ова беше пред 2 недели,бев сама дома моите беа на свадба јас не отидов и си легнав да спијам и слушнав тешки чекори на таванот горе,страв ме фати одвај заспав,изгледа сум си замислувала дека сама дома а страв ми беше следниот ден го терав татко ми да се качи горе, да не имало глушец некој, ама ништо немаше,сум си замислувала ваљда
Сношти, бев кај вујко ми.. Вујко ми и вујна ми беа излезени а јас и внучињата си гледавме цртани После некое време ни се здосади, и им реков да одат да ги земат блокот и боичките да цртаме, и тие отидоа.. После неколку минути си гледам така занесена и одеднаш ми се исклучи телевизорот, и се отвори вратата И цело време вратата правеше отвори се затвори се .. Јас цела здрвена почнав да викам по внучињата, помислив дека се тие, но не беа Па ги слушнав нив како се дерат во салонот, и одма отидов да видам што е.. Но таму немаше никој Отидов во нивната соба и ги видов како лежат на креветот ..Почнав да им зборувам, но тие не се ни завртија Помислив дека ми се лути и тргнав да одам кон дневната. Одеднаш слушнав како некој силно се издиша .. Истрчав до дневната, и таму ги најдов внучињата.. Ги прашав дали биле во нивната соба, дали викале во салонот, и дали сега некој се издишал, а тие ми одговорија НЕ Вечерта не си отидов, и се јавив на цимерката да не ме чека.. Спиев со внучињата.Толку ми беше страв
Си ги видела внучињата а не биле тие... бррр страшно, имаше едно видео на јутјуб со девојче се гледа во огледало и наеднаш се свртува. Значи таа е свртена со грб а на огледалото девојчето (дух/демон што и да е) стои свртена со лицето кон него. Не можам да го најдам, ќе го пратев иначе. Многу се ежам од вакви работи... најморничаво нешто да го гледаш „истиот“ човек а да не е тој. А ова ми се случи мене вчера (не можам да поверувам што се дешава овде, значи викнавме поп, и бајачка викнавме, темјан запаливме и пак се’ некои чудни работи се врткаат)...нмв, си легнав да спијам кај 5,6 сабајле, пошто не ми се спиеше си го донесов маченцето да си го погалам малку . Си седам јас со него така му дрдорев „мацо, срцке“ ова она и одеднаш како да сетив нешто покрај мене, а и мачката се накостреши и ме изгреба. Мислам дека видов црна сенка како поминува покрај мене и ја снема... не сакав да се свртам, така како што лежев на сред кревет превртена се покрив со јорганот и заспав. И секогаш кога се враќам за дома било да е ден или ноќ се развртувам окулу мене се пулам да не иде нешто зад мене, да не ме следи... Уплав имам изгледа од глупостиве. Им предложив на моиве да се преселиме, неќат, викаат глупости, ќе поминело, да не обрнувам внимание.
Mене ми се имаат случено повеќе работи кои никако неможам да ги објаснам но ова нешто решив да го споделам бидејќи е доста језиво. Видете сега, татко ми е починат веќе 12 години. Ова се случи прошло лето. Мајка ми ми рече да не ја будам и да ја оставам да спие покасно. А јас како и секоја тинејџерка останав подоцна. Пред да легнам да спијам бев до вц (а од секогаш сум имала страв да одам во вц) и бидејќи вц-то и трпезаријата ги дели еден ходник дури и од ходникот можете да ги видите столиците и масата. Многу чудно но таа вечер ми мирисаше некако поинако, низ станот се ширеше чуден мирис (слично на сутлијач). Ја запалив сијалицата од вц-то и како да видов човек да пие нешто од чаша. Се убедив себеси дека е до психата, до стравот и дека немало ништо. Но сабајлето кога станав (пред мајка ми дека таа сеуште спиеше) отидов до трпезаријата и столот беше помрднат. Повторно се убедив себеси можеби мајка ми станала вечерта, сестра ми... За се имав објаснување. Но оваа зима бев болна. Цели три недели со кашлица и температура. Не паметам еден ден да бев подобро. И баба ми ми вика: ќе ти подготвам јас на тебе салеп. Кога татко ти беше болен секогаш ова пиеше. Обожаваше да пие салеп. А за тој пијалок салеп немав чуено. И луѓе ми го носи баба ми салепов кога истиот мирис како таа вечер, на сутлијач. Ај го испив салепов и седнав во соба и почнав да се мислам: Што ако таа вечер не бил стравот, психата? Што ако бил татко ми и пиел салеп? Како поинакуу да ја објаснам чашата, мирисот, ‘‘привидението‘‘? Искрено, можев да се убедам дека пак е до мене, до мислите, до мозокот. Но ако е тоа како да знам дека татко ми обожавал салеп, од каде тој мирис? Секој ден се мачам со овие прашања и никако да најдам одговор...
^ Прашај ја баба ти/мајка ти дали таткоти обожавал да пие салеп. (а што е салеп уствари? прв пат слушам )
Епа ова салеп не знам ни јас како да објаснам. Нешто као чај со вкус на ориз, не знам навистина. А да, ми имала баба ми зборувано дека тој многу сакал да пие тоа. Едноставно обожавал.
Темава е баш како за мене. Имам толку да раскажам. Голем скептик сум ама после некои работи што сум ги доживеала сум научила да верувам во натприродно. Едноставно некогаш некои работи и да бараш најмала ситница за да не веруваш, неможе да ги објасниш.
Баш прееска баба ми ми кажуваше за една случка, па ајде ќе ја пишам тука. Вака, имам починат вујко во сообраќајна несреќа на 17 г.(тоа било пред 20 г. не го ни паметам). И истата ден кога веќе телото било донесено дома дошло едно мало маче. Цела ноќ одело низ дворот. Баба ми не го забележала, го видела дури утредента. Но другите што го виделе им рекле на моите дома да не го маваат мачето, да го остават тука. Така мачето цело време било кај нас дома. Се движело и седело на местата каде што седел вујко ми. Секогаш кога баба ми плачела кружело и мјаучело околу неа. Дента кога требало да бидат 40 дена од смртта, без да забележат дека мачето влегло внатре го заклучиле и отишле на гробишта. Кога се вратилe мачето лежело на креветот на вујко ми. Само ги погледнало, си станало од креветот и си излегло надвор. Од тој ден мачето повеќе никој не го видел. После тоа мајка ми го сонувала вујко ми и му кажувала за мачето и вујко ми и рекол да не го бараат повеќе, дека мачето било мртво...
Незнам дали е соодветен муабетов за темава но за мене е необјаснива случка со гледачка ..Не верувам во такви работи да нагласам ..Не се имав видено со 1 другар подолго време ... решивме да изнајмиме од оние точаци на град скопје и таму ваму цел ден се возикаме ...доаѓаме до кеј кај ања и одеднаш застана другаров да се поздрави со некоја жена.Беше ромка .Не ми сметаше тоа но чудно ми падна .Ми климна со главата дека на кафе ке седнеме...Го испочитував и женава му рече дај ми ја дланката и почна да му објаснува ...Ние бидејки денот го поминавме заедно и имаме мн искрено пријателство од детството иста професија горе доле... не се срамиме да си ги кажеме и маките и оние работи што не исполнуваат и не прават среќни.Муабетот за гатачката ,кога почна да му кажува работи што пред неколу часа само јас ги знаев ..јас бев наежен од тоа што се гледа она на дланката .Некој ако ја прпознае женава нека надополни ,често е на кеј во "ања".Заврши што заврши со него го остави без здив мене без зборови и ајде нештпо во стил и тебе да ти гледам ... ја подадов раката и она што го слушав ден денес неможам да си поверувам дека виде работи што навистина се случија .Никогаш во животот не сум планирал преселба И ЕТЕ СЕ СЛУЧИ !Мојот живот си го живеам скромно но ми кажа дека она што го заработувам е чесно и со макотрпна работа но ке бидам изненаден од мн пари ...се ежам ! преселбата мислите се случи планирано и сакано ! НЕ ! .... Несакам да биде фалење непријатно е да кажувам детали но тоа што го кажа е толку добро и ме плаши .. незнам дали ке се снајдам !...Кажете постојат ли навистина луѓе што ете ненамерно знаат да ти ја плеснат вистината во лице и тоа гледајки на дланка ... Незнам само како да изреагирам при евентуална случајна средба некогаш,а добро ми кажа ... ке видиш сам, кога каде ке ме сретнеш по локаливе не заборавај да ми се заблагодариш со кафе .....При помислата на муабетот ми е необјасниво се како се случи ,застанав случајно поради другар ми ... а се пронајдов во сите оние работи што ми ги кажа една гледачка во која што не верував ,едноставно нејзинот муабет влеа позитивна енергија и мн работи промени кај мене, и реалноста што испадна на крај после х време е толку добра што ме плаши ....
Големи сте. Ако досега не сте ги сфатиле како можам јас да помогнам? А и не можам јас на сите постови на темава 935 да седам и да одговарам. Вакви работи не постојат, некој е во заблуда, а некој измислува.
Има, а тоа се токму вакви случки, како што се напишани тука.Теоријата дека се е до човекот, не е.Има нешто, што човек не може да си го објасни, а е многу језиво кога истите овие нешта се случуваат.Дури, мислам дека и да има објаснување некакво, не е сосем доволно за разјаснување.Бидејки, кога и да се случуваат, човек повторно останува изненаден и речеси сигурен дека има нешто што неможе да се објасни.
Нема врска дека се од религиозни заблуди сите ,а за неверниците не им е местото на оваа тема и наметнувањето на нивните ставови ,кревање на тензија и омаловажување и непотребно мудрување ...
Не би рекла дека е така.Човек и да не е религиозен, истите постојат, не мора да е религиозен, за да се рече дека се религиозни заблуди.
Ајде дај ми некој пример, па да видиме дали не може да се објасни. Ама реален, не како овие што измислуваат, да не ги спомнувам, сами ќе се препознаат, а и за тоа нивното има објаснување. Да не се залажуваме, денес за се постои логично објаснување. Јас барем не знам за нешто што не може да се објасни.