сламен шешир . Гробиштата ноќе се заклучени и полицијата таму редовно патролира. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... qgHhoAMeKw
Не знам какво значење имаат боите. Но, затоа имам чуено дека со влегување во 2013 фактички полека се приклучуваме кон 5-тата димензија и можно е кај секој од нас да се случат некакви промени. Најчесто промените кои ќе настапат ќе бидат базирани врз основа на ,,паранормалното'' Можно е гледањето на разно разни фигури и различни бои (случајот како мене и тебе Сара), слушање гласови, чекори, и чувствување ничие присуство, иако нема никој до нас. И тоа е само процес, предводен од низата настани кои ќе го означат влегувањето во новата ера. На луѓето автоматски ќе им се изострат сетилата, а соништата ќе им станат повивидни и ќе носат силни сублиминални пораки. Затоа немојте да се чудите ако во последно време оваа тема станува се поактивна и поактивна, бидејки покрај останатото во очекување се промени и во животите на луѓето... Пр. промена на работното место, како и местото на живеење, раѓање на здрави мутанти, и сл. настани кои постепено ќе го менуваат нашиот животен колосек. Ова го дознав од емистијата ко смо. [url=http://www.youtube.com/watch?v=B_BnBmS-5x4]http://www.youtube.com/watch?v=B_BnBmS-5x4[/url]
Влеговме според некои во 5-та димензија и ерата на Водолијата. И тоа наводно од 21 декември 2012. Истото ми се случува како и вас двете, само јас плус и на ѕид гледам ми шетка нешто, има екстремно ладни точки и екстремно топли точки во станот, значи зборувам не поголеми од пола метар. За боите знам дека е енергијата или аурата на ентитетот. И не е ништо страшно се додека не видиш црно. Е па, црното ти е или демон или пак нешто лошо И некогаш според бојата таква порака сака да ти пренеси (пр. црвено е за повеќе внатрешна енергија, агресивност)
Psyhic, не сум сигурна дали е така околу бојата на ентитетот. Бидејки сепак тоа се суштества кои доаѓаат од другата страна, па затоа јас мислам дека тие немаат аура. Па, мислам дека овде станува збор за некаква енергија во космосот која има поинаква форма за разлика од она што досега го имаме видено. Кога сме веќе тука, и кога спомена црн ентитет да си раскажам за искуството кое неодамна ми се случи... Пред неколку дена постојано ми трепереше левото око онака без причина. И досега не сум обрнала внимание на ова, познавајки се себе си како еманципирана девојка која нема суеверни сфаќања. Меѓутоа сега кога подобро ќе размислам можеби и имало причина..А еве и зошто: Значи една вечер лежев во мојата соба, а беше некаде околу 8 часот, наеднаш ми дојде мачорот на кревет и почна онака од ништо да ме гризе, гребе, да трча како да беше некако исплашен. Јас забележав но, не обрнав многу внимание на тоа, се до моментот додека не почнав да си играм со него со едно хартиено замотано ленирче и наеднаш како што бев свртена спроти него, во неговите зеници забележав долги црни правоаголници кои од другата страна на ѕидот (каде гледаше тој), се движат нагоре и надолу. Се преплашив. Станав и се тргнав, додека мачорот си стоеше некое време на истото место смирен. И ајде, мислев дека ми се причинило, а башка беше време за легнување, па моите се лутат ако седи подолго време дома, ми рекоа да му дадам некое парче храна за да го изнесам надвор. Така и направив. Отидов во кујната, зедов едно парче колбас и таман да го изнесам надвор парчето, т.е. да го фрлам, одненадеж кога мјаукна мачево, ми се лизна од рака, скокна до таванот без притоа да ја помрднам раката и падна наземи па мачоров си го изеде. Мене повторно ми падна чудно, ама ни на крај памет не ми беше мене дека е нешто опасно и не обрнав внимание. За другиот ден кога се враќав од кај другар ми да го најдам како лежи згазен сред улица. Е тука веќе цел филм ми се врати назад, и сфатив што всушност била работата, и понатаму веројатно претпоставувате што ми се случи.. Едвај се вратив дома, цела скршена од болка и се убив од плачење. Затоа, нема никогаш да си простам себе си што навреме не забележав. Тоа кутрото се обидувало да ми каже, и на некој начин да ме предупреди. Камо да имаше уста да зборува, од дома немаше веќе да го пуштам да излезе. И така дур сум жива ќе го носам на душа заради мојата немарливост. Требаше да знам! Башка тој мачор беше многу интелегентен и мил. Плус, рака во оган ставам дека вистински ме сакаше и не беше овде само од корист или бидејки сака храна. Постапките го докажуваа тоа. И еве 7 дена поминаа оттогаш и сеуште не можам да се смирам, плачам и си ѓи кубам косите неможејки да си простам себе си. Посакувам да бев јас на негово место, и искрено не знам како ќе живеам понатаму без него. Сега ми е се некако безврска. Особено кога ќе се враќам од излегување, нема кој да претрча и да ме пречека па да се истегне на вратата, подбутнувајки ја со шепите во обид да ја отвори. Ужасно ми е тешко на самата помисла, а еве и додека го пишував ова се вознемирив. Простете што избегав од темата, ама морав, немав каде бидејки никој не ме разбира.
Се наежив додека читав.....Многу ми е жал Ама ти не си крива...Едноставно судбина е.... Мене неколку пати ми се случило да гледам на ѕидот кругови розеви,жолти дури и црнии ...
Не знам девојка, но од тој ден па натаму се мразам себе си, и мразам тоа што можам да видам работи кои другите не можат бидејки тоа ме убива. Особено ради тоа што не можам да влијаам врз околностите. Тоа е најтрагичното. Мислам, која е поентата да може да видиш нешто лошо а да не можеш да го спречиш иако знаеш за што станува збор? Нема смисла, зарем не?
Valerin, многу и жал... Но, знај дека тоа што и да беше не ти сакаше убаво. Животните се како индикатори (знам по хрчакот мој што исто така си умре и не еден туку 3). Верувај тие како да не спасуваат. Да не беше хрчакот, а ми е жал да го гледам како пати, јас готоваќе бев одамна. или јас или некој од семејството. Поарно тој наместо ти. Мачорот само сакаше да те спаси...
Ако било така psyhic подобро да бев јас на негово место. Бидејки и онака не пронаоѓам нешто убаво во животот. Бар тоа беше срценце, душичка, заслужуваше да живее бидејки неговата душа беше чиста. Јас многупати имам кажано дека без размислување животот би го дала за најблиските, а тоа не беше исклучок од она што го реков. Животните се мојот живот бидејки тие нема никогаш да те повредат онака како што луѓето ќе го сторат тоа. Ах, жива ќе се изедам, го сакам назад!
Valerin не си ти крива, како би можела да знаеш. Многу жал ми падна, јас за животно срцето би го извадила. Јас сум плачела за сите мачки по ред што ми умреле, ама за то црното душичето не можам да си простам. Сабајлето Охрид заминав со другарки кога се вратив ми кажаа дека го отрул психопатон од комшија, додуша повеќе од пола тој ми ги сотре, да даде Бог за леб да умре. Абе се расплакав тука пред врата ко ненормална ме слушаше цело маало се збираше да види што ми е. Можда ако не заминев немаше да умре. По цел ден со мене си седеше и ептен беше мирно, повлечено, не пребираше што ќе му дадеш тоа, сакаше само до мене да си седи и да се милува. Ах тој проклет ден. Извинете за офтопик ама морав едноставно кога ќе се сетам ми иде да умрам од плачење. П.С: Од дома ме прогласија за лудачка. -.-
Тоа е untouchable. Се надевам дека се сега на сигурно и подобро место каде нема вакви клети створови да го загорчуваат нивниот живот. Патем да не заборавам, пред некој ден допрев прстен од еден дечко кој ми го даде, ми рече да го ставам и ме гледаше чудно, па голема е веројатноста прстенот да бил под дејство на магија. Плус, јас лично пред неколку дена со една другарка се глупиравме нешто како во стил палевме свеќа и го вртевме пентаграмот околу неа со шеќер и вода како некои ненормални. Па, и јас со кој памет? Never again. Очигледно кармата постои, а јас никогаш повеќе дури ни на шега не се плеткам со вакви работи, бидејки многу очигледно не знам какви консенквенции може да има. Страшно.