Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ами имат примери тука, ги кажаа :) Инаку, не измислуваат, потполно ги разбирам, бидејки ги доживеале овие работи.Човек ако ги доживеал, ќе знае дека не измислуваат.Карактеристично е што скоро секому му се случува.И пак ќе речам, не држи вода теоријата, дека се е до човекот.Кога човек е потполно свесен за истите кога му се случуваат, тешко дека ќе си помисли, како му се причинило или сл. Разбирам, науката, за се скоро има објаснување, но не комплетно, некогаш дури и самите научници не се потполно сигурни во врска со овие работи.А веќе, кога и тие се сомневаат, логично дека не можат се да разјаснат.
     
  2. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Нормално е да неможе се да се докаже ,не се сведува се на докази и факти ...Како што среќата,љубовта и многу други работи ги чувствуваме а незнаеме да ги дефинираме неможеме да бараме докази бидејки нема правила ...Секој на различен начин тоа го доживува и си бара објаснување.Тука само споделуваме искуства што можат да не доближат до вистината што ја бараме некогаш
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Па Гордана, ако не даваш примери и факти со кои ќе ги поткрепиш, значи тоа твоето не држи вода. И не е се до човекот, точно, нешто е и до природата. А тоа што се уште не го знаат научниците ќе се разјасни со текот на времето. Порано каде бевме, а види сега.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Па, ги има тука.Доколку имаш, некакви факти, кажи ги :) А што очигледно ги нема.Како и да е, чим е до природата, значит имат нешчо.Здравје, нека разјаснат дали ги има или не овие случки.А дотогаш, ќе бидат необјасниви случки.
     
  5. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Дајте ми пример, да не чепкам низ темата и ќе дадам факти за случајот. А општи факти има во учебници :)
     
  6. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Епа ајде објасни ја случката што јас ја напишав пред малку...
     
  7. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Не мислев на ваков пример. Приказни од бабите. И едната моја баба вакви работи и се случило да си зборува, и што да не треба да и верувам? Па уште знаејќи ја каква е, и не е за верување. Може само мачка навистина се вртела тука, па другото е се зачинето, ги знаеме старите луѓе какви се. А соновите се само психа. На суеверни луѓе, па уште и постари не можеш да им објасниш едноставно.
     
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Епа ако твојата баба е 80 годишна и веќе го изгубила паметот мојата е 59 години. Да, имам млада баба која што паметот добро и работи. За таа случка ми нема кажано само таа туку и мајка ми. Можеби според тебе и мајка ми го изгубила паметот и не знае што зборува...
    Ајде ако си толку паметна докажи се, разбуричкај низ темата и докажи ни колку памет имаш.
    Не вреди да се расправеме со тебе. Ако веруваш, верувај, ако не нема потреба ни ја да отвараш темата!
     
  9. fiufiu

    fiufiu Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    А извини која корист ја имаме ние од тоа да измислуваме? Форумов т.е. темава е секој да сподели тоа што му се случило и да наиде на разбирање а не некој да хејта и да не му верува. Тоа што ти не веруваш и за се наоѓаш објаснување не значи дека и другите се такви. Сигурна сум дека овде има луѓе кои не измислуваат и споделуваат нешта за кои нема логично објаснување. Затоа најискрено ако ти не веруваш остави простор да другите да искажат мислење :)
     
    На Draginja, Whitecloud95, OmniaVanitas и 5 други им се допаѓа ова.
  10. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    А извини, јас не смеам да искажам мое мислење?

    Никому не му е за право овде дрско да ме напаѓа како што направија поназад, и тоа веќе го напишав, ама ете, кога мене ме вреѓаат тоа не се брише, кога се бранам бришат |( Ќе повторам, баба ми е тука негде со годините со нејзината баба. И убаво реков дека овие случки ги раскажуваат само луѓе со понизок степен на образование ;) И ако некој не вреди да се расправаш тука, тогаш тоа се одредени личности на темава со кои јас имав искуство, за жал.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.810
    Пол:
    Женски
    Близначка само збориш, а ништо не кажуваш. Викаш сите измислуваат а не знаеш да дадеш едно логично објаснување. Ете, штом викаш дека сите измислуваат сигурно ти запнало нешто за око, си имала логично објаснување, па си дошла до тој заклучок. Зошто не напишеш некој пример?
    Никој не е должен тебе тука да ти бара пример, кога ти самата си дошла до таков заклучок. Само ја полниш темава со оф-топици, ако имаш за нешто разумно објаснување, напиши, вака нема сврха твојов муабет.
     
    На Draginja, Whitecloud95, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Реинбоу, како што не знаеш да одбереш што да избришеш кога модерираш, така и не разбираш што ќе прочиташ. Ако веруваш во овие работи браво за тебе :D не знам што да ти кажам понатаму. Логиката слабо ти оди ако не можеш самата да ја препознаеш. Фактите во врска со непостоењето на овие работи ги има во учебници и сите ги знаеме. Јас се потрудив и дадов објаснување на одредена случка кога побараа од мене, после поставив прашање и таа членката се повлече не знаејќи што да одговори, ти тоа СЕ го избриша. Не вреди што понатаму да пишувам тука и на ваква тема. Можеби кога ќе го сменат модераторот ;)
     
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто воопшто влегуваш во некоја тема и оставаш мислење кое не е соодветно со темата. Само да се контраш ли? Не те разбирам. Нема тема на форумов што ти не си ја наполнила со оф топици и после модераторите ти се криви што те бришат. :^)
     
    На Draginja и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.810
    Пол:
    Женски
    Кое објаснување го даде? Ги исповреѓа сите дека се неписмени, вакви, такви, се испокара со сите во темава, а пак си останаа без објаснување... Најверојатно зошто го нема. И да, ете, до модераторот е. ;)
    Ајде, доволно е од оф-топици, можете да си продолжите тие што сакате да си пишувате на темава за необјасниви случки, а можеби и ќе се најде некој да објасни некоја од нив со факти. :)
     
    На Whitecloud95, Sara123, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    Вчера си се движев по една така потемна уличка , и убаво загледав една девојка како идеше накај мене , ја наведнав главата на кратко , и кога повторно ја кренав девојката ја немаше ! немаше кај да сврти или сл . едино во земја ако не пропадна , :worried: како и да е језа ме фати :sweat:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Се будам една вечер од сон сега да не навлегувам во детаљи и до мене стое човек. Да брат сенките од дрвото од прозорот му паѓаа на лицето стоеше и ме гледаше и јас него исто. Откако се изгледавме како мачори јас трепнав и го снема без да си напраиме муабет. А после ми крцаше цела вечер собата.
     
  17. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Мене ова ми се случуваше лани: Во три наврати предметите околу мене мистериозно исчезнуваа и се појавуваа. Само да напоменам дека секогаш во тие моменти бев сама, не бев уморна или нерассонета и се се случи во рок од десетина дена. Првиот пат го чистев купатилото, и приметив дека го нема течниот сапун на лавабото. Се завртев да го побарам на кадата мислејќи дека некој го оставил таму, ама не го видов. Кога повторно се свртев накај чешмата, гле чуда, сапунот беше таму. Ај си викам, некогаш и пред очи нешто не го гледаш.
    Вторит пат вадам од фрижидер нешто за јадење, ама гледам сенфот го нема никаде, Затварам фрижидер, гледам на маса да не е таму, го нема. Отварам пак фрижидер, сенфот очи ќе ми ископа, на дофат на рака ми бил. Веќе почнав да се препотувам, разумов си игра со мене или што е работава? Третиот пат правев нешто за јадење во кујна, и ја барам кујнската крпа да ги избришам рацете, на работната маса ја нема, ни на кујнската, ни на шпоретот... Одам накај трпезаријата со чудно чувство, се завртев нагло назад накај работната маса ..... и погодете крпата беше таму, а до пред некоја секунде не беше! Е тука веќе се стаписав од страв, косата ми се крена, трнци ме полазија по грбот- се побудалувам или што е оваа работа?
    Веднаш седнав на интернет и искуцав „мистериозно исчезнување и појавување на предмети“, и најдов една статија за една девојка која меѓу другото што и се случувало било и ова (имаше и термин за оваа појава, заборавив како се викаше). Ама таа дури и ги охрабрувала ваквите паранормални активности поттикнувајќи ја оваа сила за која мислела дека е „доброќудно куќно духче“ , па дошла до степен да има страшни привиденија и преку ден кои дури ја терале да извршат самоубиство! Се спасила само со верба во Бога и постојана молитва. Пишуваше и дека најлесен начин да ги поканиш нечестивите сили дома е да се занимаваш со повикување духови, гатање, медитација, читање литература за вакви паранормални работи па дури и интензивно размислување за истите ( а јас во тој период многу гледав Хаунтед, дискутирав, размислував).
    Истото го применив и јас: се молев насабајле, навечер, дури и во сон. Молитвата навистина има чудотворна моќ, овие работи веќе не ми се повторија. Истото важи и за искуствата од типот на гушења во сон, гледање сенки во глуво доба на ноќта, буквално за се што не е од „оваа димензија“. Од ова заклучив дека нашиот мозок, моќта на потсвеста и вољата се силни работи, бидејќи несвесно можеме некогаш да повикаме некого кој е недобродојден, и да не знаеме како да се оттарасиме од него.
    Затоа бидете внимателни дури и кога размислувате.... за било што
     
    На Orthophill, Sara123 и untouchableGirl им се допаѓа ова.
  18. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Аааа sh*t :devil: Јас често си читкам и размислувам за вакви работи :devil:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Ми треба мислење,макар што не знаев во која тема да го ставам.Во изминативе 2-3седмици се случи неколку пати да ни се појави црна пеперутка.Првиот пат во мојата соба,вториот и третиот пат на таванот над скалилата(да појаснам скалилата што ги поврзуваат 1виот и 2риот спрат од куќата).Мајка ми инсистира дека тоа душата на некој мртов човек,и дека се појавувале во ваков облик.Се извинувам ако не сум го ставила во соодветна тема мислењето.
     
  20. rikulalala

    rikulalala Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    I jas kaj mene imam zabelezano peperutka ili druga zivotinka daj boze da e kako sto vika majkati ne mi e strav od mrtvi.. Tuku ova so senkite go imam oseteno na moja koza. Nemav ni 18 god koga prv pat edna me gusese a pred toa osetiv zenski stikli po sobata. Potoa koga se zapisav na fax vo Sk, tatko mi i majka mi me smestija kaj edna zena demek na posigurno ke bidam i nema da setam plus zenata sama ziveese vdovica a onaka mnogu cudna bese. E tamu vo toj stan mislam deka se desavase dusava da mi izlaga, od niv duri i osekav koga ke me napadnat. Sreka mi kazuvaa nekoi finti da se prekrstam so jazik a i zlaten krst nosam so godini na mene pa nekogas mi se slucuvase da zaspijam drzajkigo. Koga napolniv 22 tatko mi pocina i ne mi se povtori toa cudo ali sekako lambata doma mi sveti 3 godini od koga se pribrav vo rodnoto mesto.