1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Необјасниви случки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Pennyroyal, 10 јануари 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Јас несакам да слушам ниту пак да читам за вакви случки затоа што потоа ми е страв.Ми се случувало порано со другарките да разговараме за некои мистерии,духови...и такви случни работи и секогаш ми се ежи кожата и ми е страв.Затоа избегнувам за да може мирно да спијам :)
     
  2. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Па според мене , правилно постапуваш, што не слушаш и не читаш за такви глупости..Единствено страв ќе си набиеш и ќе не можеш да спиеш :!: Ама неоправдан и безпотребен страв :!:
     
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Иако не се плашам од овие работи ми се случиле неколку пати такви необјасниви случки...имав околу 8-9 години,дента почина дедо ми и вечерта имав еден многу чуден сон,што нема никогаш да го заборавам-го сонував дедо ми како оди,а околу него сите беа духови,само тој беше човек,го прашав каде оди,ми рече дека мора да оди кај нив...е сега ова сон ко сон не е чудно,ке речете вознемирена бев,чудното нешто во сево ова е што местото каде што го сонував дедо ми го немав видено никогаш во животот,ама баш никогаш и никаде и после сонот се секавав совршено добро на целата слика...после неколку години се преселив со моите да живеам на истото тоа место што го сонував,тоа беше сосема исто како во мојот сон...чудно...друга ситуација-седевме со другарка кај мене,навечер околу 3-4 саат и после исцрпни муабети,легнавме на кревет и ќутевме (незнам дали сте слушнале за она што викаат старите кога сите ќутат,поминуваат ангели) и одеднаш луѓе почувствував некакво присуство во мојата соба,чувствував дека има некој внатре,незнам дали беа ангели,но имаше некој...и моментот кога го почувствував тоа,другарка ми стана и ме праша дали почувствував...незнаеме до ден денес што беше тоа,ама и тоа како го почувствувавме и двете...да бев само јас,нема да верувам,ама и другарка ми и плус седевме у темница,значи она не ме виде мене,никаква реакција моја,бевме далеку една од друга...и уште една случка што ми ја раскажа сестра ми и немам причина да не и верувам...се вратила од излегување околу 2-3 навечер и седнала во дневна...одеднаш слушнала чекори по скалите нагоре,мислела дека се моите,излегла во ходник,немало никој,а моите спиеле во спална,го разбудила татко ми и му рекла да провери,се симнал и рекол дека влезната врата била отклучена (сестра ми е сигурна дека ја заклучила),дека најверојатно ја заборавила.Легнал татко ми да спие,после 5 мин пак слушнала чекори,излегла да провери немало никој,се симнала долу,влезната врата пак била отклучена,ја заклучила,се качила пак горе и пак чекори...се исплашила и легнала да спие,се разбудила после неколку саати,се симнала да ја провери вратата и таа била пак отклучена,ги прашала моите и тие рекле дека не станале,а никој друг не живее во нашата куќа,не може никој да влезе прво во двор (имаме огромно куче) а второ да ја отвори влезната врата...незнам што се случувало таа вечер :|
     
    На Bitter-Sweet и Draginja им се допаѓа ова.
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Марге ме исплаши еј .. сакам многу да слушам вакви случки ама кога легнувам да спијам , се губам под ќебе ..
     
    На ariel333ariel, sweet-star и Celest им се допаѓа ова.
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Mногу вакви случки ми се имаат случено.
    Бевме три девојчиња кај една другарка и ни беше досадно па решивме да повикуваме духови. Бидејќи има многу начини за повикување, ние го употребивме тој што ни се чинеше најреален. Исклучивме светла, се затворивме во соба, упаливме три свеќи, на лист хартија нацртавме дух и напишавме бројки од еден до десет и буквите од азбуката (можеби се чини детски но ни успеа). Требаше едната од нас да капне крв на листот. Јас бидејќи бев најхрабра од сите се исеков на прстот и имаше доста крв на листот. Се фативме за рака, мижевме и три пати рековме „Го повикуваме духот на .... (не сакам да именувам)“. Околу пет секунди немаше ништо одеднаш се отворија прозорците, се упали светлото и се уклучи телевизорот. Моите другарки почнаа да врискаат, а јас од што бев исплашена не можев да мрднам и само седев и гледав што се случува и го видов ликот на тој што го повикавме, а и една од другарките го видела. После тоа едвај станав и отидов во дневната целата исплашена и пребледена ми даваа шеќер и вода.

    Ми се има случено да видам сенки како одат позади мене, а кога ќе се свртам да нема никој, или да слушнам чекори и кога ќе се свртам да нема никој и ми се има случувано да слушам гласови посебно гласот на баба ми која пред неколку години почина како ме кара(ова може да е и мојата потсвест). Ми се има случено сами да ми се палат и гасат светла. А еднаш бев само со мајка ми дома и само што дојде мајка ми од веце, само слушнавме отворање на вратата, палење светло и одеднаш се пушти вода во кадата. Со мајка ми се стаписавме и само погледнавме накај вецето, и после три секунди, се исклучи светлото, се затвори вратата и престана да тече вода. Со мајка ми бевме здрвени не знаевме што се случува. :^)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Aиии, какви сценарија се изначитав :o Па да викнеме режисер најубаво, филм да снима според вистинити случки :lol: Може и на Кански фестивал ќе се пробиеме, па и до Холивуд можда... :lol: цццццццц :rock:
     
    На Anna 81, Anny.Mary-94, LittleBadGirl666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ова го кажуваат во нашиот град.
    Месец дена пред да умре Тоше,еден таксист од нашиот град се враќал од Криволак,на патот за кај Неготино..За оние што не знаат,тој е најгрдиот пат што може да постое..Тесен е,морбиден,мал милион луѓе имаат загинато таму,абе хаос...
    И како се враќал човекот сретнал баба на патот..И оти било доцна,застанал и и рекол бабо,да те превезам? За кај си,не е убаво да одиш некаде олку доцна...И бабата отпрвин не сакала,но подоцна седнала...И си правеле шо си правеле муабет со таксистот,и кога наближиле накај Неготино,бабата му рекла на таксистот,синко,ќе плаче оваа земја,овој град многу,во многу скоро време..И таксистот и рекол,како мори бабо ќе плаче?
    И оваа,така,ќе умре личност на сите мила...А баш тој ден имаше погреб во нашиот град,едно младо дете,и имаше стварно многу плачки...
    И таксистот и го кажал ова и и бабата му рекла,не за тоа дете...Ќе видиш,сите ќе плачете...И јас оставил кај тој еден билборд што го имаме ние и бабата во истиот момент исчезнала.Таксистот останал вака :o
    И после неколку дена,загина Тоше....
    Нешто ...Неопишливо.... :?: :^)
     
    На Istata od vcera и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски

    Леле женска јас за ова досега немам слушнато.Се чудам како е можно,толку мал град сме,се се знае... :?: Баш морбидна случка лелеле :o :tmi:
     
  9. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    :clap: :clap: :clap: Радио Милева во твојот град, раскажува приказни :puke:
     
    На bibiiii и LittleBadGirl666 им се допаѓа ова.
  10. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Mистериозна

    Нели месец дена пред да загине Тоше, таксистот ја возел бабата..? А, после на крајот од твојот пост читам, дека неколку дена после тоа од кога ја возел, Тоше загинал :^) Лошо се прерааскажувало ова во твојот град или Радиото Милева рикнало можда :lol:
     
  11. Angelceto

    Angelceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    236
    леле кој ме тераше да ги читам постовиве сега нема да можам да заспијам :tmi:
     
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Слушај ти притигрл,ти го стави ли некој пиштолот на главата за да ги читаш мислењата?! Не!
    И не свакај буквално....Значи јас сум згрешила во пишувањето можеби не било месец дена пред смррта на Тоше,но неколку недели две можеби пред тоа...А всушност,која си ти да ти се правдам...
    И да,багуфче така е оваа..Мене другарка ми ја има кажано,дека таксисот и бил роднина на нејзината баба.... :?:
     
    На Draginja и baguf4e им се допаѓа ова.
  13. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    во неготино се зборува ова? мистериус од нг си?
     
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ^^ Да,од Неготино сум..Не знам сега дали се зборува,јас го знаев...Мислам дека беше раширено едно време,ама што знам...
     
  15. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Слушај ти мистериозна :P :)
    Не те терам да се правдаш, само ти укажав дека нема логика во твојот пост...Еве те цитирам - еден месец пред смррта на Тоше, таксистот ја возел бабата, а Тоше загинал неколку дена потоа :| :^) Добро, сега може е точно ова, меѓутоа дека бабата исчезнала :?: :lol:
     
  16. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Preetygirl J ако не веруваш во овие работи изјасни се само и точка,стварно не мораш на секоја тема да коментираш со твојата доза на цинизам,остави ги лугето да си пишуваат што сакаат,а ако за тебе темава е глупост и нереална,никој не те тера да ја отвараш и да читаш.
    Да не бидам офтопик, кога читам вакви работи ме фаќа страв,не верувам многу затоашто несакам да верувам,но сепак,пак ке кажам којзнае!
     
    На Draginja, Sara.Be и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  17. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Прв пат слушам за ова :o :yawn: ,целата се наешив додека го читав :x
     
    На ariel333ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Belen

    Belen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Ми се има случено да сум сама дома, моите беа излезени. Кога си легнав да спијам, не бев нешто сонлива. Меѓутоа, кога моите дома стасале, вратата била заклучена одвнатре. Убаво се сеќавам дека не ја заклучив, зашто знаев дека се излезени. Не верувам во паранормални работи, духови и такви срања, ама сеуште се чудам, кој ја заклучил вратата!?
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Девојки,значи ваше е дали ќе верувате или не. Мое беше да го споделам. Исто како и секое едно друго мислење тука..
    Јас верувам,па сега... :wasntme:
     
    На Sara.Be му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Језиво е да , ама јас ти верувам . :)
     
    На xoxo..gossip-girl, dolly.doll и wolf4e им се допаѓа ова.