Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. rikulalala

    rikulalala Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Човекот од с. Богородица се вика Ристо и више долги години не гледа зошто имал многу проблеми од лугето само дава биоенергија. Поздрав
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    23.961
    Пол:
    Женски
    По дома почнуваат да ми исчезнуваат некои работи.
    Не, најсериозно многу ми е необјасниво.

    До пред некој ден изгубив (се надевам дека изгубив, иако е практично невозможно) драг поклон, денес работа од која секојдневно имам потреба никаде не можам да ја најдам. А, верувајте каде се не пребарав. Интересно е шо знам која и е маршрутата на движење. И пак ја барав насекаде. Си викам несвесно (иако никогаш ми се нема случено) да не ја имам фрлено во ѓубре, барав и таму :puke: јок, ја нема.

    Од првата се откажав одамна имав и чувство дека нема да ја најдам никогаш (не знам зошто), ама веќе ова почнува да ме загрижува.

    :|
     
  3. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    ^
    Посоветувај се со твоите родители или со некој постар (гатач), најважно од се е да не паничиш и да останеш смирена.
    Сепак надежта последна умира, можеби ќе ги најдеш загубените предмети ;)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Океј, татко ти обожавал салеп, ко и пола луѓе на светот.
    Пошто сите работи кои ги перцепираме, ги перцепираме со сетила кои се сериозна мрежа од помали мириси кои формираат посложени, nevermind не е ни битно тоа, се дешаваат гличеви и можеме да мирисаме безброј работи у безброј околности кои ги нема околу нас. Колку пати сум мирисал цреши кога немало цреши наоколу, или у среде лето ми мирисало на лубеница, а немало.
    Еве ти автосугестија: лимон. На пола од тие шо ќе читаат ќе им крцка нешто у устата.
    Татко ти сакал салеп, и тебе ти дале салеп да јадеш пошто татко ти го јадел тоа. Ако уште мислиш оти татко ти дошол да јаде салеп, океј, твој проблем. :D

    Чичко ти бил умрен, телото мирисало веќе, животните сакаат умрени ствари, факт, и кучињата и мачињата. :)
    И пошто дел од тој мирис бил мирисот на чичко ти, мачето седело у добар дел од местата кај шо седел чичко ти. :)
    Сонот оти мачето нема да се врати се објаснува со тоа шо твоите се убедувале оти мачето е чичко ти, и чичко ти им доаѓа на сон и им вика: мачето беше јас, сега го нема, умрено е. Нормално, оти потсвеста контактира со свеста преку претходно познати записи, претходни алатки, пример ликот на чичко ти и мачето. Оф корс. :)


    Некој друг натприродна случка за објаснување? :D
     
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.587
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Машки
    Деновиве некогаш кога ќе се свртам и кога е отворена врата веднаш се гледа другата врата од кујната, и некогаш кога погледнувам таму гледам човек во бело како ѕирка. :fubar: Можда малце е глупо али тоа е, и нонстоп се убедувам дека само си замислувам пошо и не верувам мн во вакви работи али сега кога прочитав уште што не ви се случувало ќе се подразмислам. :^)
    Додека го пишував ова влезе таткоми во соба и ме преплаши хахаахха :envy:
     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ако ти го снема ајфонот,знај ја сум се претворила во дух и сум ти го земала :rofl: Шала на страна,убаво ти пишале,посоветувај се со некој гатач,на баба ми вака и се случуваше,и нешто и кажа еден човек да направи нешто со крпа и после прекина да и се случува така :)






    P.S-Абе верувате вие во ова? :geek: - http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=15
     
  7. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Па што знам Little сум слушала за најразлични случки, можеби има вистина и во тоа. Не сум осетила на своја кожа ама неможам ни да демантирам дека непостојат само затоа што немам искусено таква работа. Тие што доживеале такво нешто ке си веруваат,ние кои не сме најразлично ке си ги објаснуваме работите :) .
     
  8. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Има едно нешто шо не многу често го кажувам, ама ете денес двапати. You'd better be uninformed, than disinformed. :D

    Motika не е баш изворот на информации, а особено не на знаење. It's for the weak minded. :)
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fiufiu

    fiufiu Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Океј, татко ти обожавал салеп, ко и пола луѓе на светот.
    Пошто сите работи кои ги перцепираме, ги перцепираме со сетила кои се сериозна мрежа од помали мириси кои формираат посложени, nevermind не е ни битно тоа, се дешаваат гличеви и можеме да мирисаме безброј работи у безброј околности кои ги нема околу нас. Колку пати сум мирисал цреши кога немало цреши наоколу, или у среде лето ми мирисало на лубеница, а немало.
    Еве ти автосугестија: лимон. На пола од тие шо ќе читаат ќе им крцка нешто у устата.
    Татко ти сакал салеп, и тебе ти дале салеп да јадеш пошто татко ти го јадел тоа. Ако уште мислиш оти татко ти дошол да јаде салеп, океј, твој проблем. :D

    Фала на објаснувањево мислам дека е најреално од сите што ги слушнав. Психата е чудна работа :)
     
  10. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Леле, дај бе пишете некоја необјаснива случка, ми се објаснува. :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ахам,ти се објаснува,необјасниви случки темава,ти се објаснува.Ми личиш на американец,жими се,и да знам дека нема да сфатиш што сакам да кажам со тоа дека ми личиш на американец,ама неможам да објаснувам. Епа повели,чим ти се објаснува,објасни ми го ова-
    На водици,бев во село,и со баба ми престојувавме во стара куќа,куќата на бабата на баба ми,што се верува дека е изградена над римски гробишта,зашто пред неколку месеци најдоа череп,и така и кажуваат селаните таму.Се сеќавам дека кога се враќавме од домче (така се вика местото,како сала е) пред мои очи се скрши прозор,додека бев таму сама,за да го земам мобилниот.Значи не сум ни луда,ни ненормална,па да не видам дека се скрши прозор,а го немав допрено,и избегав,одејќи накај домчето,има една слепа баба,што мислат дека е луда,и ми рече - “Не оди во стара куќа (така ја викаат), има нешто,има,пази се,Господ нека е со тебе’’ и си истрчав до домчето.Баба ми ме убедуваше , дека можеби дека е стар прозорот,незнам што,ама преќути коа виде дека прозорот беше сосем откорнат од тоа дрвеното,и парчиња беа разлетани низ соба.И спиевме во друга куќа,а таа една баба што спиеше таму во 3 саат истрча и рече дека се изгаснал огнот,па бараше дрва,а од што се изгаснал наеднаш?М?Она туку така дуванала и го изгасила?Иначе како камин има внатре. Ајде,повели,објасни,зашто мене никако не ми е јасно ... :wasntme:
     
  12. united

    united Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    WARNING!!!
    Да не се отвора темава доколку сте сами дома, или сте пред легнување поради можни халуцинации :hai:
     
    На Dog-lover и kikkki им се допаѓа ова.
  13. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    :nod:

    Случка 1.
    Сношти си правевме муабет со дечко ми за вакви случки нас што ни се случувале ..Почна тој да ми кажува како кога бил мал видел силуета во неговата соба, како му се приближува.. Јас сум голем скептик за да му поверувам, но одеднаш ми се врати филмот на една случка, која ми се случи кога имав 5-6 години :

    Јас, мајка ми и брат ми бевме кај баба ми на село.. Требаше таму да преспиеме. Мајка ми и брат ми легнаа на спалната, а јас на креветчето до неа. Сабајлето, околу 3-4 часот, се разбудив.. Се подисправув малце за да видам дали мајка ми и брат ми спијат.. И што да видам.. Една слабичка жена, со косата како „буф“, виткана, и цела црна :( Само стоеше седната измеѓу мајка ми и брат ми и ме гледаше.. Се стаписав во тој момент :doh: Си помислив дека можеби е мајка ми, и викнав -„мамо?“. Тогаш мајка ми низ сон ми се одзва, и се уверив дека не е таа. Тресејќи поворно легнав, се покрив од глава до пети со јорганот, и молчев.. Потоа повторно сакав да видам дали жената е сеуште тука.. Ѕирнав повторно.. Таа сеуште стоеше тука, но овој пат уште пострашна, со огромни очи и широко отворена уста.. :doh: Набрзина се покрив и почнав да плачам. Тогаш мајка ми и брат ми станаа да видат што ми е, но јас не им кажав ништо.. Само видов дали жената е тука..Не беше.. Се чудам на себе како после толку време сеуште ја паметам случкава :?:

    Случка 2.
    Пред неколку дена со дечко ми бевме во кујната, правевме торта.. Го пуштив него да оди да го донесе шеќерот во другата соба.. И така си останав сама, си матев шлаг.. Случајно се опулив во ѕидот пред мене, и ја видов мојата сенка, а веднаш до неа, од лева страна сенка на некој маж.. Мислејќи дека е дечко ми, му реков „Подај ми го шеќерот“, а дечко ми од другата соба почна да вика „Еве, идам“. Е тогаш се приковав за место.. Сенката стоеше.. Се обѕирнав назад, но немаше никој :worried: Во тој момент дојде дечко ми, а јас цела задишана му раскажувам што како било.. Сенката повеќе не беше тука :doh: А јас не сум луда, уверена сум дека не ми се причинуваше :x

    Ајде некој нека ги објасни случкиве :wasntme:
     
    На TrinityNeo, Bitter-Sweet и Draginja им се допаѓа ова.
  14. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    Океј, ако си така лековерна женичка шо верува у се и сешто, океј. Ама знаеш шо е разликата меѓу тебе и некоја си друга реалност која објаснува вакви работи? Реална е, и вистинита, твојата е рекла казала баба и стрина.

    Черепот е остаток од мртов човек. Ништо повеќе.
    На Титан, месечина на Јупитер врне органска материја која не прараснала у живот. Колку ли само духови има таму, а?
    Не, девојче, просто се раѓаме и умираме, и останува еден дел од нас шо имаме на ум дека е језив, а не е, се вика череп, остаток од мртво тело.

    Постојат безброј случаи у кои пука стакло од пресилни ултра/инфра звуци, од топлина, од студено пука стакло, од се и сешто. Тешко дека беше некаков необјаснив феномен, освен нели ако не сакаш да си веруваш ти во тоа, ама го нема вистински.

    Старата баба, ехеее, безброј стари баби шо се не кажуваат, ама тешко дека успева тоа.
    Баш пред некој ден читав предговор за едно книже, и викаше: западните цивилизации шо ја колонизирале Америка ги кажуваат прикаските за духови, од колено на колено, ама само како случки од „стариот свет“. Оти реално, не ги доживуваат у новиот, пошто оф корс, ги нема.
    Каминот да изгасне натприродно работа? Океј.



    Океј, кога сум спиел по автобуси многу често ми се дешавало да сум свесен дека спијам, и да си гледам како ракувам на телефонот.
    Што ако ти си гледала дух кога спиеш?
    Се дешава. Многу често се дешава тоа. Вивиден сон, многу вивиден сон у кој сонуваш дека се будиш, и оп, еве го духот, а го сонуваш и духот. :D


    Сестра ми со месеци мислеше дека гледа сенка од камила на ѕидот, испадна оти е игра на предметите околу неа у соба.
    Пробај кој предмет ќе ти рефлектира некогаш навечер сенка од човек. Trust me, it works.

    Или може халуцинираше.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Btw:

    [​IMG]

    Леле, видете, на Марс има глава.
    Е нема. Човечкиот мозок се прави.

    Луѓето го искусуваат ова:

    http://en.wikipedia.org/wiki/Pareidolia

    Гледаат патерни кај шо нема. Гледаат се и сешто.
    Најчесто податоци кои се рандом, генерираат патерни во нив. Ама ги нема тие патерни. Само у главчињата се.
    Така и се убедуваме оти има духови. Оти нормално, се плашиме дека крајот е крај, па си измислуваме нешто кое е после крајот. Ама го нема.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш сум се плашела од куќата на дедо ми. Порано и јас бев скептик и секогаш кога ќе се случи нешто гледам да сум реална и да си го објаснам ама за некој нешта и стварно нема објаснување. Во куќата на дедо ми имаат починато двајца. Баба ми и прадедо ми (таткото на дедо ми, кога сум била мала тој бил жив). Дедо ми живее во куќа што има подрум, 2 спрата + поткровје значи огромна е. Порано додека сите живееле заедно се користел горниот спрат, а сега дедо ми го користи само долниот. Btw случките од мајка ми ми се раскажани.
    1. Пред да умре баба ми тетка ми премногу се грижела за неа, бидејќи била болна. Кога умрела утрото тетка ми ја разбудиле чекори. Јасни биле значи по собата, штом се разбудила. Нормално тетка ми помислила дека е некој член од семејството, но била сама дома. Потоа се покрила и почнала да размислува и си рекла дека ако е мајка и нема да и направе ништо и се открила но никој немало. Значи не халуцинирала, не е луда, била будна и не е до потсвеста и не верува до вакви работи.
    2. Кога оделе на гробишта нормално требало да однесат од омилениот сок на баба ми и бил во стаклено шише. Но, го заборавиле на масата. Кога се вратле дома шишето било прснато, искршено сокот истурен. Не било многу топло или ладно за да пукне, не било топол сок во стаклено шише, никој немало во куќата.
    3. И ова е од мене. Значи одсекогаш ме страв од таа куќа. Од првиот спрат и не до толку затоа што секогаш седеме таму, ама треба ли да симнам нешто од озгора не можам. Чувството е како некој да е со мене, до мене, да ме гледа, позади мене, негативна енергија, голема вознемиреност, нешто мрачно што не може убаво да се опише, се чувствува некоја ладнина, срцето ми чука 200 на сат. А ако тргнам накај таванот, готово е со мене. Еднаш се предизвикав да се качам на 2 спрат сама, 1 скала, 2 скали, 3, четвртата почнав да осекам негативна енергија, да се тресам, дланките да ми се потат. Кога бев мала еднаш спиев кај дедо ми и инаку спијам со него во неговата соба, ама тој пат не можев, креветот ли не му беше пуштен така некако и требаше во дневната да спијам. Од вториот спрат се слушаа чекори, тие што живеат во стан знаат за што зборувам, кога од горе одат луѓе, горе немаше никој. Масата погна да крца, крици од ходникот, се сеќавам како денес да беше. Не халуцинирам, уште помалку сум луда и не си замислував, не е до потсвеста, ајде еднаш, два пати ама секогаш кога одам кај дедо?! И не само мене и сестра ми ја страв сама да се качува нагоре, не дека е мала. Секогаш кога го прашам дедо ми нели го страв да живее сам во толкава куќа, одбегнува во очи да ме гледа и се правда. Инаку татко му не бил многу арен човек и ги делел децата и внуците, а баба ми била добра жена и кога умрела во едното око солза и не можеле да и го затворат. Vacuuman те молам ? :)
     
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Aј признајте си сега дека сите си подлажнувате по малце :)
     
    На De-lovely и kikkki им се допаѓа ова.
  18. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Темава не е обаснување на необјасниве случки ако некој не верува нека не чита
     
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Иако не пишувам,сепак јас ги читам,редовно сите случки кои се постираат тука.
    Некои,ми се донекаде реални,ама некои се толку накитени,што може имале реална основа,ама шлагот на приказната не го дозволил тоа.
    Бидејќи за неколку необјасливи случки,на кои јас сум сведок,сум нашла одговор,верувам дека повеќето од овде може да се објаснат.
    Па,зашто јас не сум интелегентна до тој степен да ги објаснувам случките,кои повеќето не ми делуваат реално,а во случајов има некој кој добро си ја врши работата,тогаш би ми било мило да го слушнам и рационалниот одговор на т.н. мистериозна случка.
     
  20. vacuuman

    vacuuman Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    63
    И јас бев исплашен од куќата кај шо живеела пра баба ми, и баш спиев у собата кај шо ја чувале. Мал бев тогаш, пред 7-8 години. ама немаше ништо, беше само моето исплашено мозоче. :)
    Ултра звуците можат да скршат објект и да имаме чувство дека нешто не надгледува. :)
    Звуците прават чудо.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Anechoic_chamber

    Еве читни за најтивката соба на светот. Ако си доволно долго во неа можеш да халуцинираш.
    Истото се дешава и у автобуси кога се возиш и ако се занесеш у звукот, можеш да имаш луциден сон. :)
    Дедо ти живее сам, на вториот спрат сигурно има глувци штом веќе не го одржува. Знам баба и дедо кога не биле долго време у куќата најдоа глувци и змија дури.

    И едното и другото тропа, ако си играат жмурка глувците, се слуша тропање. :D


    http://www.youtube.com/watch?v=17tqXgvCN0E

    Еве шо му прави звукот на стаклото. :)

    Пошто човечкиот мозок функционира на фреквенција, резонансата исто може да го испоебе, да си игра со него.

    Човечката фреквенција, пошто е насекаде иста, у било кој невролошки склоп, истата фреквенција, истата сосема идентична, се манипулира со резонанса.

    Плус, колективната свест на Јунг влијае на тоа да ни се зголеми адреналинот, пошто културолошки со илјадници години се вртат истите приказни кои се дел од нас. :)

    Прикаските т.е. адреналинот од стравот + резонансата + случка која се објаснува ама ни е лесна да ја веруваме како натприродна води до ... well, до духови. :)

    Плус, еве како бонус шо прават сенките навечер. :3

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Додајте му адреналин на ова, и станува реално, многу реално, се ќе си помислиш оти го гледаш, а не го гледаш. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.