Можеби заспиваш преморена,си имала напорен ден или стресен период. Мене ми се случува кога ќе си легнам после напорен ден да имам некои такви случки за кои сонувам а ми граничат со реалноста и се штрекнувам буквално.
http://en.wikipedia.org/wiki/Paranoia http://en.wikipedia.org/wiki/Bipolar_disorder https://en.wikipedia.org/wiki/Schizophrenia Let's be rational.
Ај сеа мене просветлете ме. Кога ќе легнам да спијам,секогаш размислувам нешто,а некогаш ми се случува длабоко да навлезам во мислите,од една во друга,безвезни работи некои. Пример мислам дека си одам по улица,и гледам дупка,и незнам тука више што се дешава,се мрдам целата за демек да не паднам внатре,а уствари размислувам,или можеби сонувам. Ме разбравте нешто,или ?
леле бе ме исплашивте а иначе Valerin и psychic ај кажете ми нешто за тие моќи како да се добијат и слично и фала богу до сега не ми се случило вакво нешто
Леле да видите што ми се случи ЌЕ одевме околу 8 часот на стемнување со другарките на едно место кај што има водопад, инаку оддалечено е околу 1-2 км од селото на шетање.И сега одиме полека и наеднаш гледаме човек од околу 70 год и тој си одеше полека и една моја другарка вресна (пошто цело време зборевме за вампири, самовили и такви слични работи а и нашето село е мн познато по такви работи и црна магија) и тој човекот почна да трча накај нас и да ни свирка и ние назад трчавме колку што можевме побрзо и наеднаш се свртевме и го видовме како запали нешто и почна чад да се крева..ама ние си стигнавме среќно до селото, фала богу// Само се чудам зошто ли човекот почна така да трча по нас, леле значи 5 друагрки бевме и далеку посилни од еден 70 годишен старец (ако и воопшто бил човек , не ми изгледаше познато) Морници ме лазат додека пишувам уфф
како прво, не смееш да се плашиш за моќите велат дека сите можат да ги извежбаат. Но, сигурно нешто што е добиено сосила ќе биде далеку помалку моќно од она дадено ,,од мајка“. И оние со мала дарба секако учат побрзо од најобичните луѓе, но познавам и случаи каде и покрај толку мака ништо не се случило. Изгледа се откажаа пребрзо, никогаш нема да разберам Но, мој совет е што подалеку од паранормални работи, верувај ми од искуство, многу е поарно без нив
Со друарка ми имаме хоби, џогирање и речиси на крајот на патот има едно место на кое што лугето често одмараат. Како ѕитчиња така нешто и над него е заштитено со како плех. Па кога ќе седнеш таму обично нешто тропа ама ние си викаме инсектите се удираат во плехот. Неодамна кога седевме забележав гробови позади црквата што се наоѓа спроти местото. И кога почнавме да збориме за тоа нешто силно почна да удира. Ние избегавме нормално ама се на шега ни се чинеше. Пред 2 дена пак си седнавме да се одмориме. И онака си збориме и нешто пак тропа и ние „Ај инсекти се“ и одеднаш нешто силно удри како човечка рака. Јас реков „Па ова и не е баш инсект“ и избегавме на околу 10ина чекори. (Сеуште бевме близу) И јас ја прашав дали верува во духови и раа рече „Не“ и по 2 секунди пауза нешто сиилно удри од каде што станавме. Ние си ја фативме магла Јас брзо го ставив средниот прст врз домалиот и на двете раце се додека не се оддалечивме. Спојлер инаку тоа со прстите ми го кажа другарка ми, дека кога зборуваш за духови треба така да се направи за да не те слушнат или кога се случува нешто страшно како да те штити или така нешто важно ако пред спиење ми крца или тропа нешто така ќе ги направам прстите и така си спијам
Хм.. па еве ќе ви раскажам дел од многуте необјасниви случки кои ми се имаат десено. Како прво сакам да кажам, дека бев голем скептик за овие работи, не верував, се додека не почнаа да ми се случуваат многу работи за кои навистина немав логично објаснување. Првата ваква случка ми се случи пред неколку години, на денот кога почина баба ми. Ние живееме во куќа на 2 спрата, на првиот живеше баба ми, а на вториот ние.Таа почина дома, каде што живееше. Откако ја префрлија од таму јас слегов долу на чист воздух, и седнав на клупата во дворот. бев свртена со грб кон куќата и само што се свртив и станав да одам горе, долу на прозорот видов како стои жена облечена во црно, лицето не и се гледаше, во раката имаше бело марамче и наеднаш ги затвори завесите. Во тој момет крвта ми се здрви, отидов кај мајка ми и почнав да ја прашувам, за завесите прво, таа ми кажа дека не биле затворени, потоа ја прашав дали имало некој долу, некоја од старите комики, но мајка ми ми рече дека долу било заклучено, дека немало никој. Крвта ми се здрви, пак слегов долу завесите беа затворени. Втора случка : Беше лето. Се враќав дома кон 12 на полноќ, беше многу топло и како што доаѓав гледам горе на терасата силуета од жена. Си помислив дека е мајка ми, и и` викнав, но не ми одговори. Се качив горе , не се доближив многу и пак ја гледав силуетата, беше свртена кон мене, Викаав мамо, но не ми одговори. А најчудно ми беше што кога се качив горе како да беше поладно. Влегов внатре и ја видов мајка ми. Се зачудив и ја прашав кој седи на тераста надвор. Излеговме заедно, силуетата беше пак тука. Мајка ми влезе внатре и ја запали струјата, немаше ништо. Се сепнав, дури и мајка ми се зачуди. Ми рече една бабичка дека било сениште некое тоа. Трета случка : Пред неколку месеци се случи ова. Во мојата соба отидов да земам нешто од шкафот. Ја запалив струјата и само што направив неколку чекори до шкафот се изгасна. Си мислев дека прегорела сијалицата и отидов да проверам. Пак се уклучи беше во ред. Си реков некој напон е. Пак тргнав накај шкафот и се исклучи струјата. Така се повтори неколку пати и почнав да пискам, ги викнав родителите. Другиот ден викнавме еден електричар (комшија ни е) за да провери што не е во ред. Тој не најде никаков дефект, рече дека се` било во ред. Чтврта случка: Беше кон 1 сатот после полноќ. Јас телевизија бидејки не ми се спиеше. Наеднаш слушам се пушти сама чешмата од вецето. Отидов и ја изгаснав. Си помислив дека има дојдено повеќе притисок па затоа. После 10 минути пак истото. Станав пак и ја изгаснав чешмата. Ме фати дури и страв, ама се обидував да игнорирам. После тоа од нигде никаде се појавија две бубачки, како брмчали беа и почнаа да допираат по ѕидот и таванот и да тропкаат, се слушаше тропкање по ѕидовите. Летаа така можда 2 минути и наеднаш ги снема. Се здрвив, неможев да се поместам од местото, неможев ни да писнам. Крвта ми застана. Се зачудив, мислев дека сонувам. тоа за чешмата ај некако го прифатив, дека за тоа има објаснување, ама за бубачките не беше ништо отворено за да влезат, никогаш не сме имале такви бубачки внатре, а и тропкањето беше многу јњзиво. Се зачудив како може толку да тропкаат и да удираат 2 бубачки, а на крај наеднаш исчезнаа. Имам уште многу вакви случки, ќе ви ги раскажам некој ден. никој неможе да ме убеди за овие дека е плод на мојата имагинација зошто бев голем скептик, реалист, не верував во натприродни работи.
Океј, пошто претходниот пост ми го избришаа, ваљда како безвреден, овој ќе го направиме повеќе полн со информации. Не, не постојат никакви супер моќи. Ова не е стрип. не постојат духови. Постојат игри на умот, постојат архетипови кои се претставени преку светии и фејк богови. архетиповите се нашите состојби на свест. Работата на умот и на свеста е уствари да успееме да контролираме у која состојба на свест ќе се наоѓаме, оти поинаку спонтано ни се случуваат, у форма на: тажен, среќен, бестрашен, чуван, сакан, бла бла бла. Затоа и у секоја религија постојат концепти на карактеристики преку личности, како на пример у христијанството шо се: Тома неверен, Петар камен, Стефан првомаченик, Лидија прв верник, стаф лајк дет. Ако сакаш да бидеш различна и дет металка и да ти е јако оти си вештерка, глуп ти е филмот.
Не гледам ништо вештерско во тоа со моќите. Никому не му штети, така да... ако се мисли само на поместување предмети со такви моќи. Баш би сакала да пробам, ама што да правам кога за ништо не ме бива -.- Иначе луѓе, сте слушнале за патување низ времето?! Баш прееска читав на мотика. http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... t&id=38167 И некојси напишал дека е можно успорување на иднината со помош на гравитација, на пример ако појдиме на друга планета, каде нормално има многу мала гравитација и ако останеме 20 години, кога ќе се вратиме на земјата ќе бидат поминати 40 години... Значи јас сега со мои 21 години ако појдам на марс и по 20 години ако се вратам ќе бидам помлада, то ест нема многу да остарам ?! Затоа што нели таму се’ се развива поспоро. Нема врска, мислам јас ќе си стареам, само што таму побавно врви времето, ете наведувам само пример ако таму еден ден трае цела година, а кај нас си трае 24 часа, тоа не значи дека јас нема да стареам?! Јас ќе си стареам исто како што стареам и на земјата, само што таму поинаку ќе се брои, нели?! Еве тука со некоја жена патник низ времето, зборува на мобилен во 1937 http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=15 Има и некоја сцена од филм со Чарли Чаплин, се појавува човек и зборува на мобилен подолго време. http://www.youtube.com/watch?v=Gj3qesTjOE8 Ако некој знае повеќе окулу ова нека ми објасни. Многу би сакала да патувам низ времето, да се среќавам со некој што живеел многу одамна, да сретнам некој што ќе се роди во 2020 . Хаха, многу фантазирам.
Јас пак цело време сонувам како некој ме брка......Во реалноста не се плашам од никој,а и ми се нема случено нешто страшно ама ајде и јас ќе раскажам еден потрашен сон........ Си одам јас со другарками од излегување и одиме по угорницата накај дома ама улични светла нема......гледаме луѓе наредени на краевите на улицата(ги имаше пет-шест)....И другарками вика одам јас (а она живее на другата страна на градот),а сите светла на куќите изгасени....јас е вртам накај зградата во која живеам и ја гледам мајками го гасе светлото.......И следното што го знам е дека сум во куќата на баба ми,во вецето,лежам на кревет(незнам од кај тој кревет) и вратата затворена.......И си викам арно шо не е заклучена и таман да излезам слушам машки глас вика не се труди да излезиш џабе е.....А јас храбрата излевам и ја гледам мајками ја отвара портата и влева(цела во црно облечена,дотерана) а го видот и тој човекот но само одпозади......А јас помош барам од мајками а она не ме рецка бре........Се обидов да го избркам човекот(со сила,го тепав де ) ама кога ќе се завртам тој пак е тука........И даде Бод се разбудив........И од тогаш цело време сонувам дека некој ме брка
Уф интересни приказни.... јас мислам некако дека баш овие работи им се случуваат на тие што НЕ вееруваат, еве другарка ми верува ништо и се нема десено, а јас неверував и ми се исподесија мнпгу случки.
Луѓе пред некоја недела, беше доцна ноќ негде 3-4 часот и си излегов така надвор да видам што се случува, да си се погалам со маченцата (навика ми е да излегувам ноќе, некогаш си шеткам по улици како ментална, една комшика што ме видела помислила дека месечарам и им кажала на моиве.) ...нмв, си седам јас така во двор и одеднаш слушам нешто како поп да пее... во 4 часот никогаш не сум слушнала... плус живеам многу блиску до гробишта, можно е нешто да имало? И секогаш кога поминувам покрај гробишта ме обзема ладна пот и се ежам. Навечер мора да поминам оттука и кога нема никој како тивки чекори слушам и шушкања. и ајде живнете, многу ми се читка.